The Call Хали Бери и младата Абигејл Бреслин (од Литл Мис Саншајн) во главните улоги на овој екстра возбудлив трилер. Бери глуми оператор вработен во 911 - мрежата за помош при итни случаи. Филмот изобилува со многу пресврти, интелигентно сценарио, одлична глума, има многу адреналин, одржува внимание и цело време ќе бидете ко на игли додека го гледате. Се запрепастив како од најобична ситуација може да се случи трагедија и колку всушност оваа работа во „911“ е зашеметувачки напорна и одговорна. Имаше и неколку пропусти, но на крајот филмот се извлече убаво и се` на се` - ова е еден одличен и напнат трилер. Го препорачувам. 9/10
Warm Bodies Ми се бендиса филмов. Одлична приказна, глума кастинг се. Николас Холт ми е стварно преубав, прв пат дечково го гледав во About a Boy, и уште од тогаш ми остави голем впечаток и добро глуми. Се започнува кога Р кој е зомби ќе ја спаси Џули. От тогаш кај него нешто се променува, а тоа влијае и на останатите зомбија. Го препорачувам филмов. 8/10
Bring It On: Fight to the Finish (2009) http://www.imdb.com/title/tt1349482/ Интересно тинејџерско филмче. Само преемногу шмизличко однесување. На почетокот едвај се стрпив, да не го исклучам. Ама после ми стана интересно.
Freedom Writers НИВНАТА ПРИКАЗНА. НИВНИТЕ ЗБОРОВИ. НИВНАТА ИДНИНА. Го имав спуштено меѓу еден куп други филмови кои на овој или оној начин би биле корисни за идните професори, me included. Ете, му дојде денот да го гледам. Млада професорка (Хилари Свонк) своето учителствување го започнува со еден клас каде децата не се ни малку заинтересирани за учење, образованието не го сфаќаат сериозно, се грижат само за тоа да преживеат уште еден ден во опасната средина во која се израснати. Оваа млада професорка ќе им го смени погледот на светот, ќе го смени начинот на кој децата гледаат едни на други, и ќе ги научи на нешто многу важно: праведност и сплотеност. И на тоа колку можат да бидат опасни стереотипите. На почеток филмов ми беше онака лежерен за гледање, без нешто многу богато во својата содржина. Но кога се фатив себеси како потплакнувам на една сцена... Убаво филмче. И корисно. И од општествена и од професорска гледна точка. И многу премногу ми се допадна односот на професорката кон студентите. Патрик Демпси го игра сопругот на професорката.
It's kind of a funny story Spoiler Криг, тинејџер кој учествува во надарена програма во училиште занесен е во девојката на неговиот најдобар другар. Откако сфаќа дека е депресивен и пробува да се самоубие, ја посетува психијатриската болница мислејќи дека таму брзо ќе му помогнат и дека ќе може утредента да се врати во училиште. Го задржуваат цела недела во одделот за возрасни бидејќи оној за полнолетни се реновира. Го запознава Боби, татко на мала ќерка кој ќе му помогне да се снаоѓа наоколу. Ја забележува и Ноел, девојка на негова возраст. Тој се обидува да не дозволи неговите пријатели да дознаат каде е. Многу убаво филмче
Enchanted Распеано, разиграно, шарено, предобро. Ејми уште еднаш покажа дека е талентирана актерка, и дека секаква улога без проблем ја доловува предобро. Ми се допадна филмчево, интересна замисла. 8/10, препорачувам.
The Call Какво филмиште.ilent: Ова е еден од оние филмови на кои доколку јадам нешто во моментот престанувам со жвакање за да видам што ќе се случи следно. Повнесена во филм никогаш не сум била. Предобар трилер, онака напнат и цело време ве става во исчекување. Од мене има 10/10, иако очекував малку поинаков крај.
Maid in Manhattan 08/10 Филмот ми беше и прилично досаден но сепак има добра сторија. Spoiler Слугинка во хотел се запознава со еден богаташ. Таа се облекува во облеката на една од богатите жени кои се во хотелот, тој се заљубува во неа мислејќи дека таа е на негово ниво. После тоа се открива вистината...
The Hangover III EPIC! Вриштев од смеење, не можев да се досмеам асално си го симнувам сега и дома да си го изгледам уште еднаш. Мене ми е neck to neck со првиот, малку поразличен од претходните два, ама дефинтивно подобар од вториот. Имаше сцени на кои ме заболе стомак од смеење. За мене трилогијава сепак остана еден од најдобрите комедии. Препорачувам да си го гледате, без разлика дали дома или во кино. Не се согласувам со најголем дел од критиките кои ги прочитав, за мене ова си беше класична комедија во нивен стил, и воопшто не ме разочара зашто на крајот на фимот стомакот ме болеше и ми се размачка маскарата, што се знаци на успешна комедија 9/10 Spoiler
Spoiler Малку закаснав,но го оставив на раат да си го изгледам.Иако сите велаат дека филмот стана веке сериал,мене секој нов дел ме воодушевува.Конечно Брајан татко,пречуствував дека Лети ќе ја има и во овој дел.А акцијата хм да секогаш е подобра.
The Hangover Part 3 Многу лош филм дури и глуп на моменти. Мене ич не ми се допадна. Хуморот беше сведен на 0. Мислев дека овој дел ќе биде смешен и имав големи очекувања, но ништо. Дупло повеќе се смеев на Скери Муви 5 отколку на овај. Сепак за мене првиот дел ќе остани една од најдобрите комедии кои сум ги гледала. 4/10
Еден од најдобрите филмови што сум ги гледала во мојот живот. Топло го препорачувам на сите. Мислам дека ќе го цените животот многу повеќе после гледањето на филмов Еве и трејлер http://www.youtube.com/watch?v=K0b5jjS1zt4
го имав гледано али ете го гледав пак се работи за месец ноември кога двајцата ке се запознат и ке се засакаат ке имат интересно запознавање па потоа ке се гледат некое време и девојката е болна и нема да сака да он ја виде како умира па на крајот ке го остави за да не ја гледа како умира и не ме бива баш да раскажам интересен и на крај трагичен
Преубав филм. Дечко и девојка и другарот на дечкото одат на скијање и ноќно време додека се враќаат им ја гасат жичарата па мораат таму високо да останат цела недела. Немаат излез а сепак само еден успева да се спаси. Ви го препорачувам,преубав филм. Spoiler другарка ми плачеше кога го гледавме ама незнам зошто
За љубителите на хоророт Hates - House At The End Of The Street (2013) Spoiler На почеток си мислев да го исклучам некако многу ми беше банален ,но дефинитивно филмот е морничав,заслужува да се изгледа.Мајка и керка се преселуват во друг град .Соседи им се една фамилија која била убиена од нејзината керка,а единствен преживеан е братот на девојката.Братот живее уште таму и се залубува во новата сосетка ,но има многу тајни од минатото .Погледнете го верувам дека ќе ви го задржи вниманието.
the amazing spider man Нема да објаснувам многу, само ќе речам се работи за синот на spider man, филмчево е екстра денес го гледав и ви го препорачувам 10/10 За тие што имаат видеотека на мах тв, моментално го има во акциони филмови.
Пак јас напнав Само што го шкртнав од листата Upside down Spoiler Романтичен,малку ми се свитка вратов али вредеше Приказнава се одвива во универзум каде живеаат два паралелни света.Адам кој што живее во еден од паралелниве света во кој владе војната е заљубен во една девојка од другиот свет.Тие се толку блиско ама нивната љубов е забранета.Имав многу по големи очекувања од филмов.Мојата оцена 8 од 10.
MAN OF STEEL Бев на премиерата во cineplexx и супер беше. Супермен ми е омилен херој, сите делови ги имам гледано, ја имам гледано серијата smallville (за супермен е )!! ГО ОБОЖАВАМ !!!!! <3 А И ПЛУС ГЛУМЕЦОТ Е ПРЕУБАВ Henry Cavill (го гледав истиот ден во филмот IMMORTALS - кој го имам гледано над 3 пати )
Love Wrecked Jenny е обична девојка заљубена во еден пејач со име Џејсон, таа е целосно затрескана во него. Летото одат да работат со нејзиниот најдобар другар на некој остров. Тогаш доаѓа и Џејсон, тој оди на крстарење а Џени е келнерката. Џејсон од претерано пиење повраќа пред Џени и тој тргнува на страна а Џени по него. Одеднаш силно загрмува и Џејсон паѓа во водата и Џени скока по него. Тие на качуваат на чамчето и заспиваат. Кога се будат тие здогледуваат остров и одат таму. Џени да се покаже пред Џејсон оди да најде храна и тогаш открива дека тие сеуште се на истиот остров кај што таа работи. Таа радосна оди да му каже на Џејсон и тој ја гушка силно и и вели дека немало да се спасат да не била таа... тогаш Џени решава на не му ја каже вистината на Џејсон. Ова е еден од подобрите филмови кои ги имам гледано во последно време. Приказната е вејќе видена но ова е една добра верзија! 10/10