According to Greta (2009) http://www.imdb.com/title/tt1059925/ Уште отсега да ви кажам, дека не ме бива многу за коментирање, давање рецензии и слично... Јас ќе бидам кратка. А официјално ми почна сезоната со филмови. Така да, ќе кажам за овој, само дека го препорачувам. Не е типичен тинејџерски. Ама многу е добар.
http://www.imdb.com/title/tt1951261/ Hangover Part III, Оиииии се изнасмеав ептен, како и со предходните два дела 10/10
Stoker(2013) Филм што нема да ве остави рамнодушни и што ќе ве поттикне на размислување, анализа. Според жанрот е мистерија. Дејството се одвива релативно споро, освен во последните 10-15 минути. Низ целиот филм владее една морбидна атмосфера, напнатост, исчекување. Од технички аспект филмот е совршенство. Камера, звук, музика-чиста десетка. Кастингот е исто одличен Mia Wasikowska млада актерка фантастично го доловува комплексниот лик на Индиа. Nicole Kidman- нејзината ладна, емоционално дистанцирана мајка. Со своето пластично лице совршено се вклопува во ликот. И конечно Matthew Goode-да се долови длабоко пореметена личност, со релативно сочувана фасада - многу, многу убедливо. Е сега приказната т.с сценариото, според мене ако се анализира рационално и здраворазумски има многу недостатоци. Најмногу во начинот на кој се интерпретира човечката психопатологијата. Но, ова е субјективно доживување, и не откривам повеќе. Во секој случај филм што поттикнува на дискусија бидејќи може да се сфати на различен начин.
Star Trek Into Darkness Сценариото беше добро, како и ефектите.Филмот беше прекрасен, а особено актерите Крајот беше предвидлив, но Spoiler не мораа да го замрзнат Khan. Навистина прекрасен филм. 10/10
The Hangover 3 Во кино го гледав, многу добро филмче ама сепак претходните делови повеќе ми се свиѓаа. Spoiler Кој и да ми кажеше дека Алан ќе се ожени, немаше да му верувам.
И јас сношти го гледав Чуден, психо-забеган филм. Го чекав подолго време да излезе искрено, планиран ми беше одамна да го гледам. Најмногу поради Миа Васиковска. Девојката е млада, ама одлично глуми, прав професионалец. Да ти е задоволство да ја гледаш. Така добро и длабоко ги портретира ликовите кои ги игра, како да се дел од неа. За нејзе големо 10че. Истото и за Метју Гуд, ти дава некој секси заводлив изглед и слика и веднаш потоа се претвора во тоа што вистински е, психички болен човек со желба за убивање. И кај двајцата истата желба што ги доведува до екстаза, уживање... За приказната...се сложувам исто со Пеперминт. Мислам дека тоа што го доведува филмов до повисоко место е одличниот перформанс на тројцата главни ликови.
All Good Things (2010) http://www.imdb.com/title/tt1175709/ Јас мислев нешто љубовно, а тоа... скроз друго. Искрено, да знаев за што се работи, би размислила дали би го гледала. Јас како што сум страшла, на моменти ми фуфкаше. Среќа што го гледав порано.
Pitch Perfect Не знам шо сум чекала досега за да го изгледам, искрена да бидам имав полоши очекувања, но не напротив баш ме фасцинира, Многу препорачувам, Одличен е Би му дала дури поќе од 10-ка 10/10
Candy Приказна за млад пар,кој длабоко навлегол во пеколот на дрогата.Приказната солидна ама слабо разработена.Цело време имав впечаток дека нешто недостасува. 7/10
Beautiful Creatures(2013) Филмов е нетипичина тинејџерска приказна, малку поразличен со интересна приказна, за магијата и човештвото.Дека би сакала да го гледам пак, искрено не, ама не беше лош.Инаку девојката која ја глумеше Лена некако ептен ми остави впечаток. 5/10
Snitch2013 Снимен според вистински настан со доста забавна екипа на глумци John Matthews (Dwayne Johnson) (Susan Sarandon),Agent Cooper (Barry Pepper)- кој имаше навистина интересна промена направено... Ке кажам дека е веч видена приказна стандардна опција ... Spoiler Татко секако УСА прича и цел свет никој ништо не му може али он може да убие едно чудо наркичи и едно чудо ганстери а и секако да е уценуван од страна на „властите“ мислам ... УСА и се е можно ... 5/10 е мојата оценка .. за бокесерот се надевам дека навистина постои...
Disney ... Secret of the wings Spoiler Јас сум љуботел на вакви цртани, и 30год. да имам пак ќеги гледам...самиот наслов си кажува, нема да откривам ништо подетално, го препорачувам радо 9/10 ...за тие што имаат видеотека на мах тв, моментално го има во семејни филмови.
Apocalypto Филм во режија на Мел Гибсон ,се случува во длабоката џунгла на неоткриена Америка.Приказна која ќе ве остави без здив и го задржува вниманието за целото време .Прекрасен...прекрасен филм 10/10
Beautiful creatures 2013 Солидна приказна за тинејџ драма и научна фантастика. Се работи за Лина, која е кастер, но се заљубува во смртник. До својот 16 роденден, таа треба да ја прекине клетвата што не и дозволува да биде во врска со смртник, но и да се потруди да не припадне на лошите вештерки. 10/10 Овој жанр, научна фантастика, воопшто не го гледам, па ова беше вистинско чудо од мене. Многу ми се допадна, различна приказна, задржува внимание. Актерите ми се допаднаа, посебно Лина. Боже, колку е само убава, мрачна, уф уф. Рајли беше убава, посебно кога се појави на стадионот. Исто така ми се допадна фустанот на Лина на крајот, ау, прејако нешто.
Трето Полувреме (The Third Half) Долго време му се токмев да го гледам и изгледа денес му беше редот..Препрекрасен филм!! Дефинитивно еден од најдобрите кои сум ги гледала досега не дека е Македонски впрочем со самото гледање да не беа македонските актери и македонскиот јазик кој го зборуваа и дејството каде се одвиваше би рекла дека е еден типичен американски филм, мило ми е што не е така.. Браво за проектов!! Ми предизвика да чувствувам нешто поинаку, нешто помило. Почувствував топлина, обединетост на Македонскиот народ,историја,љубов и топлина. Едно големо БРАВО за филмов ме направи да ја почувствувам мојата Македонска крв, моето Македонско потекло.. Што уште да кажам... Топло ви го препорачувам, вреди да се гледа. 1000+/10
Shrooms Чукнато филмче. Одамна не бев гледала нешто такво и убаво ми дојде, да ви кажам право. Петмина Американци одат во Ирска да соберат некое печурче (кхм печурче ) и да проживеат искуство на „летање“, неконтролирано смеење, и луда забава. Арно ама, една од нив ќе касне од погрешното, џанам Алиса во земјата на чудата, и тогаш почнуваат да се случуваат чудни работи, фатални по животите на останатите. Што е тоа чудо што смртно им се заканува? Единствено што не ми се допадна е што не беше баш колоритен. Многу сив некако цело време беше, а може и таква снимка сум нашла Како и да е, сивотијата одговараше со сценариото. Кој му е страв од Бабарога, нека не го гледа.
You may not kiss the bride (2011) Баравме со другарките некоја добра комедија да се изнасмееме, читавме критики и одлучивме оваа да ја гледаме.Дефинитивно не погрешивме.Имаше многу интересни и комични ситуации а и погодена екипа.Ми се допадна многу.
Stoker Во потполност се согласувам со Peppermint и kravce. Многу чуден и забеган филм. Психолошки трилер/мистерија кој дефинитивно на крајот ќе ве остави замислени. Кастингот препредобар. Миа е преталентирана млада актерка која ликовите ги доловува фантастично. Мене просто ме воодушеви во филмов. За Никол Кидман нема што посебно да коментирам, се знае за нема, одлична во секоја улога. Метју дефинитивно ме изненади. Не ни знаев дека вака маестрално може да долови улога на психички пореметена личност. Бравос. Главните актери според мене залужуваат оскар за прикажаното. 8/10. Препорачувам
Beautiful creatures Па океј е филмов, меѓутоа некако долго ми траеше и некои дејствија и многу ми беа развлечени. Очекував дури и повеќе, али сепак тин филм така да поминува некако филмов. Изборот на актери ми се допаѓа, добро одглумено од сите, само не ми беше нешто посебно главната машка улога Safe Haven Супер филм ми се допадна посебно крајот ме изненади. Како и да е очекував да биде како и сите други книги на Спаркс кога некој ќе умре, меѓутоа филмов има среќен крај
Ted Што да коментирам кога сигурно повеќето од вас го имаат гледано. Прекрасно филмче за опуштање. Комедија а мене сепак успеа да ме расплаче... Душичка е мечето