Red Dragon Едвард Нортон го игра детективот Вил, кој по крвавата пресметка со сериски убиец канибал по име Ханибал (кого го игра Ентони Хопкинс), решава да се пензионира и да живее мирен живот. Се додека не се појави нов мистериозен сериски убиец, наречен The Tooth Fairy. Вил е повикан да учествува во решавање на случајот, а тој го посетува Ханибал во затворот за да побара негово мислење. Интересен филм, не велам не. Ама некако очекував повеќе уште од самиот старт, затоа што игра екипа која е докажана во ваков тип на филмови. Како и да е, го препорачувам
Water for elephant Интересен филм, очекував да биде потажен, ама не ме дирна нешто многу, можеби јас сум таква тврда 8/10 La Cara Oculta Е значи ги обожавам некогаш овие шпанците и нивните филмови, филмот цело време те држи во неизвесност, просто обожава, вакви 10/10 Трето Полувреме Не е лош филмот, слушав коментари дека е сличен со Монтевидео, но освен фудбалот мене ми немаше никаква сличност. Љубовта некако помеѓу овие двајца ми беше многу нереална и вештачка. Гледајте го со вашите дома, плус со баба и дедо, дека нели на македонски па ние така дома кино правевме 8/10 И сите овие се по ваши препораки погоре
Трето полувреме Си бев пристрасна додека го гледав, реално, па си се стегав и опуштав чиниш навивам за да дадат гол. Филмот ми ја нема тежината за да биде филм за војната, љубовта не беше доволно силна за да биде љубовен, па дали е тогаш филм за фудбалот? Мене искрено тие сцени најмногу ми се допаднаа. Тимот како целина и поединечно, тренерот, еуфоријата кај публиката. И Ѕвезда криво ми е што ја немаше повеќе, ама и во делот што го имаше остави печат. Сашко на почетокот ми беше шармантен, потоа некако ми се изгуби. Најверојатно поради Шпитц, кој мислам дека беше стварно феноменален. Во емотивни сцени веројатно би ги вклопила улогите на Србите и Бугарите во постојан обид за присвојување на нашето. Патем, не ми имаше некој 40тите шмек филмов или до мене е. Во тоа време постоел зборот прчла? Ten inch hero Go Jensen, go Jensen Не го ни познав. Филмов е лесен, драма-комедија. Приказните, ништо невообичаено. Ама ми остави таков впечаток, што пак би го гледала. Ми се допадна. Ликовите, карактерите поединечно, секој различен, секој кон истата цел, љубов. Џенсен (пристрасна или не, гајле ми е ) ми е меѓу водечки актери за фејс ектинг. Толку добри и убедлици фацки прави. Сцената со тампоните константната потреба на мажите да се докажат и покажат. Гледајте го
50 First dates Многу интересен филм, незнам зошто не сум го гледала до сега. Ми се допадна приказната. Препорачувам. 7/10
The Impossible Преубав филм за борбата на едно семејство кое се обидува да преживее по несреќата од цунамито. Трогателна приказна која ме натера да заплачам. Снимен е по вистинска случка, но и самите настани во филмот се толку реални, што ве тера и вие да се борите со нив. Глумата одлична, Наоми беше и номинирана за оскар, но Лукас беше маестрален. Таква глума, сите тие емоции и начинот на кој ги пренесе се воодешувачки. Детето блесна. Филмот е предобар, топло го препорачувам. Оценка 9/10.
Limitless (2011)-Mystery,sci-Fi,thriller 8/10 Spoiler A writer discovers a top-secret drug which bestows him with super human abilities. Добар! Препорачувам!
Silver linings playbook Филмов беше ок, иако очекував повеќе. Типична американска лимонада. Да, со психички лабилни личности во главните улоги, ама ова е само филм, далеку од реалноста. Само на филм може толку брзо да се оправи психички нестабилна личност и притоа да си ја најде љубовта на својот живот... ех, камо во реалноста да беше така Инаку, се работи за професор кој има биполарно нарушување и добива нервен слом кога ќе ја затекне жена си со љубовникот. Се лекува прво во установа, а потоа додека живее со своите родители, притоа ќе ја сретне Тифани, вдовица на полицаец која исто доживеала нервен слом кога тој загинал. Двајцата ќе си помогнат еден на друг да се справат со своите проблеми и секако, ќе се заљубат еден во друг. Како и да е, добар за саботно попладне пред телевизор. Од мене има солидна 3/5. Playing for keeps Собрале куп ѕвезди за да го протнат филмов, ама во глобала е досаден. Типичен фамилијарен филм кој сепак сакале да го направат малку смешен со исмејувањето на разведените жени и оние кои се во формален брак. Како и да е, го изгледавме... одвај давам 1.5/5.
Awake Cтрашно интересно, чудно, невообичаено, досега не видено филмче Oд мене висока 8ца, вреди да се гледа. Spoiler 3а Jessica што да се каже, препрепреслатка ми е, на моменти ми доаѓаше преку монитор да и влезам, од што е толи совршено слатка фаца. 3а време на трансплантација на срце, Clay доживува anesthesia awareness. T.е тој е буден, неподвижен, и неспособен да збори, ама сепак, способен да слуша, а тоа што ќе го слушне е .... Jас препорачувам нема да зажалите, други детали не откривам
http://www.imdb.com/title/tt1800741/?ref_=sr_1 Step up revolution Ништо нема да напишам за филмот....останав без коментар (со оваа реченица не мислам на филмот) На глумецот мислам Типот ми го зеде срцето.... Аххх
Green Lantern Иако сум љубител на вакви филмови и си ги гледам сите, морам да кажам дека овој ме разочара. Слаба приказна, додуша целиот филм ми е некако не склопен, не целосен и не довршен. Слабо многу слабо, ме разочара. Единствена светла точка на филмов е рајан и неговото газе во хеланки, мх мх мх 4/10
Silver linings playbook За филмов реално немав големи очекувања, па можеби затоа многу ми се допадна. Веројатно заслуга повеќе на Лоренс и Купер, затоа што одиграа фантастично, повеќе отколку на приказната. Со време слушав доста пофалби за Лоренс, ама мене Бредли Купер многу повеќе ми остави впечаток како Пет. Одлично, па и повеќе од одлично завршена работа. Му се поклонувам. North and South Кој е љубител на романтични филмови, а не ги гледал серијалите во продукција на ББС, меѓу кои и овој филм...многу пропуштил Си го прекршив ветувањето дека ќе ја прочитам книгата прво, но не жалам воопшто. Филмот е преубав, актерите одлични, приказната и нежна и силна. За разлика од претходните филмови базирани на класици, имаше повеќе точки со општествените проблеми, индустријализацијата, сиромаштијата. И еве јавно ќе си кажам, јас и Ричард Армитаџ...љубов на прв поглед Го засакав човеков уште на првата сцена.
Over the Hedge Убаво анимирано филмче. Ќе ве насмее и расположи. The door Прекрасна изведба на Хелен Мирен во улогата на слугинка. Приказната на филмот, просечна. The best exotic Marigold hotel Фина драма за група пензионери од Британија, кои заминуваат на одмор во Индија. Неколку приказни собрани на едно место. Филм за љубовта, за пронаоѓањето на изгубеното, за новите предизвици кои може животот да ги постави пред нас и во подоцнежните години. Релаксирачки за едно врнежливо попладне.
Finding Nemo Не знам како не сум го гледала до сега, ама денеска баш добро ми легна ко што не сум во добрите. Ептен ме расположи и разнежни, колку добро ја прикажува љубовта на родителот, ќе го преплива океанот само за да си го најде детето, ќе го направи и невозможното... Одлично анимирано филмче.
Oz the Great and Powerful (2013) Прво да кажам дека сум огромна обожавателка на Џејмс Франко. Толку ми е сладок, ми доаѓа да го изгрицкам преку екран. He's on my TO DO LIST. Филмот почна интересно и впечатливо. Подоцна се претвори во вистинско хаотично, предетско и прешарено филмче. Ама последните 15 минути воопшто не му одат во прилог. Предолг е, сафра ме фати. Би го препорачала за сите кои сакаат да се релаксираат, сакаат да погледнат нешто фино во 3Д, без огромни очекувања секако. Мила Кунис беше прекрасна, до одреден дел во филмот. Нејзината улога, покрај оваа на Франко ми се допадна најмногу. Модерен твист на приказната за Волшебникот од Оз. Сепак, нема споредба со оригиналниот сo Џуди Гарланд. Тоа е вистинско ремек-дело. 6.5/10
Ако треба и ке се тепаме за него Вчера го гледав Хобит, незнам дали дека го гледав во домашна атмосфера некако ми беше предолг и малку здодевен, инаку и од Господарот на прстените порано не бев одушевена ваљда не обожавам таков тип на филмови. А верувам да го гледав во кино, многу повеќе ке ми се свиѓаше, такви филмови како Оз и Хобит не се за дома. 8/10
Into the wild http://www.imdb.com/title/tt0758758/ Ретко се токмам да гледам такви долги, психолошки филмови кои после ќе ме остават со побркан разум. На овој не знам како се одлучив да седнам, ме заинтересира и го догледав до крај, што не ми се случува на секој филм. Приказната е за едно момче кое после завршувањето колеџ ги дава своите заштедени пари за хуманитарни цели и се одлучува да побегне од дома и да патува. Притоа ги гори преостанатите пари, ги сече своите лични документи и оди во дивината. Неговиот сон е да живее неколку месеци на Алјаска. Филмов ми побуди многу емоции. Ме натера да станам да заиграм и во исто време ме расплака. Кога тој се смееше и јас бев среќна, се чувстував како да сум таму. Со тоа што бега од дома, Крис го изразува своето незадоволство спрема општеството, тоа што сите станаа материјалисти, не се настроени кон тоа да доживеат, не се склони кон духовно богатство. Го иритираат политичарите, злобните и лицемерни луѓе кои гледаат само да си наштетат. Исто така, имаат и семејни проблеми што му остава длабока трага. А Крис, е пречувствителен за да може да се помири со тоа и сака да побегне од тоа вештачко опкружување. Овој лик го засакав бидејќи можам да го разберам; и мене ме гуши ова општество, овие луѓе. Филмов покажува еден неправилен начин како да се избегне сето тоа. Кажува исто и за оковите кои го држат човекот заробен и дека е многу тешко да се избегнат. Со самото тоа што тој побегна од дома ги повреди неговите родители и неговата потрага по апсолутна слобода излегува крајно себична. Нема да ви кажам како завршува, вреди да се погледне.
Fright Night Интересно филмче иако очекував многу повеќе хорор елементи кои ги имаше ептен малку. Онака за тепање време добар е. 5/10