The vow Ми се допадна филмот, глумците многу си одговарат како пар Channing Tatum има многу убава задница, морам да го пофалам, а за онака убав е ногу јасно. На крај очекував дека ќе и се врати сеќавањето на таа, и дека па ќе се венчаат (како во секој филм де), ама овде не беше така. Се надевам после се венчале и си жевееле среќно и весело до крајот на животот со многу дечиња што им се вркалале по дома и биле убави на тато 9/10 - повеќе очекував.
The Perks of Being a Wallflower Го гледав синоќа и не го коментирав одма оти неможев да се соземам со сите емоции кои ми ги пробуди. Одлична приказна, одлична екипа, музика, абе се беше одлично. Прво ми се допадна зошто не беше од класичените американски тинајџерски филмови, кои мене ми се срање, посебно оние со средношколци.Ова беше нешто поинакво, 100% инзвонредно. Друго главните актери ми беа совршени.Ема е многу талентирана, мислам дека ја очекува богата и долга кариера, сосема се вклопуваше во улогата, а со краткото фризурче ми е совршена, кукла.Логан,мислам дека го немам гледано во други филмови, ама тука се покажа како доста квалитетно младо актерче, ми се допаѓаше смиреноста која ја имаше и неможам да опишам колку ме потресе на крај она што му се случувало. Езра мене ми е многу симпатично актерче, не очекував дека ќе биде геј, ама сепак, не го осудував ни на момент, некако тоа глумено од негова страна ми даваше чувство дека е сосема природна ствар.А и одлично глуми.Заедно даваа една совршена слика на пријателство и љубов. Кај мене филмов пробуди милион емоции, на некои секојдневни работи што не се којзнае колку срцепателни,мене ми идеа солзи, се ежев и смеев низ текот на целото дејствие.Многу ама многу добар филм.Многу пати ме замисли, посебно реченицата дека ја прифаќаме љубовта која мислиме дека ја заслужуваме, сосема точно според мене. А и Нина Добрев игра во филмов иако нема кој знае колкава улога, неможе да дојде до израз нејзиниот талент. Од мене 10/10, а ретко давам толку на некој филм. Anna Karenina Го чекав со душа, едно поради тоа што приказната ја сакам многу, а друго поради Keira Knightley која мене ми е сосема добра актерка АМА се разочарав.Не дека беше лош, приказната е таа, ама некако немаше хемија меѓу Ана и Веронски, барем не онакава како што очекував да има.Друго, површен ми беше целиот концепт, не будеше некои длабоки емоции, дури ни не плачев на крај кога Ана се фрли, што обично би плачела доколку беше квалитетна сцена и срцепателна.Единствено, фустаните, облеката ми беа совршени. 7/10 според мене, се согласувам со ИМБД The Hobbit: An Unexpected Journey Мене не ме разочара, јас многу сакам бајковите филмови, така да беше по мој вкус.Господарот на прстените не го обожавам, ама сосема ми е океј исто како и Хобит.Онака за релаксација.Сметам само дека улогата на волшебникот треба да биде нешто слично на Дамбладор од Хари Потер, овој лик Гандалф мене не ме ни потсетува на волшебник.Актерот е одличен, ама улогата треба да му се продлабочи и истакне малку.Вака како само вовед во приказната, немам многу впечатоци, се се одвиваше многу на трчање, борби, никој значаен момент, сметам дека треба да ја изгледам трилогијата па потоа да добијам впечаток колку лош или добар филм е. Сепак оние кои го сакаат Хари Потер, Господарот, ќе го сакаат и Хобит.7/10 му давам.
Убава драма. За Хана која дознава дека е посвоена и тргнува во потрага по вистинската мајка ... Од приказна , до глума и музика ... и е полн емоции. 9/10
Silver Linings Playbook (2012) Бредли Купер излегува од болница за душевни болести, и меѓудругото поради случка во минатото е целосно нестабилна, биполарна, личност. Се враќа во домот на своите родители, а во меѓу време сака да се смири со сопругата со која не се во добри односи. Светлата точка во филмот е кога во неговиот живот влегува Тифани (Џенифер Лоренс) и му нуди помош во врска со неговото смирување со сопругата. Но, за возврат сака тој да игра со неа на еден натпревар за танцување. Значи филмот не е зборува за менталните болести, ниту за љубовта помеѓу двајца, туку за луѓето кои се трудат да бидат подобри, за контролата над сопствениот живот, за врските меѓу луѓето (под врски меѓу луѓето не ги сметам само оние љубовните). Очигледно, да се биде биполарна личност е сериозна работа. Но, не секој има поддршка. Без разлика на тоа колку многу сакаш да направиш нешто за кое сметаш дека е најдобро, некогаш едноставно не можеш да го направиш истото. Секоја сцена меѓу Купер и Лоренс го прикажува овој mind conflict. Тие имаат многу заеднични работи, спремни се да си помогнат еден на друг, но Купер создава еден ѕид меѓу нив. Премногу е опседнат со некое бесмислено минато за да си создаде среќа во сегашноста. Купер е совршен за улогава. Роберт де Ниро одличен како и секогаш а Лоренс ми станува омилена. Не се изгуби покрај толкава актерска екипа со неа, посебно во делот кога се во дијалог со Роберт де Ниро, едноставно го смачка , човекот 50тина години постар од нејзе, со мноооогу повеќе номинации и искуство. Филмот е предвидлив, мора да нагласам, нема напнати сцени, нема исчекувања. Ставен е на многу листи за најдобри филмови зашто едноставно зрачи со свежина, опстимизам. Го препорачувам, оцена 8/10 Мислам дека оскар нема да добие, иако би требало, мое мислење. Сепак, ќе видиме
The Twilight Saga: Breaking Dawn - Part 2 Очекував многу повеќе од овој филм,де нели последен деле е,ама ме разочара.Цело време приказната се врти околку Бела и нејзиното дете не знам како се вика.Само ја заштитуват,ја чуват досадни станаа.Добро што заврши 4/10
Arbitrage Прочитав добри критики за филмов, ама мене искрено не ми се допадна. Имале потенцијал за добар трилер, ама направиле малку предвидлива приказна. Му фалеше неизвесност и напнатост. Ричард Гир (како и во повеќето негови филмови), игра мултимилионер кој навидум има среќно семејство во кое се е совршено. Но зад таа слика на моќен, успешен, а истовремено и семеен човек, стои човек кој ја изневерува својата сопруга мислејќи дека тоа успешно го сокрива. Откако ќе доживее сообраќајна незгода со неговата љубовница во која таа нема да преживее, работите ќе излезат од контрола.
Silver Linings Playbook (2012) 8/10 Chalet girl -за ваков тип на филм оцена 10 ,романтична комедија Позитивно сум изненадена од филмот,го препорачувам!
Bachelorette Никако да не сте го гледале филмов! Ни-ка-ко. Глупост невидена. Не знам како се нафатиле да го снимаат воопшто, ниту кој му дал позитивна оценка. Мислевме ќе биде интересен заради актерките ама не. Без поента е приказната, ако ја има воопшто. Апсолутно не вредеше што потрошив саат и пол и 700 мб интернет.
Одржано ветување: Приказната за Оксана Бајул Пресреќна што го начекав на телевизија, немаше смисла да не го гледам. По милионити пат се растажував, и веднаш потоа се насмевнував, и велев повторно и повторно колку е само убаво девојчето што ја глуми Оксана. Прекрасно е, тие очи, тоа лице, прекрасна убавина. Една од ретките која вака ме одушевила.
The Impossible (2012) Bечерва го гледав и уште сум под импресии. Mногу добар филм и добра глума. Cе работи за вистинска приказна. Cемејство од Aнглија во погрешно време заминува во Tајланд за време на божиќните празници. Cведоци се на ужасното цунами кое ја зафати цела индонезија во 2004 година. прикажани се нивните страдања, силата која што ја добиваат во тие тешки моменти, како и желбата да преживеат и да ги најдат своите најблиски. премногу емотивно од причина што е вистинска приказна. Bи го препорачувам. 10/10
само што го гледав,преубав филм!Го препорачувам сите да го погледнат,нема да останете рамнодушни.10/10 Се убив од плачење
''Mirror Mirror'' - филмот е многу убав на сите ви го препорачувам Колку пати и да го гледам секогаш ми е интересен..
Like Crazy - МОРА ДА ГО ГЛЕДАТЕ! Омилен ми стана веднаш. Романтична драма е, баш каква што обожавам. Не е она класичен патетичен филм, туку е приказна за љубовта. Двајца студенти се заљубуваат и откога ќе завршат со студии, девојката мора да се врати во Лондон, а дечкото ќе остане во Америка. И имаат врска на далечина, со многу прекини и смирувања. Баш е драматично. Многу интересна приказна со фини романтични моменти.
Shredder Типична, веќе видена приказна за друштво кое што оди во напуштен ски центар. Местото велат дека е проколнето од некое убиство од порано, но тие сепак остануваат и одат на сноубординг. Убиецот ги истребува еден по еден и на крај двајца распар остануваат живи и стануваат пар 7/10 http://www.youtube.com/watch?v=N6rEX0yU-ys
Hitchcock Cе работи за тоа како Aлфред ја добива идејата да го сними хорор филмот Psycho,но наидува на негативни критики како тоа филмот нема да биде успешен,но филмот ке биде снимен. Дали филмот ке доживее успех? Дали ке и се допага на публиката? Mногу ми се допадна како го имаат преставено Aлфред,некаков необичен карактер. Oд мене има оценка од 9,5\10
Leap year (Престапна година) (2010) Го гледав завчера пред спиење, го изгледав до крај додека маж ми заспа на средина на филмот. Вчера го гледав пак заедно со него, од половина до крај. Би го гледала и пак и пак, зашто филмот е лесно романтично и комично сладок и не замара со американски глупости. Spoiler Се работи за една девојка, Ана, која оди со еден клапчо-кардиохирург и бидејќи по 4 години врска тој не ја побарал за жена, таа планира да го направи тоа сама. Додека е тој на службен пат во Ирска, таа се решава да оди да го посети на 29-ти февруари и да го запроси таа него, бидејќи, како што и кажа татко и (Дик, од серијата Третиот камен од сонцето), според Ирската традиција ако девојка запроси дечко на 29-ти февруари во престапна година, тој мора да ја прифати понудата. Но се случува нешто очекувано, таа на проблематичниот пат до Даблин, наместо да пристигне во Корк од каде би требало да продолжи за Даблин, се наоѓа во малото место Дингл, каде се случува пресвртот во нејзиниот живот, го запознава Ирецот Деклан кој ќе треба да и помогне да стигне до Даблин, ноооо..на многу пристојно романтичен начин се раѓа љубовта помеѓу нив, буквално како погледите да зборуваа, немаше секс на прва вечер и такви работи, туку приказната се одвиваше постепено. На крајот, кога таа ќе стигне во Даблин,нејзиниот дечко ќе направи едно клише изненадување, ќе ја побара за жена во хотелот пред сите, по што таа ќе прифати. Но на забавата по повод нивниот нов стан и веридбата, дознава дека дечко и ја побарал највеќе поради тоа што условот за да го земат станот бил да бидат венчани. Тогаш Ана го вклучува намерно алармот за пожар и додека вереникот си ги собира скапите апарати за да ги спаси од наводниот пожар, таа се наоѓа себеси како во собата нема ништо што таа би сакала да земе во последната минута кога треба да се спаси. Затоа го напушта станот и оди Во Дингл, каде го наоѓа тоа што би го зела во 60 секунди пред да бега од пожар https://www.youtube.com/watch?v=Etm4VMLrSnc
Типичен фемили филм , со уште по типичен завршеток.Но ајде е добар за убивање на време . Малиот доста интересен лик палав и итар .
Soul Surfer(2011) Филм направен по вистинска приказна, филм кој ме трогна, иако однапред ми беше позната содржината.Ме натера да плачам, и да сочуствувам со девојчето.Приказната е навистина реална,филмот те потикнува никогаш да не се откажуваш без разлика на околностите.Ме воодушеви, а Ана-Софија Роб ја засакав по филмов и одглуми неверојатно добро. 7/10