21 & Over Ах колку мрднат филм. Се изнасмеав на некои сцени. Дефинитивно подобар ми беше филмов од ProjectX. Малку сличен на The Hangover али сепак добар филм за смеење
Последниот филм што го имам гледано е "The curious case of Benjamin Button". Штознам мене онака ми е 50-50. Интересна замисла ама предолго трае и има некои непотребни сцени.
Beautiful creatures Мразам фантастики , ама истото го викав и за твајлајт ,а сите делови ги изгледав во еден ден така и за овој.. Имам читано за книгата и интересна ми беше, а кога го видов филмов си реков морам да го гледам Интересна љубовна приказна, со непознати актери, мислам јас барем не сум ги сретнала во друг филм.. малку девојкава ми беше антипатична ама ај Се збори за Лeна, тинејџерка која се доселува во мало градче и е вештерка (кастер). Во неа се вљубува Итан.На нејзиниот 16 роденден се одлучува дали таа ќе стане добра или лоша.. 7/10
21 and over Значи филмот е лудница! Се смеев, се смеев и се смеев на филмот... Одамна немав гледано ваква комедија го препорачувам многу е интересен 10/10
Waiting for forever Прекрасен филм, одамна некој не ме трогнал толку многу. Вил е многу чуден млад човек, кој после трагичната смрт на неговите им зборува цело време ко да се до него. Никој не го сфаќа, па дури ни поголемиот брат. Тој патува низ градовите, т.е цело време ја следи неговата љубов од детството, Ема. Ема е исто осамена девојка, со болен татко и со малце мрднат дечко. Конечно Вил се осудува да и признае дека ја следи и дека ја сака, но како таа ќе реагира е друго прашање. Депресивен е филмов, пред се, но мене ми беше преубав. Рејчел Билсон ми е многу симпатична, со типов беа супер пар. 10/10
Parker - со Џејсон Статам и Џенифер Лопез. Ептен добар филм, го препорачувам на сите оние кои не го гледале. Супер акција, напнатост на моменти, одлична глума!
Safe Haven Николас Спаркс, нема промашај Многу добар филм, ептен ми се бендиса, квалитетно потрошени 2 сати Препорачувам 8/10 Angus Thongs and Perfect Snogging Одамна сакав да го гледам, никако да седнам Ептен ми се бендиса,обично тинејџерско филмче, ама јас сепак си уживам во ваквите. Препорачувам, имаше смешни деловии. 10/10
Dark Circles Не очекував да ми биде толку страшен и напорен, ама беше, незнам дали до тоа што јас бев преуморна или не... психолошки хорор е филмот.
Ке ги одвојам како последно гледани Fast and Furıous и Iron Man, затоа што тие се последните 2 кои ги погледнавме заедно со либето во кино. Ја сакам атмосферата во кината и некако филмовите поинаку ги доживувам таму кога ги гледам. Iron Man ми се допадна најмногу ради Роберт Дауни.Тој човек е прав МАЖ. Многу ми е секси .Исто и Гвинет Палтроу ми е многу убава жена и ептен се пар со Роберт. Сторијата на филмот е веке позната. Железниот човек после борбата со Локи во Одмазниците пати од несоница и параноја и опсесивно произведува нови костими при тоа оддалечувајки се од сите блиски. Ке се наврати на минатото кога на една Нова година запознал девојка која е научник и тука ке започне целата приказна.... Кој е љубител на овој серијал филмови може да си го погледне сигурно ке му се допадне. Fast and Furıоus Веке позната приказна, со тоа што мене искрено овој дел не ми се допадна толку многу бидејки немаше многу бркотници со коли и трки туку акцентот им беше ставен на акцијата. Во филмот се врака Мишел Родригез и тука започнува приказната со овој дел од филмот. Во секој случај кој е љубител на овој серијал и акциони филмови од овој вид ке му се допадне и вреди да се погледне.
Teen Spirit Кратка рецензија: Spoiler Најпопуларната тинејџерка умира на денот на матурата, таа оди горе... еден човек и кажува дека треба да ја направи онаа нај непопуларната девојка кралица на матурата за ако сака да влезе во рајот, ако не тогаш таа ќе оди во пеколот! Оцена: 10/10 Немав гледано сличен ваков филм, многу ме воодушеви.
Bring it on Аll or Nothing Spoiler Кратка Рецензија Најпознатата cheerlederka се преселва од еден во друг град, и во друго училиште а пред то била најпозната во бившото училиште и капитен на екипата, овде во другото ќе му биди тешко да се вклопи итн.. Интересен, како да се вклопиш во друга, нова средина Сестра му на Бијонсе, добра глумица Britney ми е преуба Препорачувам 10/10
Мене не ми се допадна токму поради тоа што е депресивен и цело време дејството се врти околу тоа како тој од мал ја следи и сака да биде со неа некако морничаво ми е... незнам нема ни некоја поука филмот.
(500) Days of Summer Сигурна сум дека сте го гледале филмов затоа нема да го раскажувам. Имаше навистина интересни моменти,но не беше нешто специјално. 6.5/10
Savages! Долго очекуваниот филм конечно го изгледав Се работи за Чон и Бен кои се најдобри другари и заедно одгледуваат марихуана и од тоа прават големи суми пари..Тука е и О, нивната девојка која ја делат (малку глупо звучи знам..). Тие добиваат понуда од најмоќниот мексикански картел која ја одбиваат. Па поради тоа ја киднапираат О и се закануваат дека ќе ја убијат.. -Волку интересна акција оддамна немам гледано, мене мнг ми се допадна филмов и вреди што толку чекав да излезе 10/10
Shutter Island Дејството се случува 1954 год,Маршалот Теди Даниелс доаѓа на остров ,за да го разреши случајот со исчезната психички болна пациентка.... Филм кој ми го задржа вниманието од почетокот до крајот.Напнат,збунувачки ,до последен момент непредвидлив.Драма и мистерија. Леонардо Ди Каприо одличен... Јака деветка од мене.