Valentine's Day 8/10 Филмчево беше онака за опуштање пред Валентајн Многу познати актери имаше и ни еден момент не ми стана досаден
Argo Одличен филм, напнат до крај, посебно придонесува тоа што е базирано на вистинита приказна.. нема да откривам многу (читај воопшто) само ќе кажам дека заслужена е секоја номинација и секоја награда. Од мене оцена: 10/10 Wreck-It Ralph Анимирано филче коешто постарите генерации ќе ги врати во детството, барем мене така ми делуваше Ме потсети на сите херои од флиперите ... интересно за опуштање
Hope floats The Notebook ми е 100 пати гледан и само еднаш сум плачела. Ама на овој редовно си липам на мал милион сцени. Буквално го обожавам филмов. Од Сандра Булок, до бабата, Хари Коник, девојчето, еден нема што не е добар. Убава приказна и за смеење и за плачење, плус акцентот јужњачки е интересен. Плус мужот. И музиката. И се. За во ПМС-ни денови и за секој ден, задолжително да се има во компјутер. И омилените цитати:
Hitchcock (2012) Филм кој го илустрира славниот режисер, неговата одлука за режирање на еден од култните филмови на сите времиња - Психо, и реакцијата на публиката, филмските студија и критичарите. Концизен, генијален и опседнат со идеалната русокоса, Хичкок е вистинско уживање од филм. Ентони Хопкинс е скоро непрепознатлив, секоја чест за маската и шминката, го доловил супериорно. Хелен Мирен стандардно добра. Филмот ме натера да се заинтересирам за филмовите на Хичкок, и на листата на гледање ми се Психо, Вертиго и уште неколку други. 8/10
The Curious Case of Benjamin Button (200 Mногу ми се допадна филмов. Ме насмеа, ме замисли, ме растажи... многу убава тема е обработена на чуден начин. Колку ние воопшто правиме работи вредни за паметење. Колку вложуваме во нас, во нашата сегашност.. Кејт Бланшет е п р е к р а с н а, Spoiler а трансформациите на Брет Пит исто. Препорачувам. 9/10 Silver Linings Playbook - и овој ме бендиса, ме насмеа, двајцава луди баш си одговараа, кога беа нервозни ми беа најслатки Само имаше еден дел за фудбалот - многу го отупеа и тука доста време потрошија. 8/10
So Undercover Незнам ни зошто седнав да го гледам филмов ко знаев дека ваков тапаќе биди. Досаден 4/10
Mama-хорор,мистерија Spoiler Annabel and Lucas are faced with the challenge of raising his young nieces that were left alone in the forest for 5 years.... but how alone were they? Јас сакам хорор и мистерии ама не од ваков тип,за мој вкус премногу фантазија.Ке му дадам средна оцена 5/10
That's My Boy (2012 film) реков и пак ке речам типов Adam Sandler дека мора да престане да прави глупи филмови !!! Не ми е јасно како може да си каже дека вакво СТРАЊЕ од филм може да му е во ситуацијата на убави и успешни !!!1/10 е мојата оценка Spoiler сепак се надевам дека ова нема да навреди никого
The impossible (2012) Се работи за филм сниман според вистински настан. Оцената на ИМДБ е 7.6. Јас му давам 10 зошто срце ми се кине на филмови базирани на вистински настани. Се работи за семејство кое патува за Божиќ на одмор во ресорт во Тајланд. Се е идеално и преубаво до моментот кога среде бел ден го доживуваат најголемиот хорор од цунами. За помалку од минута нивните животи се растргнати. Се работи за вистинската борба, надежта, цврстината и човечноста, за семејството. Јас сосема случајно го начекав филмов (патем мислам дека оригинално е шпански) и се изнаплакав. Да се смирам малце, па со мајка ми заедно ќе го гледаме.
Agora (2009) За сите оние кои што сакаат историски филмови. Дејството се одвива во Александрија во 4 век од нашата ера. Време во кое се вкрстуваат религијата, науката, слободната мисла ... Хипатија е жената посветена на науката, единствената жена која јавно ќе се изјасни дека не припаѓа на ниту една религија, а сето тоа нема да оди во прилог на Христијанската религија и нејзините верници. Филмот не е атеистички, воопшто. Исполнет е со поголема духовност од многу религиозни филмови. Моја оценка 10/10.
Love and Basketball Приказна за животот на едно момче и една девојка кои израснуваат во исто сосесдство, приказна за нивната љубов и за кошаркарската игра Одличен филм за релаксација и опуштање Препорачувам 8/10
Shattered - Butterfly on a wheel , за сите жени кои се изневерени од своите мажи и најјаката одмазда таква останав на крајот.
Интересно тинејџерско филмче со веќе позната приказна и доста предвидливо. За опуштање е добро, ама ништо повеќе. 5/10
Hitchcock (2012) И јас го гледав, вчера. Ме заинтригира уште првите неколку минути. Нормално, кога Ентони Хопкинс е во прашање не можам да бидам разочарана. Ма сите глумци беа за пофалба. Единствено Скарлет некако... Него, се изненадив кога прочитав дека филмот е сниман по книга. Значи Hitchcock е снимен по книгата Alfred Hitchcock and the Making of Psycho која што пак е пишувана по филмот Psycho, а оригиналниот филм доаѓа по книгата Psycho?
28 hotel rooms За моногамноста на мажите и жените ... 7/10 Love me Трилер. Исчезнува девојка, дечкото е главен осомничен ... но вистината се открива во сосем друг правец. 7/10 Kill for me Уште еден трилер за исчезната девојка. И тука има интересен заплет и расплет. 7/10
Savages (2012) Crime,Drama,Thriller 7/10 Spoiler Pot growers Ben and Chon face off against the Mexican drug cartel who kidnapped their shared girlfriend.
Moonrise Kingdom (2012) Улоги: Брус Вилис, Едварт Нортон, Бил Мареј, Фрацис Мекдорман, Тилда Свитон IMDb: 7.9/10 Моја оцена: 5/10 Приказна за млад пар, кој побегнува од дома и решаваат да живеат сами во шумата каде притоа го крева цел град да ги бара. Гледам висока оценка на IMDb, а јас не би дала до толку. Точно, филмот беше интересен и смешен на моменти, али сепак далеку од освојување на Оскар за оригинално сценарио. Доколку имате сат и пол, вишок време онака.. го препорачувам. Lincoln (2012) Улоги: Даниел Луис, Сали Филд, Џосеф Гордон Луит IMDb: 7.8/10 Моја оцена: 7/10 Филмското остварување на Спилберг со номинација за 12 Оскари. Убаво е опфатен филмот, за 13-тиот амандман на Америка кој се однесува за право на гласање на робовите. Сценографијата е одлична, како и актерската екипа. Но, сепак ова е тип на филм за кој треба да си склон да го гледаш. Les Misérables (2012) Улоги: Хју Џекмен, Расел Кроу, Ен Хатавеј, Аманда Сејфилд, Хелен Бохам Картер IMDb: 7.9/10 Моја оценка 10/10 Зошто овој филм нема 12 номинации за Оскар, туку само 8? Од каде да почнам, два и пол саати веднаш ми поминаа. Колку сум само импресионирана од Хју Џекмен и Расел Кроу.. Мјузикал или не, дали ги сакате или не, можам да ви кажам дека нема да зажалите доколку го погледнете филмот. Браво за актерската екипа, шминката, сценографија, глумата и пеењето. Се. И да, колку само ќе заплачев кога го убија детенцето.. греота. Flight (2012) Улоги: Денсел Вашингтон, Надин Велаквез, Адам Едвардс IMDb: 7.3/10 Моја оценка: 10/10 Станува збор за пилот кој ќе го спаси авионот од срушување, меѓутоа при подлабоко анализа се утврдува дека тој има голема количина на алкохол во системот тој ден. Дензел ми беше ѕвер во филмот. Посебно тие последните минути (тие што го имаат гледано филмот, знаат) кога го трезнеа, дрогираа.. Али се на се, добар крај. Не го очекував тоа, бидејќи мислев дека ќе проба да се извлече и тоа ќе биде тоа, ама сум била грешка Филмот го препорачувам.
Последен филм што го фледав е Хачи. Во него се работи за еден човек кој ќе пронајде куче на железничка станица и ќе го однесе кај сопственикот на железничката. Тој ќе му рече дека незнае од каде е кучето и дека неможе да го чува па затоа да го земе човекот кучето и да го чува за една ноќ а другиот ден ќе залепат флаери насекаде да кажат дека кучето е најдено и сопственикот да се јави. Жената на тој човек не сака да чуваат кучиња бидејќи поранешното куче кое го чувале умрело и таа многу тажела. За флаерите никој не се јавил, по неколку недели некои луѓе се јавиле но жената рекла дека кучето веќе било земено бидејќи нејзиниот сопруг многу го сакал кучето. Човекот работел како професор по музичко и секој ден идел на работа и се враќал со воз. кучето секој ден го испраќало сопственикот се враќало дома и точно во 5 часот го чекало на железничката станица. Еден ден кучето осетило дека нешто лошо ќе се случи и го задржувало сопственикот да не оди да го пропушти возот. Но сопственикот отишол и на работа држејќи го топчето на кучето добил срцев удар. Кога дознале сите се преселиле од поранешната куќа и го земале Хачи со нив но Хачи избегал и го чекал сопственикот во 5 часот со надеж дека ќе се врати но сопственикот не се вратил. На ова место кучето умрело и сега има споменик во чест на кучето на тоа место каде што тоа го чекало сопственикот. Инале филмот е снимен според вистинска случка во Јапонија.