Identity 8,5/10 воглавно интересен филм. се се случува во еден мотел, каде по невообичаени околности, се собира поголема група на луѓе, кои потоа ќе бидат мисериозно убивани по бројот на нивните клучеви од соба. Cфатив кој и што беше, ама не бев сигурна,но го погодив убиецот Cамо малку пореазлично од што си замислував. уловив и некои 2-3 нелогичности, значи случки кои е невозможно да се случат, ама и покрај тие пропусти, фин филм, интересен, од мене има палче нагоре
Што повеќе да кажам. Прекрасен филм, костимографија, музика, актери, приказна, СЕ! Искрено се мислам кога да одам пак да го гледам, а богами и книгата да си ја купам Од почеток бев само малку скептична за модерната музика, ама предобро беше вклопена во целиот филм. 10/10
Mein Kampf - Мојата борба Германска продукција, со совршено сценарио, остава горчлив вкус во устата. Предвечерјето на младиот нереализиран уметник Адолф Хитлер, кој допрва ќе стане монструозен лик во историјата на човештвото. Од драмска гледна точка, многу силен филм, кој го поставува прашањето за можната врска меѓу Хитлер и окултизмот, харизматичноста како знак прашалник и обидот да се истолкува неговата шизофрена траума поради татковскиот авторитет и болната опсесија кон мајка му. Вреди да се гледа.
Ме привлече насловот на филмов, ми звучеше некако моќно ..среќа шо претходно не прочитав дека е фантазија, во тој случај никад немаше да му даам шанса на филмов. Меѓутоа, импресиите се позитивни, барем за мој вкус. Приказната е така фино склопена да задржи внимание цело време. Препорачувам
Angus, Thongs and Perfect snogging Добај тинејџерски филм, вејќе видена приказна. 8/10 http://www.youtube.com/watch?v=ogBjxasdQR0
А како се вика у ствари филмов? Навистина би замолила ако може да се пишуваат посебно имињата на филмовите зошто многу често не ми се отвараат сите сликици кои се постирани .. Извинете за ОффТопик
^ Beautiful Creatures (2013) е филмот. И јас го најдов по сликата. И би ве замолила да пишувате наслови.
Death at a funeral Една од поквалитетените комедии што ги имам гледано, филмот е баш смешен а и приказната те занесува по малку. 10/10
Man on a Ledge..Што да кажам за филмов...преубава испланирана акција..со секој направен чекор се прашувате што е следно ..преубава акција
Carnal Innocence (2011) Mystery | Romance | Thriller Stars: Gabrielle Anwar, Colin Egglesfield, Pancho Demmings Светски познатата виолинистка Каролин се враќа во нејзиното родно место во Innocence за да се скрие од светот.Но серија на убиства се случуваат на улиците на Innocence, и Каролин може да биде следната жртва.Се запознава во младиот и згоден Tucker Longstreet, кој на почетокот ќе биде еден од осомничените убијци.Друго не ви откривам Љубител сум на новелите на Нора Роберт(филмов е сниман по истоимената книга од Нора) и баш ме заинтригира да откријам кој ќе биде на крај убиецот. 9/10
Големиот Гетсби! Перфекција! Целосно заокружен проект - одлична "копија" на оригиналот од 1974. Како помала кога за првпат го гледав http://youtu.be/1MstmidhHNQ бев воодушевена од оваа потресна љубов која може да ја носи и трпи во себе еден маж. Е ова ти се вика љубовна приказна која не е плитко лигавење како notebook. Spoiler ок и јас плачев на notebook, признавам. Сега кога го гледав во кино бев занесена од целиот спој на раскошот ем сиромаштијата кои ги има во човековата душа. Родените деца со сина крв отсекогаш и засекогаш ќе се сметаат за подобри од сите други. Музиката, Леонардо, костимографијата, глумата - се беше толку одлично спакувано во оваа нова верзија на Гетсби. Браво! 10/10 Леонардо Ди Каприо не ми е најубав маж во светот ама затоа ми е најдобар глумец.
The Way We Were (1973) http://www.imdb.com/title/tt0070903/?ref_=sr_1 Фантазија од филм. Немаше да ми текна да го гледам да не се потсетев од една епизода од STS. И не зажалив што го гледав. Една приказна за една интересна љубов бурна како и ликовите. Јас го обожавам Ретворд, и едноставно уживав во филмов. Барбара Стрејсенд(стресената што ја вика мајка ми ) ми беше антипатична се додека не го гледав филмов, ме освои тука. Последната сцена е чиста 10ка. Падна солза признавам. Песната исто така, ме разнежнува everytime. Препорачувам.
The Factory Доста добро смислена приказна, која мора да ја проследите до крај, бидејќи во текот на целиот филм ќе биде малце потешко да се открие кој е кој. Накратко...... Инспектор кој е вклучен во истрага за пронаоѓање на неколку исчезнати девојки упорно се труди за решавање на случајот, но безуспешно. За време на истрагата е киднапирана и неговата 17 годишна ќерка, која ќе биде сместена заедно со останатите девојки. Не ви раскажувам понатаму, ќе ве оставам да ги процените работите сами
Beautiful Creatures -се вика, ама глеам дека веќе ти кажале офф топик, се извинувам шо не сум пишала наслов, а и не сум приметила дури ни дека не стои на сликата мај мистејк...нема да се повтори
Butterfly on a Wheel Сигурната и безбедна егзистенција на Нил и Аби е разнишана и доведена во прашање откако Том - безмилосен социопат ја киднапира нивната ќерка. Неговите барања се се повеќе и повеќе застрашувачки затоа што набргу им станува јасно дека тој не ги сака нивните пари. Тоа што го сака е животот што го имаат тие како фамилија, кој го граделе 10 години, да им го одземе и уништи дел по дел. Напнат трилер со многу интересен пресврт.
Confessions (2010) - Kokuhaku ( оригинален наслов) Значи каков филм......Сеуште сум под импресии за тоа како Јапонциве можат да направат едно ремек дело (според мене). Насловот се си кажува, само ќе надополнам дека се работи за психолошки трилер, драма и мистерија, каде што верувајте секој детаљ е вистински осмислен. Филмов нема да ве остави рамнодушни воопшто,а на љубителите на ваков жанр топло им препорачувам да го погледнат. Од мене дефинитивно заслужува 10, бидејќи е нешто сосема поразлично од американските филмови
She's all that 10/10 Spoiler Еден дечко од најпопуларните во школо се клади да ја покани најгрдата девојака во гимназијата на матурата. Тој треба да ја направи кралица на матурата... тогаш тие ја избрираат онаа најчудната а на крај испаѓа и најубава.