Iron Man 3 Никој, дури ниту Кристијан Бејл како Бетмен, не е толку погоден во кастингот како Роберт Дауни Џуниор како Ајрон Мен. Невидено квалитетен актер со одлична моќ за трансформација, просто го обожавам и со другарките сите сме согласни дека 100% е одличен во кревет. Третиот дел (за разлика од вториот кој беше тотално непромислен и млак) има приказна која се поврзува одлично, од самиот почеток до крај, има добри ефекти, има глума и има душа. Предобар, можеби една од најдобрите адаптации на Марвел, јас сум презадоволна од тоа како излегол филмот и вредеше чекањето. Сепак, некаде напоменав, не го губете времето во end scene credits зашто е без врска и ништо посебно. И Гај Пирс како негативец - генијално. Одлична екипа на едно место = одличен филм. 8.5/10
Dark skies... Добро филмче...Веќе подолго време чекав да излези некое квалитетно sci-fi хорорче.. Уживав дури го гледав... Се работи за семејство кое е напаѓано од разни болести,алергии..Чудни работи се случуваат низ куката..Умираат животни,јато птици ја напаѓаат куката итн. Најмалото детенце има замислен пријател... Таткото поставува камери мислеќи дека некој крадец им ја отклучува вратата и им ја зема храната но на камерите не се појавува ништо необично.. Не ви пишам повеќе,препорачувам да погледните
Ruby Sparks (2012) http://www.imdb.com/title/tt1839492/ Го меркав долго време, дефинитивно не зажалив што го гледав. Многу убаво, лесно опуштачко филмче, а сепак не клише, не од оние лимонадине кои не ги сакам. Посебно ми се допаднаа глумците, поанонимни, не оние се исти исилени(додуша Paul Dano ми е познат и од Little Miss Sunshine), сепак ми беа виситинско освежвање.Одлична спарка се во секој случај. Само крајот не го замислував така, дури и се навративв уште едаш да го видам, да не сум сватила погрешно, зашто самата приказна си бараша друг крај, сосема дург крај. Омилена сцена, сликата од постерот, се изнасмеав од срце Ми се допадна. Силна 8ка.
The Host[2013] Не сум љубител на Стефани Мајер,ама некако содржината на филмов ме заинтересира, па решив да му дадам шанса.Приказната некако веќе видена, иако замислата е интересна.Позитива во филмов се глумците, има доста млади и квалитетни глумци.Иако да, очекував малку повеќе од филмот, не е лошо sci-fi филмче.6/10
Го начекав на телевизија и го гледав незнам по кој пат веќе.Многу интересна романтична комедија.Кетрин и Ештон си одговараат многу според мене, би сакала да ги гледам пак заедно.
Долго време се канев да одам да го гледам и конечно се наканив во саботата Акционен филм, достојно продолжение на неговиот претходник. Претседателот на САД е под заложеништво на опасен криминалец кој сака да владее со нуклеарното оружје од светот и кој успева да се претстави како претседател. Специјалната единица Џи Ај Џо е задолжена да се бори против опасниот непријател Кобра кој стои зад киднапирањето на претседателот, но и да се бори за својот опстанок и преживување. Солидно акционо филмче. Ќе се чека и на трето продолжение затоа што капетанот Кобра повторно успеа да избега и да се спаси. Оценка: 8/10
Meet Dave http://www.imdb.com/title/tt0765476/?ref_=fn_al_tt_1 Не е можно колку глупости има во филмот Нема да ви откривам ништо, ама многу препорачувам зато шо е многу смешен 10/10 _______________________________________________________________________________________________ Savages http://www.imdb.com/title/tt1615065/?ref_=fn_al_tt_1 Значи не е можно каков секс паѓа во филмот, исто ко порно да гледав, ама ептен убо изрежирано. Со другарка ми два квалитетни потрошени сати, чипсите во 1 секунда летнаја Мојата омилена глумица Ме нервира шо во сите филмој игра курвинска улога, ама баш и лежат па Препорачувам, бтв, интересен е 9/10
Monster in Law Хаха филмчево одамна го немав гледано. Сите го знаете нема потреба од објаснување. 6/10
The Change-Up Подгответе се да видите многу голи гради. Целиот филм беше тоа. Приказната е препровидна, и веќе видена. Имаше смешни моменти, не викам не, ама очекував повеќе. Пред се Рајан Рејнолдс не ми е актер кој ќе би се потрошил на вакви филмови, мислам дека ја помина таа фаза на глупи филмови. И 6ка му е многу голема оцена. Со малку поинаква содржина, филмов би имал многу повеќе смисла. Штета потрошиле залдно два солидни и смешни актери. Децата играа голема улога во тоа што беше смешно.
Mirror, mirror (2012) Spoiler Не очекував ништо посебно од филмов, мислев деака ќе биде само екранизација на цртанот. Но не е баш така, малку е видоизменето, и според мене на поинтересен начин. Добра екипа, добри глумци и одлични костими. Ми се допадна што внеле малку хумористичен тон, и што не се движеле строго по приказната, малку видоизмениле, џуџињата беа сосема поразлични, па и самата приказна не беше иста. И стигаме до крајот, мене ми беше ужасен, мене ми личише на Bollywood meets Hollywood. Песната ужасно потсеќаше на оние ужаснине индиски на крајот секогаш така играат и пеат, па и Лил слично се движеше со рамењата. Остатото беше океј, оригинално. Лили Колинс мене ми е најпрекрасна.
The Art of Getting By (2011) Се работи за еден осамен, талентиран и не толку комуникативен тинејџер Џорџ, кој после некое време ке се здружи со една девојка по име Сали. Има непредвидлив интересен крај. Препорачувам кој има слободно време да го изгледа филмов! Оценка 9/10 Во прилог ви го постирам трајлерот! http://www.youtube.com/watch?v=tueRW54vj4Y
Searching for Sugar Man (2012) Кратка содржина: Двајца Јужноафриканци ќе се фрлат во потрага по нивниот мистериозен музички херој од 1970тата, Сиксто Родригез. Прекрасен документарец што секој љубител на фина музика треба да го гледа. Мене ме трогна премногу бидејќи си го слушав и порано ама немав поим колку тажна судбина имал човекот. За саундтракчето не ни осеќам потреба да коментирам. I wonder,Sugar Man, Crucify Your Mind, Think of you.. Има освоено еден Оскар. Заслужено. :up:
The eye Убаво филмче, спој на хорор и трилер, многу ми се допадна Џесика Алба, прекрасна како и секогаш глуми како виолинистка која останала слепа на 12 години поради петарди и сега наоѓа донатор за нејзините очи.Операцијата успева и најпрвин видот и е заматен, но подоцна и се избиструва и почнува да гледа нешта кои никој друг не ги гледа..Толку од мене, нема да биде интересно ако цел го раскажам Се на се, оценка 8/10
Хмм, психолошки трилер, интересна приказна, доста добри пораки ... Малку растегнат и без многу дрмање ама се на се е ок да се погледне. 7.5/10
Warm Bodies (2013) Николас Холт ми е симпатија, преубав лик е. И многу талентирано момче, му предвидувам светла кариера, ми се допадна уште како помал во About a Boy, а во британската верзија на Skins ме освои комплетно како Тони. Во овој филм, R (Холт) е зомби во пост-апокалиптичен свет, кој ќе се заљуби во обична смртничка... следи низа од интересни настани, возбудливо и фино спакувано тинејџерско филмче кое ќе ве разнежни и расположи. Топло препорачувам, 8/10
Филмчево го гледав пред некоја година и убаво се изнасмеав а сега пред некој ден го фатив случајно на ТВ и се изнасмеав.. 9.5/10
Е ова е филм за мене! Прво мислев дека и овој филм ќе го гледам додека си читам нешто на Интернет (во последно време се така правам). Ама толку ме заинтересира филмот што бев доста внимателна и некои сцени ги враќав по втор пат. Значи херој ми е Џад Лоу т.е. Ликот кој го глуми во филмот. Сакам да имам таков изострен ум. Се му земаа и трпеливо се и си врати. 9/10! П.С. А channing tatum, убав е не викам не е, ама повеќе ме освои нешто друго кај него. Леле, какви крици испушташе човеков. Ах се растреперив од него .
Black Swan Гледан ми е по втор пат но сепак ме обземаше онаа чувтсво и од предходно... Изненаденост, шокирање, тага, среќа. Навистина добар психолошки филм. Вреди да се погледне дефинитивно. 10/10
The Great Gatsby - Drama - 2 h 15 min Бев на примиерата вчера во Синеплекс, ми се допадна како беше отворен: свиреше џез бенд! (Летечки пекинезери). Салата број 6 е феноменална! Туку да си искоментирам за филмот. Ми се допадна целата приказна, иако не сум ја читала книгата или гледала стариот (прв) филм. Можеби ќе дадам не баш целосна рецензија, но да пробам. Глумата на Леонардо Ди Каприо е тоооолку многу добра - прав џентламен со самата своја појава и со емоциите кои ги нудат неговите очи. Забавите - подобри од денешните Гласот и музиката на Лана го исполна филмот и му даде толку многу емоции! Spoiler Значит многу ми беше жален на крајот, како неговиот сон се руши. Тој не е опседнат со богатството, туку со желбата да го смени минатото и да биде заедно со Дејзи. Таа пак, Дејзи, ја доживеав како неспособна да направи една одлука, ни ваму ни таму е, едно ветува и нуди, друго прави. На крај, нејзината површност ќе го убие Гетсби.