50 first dates Не е лош ама па не е ни нешто посебно. Женската има тако званично склероза, и после спиење заборава на се од претходниот ден. Овој ја засакува, и секој ден им е прв состанок. 6/10
Django Unchained (2012) Улоги: Кристоф Валтз, Џејми Фокс, Леонардо ДиКаприо, Семјуел Л. Џаксон, Кери Вашингтон IMDb: 8.7/10 Моја оцена: 10/10 Мислам каква и да е тематиката на филмот, доколку го имаш Кристоф Валтз во екипата, можеш да очекуваш добар филм. Квентин не ми е нешто режисер, чии филмови ги ценам. Али покрај Копилињата и сега овој, можам да му кажам, Добра работа. Значи чиста 10-ка, пошто ми се допадна приказната, хуморот, сарказмот и пред се квалитетната глума. Исто и секоја чест за шминката на Семјуел Л. Џексон. А да, нели не бива филм на Квентин ако те пукат во него и не летниш 10 метра уназад.
Zona Zamfirova (2002) http://www.imdb.com/title/tt0326449/ Има потреба од коментар? Ма југословенските, се најдобри филмови. The Parade (2011) http://www.imdb.com/title/tt1784575/ Првиот пат го гледав во кино, бев воодушевена. Се пресмеав. Вториот пат, го гледав со другарка. Ми беше по малку поминат меракот. Сега го гледав, со моите дома. Досадано! Само мотав напред. Дефинитивно не треба да се гледаат некои филмови по 20 пати. Освен Жикина Династија, оној горе и другите постари југословенски.
The Lucky One Одмана немав гледано некоја романтика да се изнаплачам, да се изнатажам. Се работи за еден маринец, кој во текот на војната ќе најде слика од една девојка, која ќе му носи среќа. Откако ќе заврши војната, тој оди да ја бара девојката. Ќе ја најде, ќе се засакаат, ама .. ама тоа што ме нервира кај сите романтични комедии и не ги гледам, е делот каде што МОРА да има некој или нешто што ќе ги раздели, скара или слично. Не бре ! Нема филм без тој дел. Е ми се смачи више. Во главно, ми се допаѓа филмов. 8/10 Го препорачувам. Зек Ефрон е преубав, туф туф, како би го ручкала сега, како би го мазела. А глумицава, типична лигушка, воопшто не ја сакам.
The next three days со Расел Кроу. Супер трилер драма мнооогу возбудлив до самиот крај. Го препорачувам.
Dear John Како што кажа феминката погоре, во романтичните филмој мора некој да ги раздели, то му е најголемата мана, мене филмот ми се бендиса, оти се шо се деси истото ми се случи и мене. Значи се убив од плачење, се убив, не да се убив се откостив Далечината ги раздели иако многу се сакаја, проклета да е та далечината, мене филмот многу ми се бендиса, ви препорачувам ако имате неубав период да го гледате и убо да се изнаплачитe. 10/10 Spoiler
Хај скул приказна, со крвави моменти. 7/10 Talhotblond Приказна за онлајн чет, до каде може да се отиде со лажното претставување и до каде води тоа онлајн запознавање 7/10
What to Expect When You're Expecting (2012) http://www.imdb.com/title/tt1586265/ Очекував повеќе. Многу млако филмче. Малку ми фалеше, на сред филм да го исклучам. Ама ај си викам... Чим толку време изгубив, барем уште малку да го догледам. Има многу работи, што може да се случат само на филм. Всушност, секогаш кога има собрано повеќе познати актери на куп, филмот е промашај. Ама нема врска, колку за губење време, добар е.
Only You (1994) Очекував малку повеќе од филмот,како и од Мариса и Роберт.Сепак лесен филм за гледање со повеќе ситуации кој што за миг ве замислуваат,смеат или пак расплакуваат.Со предвидлив крај каде што сите се среќни и заљубени. 7/10 од мене има филмчево.
Hit and Run Charlie Bronson кој се води како заштитен сведок ја доведува својата сигурност во прашање, откако ќе реши да и помогне на својата девојка да стигне до Лос Анџелес на интервју за работа. Бандата во која тој порано членувал и ја предал на судењето, успева да го најде и го гони за да ги израмнат сметките. Интересно, на моменти малку чукнато филмче. Dax Shepard и Kristen Bell ми беа многу слатки како пар, барем јас ја почувствував хемијата меѓу нив А Bradley Cooper не го препознав со новиов стајлинг
Last holiday Многу добар филм. Баш реално да го живееме секој ден како да ни е последен без разлика на се. 9/10
The Sorcerer and the White Snake (2011) Улоги: Џет Ли и други актери чии имиња не се разбирливи за мене IMDb 5.8/10 Моја оцена 8.5/10 Случајно налетав на филмов, и како фан на Џет Ли, викам ајде да го погледам. Од трејлерот ми се виде добар, интересна сторија, добра графика и го пуштив. Филмот го опфаќа дејството на натприродните суштества кои се дојдени на земјата да им наштедат на луѓето, каде тука се јавува Џет Ли во улога на монах, кој под задача на Буда ги заробува и враќа во нивниот свет. Сепак нели, има и такви кои не им мислам лошо на луѓето, и напротив се заљубуваат во еден од нив. Како што реков, дејството ја опишува љубовта измеѓу смртникот и белата змија, воедно и вмешувањето на монахот за нејзиното протерување од земјата. Мене филмот ми се допадна, иако не очекував. Со малку поинаква сторија, доста доза на хумор.. филмот го препорачувам. Сепак оценката од 8.5 ми е за малото разочарување на крајот. Не дека не беше океј, ама на брзина го завршија.
The Hidden face Конечно стигнав и јас да го гледам. Интересен филм, кога сакаш да зафркнеш некого, ама завршуваш ти најзафркнат. Крајот некако го очекував на тој начин, Spoiler иако јас мислев дека или двете ќе завршат внатре или некоја ќе умре Во секој случај вреди да се погледне. На Аче девојкава овде повеќе ми се допаѓаше
The Virgin Suicides (1999) Целиот филм ми беше what the %#&@. Ја раскажува приказната за самоубиството на пет сестри во Детроит, 1970. Во главните улоги : Кирстен Данст, Џош Хартнет, Џејмс Вудс. Базиран на книга, по малку чуден, си носи со себе скриена порака. Дава остар и критички опис на приградскиот американски живот искусен од baby-boom генерацијата. Арен саундтрак. Од мене чкљ оцена, уште сум под импресии..
Speed Од мене чиста 10-ка. Филмов е малку постар, но целото тоа исчекување, напнатост го прави своето се до последните 5 минути.
"A promise kept" - the Oksana Baiul story Сакам е мал збор за филмот. Ма го ОБОЖАВАМ. Го немам гледано одамна, кога видов дека почнува на ТВ буквално изрипав од среќа. Толку ми е убава приказната за Оксана.... а како што сум во пмс, се изнаплакав за сите пари. Барем ми олекна. Нема врска оцената на Имдб, филмот е за чиста 10-ka!
She's the Mаn Абе, ми требат вакви филмчиња, малку за опуштање и плакнење очи. Првпат да видам американски филм со фудбал во него, не американско рагби, бејзбол што и да беше . Не е којзнае колку смешен, но мене интересен ми беше. Чејнинг Татум the sexiest men on earth . Всушност ради него најмногу и го препорчувам филмот. А, и оној другиот не беше лош.
Percy Jackson & the Olympians: The Lightning Thief (2010) Тинејџер дознава дека е син на грчки бог, а воедно и дека е обвинет од страна на боговите за кражба на молњата. Откако ќе се прилагоди на неговиот нов живот заедно со пријателите тргнува во авантура да ја спаси неговата мајка, а воедно и да ја сопре војната помеѓу боговите. Филмов е од истиот режисер на Хари Потер, па не е ни чудо што цело време ми изгледаше ко претходно да сум го гледала филмов. Најозбилно, ист е како Хари Потер со некои исклучоци. Па уште и кога видов дека ќе има повеќе делови. Great. Како и да е, мене прилично ми се допадна. Интересни дејствија и убави глумци. На оние кои се љубители на фантастични филмови им го препорачувам затоа што верувам дека ќе им се допадне. 8/10