НЕзнам зошто, но очекував повеќе да ми е интересен.Не дека не беше си носеше со себе добра сторија ....или пак моите очекувања беа поголеми , зашто ми беш желба да го гледам . Ми се допадна упорнаоста и вербата во себе, на момчето.Исто ми се допаднааа неколкуте сцени во филмот кои беа една прекрасна глетка ....која убавина ја имаме на земјината топка....
За сите љубители на хорор филм ! Најјак е дефинитвно ... Се збори за тоа како еден човек со својата фамилија се преселува во една куќа и наоѓа кутија во која што има лента од убиства... се задлабочува во тоа и сака да открие кои стои зад сите тие убиства.
"Wedding crashers" Не знам по кој пат, ама секогаш многу се смеам на филмот. Сигурно сте го гледале, да не раскажувам
I Love you Beth Cooper Бубалицата на генерацијата се заљубва во најпознатата девојка од школото и ќе и признај на денот на матурата, па тука нонстоп пречки од дечко и нејзин, па тепање едно друго. Стандард филмче како и сите други. Онака за тепање време добар е. 7/10
Life of Pi (2012) Приказна за едно момче кое доживува бродолом. Само тоа преживува на еден чамец. Со него е Ричард Паркер, тигарот од неговата зоолошка градина. Многу топла приказна, преубави бои, убава нарација. Секогаш сум велела дека е многу важно нараторот да има глас што нема да те успие, иритира, или пак нема да го разбираш што зборува. Иако Индиец, нараторот, односно Пи, и те како фино ме внесе во приказната. Многу ми се допадна главниот лик, неговите лични борби, барањето на себеси преку сите религии, погледот на Бог. Главно филмов е тоа, издржливоста на човекот, враќањето до услови на чиста егзистенција, соочување со анималноста (во овој случај и буквално). Преубави пејсажи, преубави бои на екранот. Од мене чиста десетка.
Take the Lead Не знам како не сум го гледала филмов досега! Одличен за сите љубители на филмови со танцување (како мене), плус тука е и неодоливиот шарм на Антонио Бандерас. Препорачувам!
http://www.imdb.com/title/tt0285175/ Алисон (Anne Hathaway) и Емили се богати девојки на кои им е здосадено од нивниот богаташки живот и почнуваат да истражуваат надвор од тој круг. Се запознаваат со мексиканскиот дилер Хектор кој им продава дрога. Започнуваат да се дружат со него, но доцна ќе сфатат дека неможе така лесно да излезат од неговиот круг на пријатели.
Panic Room После многу долго време да седнам и да изгледам филм. Но мислам дека рекордот на негледање филм по долго време го скршив со ништо. Ми го привлече вниманието, но не ми го задржа целосно и до крај. Мајка и ќерка се вселуваат во нова куќа. Уште првата вечер влегуваат крадци кои знаат за постоењето на голема сума на пари во неа. Тие се кријат во безбедна соба.. натаму гледајте што се случува ако ви го привлекува вниманието. Мене ме залажа трејлерот на јутуб.
Sinister (2012) Итан Хоук во главната улога. Ова е научнофантастичен трилер-хорор, во кој Хоук глуми писател на крими-хорор новели, базирани на вистински настани. Набрзо со своето семејство, се вселува во куќата, на самото место каде што се случил последниот злостор, обесено четиричлено семејство, со цел да ја напише неговата следна хит книга, која се надева дека ќе го стави на мапата на познати автори и повторно и ќе го збогати, како пред 10-тина години. Низ низа на бизарни ситуации, налетува на кутија полна со 8мм филмчиња, кои прикажуваат гадни масовни, т.е. сериски убиства на семејства, во кое задолжително фали едно исчезнато детенце. Мене ми се допадна. Имаше мрачна и језива атмосфера од самиoт почеток до крајот, напнати сцени, мрачен, неизвесен до половина, потоа ја сконтав финтата, но сепак беше неочекуван. И трошка страшен. Ама тровче. Подоцна сфатив дека е сублимат на неколку познати хорор филмови, кои ми се допаѓаат нормално, па затоа и овој ми остави фин впечаток. The ring - секој што ќе ја види снимката умира, Blair witch project - делот со снимките со рачната камера од памтивек... се` што е мрачно и култно од неколку добри филмови е позајмено тука и е направен добар и пристоен хорор. Итан Хоук беше солиден во глумата, а жена му беше најлоша утка - лоша глума, многу напорна и бајаги глупава во филмот. Уште една замерка - Spoiler дечињата имаа крајно мутавки фаци и лоша шминка, а главното Апо беше како излезено од Слипнот. Оцена : 7/10
Django Unchained Филмот го гледав три дена. Трае предолго, а јас ненаспана и никако да го догледам. Причината за влечкањето на филмот е во мојот умор кој почесто ме совладува, па ретко догледувам филм. И тоа ми е единствената замерка за филмот. Трае предолго. Приказната е одлична, ама развлечена, Тарантино треба да сфати дека има луѓе кои се спанквоци . Ама му се простува, сепак кога на исто место се собрани големи актерски имиња, се друго станува споредно. Christoph Waltz го украде моментот, брилијантен е и заслужува Оскар. Leonardo DiCaprio имаше мала улога, па затоа и не е номиниран за споредна улога, иако како и секогаш блеска. Го сакам и обожавам човекот и се надевам дека годинава ќе биде негова, два филма се на репертоар . Филмот во стилот на Тарантино, крв и вулгаризам, седнуваш и знаеш дека ќе има колење . Се на се одличен филм, препрачувам, ама да сте наспани . Оценка 8/10
Breathless (2012) Филмчево е невидено. Пред да го гледам видов само кој жанр е и толку, не прочитав претходно за што станува збор во филмот. Целиот филм се одвива на една локација, во Тексас, каде нормално пари се во игра, интриги, љубовни триаголници/четириаголници и тн. Малку крвав (малку повеќе), извртена комедија и кон крајот се разјаснува целата ситуација кои се главните сплеткароши. Мене ми беше доста интересен. 8/10.
Marly And Me. Многу убав филм. Со Џенифер Анинстон е.. и уште еден актер итоа познат е ама не ми текнува моментално Тие демек се заедно, се земаат па купуваат куче.. Интересен е.. После тоа имаат деца, на Таа Џенифер (во филмот незнам како се викаше) и здосадува веќе од кучето дека нема место, нема време.. Но на крај пак го засакува живеат заедно но кучето станува болно.. па умира.. Таму секако почнаа и солзите
Интересно анимирано филмче. 8/10 Не. Класика си е класика, оригиналот секогаш останува ... верзиите после него ја немаат таа тежина. Тука се истакнува некоја уметничка страна на целава сторија, ама мене не ме привлече нешто ... 5/10 Толку едноставно, толку обично ама толку фино и симпатично филмче драма. Ми го задржа вниманието. 7.5/10
Les Misérables Јас не ги сакам мјузиклите, ама филмов го гледав заради книгата. Сум спомнала, Клетници ми е омилена книга, посебно ми е драга и не постои поубаво дело кое сум го прочитала. Филмот не ме разочара и покрај жарнот кој ни најмалку не го сакам. Маестрална глума, целиот кастинг е предобар, но сепак Хју Џекман блесна. Повеќе од совршен, ликот на Жан Валжан предобро одглумен, човекот заслужува Оскар . Ен како и секогаш покажа дека е талентирана, прави одлични трансформации и просто блеска во секоја нова улога. И Расел Кроу не заостануваше. Премногу сум фасцинира од филмов, од музиката, самата адаптација. Достојна екранизација на вакво дело. Филмот заслужува награди. Препорачувам! Оценка 9/10.
Sex An The City Го гледав по незнам кој пат, и мислам дека никогаш нема да ми стани досаден. Повеќето знаете што се работи, прекрасни модни комбинации, поучни работи... Кој што сака нека каже мене ми се допаѓа филмов, одличен е. 6/10
cinderella story upon a song Прекрасен филм, направен со подлога од приказната на пепелашка но се работи за музика. Баш баш убаво филмче. Spoiler инаку за сите што имаат HBO dEMAND видеотека го има филмов моментално
\ Пет излегува од ментална инститиција и ја среќава Тифани со која има многу сличности.Понатаму нивната приказна полека се развива.9/10 Се работи за мјузикал кој може да се нарече комедија за добро познатата тема на Виктор Иго-Клетници.Музката е многу добра.10/10 Двата филма се номинирани за Оскар