What do you expect, when you expecting? Sto da ocekuvas koga ocekuvas? Komedija za 5 zeni koi naskoro ke imaat deca. Site ragaat deca, a samo Dzenifer Lopez(i go zaboraiv imeto vo filmot) ne raga, tuku posvojuva,se puknav od smeenje. Tatkovcite se cccccccc. Vo glavnite ulogi igraat: - Kameron Dijaz - Dzenifer Lopez - Elizabeth Banks - Anna kendrick -...... Go gledav vo kino Ramsor
Spoiler Django Unchained Иако не ги сакам филмовите со насилство (посебно со вакво екстремно како што е прикажано тука) и бев во искушение да го исклучам филмов, на крајот ми беше мило што го изгледав. Далеку од класичен вестерн (што и се очекува од Тарантино), филмот има елементи на комедија, роматика, акција, драма прикажани преку фантастични сцени од страна на фантастични актери. На почетокот е малку спор, но со секоја сцена обзема и чекаш да видиш што ќе се случи понатаму. Филмот има очекувана приказна и крај, но неочекувана реализација. Те растресува. Пријатно изненадување.
Anna Karenina Не би го препорачала на оние кои ја немаат прочитано книгата во никој случај. Го почнавме со другарка ми која ја нема прочитано книгата и после 40 минути го прекинавме затоа што ништо не и беше јасно. Јас суфлер изигравав а тоа не е поентата на филм, нели. Е сабајлево го догледав и троа сум разочарана. Прво не ми јасен и не ми се допаѓа концептот. Првиот пола саат е како театар после се меша со балет, на моменти чекав да почнат да пеат. Вториот саат малку повеќе личи на филм ама не би го нарекла филм. Бев скептична уште пред да го гледам ама ужасно љубопитна. Ана Каренина не е книга што може да се направи во филм и не знам ни зошто пробале. Премногу елементи недостасуваат, изгледа како проста љубовна приказна. Мене лично многу ми фалеа размислувањата кои се прикажани во книгата, посебно оние на Константин каде во главен фокус се општеството и светот. Плус има премногу ликови. Јас во книгата се имам навраќано да се потсетам, за во филмов треба со нотес белешки да си фаќаш и семејни дрва да правиш. Морам да ја пофалам музиката, ме воодушеви. Мислам и за Оскар се номинирани, можеби тоа е единствено што вреди во филмов. Костимографијата беше исто така добра. Кира Најтли можно е да носела повеќе фустани со корсет од жените кои живееле во тој период, ама добро ја изведе улогата. Типот што го глумеше Вронски органски не можев да го поднесам, баш ми го долови како полжав. Најмногу пофални зборови за Џуд Ло. Убаво беше да се види и во ова светло. Се на се, освен ако не се љубопитни не би ви го препорачала. Прочитајте ја книгата е подобра препорака.
"Argo" - 2012 Не сум некој фан на Бен Афлек, ама со брада не е лош Инаку за филмот, онака, да речеме добра приказна, нели по вистински настан, а мене ми се допаѓаат таквите филмови. И покрај повеќе негативни критики овде на форумот, јас му давам позитивна. Ми се допадна. :up: http://www.imdb.com/title/tt1024648/
The Hobbit: An Unexpected Journey (2012) Значи ги обожавам ваквите филмови.Иако трае скоро 3 часа цело време ми го задржа вниманието.Има борби,авантура,непредвидливи моменти и оставиле место и за втор дел.Убаво беше што разјаснија некои работи од Господарот на прстените,од каде доаѓа прстенот.Го препорачувам 10/10
Prometheus http://www.imdb.com/title/tt1446714/ Во режија на Ридли Скот, улогите на Charlize Theron, Michael Fassbender..., идејата за филмот одлична, а реализацијата катастрофална. Почетокот на приказната ветувачки. Интересен вовед на филмот.Тим на научници откриваат нешто ново за потеклото на човекот, што се коси со Дарвиновата теорија, заминуваат во најмрачните места во Универзимот каде доаѓаат до сознание кое прилично е запрепастувачко. Од тука се е укашкано. Воопшто не ми се допадна филмот, преполн со насилство и лигавштини, за љубителите на Alien- првенчето на Ридли Скот -Се сеќавате ли на серијалот со Сигурни Вивер и забестото чудовиште ?, но овој пат не е интересно ( е веќе видено и типично Скотовски). Всушност филмот е вовед на култниот филм, па крајот го објаснува неговото потекло а не како што е првичната замисла - настанок на човекот. Има некое штуро објаснување за човечкото потекло - човекот го создал роботот од истата причина од која нас не создале - затоа што им се можело а од каде пак “инжинерите“ и што пак нив ги истребило. Дефинитивно ве остава во прашалниции за многу работи и на крајот ќе си отидете со блуткав вкус. Како по дифолт овие жанрови да се исполнети со превише гадости и нечовечки флуиди на сите страни (како тоа да е најбитен елемент) нека е оправдано и насилството, но само ако ја следи приказната со некој логичен крај и надоврзан на приказната од првиот кадар. Не можам да ја најдам смислата на вакви проекти во кој е вложен претерано голем буџет, квалитетни актерски имиња, а испуштено е најбитното, нема поента. Најмалце држи вода таа ( оние што не створиле да не уништат). Ќе се согласам со еден коментар: 118 минути изгубено време од мојот живот.
The Sweetest Thing (2002) Супер младалачко филмче, незнам како го немам гледано до сега. Интересен од самиот почеток до самиот крај, а богами на повеќе места асално ме насмеа. Препорачувам 10/10 Wild Child (200 Spoiler Да, прв пат го гледав. Типично тинејџерско филмче за опуштање. Но сум гледала далеку подобри..на моменти ми стануваше страшно досаден. Ема ми е преубава, има прекрасно фациче. Препорачувам 7/10
Многу убав трилер. Главната женска улога е уапсена доживотно поради убиство, за кое на крајот се дознава дека не е виновна. Нејзиниот супруг, професор, бара луѓе кои избегале од затвор, прави некои планови и шеми, прави лажни документи и со неговата жена која е однесена на болница поради лоши крвни резултати кои тој ги подметна бегаат. 30 минутна бркотница низ град, лажни подметнати докази, за на крај да избегаат заедно со нивното дете во Венецуела. Препорачувам 10/10
"Arbitrage" - 2012 Ме изиритира филмот Spoiler и после се’ што направи, не плаѓање данок, закани, маnипулации, лажења и убиство..... пак се спаси и излезе “чист“. Па и херој на денот со тоа фондациите..... Баш е точно - Power is the best alibi..... http://www.imdb.com/title/tt1764183/
"Think like a man" - 2012 Супер е филмчето, ми требаше во ваквите “нервозни“ денови, се изнасмеав Препорачувам :up: http://www.imdb.com/title/tt1621045/
Parada Сите ми ветуваат ЦД, ама на крај си го симнав и си го изгледам. Доста смешен со интересна приказна. Никола Којо незаменлив, а многу ми беше забавна и женска му. Ме растажи крајот ама тоа е реалноста кај нас. Би го препорачала, вреди да се изгледа. Сега ми е дури и малку криво во кино што не го гледав, некако ми одговара за таа атмосфера. 7/10
Les Miserables-Клетници Што и да кажам за филмов ќе биде премалку, колку пати само се наежив и ме полазаа морници. Филмов не се опишува со зборови, мора да седнете да го изгледате, да го доживеете. Пре предобар филм, дефинитивно најдобар мјузикл што го имам гледано, а и мислам дека долго нема да гледам ваков. Се соживеав со приказната за Фантина, Козета, за револуцијата во Франција, мизерниот живот и секако да не го заборавам Жан Валжан. Секој лик е специфичен и одлично одглумен. Маестрален филм надополнет со маестрална приказна, глума а исто така и предобра музика. Сите номинации за оскар се дефинитивно презаслужени. Баш сакам Ен и Хју да ги земат оскарите за кои се номинирани. Единствено што не ми се допаѓа е ниската оцена на имдб. Од мене има чиста 10ка дури и тоа е малку за филмов. Иако трае 2 и пол часа мора да го изгледате!
“Silver Linings Playbook“ - 2012 Филмов Толку длабочина и чувства, ептен се внесов во целата приказна за нивните животи.... Ме насмеа, ме расплака......... Препорачувам!
Спасувањето на војникот Рајан... Значи ниедна романтична комедија или драма ме нема расплакано као филмов.. Воен филм за освојувањето на Франција и битката меѓу Американците и Германците. За овој филм. Sabbathon имаат снимено песна и е многу убава, се вика Prima Victoria а спотот е направен со инсерти од филмот.. Прекрасно нештооо
Само што го изгледав филмчево, многу е добаро. На моменти ме нервираше Пат, а Тифани не може да не се засака без разлика на нејзините мани сосема заслужена номинација за оскар. Значи на кратко дејството се случува околу Пат (Бредли Купер) кој излегува од ментална инстиитуција во која завршува откако ке ја пронајде својата жена заедно со професорот по Историја. Откако излегува Пат е одлучен да стане човек коков што неговата жена одсекогаш посакувала и со тоа да ја врати назад....но тогаш ја запознава Тифани(Џенифер Лоренс)...и гледајте го филмчето е супер10/10
Django Unchained Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=eUdM9vrCbow Дејството е сместено во робовладетелскиот Југ на САД неколку години пред почетокот на Граѓанската војна. Џанго (Џејми Фокс) е роб кој како резултат на неговите патешествија со поранешните сопственици станал потенцијално многу вреден за Др. Кинг Шулц (Кристоф Валц). Др Шулц е ловец на уценети глави и ќе му понуди на Џанго работа како негов асистент, со ветување дека после завршената работа ќе добие статус на слободен човек. Филм на Квентин Тарантино, адаптација на вестерн класиката Џанго од 1970, но печатот на Тарантино со многу крв и насилство не останува незабележан. Во другите улоги настапуваат и Леонардо ДиКаприо и Семуел Џексон, но највпечатливиот лик за мене остана Кристоф Валц. Прв пат го видов во Inglorious Bastards и од тогаш во психа ме цепка секоја сцена со него. Човекот е страшен! Има и солиден саундтрак, ова ми е омилената песна, а во сцената секако подобро ќе ја доживеете и музиката http://www.youtube.com/watch?v=zi8FrocaALg Ова добива препорака и може да се погледне, дури и од тие што не се фанови на вестернот.
Обично не ги гледам филмовите веднаш кога ќе излезат ,па така назад сум со времето . Fast & Furious 5, типичен машки филм , сила, машкост, потење,и доста акција . Веќе знаеме сите после сите продолжениа кои следеа од овој ф.