The Perks of Being a Wallflower Многу убав филм. Еден од подобрите од овој жарн што ги имам гледано. Одлична глума од самите актери посебно од Логан Лермен кој ептен ми беше сладoк. Одличен филм
The Incredible Burt Wonderstone (2013) Од што е дебилничок е дури смешен. Има добри моменти и во секој случај е одличен, забавен филм за опуштање. Стив Карел, Стив Бушеми и Џим Кери. Препорачувам за пасење мозок. :up: Карел и Бушеми се другари од детството кои 10 години наназад го имаат истото магионичарско шоу во Лас Вегас. Што ќе се случи откако ќе пристигне конкуренцијата Стив Греј? (Џим Кери). 7.5/10
August Rush http://www.imdb.com/title/tt0426931/ Неможам да опишам значи, колку сум ќефна што после толку време изгледав еден добар филм! Успеав актерот од Тудорите дури да го поднесам. Таму ми беше крајно лигав, а тука ми е одличен, совршено се вклопува. Крајот е мошне предвидлив, но сепак мило ми беше што филмот нема стандарден крај (оние кои ќе гледаат ќе знаат) како кај останатите филмови од ист жанр. Импресиите уште ме држат, иако го гледав пред повеќе од една недела. Нонстоп само плачев и се бришав. Штом успеа да ја расплаче и сестра ми која не покажува емоции на филмови значи стварно е добро. Рејтингот на имдб не е доволен, филмов заслужува многу повеќе. Наместо да гледате некои си патетични, демек романтични филмови топло ви го препорачувам ова.
Трето полувреме КОНЕЧНО да го гледам, не од аспект дека паднав на гз, но ми се чини дека само јас го немав изгледано. Не очекував искрено многу, и за очекувањата искрено и ми се допадна. Како за наш филм, малку голотии и вулганости и групости, села напуштени, изурнати и никакви,за тоа има палче горе режисерот, зашто тоа мене ми е основно обележје на македонски филм. Од аспект на тематиката, многу измешано, од се по малку каша попара, сакам да кажам незнам да речам работава, од се по малку начнувал ама ништо темелно. Јас не сум го гледала Монтевидео, ама сите скоро искоментираа дека имало некои сличности, што мене па искрено не ми се нешто многу битни. Искрено имав некој благ немир кога го гледав, незнам некое чудно чувство, навивав како да е права утакмица, а не филм. Ме понесе малку патриотско чувство, искрено не очекував. Ме нервираше едно премногу- 100 јазици, дијалекти, и што све не, се напрегав да пратам и да слушам убаво, мислам безпоребен им беше шпанскиот.Освен Шербежија кој имаше солиден изговор, Ката па и Владо ми беа тешки за слушање, ужасен акцент, чуму потребата од сто јазици не ми е јасно. Катарина и полоша него што очекував, премногу зарипнат глас ми има, и воошто не ми делува женствено кога ќе отвори уста, како маж да збори. Но сцената во езерото ми беше убава, прекратка и накако набрзина дојде и си помина, поише од тоа што очекував искрено, па и тоа и беше најсветол нејзин момент(и под ова не мислам на градите, туку само тука и ми се допадна `глумата`нејзина) Сашко на момент одличен, на моменти малку блед, незнам имаше делови каде ми беше незабележлив. Тони ми е беше каде каде подобар,поубедлив,позабавен, Гораст исто, едноставно ми е најдобар од помладиве актери. Игор Стојчевски ми беше блед, дури и аматерски на моменти, незнам ми го фалеа како ептен добар во филмов ама јас не сум нешто воодушевена. Африка ме изнасмеаа најмногу, кога се прекрсти и кога рече извини друже Сталин само еднаш Неговите моменти,заедно со прстот во Хај Хитлер ми беа најјаките моменти во филмов. И нормално Шпиц, прекрасно и маестрално одглумено, мислам како роден тренер. Говорите, танцот, радоста соживувањето и при крај коа запеа доловено до детал прецизно и пријатно за гледање, одличен глумец и улога, баш на место. Не се покажа што се случи со него, откако него Димитрија го пушти да побегне, и тоа некако ми беше како недоречено и глупаво. Димитрија го оставам за крај,зашто ми беше искрено меѓу омилените, добар глумец, често во оваа лошкаста улога, но сепак испадна човек на крај. Искрено помислив дека тоа може да се деси при крајот но не и дека нависитна ќе биде така, не заслужи таква смрт, дефинитивно стојам на тоа. Имаше некои свои идеали, кој на крај свати дека се залудни, лажни и искористени како алка на некој, свати навреме и не дозволи да го искористат. Мене ми се допадна најмногу мислам како лик, приказна и некоја интересна појава. Тоа со мајката ми беше малку вишак искрено. Гледано и од страна непристрасно, филмот е реален. Македончето секогаш било потиснато, се поклонувало на едни, на други, убаво рече Петре Арсовски мислам дека беше он,ај да видиме уште на кого сега треба да му го лижеме гзот, и за жал уште е така, уште зависиме од некој посилен од нас, можеби не на тој начин како тогаш, но сепак уште други ни ги движат конците. Бугарите секогаш ми биле одвратни како нациија, како народ, и можеби нив вистината ги боли, ама тоа е чиста вистина, навистина биле такви, полоши и од самите Германци, манипулатири, менуваат страна, како се менува победникот. Сцените кога ги носеа во тутунскиот комбинат, ме потсетија наприказните баба ми што ми ги раскажуваше, на местото на старат рампа каде и биле шините и поминувале возовите, како да сум била таму, на момент се почувстував така. Но сцените со фудбалот, екипата и утакмиците, нивните интерни шали, ми беа најдобриот дел, и единствен за кој можам да кажам, дека е нависитина одличен и во наш стил ама со вкус направен. Можеби фокусот да беше првенствено на тоа ќе беше најдобро, но тоа е што е. И јас како некои од вас бев збунета каде беше снимен филмов, Скопје или Битола, малку испреплетено ми дојде и нејасно. За крај 8/10 само заради добрата екипа(со исклучоците трите што ги набројав) и мислам дека успеал реално да не прикаже, секогаш под некоја си туѓа капа, посебно во тие времиња, мислам дека па ептен се истакнувала нашата примораност за покорност секогаш на некој различен. Инаку реално оцената би била пониска, зашто е конфузен, недоречен, и никогаш нема да ја разберам одлуката за главна улога на модел за улога која може да направи БУМ!
Carrie(1976) Како почитувач на книгите на Stephen King, едноставно не можев да го пропуштам култниов филм.Малку ми е криво што не ми е гледан порано, ама не секогаш сум расположена за хорори.Кога веќе сме кај тоа, искрено не би го сместила во жанрот хорори, бидејќи мене не ме исплаши ни еднаш.Повеќе би го сместила трилер/мистериозност.Филм за девојка неприфатена од општеството, изгубена во секојдневниот терор кои што и го предизвикува религиозната мајка.Во секој случај го препорачувам на сите што не го гледале.
Diary of a Wimpy Kid и Diary of a Wimpy Kid: Rodrick Rules Ми се допаднаа и двата. Многу интересни филмчиња и многу смешни. 10/10 и за двата.
The first time Навистина добар филм.Деновиве кога гледам филм едвај чекам да заврши ама овој филм беше ПРЕКРАСЕН.Дури бев тажна кога заврши.10/10
The Tortured Се работи за брачен пар чиј син ќе биде киднапиран и безмилосно убиен. Уништени тие го киднапираат убиецот, и натаму започнува заплетот. Натаму сами гледајте. Покажано е на што се се спремни родителите за да ја одмаздат прераната смрт на нивниот син. Крајот ме изненади. Препорачувам 7/10
Up (2009) http://www.imdb.com/title/tt1049413/ Се навлеков на анимираниве, до сега ни еден не ми бил лош или утнат. Скоро 2 часовно уживање. Интересена приказна, малку тажна на моменти, незнам дали е до мене, до пмс-ов кој ме дрмаше или до цртанчево, ама јас се утепав од плачење. Го препорачувам, посебно во некое неделно попладне, ми легна многу освежително. Еден од подобрите цртани снимени во денешно време.
The brass teapot Филмов е приказна за една двојка, која како пар се решила да живеат заедно,меѓутоа тие немаат пари и не можат да бидат дел од богатиот слој. Станува интересно кога Alice ќе украде еден стар чајник, кој всушност ќе им ја направи целата збрка во животот. Поучна приказна како заслепеноста од парите може да не промени во вистинска смисла на зборот. Мене ми се допадна. Најинтересен момент : Кога Alice всушност ќе ја открие моќта на чајничето. Нема да ви раскажам што се случува во филмот и какви се настани има, погледнете сами. 8.5/10
Broken City (2013) Пристојна крими-драма-трилер, со Расел Кроу, Марк Валберг и Кетрин-Зета Џоунс во главните улоги. Кроу е корумпираниот градоначалник на Њујорк, кој се обидува да добие уште еден мандат, служејќи се со подмолни и валкани игри и манипулации. Валберг е екс полицаец кој ќе му се испречи на патот... Имаше предвидливи моменти, како и недоречености, но глумата беше пристојна, особено дијалозите кои го вклучуваа Расел Кроу (кој беше доста потемнето тенеќе, кое се заборавило во солариум, веројатно заради улогата). Нема сомнеж дека е одличен глумец. Кетрин-Зита Џоунс - вистинска прва дама. 7/10 Ништо предобро, ништо прелошо.
The descent 2 Го изгледав и овој и многу ми се допадна, мој тип на филм е Оценка 10/10 Dark shadows Иако неќам фантастични филмови овој ми беше интересен и го препорачувам. Оценка 8/10
Fracture мн добар филм малку постаричок ама добар ,мн филмови имам гледано ама дефинитивно бр 1 е Limitless -нај нај нај јак филм досега,го препорачувам на сите
Surveillance (200 Филмот е неизвесен до самиот крај, ке си претпоставувате ама нема да сте сигурни кој е убиецот.. мислам дека треба да се стави филмот и во хорори, а не драма и мистерија, да мистерија е ама језив е некако и страшен, можеби дека јас не сум по хорори многу Во секој случај занимлив е, мене ме остави будна-чудо 8/10
The Croods Солиден анимиран филм, интересен, смешен а и едукативен, јас не приметив ама внукот ми посочи дека сите животни се всушност два вида во еден па ми ги кажуваше кој се. Праисториска фамилија и нивното патување во непознатото во потрага на нов дом, смешки еден куп. 8/10 :up: :up: A good day to die hard Умри машки и јасно е се Во овој дел се враќаат на добрите стари руси како непријатели, акција колку сакаш, експлозии, преживување неверојатни ситуации, јас си сакам вакви акциони филмови ме одмараат а плус синот на Брус во филмот улаалааааааааа 7/10 :up:
That ugly moment when you realize that you are too old for this kind of movies! Сум пораснала. Ова е обично детско филмче, коешто ќе ми беше интересно ако имав 12-17 години. Досадно ми беше мене За по мој вкус 6-10
Magic Mike - филмчето им го препорачувам на девојките, нема некоја посебна содржина но мажите во филмот се ..... мхмхм ајде ќе го гледате, добра кореографија, онака за опуштање топ. http://www.imdb.com/title/tt1915581/
Хари Потер и одајата на тајните Омилениот мој дел од франшизата Хари Потер. Македонска телвизијо, ме изненадуваш! Легнав да дремнам попладнето и си имав наместено аларм за да не го пропуштам. За содржината верувам сите сте добро информирани: малиот јунак Хари Потер повторно saves the day. Ах, се вратив во детството кога го гледав во кино