По твоја препорака, значи стварно е јак хоророт, мразам оние гадни со крвишта вадење црева и слично, ова во психа ти влегува ептен јак
Cloud Atlas (2012) Улоги: Том Хенкс, Хали Бери, Хуго Веавинг, Џим Студгес, Дона Бае IMDb: 7.9/10 Моја оцена: 7/10 Дојде ред и јас да го изгледам. Навистина убав филм, се разбира ценат од тие кои што ја сакаат оваа тематика. Нема да ја должам многу, ги знаете приказните. Ќе кажам браво, за глумата, шминката, сценографијата итн итн. Баш ме интересира како ќе помине на Оскариве, годинава. Сепак, оценката од 7 се однесува на тоа што, лично не е филм по мој вкус.. меѓутоа одавам признание за напорната, очигледно исплатлива работа за проект кој е подготвуван скоро 4 години.
Ни мене не ме импресионира нешто мнн некако досаден и без концепт ми беше може јас треба на тивко и без гужва да го гледам, но тоа е ... не ме бендиса ич!!
The Impossible (2012) Приказна за семејството Бенет, кое оди за Божиќните празници на Тајланд. Во меѓувреме дури престојува таму, се случува едно од најголемите цунами. Разделени мајката (Наоми Вотс) и синот Лукас, и таткото (Иан Мекгрегор) со другите два сина, ја започнуваат битката за преживување и повторно спојување на семејството. Во вакви ситуации се гледа човечноста, а тоа е една од главните теми на овој филм. Многу, многу потресителен филм. Плус влијае фактот што е правен по реална случка од 2004 година. Имате скоро два часа постојана борба. Како што се борат ликовите, така се борите и вие со своите емоции. Наоми Вотс е маестрална во оваа улога. Со право е номинирана за Оскар. Се надевам дека ќе го добие Одлична глума има и од децата. За Иан, нема потреба да зборувам. Од мене топла препорака. 10/10 Spoiler Има неколку крвави сцени, така што нека бидат претпазливи тие со проблематичен стомак.
Take The Lead (2006) Приказна за еден учител по танци кој доаѓа во едно училиште да работи со проблематични ученици. Одличен за опуштање 8/10
Silver Linings Playbook (2012) Улоги: Бредли Купер, Џенифер Лоренс, Роберт Де Ниро, Крис Такер, Џулија Стајлс IMDb: 8.1/10 Моја оцена: 10/10 Прво се мислев дали да го гледам. Прочитав добри критики, меѓутоа пак нешто не ме влечеше. Ајде си реков вчера, ќе го пуштам па ако е досаден, ке го превртам нели. Искрено, не ни осетив кога поминале 2 саати. Бредли Купер го немам гледано во многу филмови, и на почеток не ми беше замислив во ваква улога, али браво. Интересна, поинаква љубовна приказна што дефитивно ја препорачувам.
Dredd (2012) Spoiler In a violent, futuristic city where the police have the authority to act as judge, jury and executioner, a cop teams with a trainee to take down a gang that deals the reality-altering drug, SLO-MO. - Многу крв и насилство и пукање. Seven Psychopaths (2012) многу интересен и забавен филм, воопшто не е клише. :up: Anonymous (2011) Spoiler The theory that it was in fact Edward De Vere, Earl of Oxford, who penned Shakespeare's plays. Set against the backdrop of the succession of Queen Elizabeth I and the Essex rebellion against her. - Ме бендиса, иако уште не е сигурно кој всушност бил Шекспир.
''Django Unchained'' (''Џанго разузданиот'') со Jamie Foxx, Christoph Waltz, Leonardo DiCaprio, Kerry Washington, Samuel L. Jackson. Фантастичен филм, како и секогаш стилот на Тарантино ме фасцинира, а Леонардо ме остави без зборови, за промена ова e една улога каква што немал до сега и според мене одлично ја одигра улогата на лудиот, но харизматичен негативец Дејството се случува во 1858 година, пред граѓанската војна на Југот и Стариот Запад, а главните настани се фокусирани на ослободениот црн роб-Џанго, кој што ја започнува својата мисија да ја ослободи неговата сопруга, патувајќи заедно со еден германски доктор кој што е ''ловец на глави''. Возбудлив филм од првата до последната минута, воедно и брутален, насилен, трагичен, комичен, драматичен, забавен..Еден од најдобрите филмови на Квентин Тарантино и дефинитивно вреди да се погледне.
Silver Linings Playbook Поинаков романтичен филм, толку едноставен, а преубав. Велам преубав, предобар, и секоја награда и номинација за Оскар е заслужена, . Кастингот е и повеќе од добар. Џенифер Лоренс е млада и талентирана, светла точка во Холивуд која ветува, одглуми и повеќе од совршено. Ја доулови секоја можна емоција и одлично ја пренесе. Се надевам дека ќе го добие Оскарот. Бредли Купер во поинакво издание. На почетокот бев скептична во врска со него, ама на крај се изненадив. Одличен е, во поинаква улога, покажа дека знае да глуми. Сеуште сум под импресии, премногу ми се допадна филмот. Нешто поинакво, едноставно, а влегува под кожа. Филмот ќе ве стопи, буквално. Браво за сценариото, а пред се за одличната глума. Топло препорачувам . Оценка 9/10.
Со правењето на филмот Арго се спасуваат животите на 6 Американци кои се заробени во Иран.Редок филм кој го изгледав без трепнување.Заслужува Оскар 10/10
Argo-10/10,одличен филм,ми го задржа вниманието,но не ми е за оскар некако,има и подобри филмови.Го препорачувам! Bachelorette-1/10-поглуп филм здравје,друг коментар немам,дебилски
Го гледав филмов и морам да го пофалам, навистина за релаксирање, со многу голема поука и со среќен крај се разбира.. и таман ми дојде за пред спиење Моја оценка 9/10 и ако сте љубители на филмови со танц дефинитивно го препорачувам
The next three days-criminal,drama,romance 100/100 Предобар!!!Го препорачувам! Spoiler Жената е осудена за убиство,мажот бара начин како да ја извади од затвор,единствениот начин е бегство,како ке се случуваат работите и дали ке успеат во тоа-погледнете
Kon-Tiki Филм базиран на вистинска приказна за норвешкиот истражувач Тор Х. кој сакал да докаже дека Полинезиските острови биле прво населени од Јужна Америка, а не од луѓе од Азија. За да ја докаже својата теорија, изградил сплав на истиот начин, со истите материјали, како што тоа можеле да го направат луѓето при првата селидба и со уште петорица заминал на отворен океан кон Полинезија. Мене ми се допадна многу. Мислам дека му недостасуваа некои елементи кои требаше да ги видиме во тие 101 ден на вода, ама ликовите ми беа доста занимливи, на моменти и смешни. Напнати ситуации речиси и да немаше, некако лесно, убаво, фамилијарно филмче. Искрено го препорачувам.
http://ia.media-imdb.com/images/M/M...ZTcwOTY5MzEyMQ@@._V1_SY317_CR9,0,214,317_.jpg Мојот омилен филм од детството, нема никогаш да ми здосади Ако има некој што не го гледал, нека го гледа, ќе се наврати во детство, а освен тоа и нема да остане рамнодушен да не се насмее, и да одолее на романтичниот Алфалфа.
Pitch Perfect Мјузикл, филмче за љубителите на акапела изведби. Не ме фасцинира нешто посебно, релаксирачки беше и воопшто не бара концентрација за да го следиш. Светла точка во филмот ми е Дебелата Ејми и вокалните способности на една црвенокоса. Spoiler
Mama-хорор филм од 2012. Не гледам хорор, но овој ме привлече заради насловот и кратката содржина. Актерската екипа -солидна. Spoiler Таткото во емоционална криза мотивирана од финансиски проблеми ја убива сопругата, а двете мали ќеркички ги вози со голема брзина низ планински пат, со намера да го направи и со нив истото. Автомобилот излетува од патот, но остануваат живи. Се засолнуваат во една навидум напуштена шумска куќичка. Во моментот кога се мачи да ја убие поголемата ќерка, се јавува еден нејасен лик кој го елиминира татково од приказната. Во следните пет години чичкото на девојчињата упорно ги бара, за да случајно ловци го најдат автомобилот и куќичката во која се наоѓаат девојчињата, веќе со упадливи отстапувања како резултат на социјалната изолација. Девојчињата се доделени на чување на чичкото и неговата девојка. Но, набргу се дознава дека некој лик доаѓа да ги посетува девојчињата во новиот дом. Јасно е дека во изминатите пет во колибата не биле сами....некој не сака да се откаже од нив. Се ќе беше подобро ако ликот на Mama беше реален човечки лик, на пример налудничава жена, но со силни мајчински чувста. Вака приказната се сведува на лик кој е нереален, фантастичен. Вистина е само суштината-мајчинската љубов. Оценка-околу 5.