Што те разочара во крајот? Мислам, таква е книгата, не можат да ја сменат Незнам не сум ја читала книгата,а да ја бев можеби ќе се подразмислев дали да го гледам. Awaken 2012 Прекрасно романтично филмче.Здодевниот живот на Алех комплетно ќе се промени кога ќе ја сретне жената од своите соништа.Ме разнежи филмов, ви го препорачувам.
Spring breakers! Очекував повеќе од филмов. Глумата на девојкиве одлична ама содржината хаотична и не ми остави посебен впечаток. 5/10
Friends whit benefits ваооо најк филм вреди да се погледне Комедија со Мила Кунис и Џастин Тимберлејк во главните улоги
The Tourist (2010) Иако на IMDb нема баш солидна оцена...вреди да се изгледа! Со оглед на актерите кои ги играат главните улоги - супер филм. Од мене 10/10
Spring Breakers (2012) Action | Drama Stars: Selena Gomez, Vanessa Hudgens, Ashley Benson Не ми се верува дека го изгледав цел.Подосадно нешто одамна немам гледано.Според рекламите и трајлерот мислев дека ќе биде многу подобар.И зборовите Spring Breakers ми влегоа во глава, сто пати ги кажаа 2/10
The Call Го избрав заради препораките на повеќе феминки во темава, иако Хали Бери не ми е некоја омилена актерка Интересен трилер, доста напнат и неизвесен, иако на моменти некои сцени ми беа предвидливи. Крајот малку не ми се допадна, ама може таков го направиле за да си остават простор за снимање втор дел. Во секој случај, го препорачувам. Кратка рецензија веќе има во темава. Филмов малку ми пренесе негативна енергија, па се фатив за некоја лесна комедија одма после тоа. Го избрав It's complicated. Интересно филмче, добар избор на актери, убави сцени и пријатна музика Мерил Стрип има преубава куќа, ја ставам за второ омилена на листата Favorite movie houses Овојпат Стрип ја игра разведената Џејн, која има три деца и води свое ресторанче. По повод дипломирањето на нејзиниот син, целото семејство се собира на прослава. Иако се разведени скоро 10 години, помеѓу Стрип и нејзиниот поранешен сопруг се појавуваат искри, па наскоро тие започнуваат афера
Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl Го немав гледано одамна и сакав да се потсетам ан филмов. Мене целиот серијал ми се допаѓа освен последниот дел. Ја знаете приказната нема потреба да ви ја кажувам. Од мене има 10/10
Tyler Perry's Temptation Само што го изгледав филмот и уште сум под импресии. Филмот започнува како еден млад брачен пар оди кај советник,како последна инстанца пред развод. И тука почнува целата приказна... Џудит е терапевт работи во matchmaking агенција. Таа е во брак со Брис, со кој е заедно, уште од својата 6година. Но дали ке останат заедно до самиот крај.. или ке се вмеша трета особа?! Филмов на почеток изгледа како клише приказна, каде што едниот сигурно ке изневери.. Но не е така. Има многу неочекувани настани во филмот. И се се сведува на тоа кој што си посееал тоа ке си жнее на крајот Незнам зашто толку ниска оценка има филмот на IMBD. Филмов го препорачувам оцена од мене 8.5/10. :up: Edit: Ким Кардашијан ја има во филмов, 2 сцени има ништо посебно не одглуми. Споредна улога.
Pieds nus sur les limaces-Lily Sometimes 2010 што би рекол дечко ми еден од твојте ... Француски филм со феноменална камера и преубава природа .. пиказната е до некаде психолошка ... после смрта на мајката постарата сестра треба да се грижи за ЛИЛИ која е многу посебна ...живее во свој филм ... 7-10 е мојата оценка на моменти многу ми се пофторуваше ситуацијата...
Bride Wars Се работи за две најдобри другарки кои сонуваат еден ден да направат свадба во Плаза, во Јуни.Двете се запросени во исто време но доаѓа до грешка и останува само еден датум слободен за венчавање:6ти Јуни.Со тоа се принудени една од нив да го промени датумот,а со тоа и сонот за кој сонувале уште од мали. Двете сакаат да се венчаат на 6ти Јуни но несакаат да имаат заедничка свадба, па ќе се скараат и ќе направат некои работи за да си наштетат меѓусебно... за понатаму гледајте го БТВ. Интересно филмче 8/10
Се мислев некое време да го гледам дека мајка ми ми кажа дека бил добар и викам ај да видам што е да го симнам, а плус и кога видов дека глуми Gerard Butler одма си го изгледав, значи филмчево стварно ми се допадна има 10/10 од мене иако многу многу акции не гледам Инаку е со корејски терористи кои решаваат да влезат во белата куќа итн, итн.....
What to Expect When You're Expecting Филмчево е за релаксација, го начекав во фолдерот со симнати филмови, па решив да го изгледам. Иако по малку предвидливи случувања, мене ми беше многу интересен. Се работи за неколку пара кои чекаат бебиња и неколку кои веќе ги имаат. Актерската екипа беше супер, со многу познати. На IMDB слаба оцена- 5,5/10, според мене 7,5/10.