Safe Haven (2013) Ептен интересно филмче, базирано според истоимената книга на Николас Спаркс, па би можеле да претпоставите отприлика за што се работи. Накратко.... Млада девојка со мрачно минато, успева низ еден страшен напад да побегне од својот маж кој ја малтретирал и патувајќи решава да остане во едно гратче каде што се зближува и почнува врска со еден вдовец. Има одредени работи кои тек на крајот на филмот ќе ги сфатите поубаво. Во секој случај вреди да се погледне чисто за разонода
Million dollar baby Не ми беше гледам одамна, а многу сакам да го поновувам, едноставно филмот има се - и добра приказна, и добра глума и ликови. Високо котира на мојата листа на омилени филмови и мислам дека никогаш нема да ми здосади да го гледам одново и одново. 10/10
Safe heaven OMG!! Јас несакам романтични филмови ама овој беше прекрасен . Обавезно да го гледате . Ако го раскажам на кратко како што не ме бива ќе расипам се Оценка 10/10
The Sisterhood of the Traveling Pants (2005) Стар филм, ама ми се допадна Ако сакате да се присетите на деновите кога дружењето беше на повисоко ниво - гледајте го.Се работи за 4 другарки кои заминуваат на различни места во текот на летото и имаат заеднички магични фармерки кои си ги испраќаат една на др.Фармерките им носат добри но и лоши работи Значи го препорачувам 10/10
Girl with a Pearl Earring (2003) - добар филм,го гледав синоќа на Телма,а Скарлет Јохансон ја обожавам. The Last Song (2010) - имав поголеми очекувања,приказната е некако веќе позната,но ги обожавам сите дела на Николас Спаркс па вредеше да се погледне.За Liam Hemsworth немам зборови.
The frozen Трејлерот го покажува како многу интересен, ама не е така. Досаден е цел филм ако не го догледате до крај нема да сфатите за што се работи. Не го препорачувам . Spoiler Еден пар ќе отиде во планина, да кампуваат демек ама враќајќи се до шаторот со скутерот ќе доживеат несреќа...Понатаму видете сами. Оценка 2/10 The shortcut Овој ми беше интересен, крајот малку ме зачуди ама добро. Spoiler Во едно градче или незнам шо е има скратен пат, кој е забранет бидејќи тие што поминуваат од таму некогаш и не се враќаат. Оценка 8/10 Dead end Си мислиш едно на крајот испаѓа сосема друго. Spoiler Патувајќи за Божиќ едно семејство го одбира "пократкиот" пат, но цело време се вртат во круг нема излез од таму.Видете сами зашто е така . Оценка 8/10
Nancy Drew (2007) Letters to Juliet (2010) Spoiler Се работи за девојче кое обожава да истражува.Во меѓувреме се преселуваат со нејзиниот татко и живеат во куќата на познатата и почината филмска ѕвезда Dehlia Draycott.Таа ќе се обидува да го разреши случајот и да го најде убиецот како и тестаментот. Интересно филмче за мои години 9/10 Spoiler Во фимчево се зборува за Софи, девојка која со својот дечко оди во Верона.Таа е писателка и ја обожава литературата па оди во куќата на Јулија.Таму луѓе од целиот свет пишуваат писма за своите љубови а секретарките на Јулија одговараат на сите тие писма.Софи наоѓа писмо старо 50 години и праќа назад одговор.Жената Клер доаѓа со својот внук и ја бараат љубовта на Клер,Лоренцо Вартолини.Тогаш таа ќе се заљуби во внукот на Клер и така... преостанува да видите и самите за што станува збор. Едноставно очекував повеќе од филмот.Јас така нешто сакам повеќе авантуристички филмови со спој на романтика а во овој филм има доста романтика.Така да им го препорачувам на љубителите на љубовта и романтиката 7/10
A Haunted House Оддамна не бев гледала филм од кој ќе се превртам од смеа,значи и солзи почнаа да ми течат Инаку филмот е пародија на паранормал активити.Мора да се гледа! 10/10
This is 40 Го препорачувам. Некако ептен од срце си се изнасмеав на филмот. Во ниту еден момент не ми беше досадно иако на почеток мислев дека се работи за глуп филм. Не е нешто ептен јака комедија ама има доста инетресни делчиња кои ќе ве насмеат.
Safe Haven Мислам дека премногу очекував од филмот, очекував да биде приближно добар како Notebook, а не беше ни оддалеку сличен... Глумицата не ми беше ама ич симпатична, додека типот е "боли глава", и некако немаше хемија помеѓу нив, не ми глумеа убаво и природно... Крајот ми беше само интересен, се извадија некако на крајот 7/10 Memento Филмот можеби има добра замисла и тема, ама толку е страшно неинтересен, неколку пати се мислев да го исклучам, ама се му давав шанси до крај викам ајде ке се деси нешто, ама ништо ѕабе потрошени 2 саата. 5/10 Intruders Интересен психолошки хорор, по мој мерак... дека мрзам крвишта и гадни хорори 9/10
Safe haven Spoiler Се работи за една девојка која бега од своето насилно минато, стигнува во едно мало приморско градче. Таму го сретнува згодниот продавач и вдовец Алекс и се поврзува со неговите деца .. Помеѓу нив се развива романтична врска, но дали минато ќе ја стигне..вие ќе откриете Според мене интересно филмче,но очекував повеќе.На моменти досадно и некако мнг развлечени дејствата..7/10
Just Wright Многу добар филм, си вреди за времето Spoiler Се работи за еден кошаркар кој ќе го повреди коленото на натпревар и знак прашање е дали ќе и се врати на кошарката, но се појавува една девојка/жена која верува во него и видете понатаму. 9/10
The Notebook Долго време му се токмев да го гледам, секогаш си велев има време ќе го гледам понатаму Дојде и тој ден, случајно ја забелжав најавата на македонска телевизија, си реков сега ќе го гледам и искрено воопшто незгрешив, филмот вредеше секоја секунда од почетокот до самиот крај. Филмот тотално ме освои, еден од најдобрите романтични драми воопшто снимени во историјата на кинематографијата, неможев да се соземам, сеуште сум под импресии, филмот ме воодушеви, ретки се ваквите филмови кои можат навистина да те освојат и импресионираат, приказната, кастингот, камерата, костимографијата, пејсажите, музиката се беше перфектно за да може вистински реално да се долови приказната, актерите беа погодени и имаше хемија помеѓу нив, двајцата беа одлични и Рајан Гослинг и Рејчел Мекадамс, исто така одлични во улогите беа и Џена Роландс и Џејмс Гарнер. Ретки се тие филмови кои ќе ме расплачат но овој беше еден од нив, колку и да несакаш внесувајќи се во самиот филм, самата приказна, кога ќе те удри таа бура од емоции, тоа цунами солзите сами си течат, предобар!!! Вистинско ремек дело, филмски класик, Timless - безвременски, бесмтртен, вечен!!! Топла препорака да го гледаат сите кои се љубители на љубовни романтични приказни, оваа е една посебна, поразлична од останатите, ќе ве разнежни и растажи, но и ќе ви ја долови вистинската љубов помеѓу двајца кои се запознаваат сосема случајно, помеѓу нив се раѓа љубов, привремено животот ги разделува но кога повторно ќе се сретнат после долги години помеѓу нив повторно се раѓа се распламтува таа искрена, вистинска љубов и остануваат заедно се до нивната смрт. Во прилог кон ова ќе ставам линк со песна и краток спот од филмот кој многу ми се допадна уживајте http://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=aAssXc2h4IM Оцена 10, вистинска, реална, сосема заслужена десетка Филмот влегува на мојата топ 10 листа најомилени филмови
Прекрасен филм. Млад заљубен пар, прават сообраќајка во која девојката добива амнезија.Не се сеќава на ништо и од една личност станува сосема друга. Дечкото цело време се труди да ја врати старата...... Поука од филмот: Вистинската љубов победува се'. 10/10 п.с се извинувам што неможев да прикачам посоодветна слика за филмот
Don Juan De Marco Што да ви кажам... Живи романтики. Spoiler Дон Хуан е тој кој ја задоволил секоја жена која му го побарала тоа. Живее во време на султановите освојувања, а роден е во Мексико пред 21 година. Неговата приказна ќе биде поттик во неговиот психијатар да се разбудат чувствата кои биле веќе изгубени.
Nim's island! Кога денот е тмурен, пушти го филмот, и впушти се во една океанска пријатна адвентура со Ним и овој прекрасен остров, т.е филм, т.е прекрасни глумци Ептен мило и топло филмче, со ептен харизматичната Ним, каде ќе бидете сведоци на едно преубаво рајско островче и животот на Ним. Savages! Уф уф уф... Филмот е порно. Јас многу сакам вакви филмови. Јака женска, јаки мажи, секс сцени, добра акција, добра невообичаена приказна. Богами, да бев на местото на Блејк, и јас со двајцата би спиела... The hungar games Филмот е прекрасен, волшебен! Многуууу ми се допадна. Женската главна улога ме освои, браво за неа, Џенифер ми е преубава, нежна и женствена во исто време, улогата и лежи нема што. Самата тематика на филмот, приказната, многу ми е допадлива и интересна. Нешто поинакво, нешто повозбудливо и покрваво а не сепак грдо крваво или па грдо страшно - хорор. Се на се, обожавам авантурa и акција, па како може да не ми се допадне?!