10 things i hate about you Интересно филмче за опуштање. Parent trap Trust Интересен филм со интересна и реална приказна. Многу поучен, особено за тинејџери. The hangover Многу се двоумев дали да го гледам но на крај го пуштив.. морам да кажам дека беше повеќе смешен одколку што очекував. Се превртував од смеење, сеуште се смеам на некои сцени. P.S I love you Добар филм, малку тажен но добар беше.
The Hobbit: An Unexpected Journey (2012) Искрено не беше моја идеа да го гледам дека не сакам ваков тип на филмови, но го гледав со друштво и тие го одбраа а јас бев единствена која несакаше да го гледа. 7.5/10
"The Ugly Truth " Многу е интересен...Филмов го препорачувам тие што го немате гледано, оцена од мене 8/10 Романтична комедија Spoiler Abby е телевизиски продуцент и има свое утринско шоу. Таа цврсто верува во љубовта. По катастрофалниот ден, оди дома и го вклучува телевизиското шоу The Ugly Truth од Mike Chadway (Gerard Butler) кој цинично кажува за љубовните врски што ја поттикнува Аби да се јави во шоуто и да се расправа со него. Следниот ден таа открива дека телевизијата се заканува да го откаже нејзиното шоу поради многу сиромашен рејтинг. Сопственикот на телевизијата го најмнува Мајк да учествува во нејзиното шоу. Во почетокот имаат многу лош однос Аби мисли дека Мајк е глупав и одвратен, додека Мајк ја смета неа за наивна. Сепак кога таа го запознава човекот од нејзините соништа,доктор Колин кој живее веднаш до неа, Мајк ја уверува дека со неговите совети таа ќе ги подобри нејзините шансите со Колин. Аби е скептична но прават договор: Ако Мајк со неговите теории за врските и неговите начини на додворувања вродат со резултати и Аби да го освои Колин таа ќе работи среќно со него, но ако Мајк не успеа тој се согласува да го напушти шоуто. Успешно и наредува на Аби да биде токму она што Колин би сакал преку голем број на совети вкучувајќи ги "секогаш смејсе на неговите шеги" и "секогаш вели му дека е одличен во кревет". Потоа Аби е принудена да го откаже романтичниот викенд далеку со Колин каде планираат за прв пат да спијат заедно, бидејќи мора да оди на состанок со Мајк и уште други...Пијат таанцуваат и во лифтот од хотелот со Мајк страствено се бакнуваат па одат во нивните оделени соби. Мајк размислува за неговите чувства кон Аби и оди кон нејзината соба но потоа се враќа. Во тоа време Колин се решава да ја изненади Аби и да ја посети во нејзината соба, Аби е вознемирена и сваќа дека тој ја сака жената која таа се преправа, а не вистинската таа, Аби раскинува со него. Потоа Мајк поднесува отставка и работи во друга телевизија и завршува кога тој емитува во истиот Балон Фестивал како Аби. Тој не може да се воздржи кога таа го имитира него како во неговото шоу и кажува колку кукавички се однесуваат машките. Балонот полетува додека тие се расправаат и Аби му кажува дека раскина со Колин, а Мајк и кажува дека ја сака. Аби го бакнува и се тоа се емитува на телевизија поради монтираната камера во балонот. И филмов на крај е со Аби и Мајк во кревет и тој ја прашува дали ова беше добар секс? Таа само му одговара - Е тоа нема никогаш да дознаеш
Предобар филм.9/10 И тоа не 10 ,само поради конфузниот почеток..Треба време дур да разбереш што е како е,но се на се предобар филм!еден вид на потсетување колку уствари ни е добар животот,тажно филмче..
Admission (2013) Comedy | Drama | Romance Stars: Tina Fey, Gloria Reuben, Paul Rudd Portia Nathan е административец во Принстон, а нејзината задача е да ги прегледува пријавите за примање на нови студенти. Токму кога е пред добивање на унапредување, добива повик од тотален странец кој мисли дека го нашол нејзиниот син кој таа го дала на посвојување.Таа ќе направи се за нејзиниот "син" да влезе во Принстон. 7/10
Последен филм беше Inception, многу добар филм ќе кажам,акција&научна фантастика со Леонардо Ди Каприо, влегуваат во соништата на луѓето, во нивната потсвест да ја добијат саканата информација...
The Shawshank Redemption Филмов го гледав одамна ,уште кога студирав .И тогаш и сега ме остава без текст.Филм за системот кој е во состојба да скрши еден човечки живот,ни не и да го уништи. 10/10
Struck by Lightning 2012 Филмов ме остави без зборови. Предобра приказна, а реализацијата уште подобра. Доста поучен филм кој откако ќе го догледате ве остава замислени и ве остава да размислувате за се, за животот за вашите планови. Ми се допадна и глума и приказна и реализација и се. Изгледајте го филмов, мислам дека никого нема да остави рамнодушен. Од мене има чиста 10ка.
Минатата ноќ барав некој добро рангиран филм на IMDB, бидејќи обично нема лоши филмови со јак рејтинг. Овој имаше 8.5, па се решив да го гледам. Јас би му дала 7, поради тоа што обработува добри теми од секојдневието и е прикажана добра драма. Би го препорачала да го погледнете со добро размислување околу секоја сцена. Ликовите беа добро доловени и актерите беа одлични.
Догледање Г-дине Чипс Срцка црно-бело филмче од ‘39та чинам. Раскажан е животот на горенаведениот професор од неговото прво вработување до неговата смрт и впечатоците кои ги оставал на своите ученици и соработници низ годините. Чипинг е прекрасен светол лик. Додека го гледав филмот се смешкав цело време зашто човеков не е возможно да не го сакате. Па со тоа мустачињата, права срцка е. Филмов носи преубава порака дека на крај, она што е важно е што другите луѓе ќе речат за вас и дали ќе се сеќаваат на вас по вашата смрт. А, верувајте, сите добро ќе го паметат Чипс, исто онака како што тој ги паметеше сите генерации ученици, без исклучок. Spoiler Интересно е како предавал на ученици од три различни генерации на едно семејство; ги памети дури и генералните карактеристики за секое од семејствата. Spoiler На старост потсетува на Ајнштајн, физички
http://www.youtube.com/watch?v=aaQbVOOId5c Ова е последниот филм што го гледав, изобилува со напнатост, се работи за 3 момци и 3 девојки кои се избрани да "учествуваат" во реалното шоу: Are You Scared?.Тие мислат дека се дел од шоуто но всушност сваќаат дека ќе бидат убиени ... го препорачувам но на оние кои што сакаат хорор филмови. 10/10
The Best Offer Тој е искусен аукционер.Знае да го процени секое уметничко дело.Но дали ќе знае да ја процени лажната љубов,привлечност,пријателство...Одличен филм навистина. 10/10
fast and furious 6 Најновото продолжение и според мене едно од подобрите ако не и најдоброто Целата група повторно се собира против новиот непријател Шо отткако Дом дознава дека Лети е жива .. 10/10!
Преубав филм. Незнам зошто му дале оцена 6,3/10 кога е многу повеќе од тоа,се разибира, ако сакате анимирани филмчиња. Дечко ми полуде по филмчево. Омилено анимирано филмче му е сега. И двајцата сме по цртаните,анимираните,невозможните филмчиња. Оцена според мене 9/10
Trance-10/10 http://www.imdb.com/title/tt1924429/ Криминална драма,мистерија Одличен,го препорачувам! Spoiler An art auctioneer who has become mixed up with a group of criminals partners with a hypnotherapist in order to recover a lost painting.
Under the Tuscan Sun (2003) http://www.imdb.com/title/tt0328589/ За таква љубителка на Италија како мене, се подразбира дека ми е гледан стопати и не може да ми се здосади. А и романтична комедија баш по мој вкус. Милина од филмче, супер за релаксирање.