Изгледав неколку филмчиња изминатава недела, па да ги споделам. Side effects Ова е сосем солидно филмче со Џад Ло, Руни Мара и Кетрин Зета-Џонс во главните улоги. Во него се истражуваат нус појавите на антидепресивни таблетки, кои ќе ги консумира пациентката (Мара) и ќе предизвикаат таа да направи нешто сосем неочекувано. Филмот има пресврт и доза напнатост, мистерија и драматични моменти, но одредени делови навистина можеле да ги направат и повозбудливи. За мој вкус беше малку пасивен, сепак не прелош. Солидна глума и интересна приказна со пресврти. 7/10 Safe Haven Што да се каже за филм работен по новела на Николас Спаркс? Го гледаш и си играш еци пеци пец - кој ќе умре, кој ќе умре на крајот? Ова за среќа има среќен крај. Бледникав и мошне нереалистичен, едноставно - Николас Спарксовски филм. Џош Дјухамел не вреди да се троши на вакви улогички, сметам дека типот има повеќе потенцијал 5/10 Beautiful Creatures Како за тинејџерско филмче солидно ме изненади. Ми го одржа вниманието до крајот и го изгледав без проблем. Лена, во исчекување на својот 16ти роденден, ќе дознае дали ќе припадне на лошиот или добриот клан на вештерки... Кастингот е многу нетипичен, ликовите се просечни според физичкиот изглед, но допадливи. Џереми Ајронс, Ема Топсон и Ејми Росум како за споредни улоги беа предобри и одлично го надополнија филмот. 6/10
Final destination 2 Откако го изгледав првиот се решив да го гледам и вториот, кој што го имав гледано на сител некаде до пола само. Онака интересно филмче понеизвесно од првиот дел. Сега е на ред третиот
The Hidden Face Еротски трилер,приказна за љубовта и спремноста на жената да ја тестира љубовта.И она народното, човек што сам ќе си направи никој не може. Одличен,сензуален и со неочекуван крај. 10\10
Scary Movie 5 Очекував повеќе, но не беше лош.Воопшто не беше страшен. 7.5/10 The Hangover 3 Навистина јак филм.Баш како за последен дел, многу ми се допадна.10/10 Spoiler Да ми кажеше некој дека Alan некогаш ќе се ожени, немаше да му поверувам.
The great Gatsby. Од имдб оцена 7,5 , од мене 0. Односно 1,за режијата,костими и глумата,ама ја дека сум така малце површна што се однесува на филмови приказната најмногу ме интересира. Досаден, на моменти несфатлив,воопшто не ми се допадна целата приказна,како се одвиваа настаните,а крајот па ич. Тие на кои им се допаднала книгата може поинаку го доживеале,од мене big thumbs down
Final Destination 3 Го изгледав и третиот дел од серијалов. Иако се доста слични сепак сите ми го задржаа вниманието. Задоволувачко филмче. 5,8/10
Fast and furious 6 Во претходниот дел хероите од филмов ограбија 100 милиони долари во Рио и оттогаш живеат разделени на различни страни во светот поради тоа што спаѓаат во групата "Wanted" во Америка. Но настанува пресврт кога полицијата од Америка ги бара за да им помогнат да фатат опасна група на криминалци кои сакаат од воената база во Шпанија да украдат чип кој може да уништи цели држави. Згора на тоа се дознава дека сепак жената на Дом (Вин Дизел) не е мртва. Од мене има идна просечна 8/10 овој дел. Она што најмногу ми се допадна е тоа што крајот всушност беше најава за следниот дел каде што главниот негативец ќе биде (за мене) единствениот Jason Statham .
Интересен филм. Главна личност е девојче од 17-18 години која има многу строг татко кој е војник.Се преселуваат во друг град и таа сака да учествува на едно шоу за играње, но татко и не и дозволува да се појави на телевизија.Таа кришно оди и вежба без татко и да знае. После се појавува на ТВ со нејзиниот партнер со кој на почетокот постојано се караат а после се вљубуваат. Оценка 8/10
Life of Pi Неколку пати е рецензиран филмот, па нема да се повторувам, туку само ќе пишам свои впечатоци. Прекрасен филм, убава и топла приказна. Главниот лик предобро одглуми и одлично си ја заврши работата. Филмот носи убава порака, го задржува вниманието цели два часа, за на крај да ве остави со блага насмевка. Не е само авантура и убави пејсажи, барем јас подлабоко го почуствував филмот. Преубав. Оценка 8/10. Топло препорачувам.
The odd life of Timothy Green Многу ми се допадна. Топла, емотивна приказна, прекрасни пејсажи, музика, одлична глума. Приказна за родителството, дека грешиме и тогаш кога им посакуваме се најдобро на децата. Сето тоа раскажано на малку необичен начин... И неизоставното плачење на крајот.
Life is but a dream-Beyonce (животот е сон) Прекрасен филм во кој е раскажан животот на Beyonce,мене ми се допадна многу бидејќи ја обожавам Повеќе е претставена нејзината кариера но има и доста интимни моменти со семејството
Coraline Многу ми се допадна филмот, одамна немав гледано убав цртан. Се работи за Коралајн, симпатично девојче со сина коса кое во новата куќа ќе пронајде врата што ќе ја одведе до нов свет. Исфрустринана од светот во кој што живее, таа оди во другиот свет, каде што се е поубаво, има грижливи родители кои ја сакаат и и угодуваат, кои и посветуваат време. Но тој свет крие една мрачна тајна, која не е нешто што таа сака да го слушне. 10/10 Многу ми се допадна, затоа што е различен. Без многу бои, во главно чудни и мистерични работи, проследени со невообичаени нешта. Го препорачувам, го задржува вниманието во овие долги и досадни летни ноќи.
Betrayed at 17(2011) Глумата млака, приказната имаше потенцијал ама ми беше недоволно развиена.Во главно просечно филмче, со еден симпатичен глумец. 5/10
Seven (2009) Spoiler преедобар филм,се работи за 2 детективи кои истражуваат убиствата на еден сериски убиец,кој ги малтретира своите жртви ( им го сече лицето..........) убиецот е многу паметен и си игра со нив,подоцна сам им се предава и ги носи на едно место каде што наводно имало уште 2 трупа,крајот е сосема неочекувам и интересен. 10/10
*ќе се осмелам вака да го преведам насловот, иако преНЕПРИРОДНО звучи Пријатели со „поволности“ (2011) Романтична комедија со Џастин Тимберлејк во улога на Дилан и Мила Кунис во улога на Џејми. На сите ви е добро познат, верувам. Одбивав да го гледам зашто се крена огромна фама околу него, а во принцип имам одбивност кон страшно популарни филмови. Не велам дека ми е мака што не го гледав порано, ама ми се допадна филмов, I must admit. Лесно за варење, добри хумористични реплики, добра глума (Џастин се повеќе се покажува како подобар глумец од пејач). Го препорачувам.
Beautiful Creatures Сакам вакви филмови ... како приказни, можеби не ме одушеви, некако дечкото не ми беше погоден за улогата, девојката беше до некаде океј, но сепак кој е љубител на ваков жанр нека го погледне. 8/10
The Final Destination Ете го завршив и четвртиот дел од филмов. Се заразив луѓе Одличен и овај, мене ич не ми беше гаден, добро освен на крајот кај последната виузија со скалите во трговскио. Инаку и овој дел ми се допадна и сега едвај чекам да го изгледам и петиот. како што гледам сите викате најубав бил. Инаку за филмов 5,6/10.
Пак јас Final Destination 5 Неможев да дочекам да го гледам, па затоа го изгледав одма после 4тио. Ауф, браво за филмов. Според мене дефинитивно заедно со првиот се најдобри делови. Spoiler Не ни знаев дека дејството во овој филм се случува пред тоа во првиот дел 6/10
Fool's Gold (200 Многу ми се допадна How to lose a guy in 10 days особено овие двајца како пар па кога видов дека имало уште еден филм со нив двајца во главна улога веднаш го симнав.Интересна приказна но можеле малку да го скратат имаше многу досадни делови што воопшто не биле потребни.Кејт е прекрасна како и секогаш но дефинитивно нај интересен лик во целиот филм беше Џема. Hansel & Gretel: Witch Hunters (2013) Ги сакам филмовите што се правени според некоја приказна, досега ниту еден не ме разочарал.Го препорачувам.
Нет и Џош се штотуку венчани и веќе во првата година имаат проблеми во бракот. Има добри сцени, само крајот не ми се допадна.