Switch (I) (2011) Улоги- Karine Vanasse, Eric Cantona, Mehdi Nebbou Action | Crime | Thriller Јули, Монтреал, Канада. Софи Малатер е 25-годишна модна илустраторка, која е осамена го чека летото во голем град. Таа нема планови, нема блиски пријатели и нема момче, додека не слушне за веб-локацијата за размена на станови „switch.com“. Софи има потреба од промена на околината и решава да се обиде преку веб-локацијата. Што би можела да загуби? Излегува дека таа добива дуплекс во Париз, со поглед на Ајфеловата кула. Париз е токму онаков како што го замислувала и нејзиниот прв ден таму е идиличен. Но следното утро ја дочекува сурово будење. Полицијата влегува во нејзиниот стан и Софи открива дека го дели станот со еден обезглавен труп. Таа нема начин да докаже дека не е Бенедикт Серто, сопственичката на станот. Отпечатоците од прстите на Софи се наоѓаат на оружјето со кое е извршено убиството, а на пасошот на Бенедикт стои фотографијата на Софи. Ѕидовите се затвораат. Софи не само што го заменила станот туку го сменила и идентитетот...9/10
Meet the Parents Интересно филмче. На моменти се смеев а на моменти ми беше жал за Грег. Малку е постаро и незнам како до сега не сум го гледала. Сега гледам имало уште два дела, па ќе седнам и ќе ги изгледам и тие. Инаку го препорачувам филмчево. 7/10
Warm Bodies Одличен и интересен филм. Имаше смешни сцени, а и главниот лик дури и како зомби беше доста симпатичен. Како жарн филмов е хорор, комедија и романса, али јас би рекла дека дефинитивно не е хорор. Малку поразлична приказна за зомбите е претставена во филмов што тоа мене посебно ми се допадна
Big Mommas: Like Father, Like Son (2011) Уште еден дел.Интересен, на моменти смешен но имало и подобри.
За обожавател на Жерард Батлер ,можите за замислите како уживав Патем и филмот беше одличен , вистинита и морбидна содржина.
Meet The Fockers Доста интересен втор дел од филмов. Барбара ми е прекрасна, предобро одглумено. 9/10
Се мислев што да симнам ,некоја интересна драма ,па барајки налетав на филмот и му дадов шанса заради Кристина Ричи. Spoiler И се разочарав ,едино вредеше глумата на Ричи но и таа ја ставив под знак прашалник во филмов .Типично тинејџерско филмче ,без никаква поента. Во филмот се раскажува за Елизабет ,млада девојка која се запишува на Харвард и се бори со депресијата .
The Oranges Кога го симнав филмов се израдував дека со добри глумци е,ама филмов според мене е чиста патетика,глупав филм,не го препорачувам 3/10
The Proposal Филмов мене ми прирасна за срце. Ептен ми е убав и никогаш нема да ми стани досаден. Рајан и Сандра ги обожавам и ми се прекрасни како пар. 10/10
Life Happens Убав филм со многу интересна приказна. Женски филм кој мора да се погледне. Бебето ептен беше слатко во целава приказна
Нешто ново, нешто старо... Ruby Sparks (2012) Решив да му дадам шанса на филмот поради тоа што го правеле истите луѓе од Литл Мис Саншајн (што на времето ми се допадна). Калвин, кој е асоцијален и интровертен млад човек, ќе западне во креативна криза, неможејќи да ја напише неговата следна новела. Наскоро плодот на неговата фантазија, односно главната хероина на новиот роман оживува. Руби е совршената девојка, креација на Калвин... или можеби не толку совршена сепак... останува да погледнете. Идејата првично ми се допадна. Филмот започнува интересно и свежо, меѓутоа последните 3 минути се тотален пропаст. Филмот требаше да си заврши без нив. Фасцинира просечноста на двата главни ликови, во поглед на физичкиот изглед. Веројатно намерно ги одбрале толку... просечни. Интересно филмче со многу СИЛНА поента. Оној кој го љубите, не обидувајте се да го смените. In Her Shoes (2005) Камерон Дијаз и Тони Колет во главните улоги. Ширли Меклејн во споредна. Камерон е разгалена и пргава, а Колет прибраната сестра. Низ филмот разгаленава доживува целосна транформација, и од еден антипатичен и одвратен лик се претвора во мило човечко и симпатично суштество до крајот. Убава приказна и добра глума. Топла драма, и силно препорачувам за мрзеливо попладне. Coyote Ugly (2000) Сите си имаме гилти плежр филмчиња од тинејџерските денови. Мојот е овој, покрај She's All That. Многу фини поп песнички, лесно, разиграно и безгрижно филмче во кое Пајпер Перабо пристигнува во Њујорк за да си ги оствари своите соништа, односно да создава музички хитови. Ликовите се допадливи и приказната е ок. Типот е бонбонче. За ептен опуштање, кој не го гледал досега - срам да му е! Introducing Dorothy Dandridge (TV 1999) Постојано фаќав само делови на тв, никако да го изгледам целиот филм. Хали Бери буквално блеска во овој филм, портретирајќи ја првата афро-американска глумица Дороти Дендриџ номинирана за оскар, за улогата во мјузиклот Кармен Џоунс. Нејзиниот живот, кариера, подеми и падови. Вистинита приказна, супер костими и силна и уверлива глума. Една од можеби најсилните улоги кои ги одриграла Бери, зашто мене ми е просечна глумица.
:up: :up: предобра акција! касап спасува деца киднапирани за трговија со луѓе! 10/10. типичен филм за jean claude van damme!
Очекував многу повеќе од филмот. Некако ми е збунувачки на крајот. 8/10, сепак прекрасна и мотивациона приказна.
Red Riding Hood (2011) Незнам зошто порано не го бев гледала филмот.Одличен е, ги сакам ваквите филмови кои се според некоја приказна.Секоја чест за Аманда предобра глума.И со тоа црвената наметка, прекрасна е.Најантипатичен лик во целиот филм ми беше тој свештеникот Соломон.Одвратен глумец, неможев да го гледам па и улогата му беше таква.И да крајот.. си пуштив по некоја солза.
Abduction (2011) Улоги-Taylor Lautner, Lily Collins, Alfred Molina Action | Drama | Mystery Nathan, тинеџер кој ја открива правата вистина за своите родители а тоа го доведува во смртна опасност.Никогаш не чувствувал блискост со своите родители.Случајно ја открива својата слика на една интернет страница и сваќа дека е посвоен.Почнува да открива голема тајна, поради која е присилен да бега за да се спаси.Заедно со него е и неговата сосетка Karen. Добра идеја - лоша реализација! 4/10
The first time Колку за тепање време арен е, обично тинејџерско филмче, поврзано со сексот и првиот пат Препорачувам, можи ќе ве спаси од досадата некоја вечер Тој ми е многу сладок 8/10
Трето полувреме Нешто феноменално 10/10 само ќе речам, КОЈ НЕ ГО ГЛЕДАЛ ПОД ИТНО ДА ГО ГЛЕДА Можат да се извадат поуки за повеќе области.