Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    P.S I love you

    Филмот ми се многу допадна.Го гледав вчера
    Главни ликови се Холи и Џери кои се во брак и се многу сакаат но постојано се караат.Џери ненадејно починува од тумур на мозокот и тогаш Холи сваќа колку многу го сакала.Длабоко повредена таа се изолира од своето семејство и ништо не ја интересира.Нејзините пријатели и роднини и одат ненадејно на посета на нејзиниот 30ти роденден.Додека сите и помагаат да го среди станот пристигнува поклон од Џери.На почетокот не и се верува и мисли дека се шегуваат со неа.Но сфаќа дека навистина тортата и пораката е од Џери.Така секој ден и стигнува пораки кои ги напишал Џери пред да умре.И така писмата ја водат Холи во нова авантура и таа станува се похрабра за да го живее понатаму животот.Нејзините пријатели се обидуваат да и помогнат да не и биде толку тешко и одат заедно во Ирска каде се случуваат интересни работи и авантури.
    На крајот Холи останува во Ирска и таа се откажува од стравот повторно а се заљуби.
     

    Прикачени фајлови:

    На Hestija и Hipica им се допаѓа ова.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Дали сум премногу субјективна кога станува збор за филмови со животни, ама и двата филма ме трогнаа и се најдоа на мојата листата на омилени филмови.
    Dolphin Tale
    [​IMG]
    Инспиративен филм базиран врз вистинска приказна. Приказна за делфинот Винтер(женка) која како резултат на човечката злоба ќе биде повредена и ќе мора да продолжи да живее без својата опашка... :(
    Многу убава приказна, со многу убави животни и уште поубави пораки.
    Го препорачувам на сите кои не ги гледале. И откако ќе го изгледате да не заборавите да ја посетите и официјалната веб страна за Винтер каде што можете и во живо да ја погледнете
    http://www.seewinter.com
    Оцена - 10/10

    Rise of the Planet of the Apes 2011
    [​IMG]
    Овој филм долго време ми стоеше во компјутер, ама го избегнував поради Sci-Fi елементите во него. Згрешив, зошто филмот е маестрален. Самиот наслов делумно ја открива и содржината, а јас само ќе надополнам дека мајмунот Цезар толку многу ќе ви го допре срцето што филмот ќе си го изгледате со кнедла во грлото, иако не станува збор за трагичен филм.
    И овој го препорачувам :up:
    Оцена 10/10
     
    На Vikica.cuci, boomsleng и Trendafilka им се допаѓа ова.
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    The Impossible
    [​IMG]

    Предобар филм. Искрено уживав додека го гледав. Доста реални сцени, трогателни пред се. Пуштив и јас по некоја солза. Одлична глума на сите актери, посебно на Лукас. Го препорачувам :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    и јас го гледав и бас е интересен,онака за опустање :D :D
    оние пингвинЧиња се преубави а она едното не гледа :D :D хахаах

    10-10
     
  5. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Warm bodies 2013

    http://www.youtube.com/watch?v=07s-cNFffDM

    Р. е опасен зомби кој лута низ Америка која е уништена од апокалипса. Тој не ни може убаво да зборува, но тoа нема да му биде пречка за да се сплетка со Џули, девојка која требаше да биде една од неговите жртви, но тој не ја повреди, ја заштити од другите и ја скри на неговото место.
    Нивната романса е толку силна што дури ќе почне да ги променува другите зомби и тие ќе почнат да оживуваат...


    9/10
     
    На mileystar и stojanovskata им се допаѓа ова.
  6. Lavender

    Lavender Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    The Words (2012)

    Бредли Купер мене ми е прекрасен,филмов е добар,добра приказна,добар избор на актери...
    Станува збор за еден млад писател кој сонува за успех,но неговите дела изгледа не се доволно добри за да бидат објавени па е одбиван повеќе пати,се додека не пронајде случајно едно дело чиј автор е непознат и го присвои како свое...сонот му се остварува, "неговото" дело доживува успех,но проблемите се појавуваат кога ќе се појави вистинскиот автор на тоа ремек дело.

    The Time Traveler's Wife (2009)

    Ми се допадна,но треба цело време да си сконцентриран на филмот затоа што можеш лесно да се збуниш...минато,сегашност,иднина.Значи,кој сака да гледа патување низ времето ќе му се допадне,но тука повеќе се посветува внимание на љубовта на главните актери и како тие успеваат да останат заедно и покрај овој "феномен" затоа што буквално главниот актер патува низ времето без никакво предупредување,во било кое време,без да знае каде ќе оди,колку ќе остане и без да има било каква контрола врз тоа.Очекував да видам од тоа друго време поживи сцени,па да знам каде се наоѓа,во која историска епоха...но евентуално тоа не било приоритет на овој филм туку нивната љубов и борба со ова генетско нарушување.
     

    Прикачени фајлови:

    На woow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Во последно гледам многу германски филмови и многу ми помагаат во учењето на јазикот. Така налетав на еден филм од 2004 ама е еден од најдобрите филмови што ги имам гледано во последно време. Филмот е турско-германски и го режира еден од најдобрите режисери во Германија Фатих Акин. Има добиено и многу награди.

    Филмов е прекрасен. Главниот лик Џахит има 40 години и разочаран од животот после смртта на неговата жена ќе проба да се самоубие, ќе оди со колата директно во зидот, затоа е и насловот на филмот таков. После таа ноќ животот тотално ќе му се смени. Во болницата ќе запознае млада девојка која исто пробала да се самоубие. Таа ќе побара помош од него за да се спаси од конзервативното семејство. Ќе направат лажен брак... А понатака е уште поинтересно. Филмот е со турски глумци и се разбира судејќи по мојот ник ќе излезам фанатик за турски серии и филмови но навистина нема врска. Филмот си е врв... Ептен потресна приказна, мене ме фасцинираше.
     

    Прикачени фајлови:

    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  8. meri24

    meri24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    546
    Пол:
    Женски
    La Cara Oculta ...шпански филм добар е не е лош..8/10
     
  9. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Django Unchained (2012) - Adventure,Drama,Western
    With the help of a German bounty hunter, a freed slave sets out to rescue his wife from a brutal Mississippi plantation owner.

    Еве и јас го изгледав филмот,и си имав претходно мислење дека нема да ми се допаѓа,а во целост ми го задржа вниманието.Оцена 10
     
  10. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Seeking Justice (2011) Барање правда
    Улоги-Nicolas Cage, January Jones, Guy Pearce
    Action | Drama | Thriller


    Животот на еден семеен човек се претвора во хаос кога неговата жена е брутално нападната една ноќ. Сопругот несвесно се вплеткува во опасна одмаздничка операција откако прифаќа понуда за одмазда.Вил Џерард (Николас Кејџ) е среќно оженет семеен човек, чиј мирен живот е претворен во хаос кога жена му Лора (Џенјуери Џоунс) е брутално нападната една ноќ додека се враќа од работа. Во болницата, додека чека вести за состојбата на жена му, на Вил му приоѓа Сајмон (Гај Пирс), кој му дава интересен предлог. Сајмон ќе среди еден сосема непознат човек за да му се одмазди на напаѓачот на Лора, во замена за услуга од Вил во блиска иднина. Вознемирен и преполн со тага, Вил ја прифаќа понудата, несвесно влегувајќи во опасна одмаздничка операција. Продолжувајќи да ја заштитува жена си од вистината, тој набрзо открива дека неговата потрага по правда би можела да доведе до застрашувачки и смртоносни последици.8/10
     

    Прикачени фајлови:

  11. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    [​IMG]

    Го обожавам Иан МекГрегор, па првично филмов заради него ми го сврти вниманието. Сношти на инсистирање на братучетка ми го гледавме, фамилијарно. Многу ми се допадна, навистина е предобар.
    Но исто така многу трогателен и потресителен :( Сега трудна можев да се поштедам од претерано експлицитните сцени...
    Но сепак филмот е фасцинантен во повеќе погледи, така да го препорачувам - сем ако не сте многу мали или трудни =)
     
  12. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Spanglish
    [​IMG]
    Старо филмче, доста интересни, нема потреба да ви кажувам за што станува збор мора да го имате гледано. Инаку колку пати и да го гледам на сцената со стаклената врата секогаш се умирам смеење :lol:
    7/10
     
    На Elennaa и figgiMK им се допаѓа ова.
  13. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Едно постаре филмче од топ 100-те..

    All About Eve (1950)
    Улоги:Бет Дејвис, Ен Бекстер, Џорџ Сандерс, Селесте Холм
    IMDb: 8.4/10
    Моја оцена: 10/10


    Прво прочитав е дека е доста наградуван филм. 6 Оскари и други 15 победи. Па и се исплати да гледаш филм од 50-тите. Се работи за девојка Ив, која што се нема да направи за да дојде до патот на славата. Меѓутоа и нејзе и доаѓа крајот да биде измемена во сопствената игра. Не сакам повеќе да го раскажувам, освен тоа дека навистина ме импресионира, и мислам дека беше 2 и нешто саати, па брзо ми летнаа.

    Eat Pray Love (2010)
    Улоги: Јулија Робетс, Џејмс Франко, Хавиер Бардем
    IMDb: 5.4/10
    Моја оцена: 6/10


    Хм..колку пати го извртив.. 1/2 или 3 пати беа? Ах.. многу долг и досаден филм. Нема да го објаснувам веќе уназад доста пати е гледан и коментирана му е успут содржината. Ама шознам, некако очекував повеќе. 6-ка добива за прекрасните места коај Џулија успут ги посетува. Ништо друго..

    И да, признавам едино филмот не го вртев кога во кадар ми беше Џејмс Франко..и да да тој Италијанецот..
     

    Прикачени фајлови:

    На DjinTonik му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Bruce Almighty
    [​IMG]
    Лелее филмчевооо хахахаха како што го немав гледано многу долго време се измочав смеење. Џим Кери дефинитивно најдобар комичар, Се пресмеав. 10/10.
     
    На Elennaa, SimonLimon, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    [​IMG]
    City Lights
    Ме стопли, убава љубовна приказна, приказна за луѓе и добрини и неправди. Вирџинија Черил беше прекрасна, жените во тоа време навистина имале некоја посебна убавина. Дејствието не го раскажувам. Кога сета емоција човек може да ти ја долови само преку погледот и изразите, тогаш зборовите се непотребни.
     
  16. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    I love you Phillip Morris

    [​IMG]

    [​IMG]

    Лудница филмче. :D Не зажалив што го симнав, и за времето кое на него го потрошив.
    Почнува како сатирична комедија, со препознатливиот Џим Кери. Но одкога филмот заврши, не бев сигурна дали сценариото налагало филмот да биде комедија или само се вметнати саркастично комични моменти.
    Приказната во суштина (вистинита) е тажна.
    Хајлалт е да гледаш двајца нај стрејт хетеросексуални актери во хомосексуална врска на екран :lol:
    Безобразно се добри и доследни во улогите.
    Не сакам да ставам спојлери, кој има време нека погледне!

    [​IMG]
     
  17. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Flicka 2 (2010)
    Улоги:Patrick Warburton, Tammin Sursok, Clint Black, Reilly Dolman, Emily Tennant
    Family, Drama

    Кери е тинејџерка од голем град, чиј живот целосно се менува кога се сели на ранч за коњи во Вајоминг за да живее со својот татко. Сè се менува кога Кери ја среќава Флика, дива и тврдоглава кобила со слободен дух.
    Кога баба ѝ добива дијагноза за деменција, скејтерката Кери е присилена да ги напушти поплочените улици на големиот град и да живее со својот отуѓен татко Хенк на неговиот ранч за коњи во Вајоминг. Носејќи го својот скејтборд на место каде што нема рампи за скокање, Кери се чувствува многу осамена и е решена да се врати во градот. За време на својот престој на ранчот, Кери создава чудно пријателство со дивата кобила по име Флика. Таа е од видот црн мустанг, тврдоглава е и има слободен дух исто како Кери. Тие оформуваат посебен однос и Кери наскоро го отвора своето срце не само пред својот татко туку и пред едно убаво локално момче. Кога Флика ја одведуваат и животот ѝ е доведен во опасност, Кери ќе стори сè за да ја врати безбедно дома, онаму каде што припаѓа.8/10
     

    Прикачени фајлови:

  18. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    10 Years
    [​IMG]

    Интересно филмче. Малку ме потсетува на Reunion, само немаше многу смешни моменти. Али вреди да се погледне ако не за друго за згодниот Chaning Tatum и неговата згодна жена 8)
    7/10
     
  19. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Hansel & Gretel: Witch Hunters (2013)
    Улоги: Џереми Ринер, Гема Артенон, Фамќе Јансен
    IMDb: 6.4/10
    Моја оцена: 7/10


    Сте се запрашале што се слушува со Ивица и Марица откако ќе ја бутнат вештерката во оганот? :D
    Епа еве ги продолжение. Долго го чекав филмот, пошто сум фан на Гема, преубава ми е. Али на жалост и покрај тој познати глумци, не беше нешто нај нај. Филм од саат и дваесет минути, лесен за гледање, каде што дефинитивно ќе ве изненади фактот..од каде овие двајцата нашле толку добро оружје за тоа време?
    :D Како и да е, оцена седум пошто ги сакам ваквите филмови, и пред се..ми беше интересен за гледање.

    Чист примет за оружјето во тоа време :fubar:
    Вештерка на митралез.. :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

  20. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Вреди да се изгледа.
     
    На Chupe и DzingrlakaDzikica им се допаѓа ова.