Vantage Point (200 Action | Crime | Drama http://www.imdb.com/title/tt0443274/ Фино филмче дефинитивно интересно осмислено. Една иста сцена се дава повеќе пати секојпат од различен агол за секој лик посебно и на крајот дел по дел се комплетира сложувалката. Добар филм за тепање сат и пол време.
http://www.imdb.com/title/tt1758692/ Like crazy Филм кој на еден нежен деликатен начин ја опишува љубовта на далечина. Девојката е студент по новинарство во Америка инаку англичанка а момчето е американец кој студира за дизајнер на мебел. Почетокот на нивната врска е фантастичен, но потоа следуваат подеми и падови откако девојката ќе го изгуби законското право на американска виза. Со што ќе се соочуваат и дали љубовта на далечина ќе го изгуби својот шарм или напротив, уште повеќе ќе се разгори, останува да видите.
Accepted Се изнасмеав Битно дека е со мојата омилена глумица, другото не е важно. Како и да е ми се бендиса, ептен закон филмче си го пополнав слободното време, го гледав со татко ми, му требаше една ваква комедија, да го посмеј малце Препорачувам бтв 10/10
Superbad (2007) Џона Хил, Мајкл Сера (од Џуно типот) во главните улоги во оваа типична тинејџерска американска комедија, со типичен американски хумор и приказна - средношколци кои се обидуваат по секоја цена да ја изгубат невиноста. Ми се допадна, имаше смешни и забегани моменти и онака, ок. За опуштено и лежерно попладне или вечер, имаше и пар одлични реплики и добар глума. 7.5/10 Jack Reacher (2012) Топ акционо-трилер филмче. Му се спремав уште во Синеплекс, ама од некоја причина не стигнав да го изгледам, па си го симнав. Том Круз за мене ќе остане секогаш брилијантен глумец. Главната женска улога на почетокот ми беше како мавната со мокар чорап, а после некако ми стана симпатична. Повеќекратно убиство во кое ништо не изгледа како што е... 8/10
Последен филм што го гледав беше ЛОЛ ав преубав филм и повторно сакам да го гледам п.с во кино го гледав
Spoiler Ехе, дури сега го изгледав вториот дел, The Collection. Типичен хорор со крв и бруталности, со тоа што ефектите не се споредуваа со тие во првиот дел, а и воопшто како беше склопен целиот филм не можам да ги споредам. Од една страна ми беше позанимлив на моменти, од друга страна првиот дел имаше повеќе напнатост. Како и да е, предобар. Не би било лошо да има уште делови, а со оглед на тоа што е дело на продуцентите на Saw, ништо чудно. btw, поздрав до ludoto
навистина одлична романтична комедија само што ја догледав и еве една препорака и од мене фала за првичната препорака sanja.burgundy
500 Days Of Summer (2009)-предобар филм,мене многу ми се допадна затоа што не е типична љубовна приказна.Актерката прекрасна и харизматична,содржината реална. Before Sunrise (1995)-се одлучив да го гледам и не погрешив,станува збор за американец и французинка кои случајно се запознаваат во воз низ Европа и поминуваат прекрасен ден во Виена.Оваа приказна трае само еден ден,но што се случува кога секој треба да си замине дома? Before Sunset (2004)-по девет години повторно се среќаваат во Париз и сега дејствието на приказната се одвива токму таму.Искрено,овој дел е многу подосаден од првиот,но сепак сакав да го погледнам продолжението.Разговараат исто така како во првиот дел за се,за приватниот живот,секојдневието,за сите работи и настани од животот,целиот филм е нивниот разговор,дијалог меѓу нив двајца па и да не се сеќавам дека имаше други личности.Сега во мај ќе биде премиерата на третиот и последен дел Before Midnight па супер ќе биде да го гледам затоа што конечно се заедно. Black Swan (2010)-за овој филм нема потреба да раскажувам,предобар во секоја смисла,мене целосно ме освои. Limitless (2011)-и овој од повеќето е гледан,интересен со добро осмислена содржина,но некаде доста нелогичен и премногу "американски",но ми го задржа цело време вниманието што ми е многу важно.
Ниту еден филм кој што е сниман според книга од Спаркс не ме разочарал дефинитивно.Долго време го чекав и вредеше.Жал ми е што многу работи кои се во книгата се изоставени но како и да е ми се свиѓа.Лекси е баш таква како што си ја замислував, срценце.А Џош.. Прекрасен филм, го препорачувам.
Hanibal Rising Излишен би бил коментар кога се работи за филм за Ханибал, само овој неми беше гледан од Х причини, и конечно стигнав да го изгледа и не зажалив. Spoiler и секако култната слика од овој филм 8/10
Lost in Translation (2003)-Со Скарлет Јохансон,мене ми е преубава,но филмов е малку досаден,нема некој заплет или нешто што ќе те остави без зборови освен Токио затоа што дејствието се одвива токму таму во хотел.Во истиот хотел се среќаваат таа која е сопруга на еден музичар кој цело време е зафатен со својата работа и еден постар господин,познат актер кој снима реклама во Токио и престојува во истиот хотел.Двајцата се досадуваат,се чувствуваат празно и неисполнето па откако ќе се запознаат токму тие чувства нив ги поврзуваат обидувајќи се да го направат престојот во Токио што поинтересен. Notting Hill (1999)-Со Џулија Робертс,исто така тука таа е позната светска актерка која за време на својот престој во Англија запознава еден сосема обичен човек кој ќе ја заинтересира па ќе продолжи да се гледа со него.Дејствието се случува во Notting Hill,предградие во Лондон па така кој го сака Лондон нека го погледне овој филм. Serendipity (2001)-Судбина или чиста случајност...американец и англичанка случајно се среќаваат во Њујорк,а потоа уште неколку пати па веруваат дека тоа е игра на судбината.Години потоа,сеуште постои надеж дека ќе се видат повторно иако се свршени со други личности. The Holiday (2006)-Нема потреба да коментирам,сепер филмче,весело и опуштено...Добри актери и повторно на релација САД-Англија. Up In The Air (2009)-Со Џорџ Клуни кој ми е презгоден,а се работи за човек кој работи за компанија која се занимава со отпуштање на луѓе,а негова задача е да патува низ САД и лично да "ослободува од работа" вработени наместо нивните шефови кои немаат храброст да го сторат тоа.
Темата ја запоставив, еве дури сега се сетив да ставам кој филм го гледав последен и тоа од постот на Тренди, сме гледале ист филм . Jack Reacher Го гледав минатиот викенд и јас. Ми се допадна многу. Фина акција, неочекуван расплет на настаните. Баш така, ништо не е како што изгледа. Том Круз како и секогаш, брилијантен, само што остарел. Одличен филм, топло препорачувам . Оценка 8/10.
One day Ќе бидам веројатно прва која ќе каже дека филмот не ја воодушевил. Не не викам дека е лош, ама далеку од фантастичен. Сакам тажни приказни, сакам нешто необично и чудно, не оние Холивудски лигави хепи ендингингс. Али бре тоа се беше само асален крај не, незнам мене ама воопшто не ми беше убедливо тоа што и се деси на Ема. Абре бетер од детски филм. Останатото ми беше симпатично, пред се заради нивната хемија, неописливо нешто, навистина штета што не се пар и во реален живот, опoјни се. Декстер, ака Џим Стуџис, ах, ах, ах, милион пати ах, прекрасен ми е, и добро ја носеше улогата. Me нервираше само премногу како свесно одвиваше да ја признае љубовта и да ја започне, онака сам си е крив зашто голем дел од времето беше кретен. Остатокот само една интересна идеа, а многу лоша реализација за мене. Попатетичен крај, за мене немале ни оние лигавине филмови. На моменти ми беше некако празен, како да фали некој дел, некоја сцена како да остана многу недоречено. Оценката на имдб заслужена според мене.
Сношти си го пуштив онака за релаксација The Words и се така фино си почнува, ама крајот е за никаде. Не е ни загатка за која што треба да се помислам, па да речам: Ахаа! Не знам што се случи со жената на писателот, каде исчезна, ликот не и беше изграден воопшто, за жал. Приказната за Рори и Дори навистина беше емотивна, ама тоа не го прави филмот убав. Ми се допадна скромноста на Рори, ама после не знам што стана со него... Даниела на крајот ми изгледаше се‘ само интелигентно не. 6/10
While you were sleeping Ме нервираат сите тие љубовни приказни со љубов на прв поглед, затоа што во тоа не верувам. Мислам, не е дека не верувам, али на прв поглед може само да ти се допадне некој, да ти се појават пеперутките, итн, но љубовта е сосема нешто поразлично од тоа, доаѓа дури откога ќе запознаеш некого. Моја филозофија, како и да е. Епа, филмов фала Богу, не е за љубов на прв поглед, туку на 4-5ти. Постар е, со Сандра Булок во главна улога, на која баш и одговараат улоги во вакви лимонатки. Не е лигав филмов, туку е баш топол, на моменти и ептен комичен. Препорачувам, иако во зима е сниман, има снег, а сега кај нас е пекол, но сепак. 10/10
Blue Lagoon: The Awakening Типично тинејџерско филмче, прекрасно за релаксација и мноогу авантура. Просто ги обожавам овие филмови кога се загубени на остров па не се случуваат многу работи, просто се тапка во место ама тоа ми е баш интересно. Кога се запазени сите детали. А па глумецот Brenton Thwaites Убавиецц, па и актерката не е лоша, далеку од тоа Indiana Evans е многу убава актерка а и дејствието се одвива на еден остров од соништата. 10/10
The Human Stain (2003) Далеку од совршен филм ама ми се бендиса. Јас би рекла дека има мал рејтинг баш поради тоа што цели кон врвот па критичарите направиле big deal од некои ситници. И покрај се, глумата заедно со кинематографијата се за пофалба. Кратка содржина: Бивш професор на универзитет (Ентони Хопкинс) ќе започне афера со мистериозна, помлада жена (Никол Кидман) која што ја прогонува минатото. Соочувајќи се со нејзиното минато тој е принуден да се соочи со својата тајна што ја чува 50 години. “The things that restore you can also destroy you.” — The Human Stain
The First Time (2012) Мислам дека била добра идејата за филмот но лоша реализација.Глумицата кои фаци ги правеше ..не ја сакав во The Secret Circle но се надевав дека во филм подобра ќе биде но се излажав.Мислам дека требало повеќе улоги да се вметнат вака ги гледавме само неа, него, родителите и пријателите.А да и сестра му на него најинтересен лик од целиот филм за мене.