Teen Spirit (2011) Интересно филмче.Од најнепопуларната девојка да се направи кралица на матурата.Имаше некои досадни делови.И да страшно ме иритира оваа главната глумица што е, непопуларната.
Titanic Одамна го немав гледано и многу сакав да се потсетам на ова ремек дело од Џејм Камерон. Ова не е филм ова е филмиште. Предобро нешто. И после толку многу пати гледање повторно ме разнежни и би рекла дека овој е единствениот филм кој мене ептен можи да ме погоди. Се што ќе кажам за филмов е премалку. Сите го имате гледано и знаете за што се работи. За глумците да не правиме муабет, мислам дека подобри неможеле да најдат. Музиката исто. 10/10
Admission (2013) Тина Феј и Пол Руд во главните улоги на ова лефтерно, лежерно филмче сосем ОК за едно мрзеливо и досадно попладне. Феј е вработена во администрацијата на престижниот универзитет Принстон и задолжена за апликациите на нови студенти. Во текот на филмот ќе се запознае со Руд, кој води необично училиште... Филмот фрла поглед на борбата за запишување на угледен колеџ, прашања поврзани за мајчинството и односот дете-родител... од се` по нешто, малку и каша попара, меѓутоа пристојно филмче за тепање време. Немаше којзнае каква режија или музика, кастингот беше најпогоден. 5/10 The Bridges of Madison County (1995) Малку постаро филмче, во режија на Клинт Иствуд, кој воедно глуми во филмот покрај Мерил Стрип, која е брилијантна актерка. Предобро ја одигра улогата на домаќинка со италијанско потекло, омажена жена со 2 деца која живее во јужниот дел на САД, некаде во Ајова. Откако нејзиниот сопруг и двете деца ќе заминат 4 дена на пат, Стрип неочекувано ќе се запознае со Иствуд, кој е професионален фотограф... меѓу нив ќе се развие романса и љубов... На почетокот не можев точно да сфатам како се разви романсата и како профункционира целиот тој однос, со каква цел и поента, но веќе кон крајот се гледа точната порака и идеја која сакал да ја пренесе креаторот на филмот. И имаше навистина нежни и тажни сцени кои може да ви измамат некоја солза. Предобра глума, интересна приказна. Малку бавно се развива, сепак, со поента. 6/10 Straw Dogs (2011) Иако Кејт Босфорд и Џејмс Марсден ми се едни од поомилените актери на денешницава, филмот разочарува во секој поглед. Има слаба приказна и лоша реализација со многу недостатоци и фалинки. Откако брачниот пар ќе пристигне во мало градче каде што Босфорд порано живеела, ќе станат предмет на малтретирање од страна на група младичи. Тие ќе се решат да возвратат со насилство. Безвезен филм и не би го гледала повторно.
Snow white and the huntsman Залудно потрошени 2 саата.Само природата ги извади малку,и замислата.Сакам вакви филмови,несекојдневни.Шерлиз како и секогаш одлична.5/10
MAN OF STEEL Како најголем вљубеник на овој суперхерој единственото нешто што ми се допага од овој филм е Хенри Кавил. Тотално сум разочана од филмов. Првото нешто што не ми се допадна е тоа што му е сменет костумот.Култен лик како Супермен кој е претпознатлив по својот костум и С-то на него не можеш да го менуваш.Друга работа што не ми се допадна е тоа што целосно е сменета приказната за него. Супермен без мутавиот симпатичен лик на Кларк Кент не е Супермен. Разбирам дека поентата на овој филм е да се прикаже Криптон и како всушност настанал он но некако утната им е темата. Филмов поише ми е асоцијација некоја научна фантастика од типот на Стар Ворс отколку на суперхеројски филм. Едноставно не е тоа-тоа филмов. Хенри добар си беше му лежи улогава иако недепилираната града под костумот не ми се свигаше. За мене секогаш само Кристофер Рив ке биде оној правиот Супермен,сите други ми се бледа копија на него.
An Education (2009) Приказна за една тинејџерка и за нејзиниот живот откако ќе започне врска со постар човек. Задржува внимание. Интересен и поучен. 7/10
Entropy (1999) http://www.imdb.com/title/tt0156515/ Навистина чукнат и чуден филм. Не само што е нереален туку и ми изнервира малку крајот и дејстието, не знам како и воопшто седнав да го гледам. Но имаше една реченица која ми се допадна на крајот што ја кажа главниот лик, There are three truths in life: you are born, you will die, and things change. OK, maybe one more: everyone has their stella, and when they do, no one else can even compare. Не секогаш животот испаѓа како што сакаме, ја сваќам поентата на филмот, ама не мораше да се појави мачката која зборува и пуши цигари. Не знам колку реално оцена заслужува, но дефинитивно не е нешто поебно и не го препорачувам баш. North (1994) http://www.imdb.com/title/tt0110687/ Уште едно малку необично филмче, но интересно. Тематика за семејството, за родителството како се гледа низ призмата на едно дете. Ми се допадна филмчево иаку е претерано детско, Елајџа Вуд бил едно од најслатките деца, и воедно екстра талентирано уште од мало. Иаку е малку сајнсфикшн па дури и на сон невозможно интересено беше да се погледне. 6/10
The call Буквално не трепнав во тек на целиот филм, кој не го гледал веднаш да си го симне 10/10 J.Edgard Малку потежок политички филм за животот и работата на првиот директор на ФБИ, но вредеше да се гледа, посебно лично јас многу сакам да го гледам Леонардо и сите негови тешки улоги. 9/10
The Boy in the Striped Pajamas Во време на WWII, семејството се сели во друга куќа, каде таткото - СС официр, започнува да работи... во „локалниот“ Камп за Евреи, т.е логор кој се наоѓа близу нивната нова куќа. Семејството (жената и особено детето) не знаат многу за логорот.. на детето дури, новата работа на таткото му ја опишуваат како фарма, ама, пуста детска љубопитност ќе го натера да се прошета до таму и... така ќе започне едно забрането другарство, кое ќе заврши на еден многу поучен начин. Инаку, филмот го гледав по препорака на една девојка, која на фб имаше коментирано за една од емисиите „Пулс“, конкретно каде Џабир Дерала и Кочо Андоновски... зборуваат за педерите и останатите од групата, за правата, еднаквоста итн. Благодарност до момата.
Running Scared Ми требаше едно вакво филмче. Малку напнато, акција, мистерија и трилерче. Доста интересна приказна и добар заплет. За што станува збор ве оставам да погледнете. Плус Пoл Вoкер глуми(лепотанче). 7/10
Fast & Furious 6 Приказната е веќе позната. Дом и останатите од групата после отварањето на сефот и нивното нагло збогатување се распространети во различни држави поради тоа што се барани од полицијата. Агентот Лук Хобс успева да дојде до нив, но не за да ги смести во затвор, туку за да му помогнат да го фати еден од најголемите криминалци во светот. Не знам за вас, ама мене секој нареден дел ми е се подобар и подобар. Е сега имаше и некои пропусти и апла нереалистички сцени што можат да се случат само на филм, ама мене воглавно ми се допадна. Ептен го покачува адреналинот, така да не ви препорачувам после гледање на филмов да си одите дома со кола. 8/10
Да се разладам малку на горештиниве Се шалам,филмот не ми изгледаше нешто којзнае што,интересна приказна,пред се кратка и најбитно глумците се прекрасни.
The Imposter - Натрапник (2012) Одличен документарен филм за млад французин кој превзема туѓи идентитети. Оцена : 8/10 Recommended :up:
It's Kind of a Funny Story Ептен убо филмче. Реално. Ептен ме бендиса. Како што кажав доста реална приказна која беше прекрасно доловена од актерите. Ми се допадна филмов. 8/10
Sinister Sinister е еден од нај страшните филмови кои ги имам гледано! Цело време останав со отворена уста, многу е страшен а и добра приказна. Топло го препорачувам на сите љубители на хоророт. Внимание: Можеби неколку вечери нема да може да заспиете. 10/10
3одијак8/10 потера по еден од најбараните сериски убијци во Aмерика добар филм, само многу долг ми се виде.
The human centipede Читав многу лоши критики за филмот но, јас решив да го гледам. На мене ми беше интересен, малку морбиден, но, интересен. 8/10 Крајот малку не ми се допадна, исто така не ми се допадна тоа што повеќе се зборуваше на германски, а јас го гледав без превод.
The Basketball Diaries Каква глума. Да си свесен за ова што го глумиш, да знаеш дека таму надвор ова стварно му се случило на некој и да успееш тоа да го презентираш на филмското платно со таква професионалност, не заслужува само аплауз. Ова во најмала рака заслужува Оскар, кој Лео колку што знам не го доби ни со овој, ниту со ниеден друг филм, поправете ме ако сум грешка. Филм за дрогата. За талентот. За талентот со баскетот. И како таа дрога го голта тој талент како наркоманот апчињата. Оваа има среќен крај. Но не и секоја друга приказна. 10/10.
Преубав филм. Вреди да се погледне за оние кои сакаат фантазија и нереалност. Вреди да го гледате. Ви го препорачувам.