Last Holiday Филмле од кое после секое гледазње уште повеќе го засакувам животот. Одлично е, за релаксација у опуштање 7/10. А и ептен сакам да појдам во хотелон, преубаво е.
Despicable me (2010) И што да кажам, еден од подобрите цртани што сум го гледала. Се изнасмеав слатко од срце. Мињоните(жуткиве,кои мене ми личат на киндер јајца ) ми се најслатки на свет, одличен додаток на целaта приказна. Освен нив, омилена ми е и Агнес, наслатка најмила на свет. Прекрасен цртан, кој не го гледал да го гледа, ма од 7 до 77 години не веривам дека има човек кој нема да се насмее. Oдвај го чекам вториот дел, одвај! Spoiler 10/10
Oz the Great and Powerful (2013) Љубител сум на оргиналниот филм, па имав желба да го погледнам и овој.Џејмс Франко, е adorable, ептен му ја погодиле улогата на Оз.На моменти беше предвидлив, и по малку детски, ама фино филмче за релакс.И да, Мила Кунис е прекрасна 6/10
Movie 43 Оддамна не бев гледала нешто што ќе ме расплаче од смеење поточно една сцена од филмот Само ме нервираше тоа кога почнува филмот има аудио на друг јазик што не се разбира,ама вреди да се гледа понатаму,филмот е составен од повеќе кратки филмчиња. Од мене оцена 7.5
Love and Othes Drugs Филмов дефинитивно ме совои. Предобар во секоја смисла на зборот. Од глума, приказна па до изборот на главните актери, дефинитивно ме освои. Да дека има многу секс сцени, но сепак има подлабока приказна во него и има многу добри цитати. Ен ми е преслатка и предобро глуми како и секогаш, а Џек ми е пресекси во филмов, а и очите мх мх. Се на се одличен филм. 9/10
Незнам зашто гледам другите пишувале дека било океј филмче, колку за релаксација, мене искрено ептен ми се допадна И глумата и хуморот и ефектите.. Се ми беше толку добро скоцкано, направено... Искрено јас сметам дека вреди да се гледа Аааа.. и да не го заборавам омиленото мое ликче од филмов
Филмот е во главна улога со Бред Пит...Се зборува за познат бунтовник од Дивиот Запад,Џеси Џејмс.Во овој филм се зборува за атентатот што сакаат да го извршат на Џеси и тоа им успева,така што со пиштолот назначен кон главата на Џеси,додека тој бришеше прашина на сликата на ѕидот.Џеси имаше две деца и сопруга...Него го уби т.н. кукавицата Роберт Форд,кој се збогати со тоа што го уби Џеси.Но,подоцна и Роберт кукавицата беше одмазден од следбеник на Џеси... Мене ми се допадна филмот-го даваа на МТВ1
Shutter Island уфф послем оние лесни филмчиња со кои си го бомбардирав мозоков у задње време како Silver linings playbook и лимонатки од тој тип ,ми требаше вакво нешто да се активирам малце. Spoiler Мистериозен и незивесен филм до крај.Теди (Лео) е испратен на "мисија" да го најде убиецот на жена му .Всушност убиецот е самиот тој .Тој е ментално пореметен и цело време халуцинира неможејки да ја прифати вистината дека жена му ги убила децата а тој нејзе.Себе си се имма претставено како нереална личност .Ди Каприо е феноменален во оваа улога ,филмот е на моменти и морничав .Значи колку психата е зае*ана работа.Филмов е збунувачки и може различно да се свати .Или Теди е нормална здрава личност или пак е ментално растроен .Јас го сватив како втората опција. Незнам зошто порано не сум го гледала филмов ,многу сум пропуштила, ама дефинитвно ке го гледам пак .
Silver Linings -конечно го гледав филмов,добар беше по малце досаден. 7/10 The Hangover I и II -видов ќе имало 3 дел а јас ги немав изгледано претходните.Највеќе ми беше за Бредли Купер зашто го сакам како актер.Супер беа и двата дела цело време акција а и многу беа смешни. 9/10
многу ми се допадна,многу!А и кога ќе земеш во предвид дека Dylan O'brien од Teen Wolf го гледаш во неколку сцени гол хммм... Не кажувам повеќе,кој е по тинејџерските ромнантични филмчиња нека си го гледа.
Life of Pi Иако не сум љутител на нови филмови и ги гледам дури откако ќе подостарат, не зажалив што го гледав ово, иако мислам дека на 3Д ќе беше поарно да го гледав. Каква графика човече Го препорачувам ЕПТЕН!
The Brass Teapot Го препорачувам овој филм, ама ептен. Животот на млада брачна двојка, која плива во финансиски долгови, целосно се менува откако случајно ќе пронајдат чајник кој создава пари доколку физички се самоповредуваат. Прашањето е - до каде се подготвени да одат, само за да натрупаат богатство? Интересен филм, со силна поента и порака. Можеби му фалеше малку повеќе детали, околу приказната за чајникот и јас лично очекував повеќе драматичност и мистичност, но главната идеја беше остварена. На што се` е подготвен еден човек, за да се докопа до пари. Џуно Темпл е предобра млада актерка. 8/10 за филмот.
Интересен филм.Иако не ја сакам Мајли сепак тука беше одлична.Слична е приказната со Miss Congeniality само понова верзија.Котон ми беше најјака
Stitches (2012) Као демек хорор со комични елементи, многу крв прскаше, интересно ми почна филмот но после више не е мој тип на хорор 5/10
Hotel Transylvania(2012) Како љубител на паранормални појави, цртанов ми беше на листа за гледање.Прилично ми се допадна,со преслатки суштества, интересна приказна,ме насмеа од се срце и ми ја огреа душава.Приказна за вистинската љубов и взаемното постоење на монструмите и луѓето. P.S.Дракула Рулз.
Crazy, Stupid, Love. Филмов колку пати и да го гледам нема да ми здосади. Стив Карел и Џулиен Мур како и секогаш се прекрасни. Ема преслатка, а за Рајанчо немам зборови освен дека ептен си одговараа со Ема во филмов. Приказната интересна, малку заплеткана и необична. Препорачувам 9/10
Happy People: A Year in the Taiga (2010) Ова е всушност документарец за луѓето кои живеат во едно село во Сибир на начинот на кој живееле и нивните преци. Го прикажува нивниот начин на живот во период од една година - како ловат, како се поврзани со своите кучиња, како ја користат природата за да преживеат и др. во согласност со нивните традиции. Многу интересен документарец, ми остави голем впечаток.
The First Time Не беше лош филмов, може на некои моменти досаден и сметам дека би можел да биде уште подобар. Глумците ептен ми беа слатки како пар