Pljačka Trećeg rajha Таман си доаѓам дома, татко ми салдисал ТВ, ечи цела куќа. Му викам ти нормален си? А тој неможе да ми одговори од смеење. Си викам ај да седнам да видам што има овде толку смешно. Леле уште стомакот ме боли. Добра комедија е! Си сакаме такви филмчиња со тато да си гледаме. Најдобро друштво ми е за вакви српски комедии. Го препорачувам на некој тмурко како мене, да се насмее малку. Леле уште ми е смешно
Silver lining playbook И тоа два пати го гледав, впечаток позитивен, ми се допадна. Незнам зашто толку негативни критики за нејзината глума мене многу ми се допадна, баш беше она глумата на ниво. Двајцата ми беа екстра, Бредли Купер ми изненади, не го замисливав во ваква улога. Роберт Де Ниро класа, каква улога и да игра е ненадминилив. Мене ми се допадаа како спарка, имаше хемија меѓу нив и повеќе од очигледно. Приказната можеби не беше нешто ново, но ми се допадна нивната глума, доста природно. Препорачувам дефнитивно. 8/10
Филмов не ми се допадна. По Оскариве решив да го гледам, сега конечно успеав ама не ми е ништо посебно. Особено не ми се допадна делот кога Џенифер упаѓа во куќата на Бредли и се рафрла со фудбалските резултати (како глупаво американско клише), а и самата таа суеверност на Де Ниро ми беше чиста глупост. Син ми го пуштаат од лудница и сега ја ќе го малтретирам да седи до мене, да држи марамчиња или не знам што или да оди на натпревар за да добијам пари или па ќе му се дерам ако моите изгубиле. За мене барем немаше логика. И.. ...кој ми беше досаден и не го ни изгледав до крај. Два пати го пуштав од почеток ама не ме заинтересира ни малку.
Оваа година првиот ДОБАР,ПРЕДОБАР,НАЈДОБАР филм кој го изгледав е La Cara Oculta/The Hidden Face -2011 Spoiler Многу пати сум гледала филмови од овој жанр,но овој ми е врв. Филмот е полн со неизвесности до самиот крај, не знаеш што може да се случи. Главен лик е шпански диригент, на кој му нудат работа, оди со неговата девојка, изнајмуваат преубава куќа и таа исчезнува. Не сакам повеќе да пишувам бидејќи нема да ви е интересен. Филмот го препорачувам да го гледате 10/10
The Tree of Life (2011) Приказна со надреални елементи,научно-фантастична драма...за смислата на животот,раѓањето и смртта на човекот,неговото место во универзумот,Бог,создавањето на вселената,планетата Земја и еволуцијата на животните.Приказната прилично бавно се одвива,посебно првите 40 мин. кои се тешки за преживување,тогаш сме вратени назад во времето,на самиот почеток на вселената. Во овој филм се бара одговор на секое прашање,изобилува со внатрешни монолози и прашања кон Бог.Значи,многу малку дијалози меѓу ликовите. Се работи за семејство од средната класа кое живее во Тексас во 1950-ите.Приказна за смртта на сопственото дете,прашањата кои се појавуваат после тоа...сето тоа низ визиите на најстариот од трите синови-Џек кој е прикажан како изгубена душа во еден модерен свет. Taken 2 (2012) Ми се допадна,но не како првиот дел...малку повеќе во американски стил,цела албанска мафија ништо не му може на главниов лик,секогаш подготвен и информиран до детали буквално за се...но сепак едно добро продолжение на приказната од првиот дел,ништо чудно ако се снима и трет дел,да се одмаздуваат другите двајца синови на шефот на мафијата.
The breakfast club Секогаш го оставав за друг пат и незнам како ама конечно го изгледав. Очекував повеќе, многу повеќе, обично ги обожавам филмовите од 80тите ама не и овој. Малку ми беше монотон на моменти, премногу развлечен, како да предолго траеше. Дали дека очекував многу, и ме разочара, очекував малку повеќе дејствија. Крајот ми беше пре-предвидлив. Најинетересен лик ми беше дефинитивно Алисон, најоткачена и најсмешна, дефинитивно најдоброто нешто од филмов. Па трансформацијата, уау 5/10
Playing for Keeps (2012) Улоги- Gerard Butler, Jessica Biel, Dennis Quaid Comedy | Romance | Sport Поранешен успешен фудбалер, кој на многу лош начин ја завршува кариерата, се враќа во местото близу куќата на неговиот син, неговата поранешна сопруга и сегашниот вереник.Сосем случајно почнува да работи како тренер на тимот каде што игра и неговиот син, но се среќава со многу чудни и непредвидени случки.Исто така предизвикува воодушевување кај мајките на децата. Мене лично ми се допадна филмчево, реласирачко е и комично на моменти.9/10
The impossible Прекрасен филм за едно пет члено семејство кое што оди на одмор во Тајланд. Еден ден се случува неочекуваното-цунами и го опустошува островот. Мајката со најголемиот син се наоѓаат и ги пренесуваат во болница оти мајката е многу повредена, а таткото со најмалите деца се раделува ги праќа со спасувачките служби на сигурно додека тој останува на островот да ги бара сопругата и синот. Во болницата каде што се преместени мајката и најстариот син по некоја случајност или интуиција се сретнуваат сите заедно. Толку емотивна сцена не сум видела дури и солзи пуштив. На крај мајката ја оперираат и ги префрлаат во Сингапур па потоа дома.
http://www.imdb.com/title/tt0435705Next (2007) Со Nikola нели старо филмче ама кога имаш гости кои е го гледале го гледаш пак ! хехехе 6/10 имааа супер БАу БАУ грешки
The tall man(2012) http://www.imdb.com/title/tt1658837/ Го препорачувам! Оцена 9/10 He's just not that into you(2009) http://www.imdb.com/title/tt1001508/ Интересен,оцена 7/10
Orphan (2009)- Mystery,thriller 8/10 Spoiler A husband and wife who recently lost their baby adopt a 9-year-old girl who is not nearly as innocent as she claims to be.
The Smurfs Доста предвидливо филмче но одлично е за опуштање и смеење. Препорачувам ако сакате потполно да се опуштите 8/10
Melancholia (2011) Станува збор за планета Меланхолија која се приближува до Земјата и постои опасност да удри во неа. Повеќе е посветено внимание на однесувањето на човекот во таква ситуација и врз неговата психа,страв од непознатото и исчекување дали ќе се случи тоа...Првиот дел ја разработува депресијата како болест. Another Earth (2011) Една вечер на небото се појавува планета која е копија на Земјата...иста големина,исти бои,континенти...таа ноќ една девојка кога ја забележува Земјата 2 на небото доживува сообраќајна несреќа,таа преживува како и возачот во другото возило во кое удира,но не и неговата бремена сопруга и петгодишно дете.Интересен е,го препорачувам.
последен што го гледав е трето полувреме. За наш филм не е лош интересен е, сепак е убаво да се погледне.
Water For Elephants Ми стоеше симнат скоро година дена, а бев скептична бидејќи мислев дека е глупав и дека Роберт нема појма од глума. Откако го изгледав филмов повлекувам се што имам кажано за него и неговата глума, одлично одглумено од него-предобар беше и не е фер да остани запомнет како актер кој што глуми во Твајлајт, дефинитивно го бидува чоеков за глума. Рис исто така ми се допадна-прекрасна беше а Валц е роден за вакви улоги. Браво за приказната, браво за глумата и браво за филмов и морам да кажам крајот ме изненади. Накратко ова е филм кој мора да допри до вашите срца, да ве разнежни, натажи а на моменти и да ве насмее и да ви ја стопли душата. Накратко ова е филм кој мора да допри до вашите срца, да ве разнежни, натажи а на моменти и да ве насмее и да ви ја стопли душата. Одличен е. 10/10- Препорачувам!
Drive Angry 3d По втор пат.Па шо? Интересен филм,до сега немам сретнато ваква приказна во некој друг филм.Николас Кејџ во главна улога Татко,кој е мртов ќе избега од пеколот за да се одмазди на тие што брутално ја убиле ќерка му и да си ја врати штотуку родената внука која патем и му е единствена блиска Го препорачувам. Limitless Со веќе познатиот Брадли Купер и во споредна улога Роберт Де Ниро. Веќе пропаднат писател,без инспирација, ќе сретне стар познаник кој ќе му даде таблета која ја активира 100% работата на мозокот.Ќе учи јазици за неколку часа итн. да не ви го раскажувам,интересен е гледајте го
Water For Elephants Dream House Го користам бесплатниот месец на HBO и ви ги препорачувам, ги има во видеотеката. Листајќи низ неа просто се запрепастив какви се глупости се снимаат и тоа од добро платени холивудски ѕвезди и познати продукции.
50/50 (2011) Конечно, го изгледав, ми беше на листата to long. Го обожавам Joseph Gordon-Levitt и едноставно по дифолт филм со него неможе да ми биде лош. Ме расплака морам да признаам, имаше еден момент кога веќе почна да губи верба, и едноставно ме разнежни. Но од друга страна па ме изнасмеа слатко, претежно Кајл со неговите фрази и "финти" за бркање женски. Ме изненади Seth Rogen, го имам гледано во прилично глупи филмови и улоги, но овде ми беше одличен. Навистина добро се надополнуваа, едниов озбилен, другиов блесав. Можеле да најдат бољи кастинг за девојките,и двете не ме воодушевија. 7/10