И јас го гледав и тоа за прв пат! Доста интересно филмче, Робин Вилијамс е совршен за филмови со деца. Кирстен Данст е многу слатка. Се на се и од мене 10/10
Skyfall Убедливо најлош Џејмс Бонд филм досега. Првиот пат го пуштив и заспав. Си мислев дека е до мене, уморна, ама не, ете му дадов и втора шанса. Филмот е тапа, приказна никаква, акција воопшто и немаше. Се чудам зошто ваква утка. И дефинитивно Даниел Крег воопшто не ми личи за Бонд. Не и не. Разочарана сум, очекував повеќе, а не добив ништо. Досаден, од мене само лоши критики. Викендов ми се „погодија“ филмовите . Го пуштив и Арго да го гледам и го исклучив. Се мислам дали и воопшто да му дадам уште една шанса, а филмов собира награди како луд, а згора на се е номиниран и за Оскар . А мислам и дека ќе земе, се палат Американциве на вакви приказни. Глуп народ! И така, имав прилично лош филмски викенд. Ниеден од филмовите не го препорачувам, вториот не го ни догледав.
Што гледав и јас викендов го посветив на тинејџерски филмови, оние најспомнуваните Spoiler Lol Дали има потреба да речам нешто? Колку ич не ја сакам оваа Мајли, туку сплет на околности го донесе филмов во мојот компјутер. Да бев тин, може ќе ми се свиѓаше, во тоа време и такви момци ми се свиѓаа. Сега...не. Никако. Spoiler Филмов вреди ради Ен, ептен ми е шармантна и слатка. Малку по детски филм, ама убав, а ваквите детско ориентирани филмчиња ми се добри. Spoiler A walk to remember Луѓево стварно треба да осмислат нови срцепарачки приказни. Комбинација на две стандардни приказни, едната, фраерот ќе се заљуби во тивката наивна цура која сите ја исмеваат, другата, цурата е болна и ќе умре. Многу дијалог ми фалеше во филмов. 2, 3 реченици и оп овој ја сака не иде бе така тоа во реалниот живот Му давам плус ради очите на типот Менди Мур мн чудна ми е со устата цело дејствие ми беше бледо како сон Spoiler The lucky One Леле колку не. И овде огромно отсуство на дијалог, Зек Афрон катастрофа ми беше, цел филм вредеше ради добрите секс сцени останатото...
The perks of being a wallflower Леле, леле! Колку само ми фалеше ваков филм. Смешен, забавен, тажен и неодолив. Не е клише средношколски филм, музиката е прекрасна, глумците исто. Главниот лик е толку неодолив и сладок. Препорачувам!
Zambezia (2012) Spoiler Малку за релаксација и опуштање мозок, вчера си го гледав овој анимиран филм за птиците кои живеат во Замбезија. Да не објаснувам што се работи, ако љубите анимирани, погледнете го.
Not Without My Daughter-драма 6/10 Spoiler An American woman, trapped in Islamic Iran by her brutish husband, must find a way to escape with her daughter as well. Филмот не ми е ништо посебно,како да е претрчано низ него,дефинитивно книгата е подобра. Но доволен е за да се види и научи нешто од него!
Django Unchained. Типичен Тарантино филм, крв, чуден хумор, се тоа беше на ниво. Мене ми се допадна, иако не би го ставила на исто рамниште со претходниот кој ми е all time favourite. Сепак мислам дека има малку нелогичности, што не ми е типично за режисер како Тарантино Spoiler До половина се е одлично, најмногу ми се допадна почетокот, кога ги убиваа овие гонетите со германецот. Ама мислам дека тоа откако отидоа да ја спасат жена му има некои чудни расплети. Зошто се занимаваа толку со тоа да му дадат понуда за најдобриот борач, кога можеа одма да му дадат понуда за да ја земат жената? Штом борач се согласи да им продаде, за слугинката не би имало проблем. Можда јас пропуштив нешто ама мислам дека тоа е малку чудно, како да сакале да го продолжат повеќе филмот. Исто и кога конечно се договорија за жената ликот на Кристоф Волц зошто мораше да го направи тоа на ликот на Лео? Можеби од желба да биде што покрвав, понасилен, Џанго да испадне најак испадна малку глупаво според мене на самиот крај. Како и да е мене ми беше се супер, само при крајот малку ми изгуби смисла кога се случи престрелката. Ликовите многу ми се допаднаа! Кристоф Волц повторно маестрален, колку го обожавам човекот . Добри реплики имаше, особено на почетокот. Иако темата е тешка, од тежок период од историјата ама повторно во Тарантино style. He makes you laugh at things that you shouldn't laugh .
Monster's Ball (2001) Гледав Inside the Actors Studio со Хали Бери, и сфатив дека не сум го погледнала филмот за кој зема оскар. Па да бидам сосем искрена... овој филм не ми се допадна некако. Премногу имаше драма, во драмата. Не знам како поинаку да се изразам. Хали Бери е самохрана мајка, чиј сопруг после 11 години затвор е осуден на смртна казна. Еден од чуварите во затворот кој ќе ја изврши егзекуцијата (Били Боб Торнтон) е патем невиден расист и осаменик, ќе се вљуби неочекувано во Бери, при една трагична случка. Двајцата се емотивно осакатени луѓе, кои ќе се спојат поради загуба, копнеејќи со љубов и поврзување со друго човечко суштество. Парот беше малку чуден за мој вкус, единствено таа фамозна и многу озборувана секс сцена беше одлична. Били Боб беше многу подобар во улогата од Бери. Мене лично ми е просечна глумица, а во овој филм малку и ме иритираше. Плус, не ми се дообјаснија некои работи, и ме остави со некое празно и апатично чувство. Плус, беше ужасно бавен. 5/10 The Intouchables (2011) Француски филм, во кој животот на едно проблематично момче и неговите сфаќања се менуваат од корен, кога станува негувател на еден квадриплегичен милионер. Навистина убав, забавен и тажен филм истовремено. Момчето плени со својот непосреден шарм и харизма. На моменти и заплакав, се насмеав, едноставно ова е филм за душа. Работен според вистинска случка, вреди да се погледне... 8/10 Seven Psychopaths (2012) Првата половина од филмот ветува. Многу ме заинтригира, почна забавно и напнато, си викам - ова мора да е супер филмче. Колин Фарел, Кристофер Вокен и Вуди Харелсон, си викаш - нема утка. Втората половина ми беше искрено тапа, и едвај чекав да заврши. Поента? НЕМА. Филм направен колку да има филм. Не можам ни да го објаснам. Последните 5 минути после дел од одјавната шпица ми се допаднаа најмногу. Thumbs up, само зашто е поразличен од сите други филмови кои излегуваат овие месеци, правени како по матрица. 5.5/10
Anothere Sindrella Story. Па, типичен тин. филм. Оваа сака да игра, дома маќеата не ја пушта оти треба на неа да и ги испунува желбите. Се појавува тој ЈП убавиот, се засакуваат и то. Ичи мичи готово причи. 7/10
Дефинитивно немам ниту една лоша критика за филмов,просто ме воодушеви. Буквално се исклучив од реалноста и бев целосно внесена,какви сцени,да не се наежиш значи дека си најрамнодушен ! Чиста десетка ~
Disturbia - Drama Mystery Thriller 7/10 Spoiler Кајл ќе биде во домашен притвор и од досада ќе си најде занимација да ги набљудува соседите и ќе открие нешто. Добар филм,очекував и понапнат да биде,но и вака е доста возбудлив.
Јас пак со кражбиве The Score Според имдб нема некоја висока оцена, ама мене ми се допадна. Малку непотребно го развлекле, ама барем беше малку напнат и неизвесен. Иако крајот го предвидов... Роберт Де Ниро е во улога на искусен крадец кој добива тешка задача да украде предмет вреден 30 милиони долари. На помош доаѓа Џек кој го игра Едвард Нортон, па тие заедно ја осмислуваат операцијата. Но, работите не се одвиваат како што е предвидено. Исто како и за Thick as Thieves и овде ќе кажам - ако сте гледале слични филмови, многу од работите ќе ви бидат познати и сигурно ќе можете да го предвидите.
Silent Hill: Revelation Со оглед на првиот дел кој што беше многу подобар овај ми беше ептен лош.Пчекував понапнати ситуации,понеочекувани случки кои што требаше да ме извадат од такт, а видов бледа копија на обид за хорор кој што на моменти ми беше страшно досаден.Актерите ко да глумеа во некоја лимонатка,а не во таков напнат филм кој што би требало да биде напнат полн со мистерија,авантура и акција. ОД мене има 2-че целосен промашај на филмот,се каам што сум изгубила 2 часа на него.
Во последно време многу филмови гледам, не знам што ми стана. Еве дел што ми оставија впечаток. Human Trafficking Премногу ми остави впечаток, те тера да размислиш за реалноста и за тоа како жената може да биде претворена во роб чие тело ќе се продава.Приказна за тоа како девојки се залажувани и на крај присилени да го продаваат своето тело, за некој трет да профитира. Кои се последиците од овие злодела, и еден агент кој се обидува да го расветли случајот. 9/10 Trade Приказна за трговија со луѓе, исто како горенаведената. Се навлеков на ваквите филмови, ме допира таа судбина на жените кои насилно се присилени на проституција. Млада девојка која ќе биде киднапирана со цел да биде продадена, трауми низ кои поминува и потрагата по неа од страна на нејзиниот брат кои со последни сили се труди да ја најде. Добар филм, топло препорачувам. 8/10 Тaken 2 За жал првиот дел е далеку подобар, според мене. Не е лош и вториов ама не може да се спореди. 7/10 American crime Филм според вистинска приказна, за една жена со психички проблеми која секојдневно во својот подрум малтретира едно невино девојче. Настанот се случил во 1960, во Индијана. Навистина остава впечаток, го препорачувам.Одлична глума на актерите, трогателни сцени.. 9/10
За кој филм се работи? Сликата не ми ја покажува... дајте ве молам пишувајте ги и насловите зошто не секогаш се гледаат сликите.
Го гледав: Savages (2012) Spoiler Во претходните страници го имаше, ама ќе го ставам затоа што филмот ми се допадна. Се врти околу бизнисот со дрога, па тука разбирливо следат голем број жртви, киднапирања, пари и интриги. Воопшто не е досаден, и носи поука со себе. Кој сака нека го погледне. 6,5/10.
HORRIBLE BOSSES Прекрасна комедија. Се работи за тројца пријатели кои што работат во 3 различни компании и воопшто не се задоволни од нивните шефови. После долги колебања се договараат да ги убијат. Е тука настанува бркотница, следење, провалување, некој и не се придржува до планот, но на крај се е ОК.
Jane Eyre (1996) Верзијата која јас всушност сакав да ја гледам беше онаа од 2011, но никако не можев да најдам торент и решив да ја гледам оваа. Драги мои - катастрофа! Немојте никогаш да го гледате овој филм. Книгата е толку обемна, толку убава, описите се толку прекрасни, овие актери во никој случај не го доловуваат прикажаното во книгата. Мојата фантазија ја сработи подобро работава на режисерот и актериве. Па, нека направат два дела ако еден долгометражен филм е малку за да се долови смислата на романот. Вака уште пред да сфатиш што се случило, тие скокаат едни добри 100 страници од книгата напред и оп ете ти го крајот. Не, не и не. Глупав ми беше филмов.
^ Гледај го тој од 2011, мислам дека Миа Васиковска многу подобра беше како Џејн, филмот многу добро долови доста од емоциите, јас и си плачев Иначе го гледав Животот на Пи. Од многу коментари читање, веројатно ми се кренаа очекувањата. Приказната секако беше интересна, јас како јас одма си се врзав за животните, ама што знам...убаво филмче, ама не ми изгледа како некој кој би ми бил некогаш на листа на фејворит