Вчера го гледав The Beach со Леонардо Ди Каприо, со прекрасните плажи на Тајланд , станува збор за едно островче кое се држи во тајност и за кое знаат мал број на луѓе. Ричард дознава за него од еден луд човек, кој пред да се самоубие му ја остава мапата како да стигне до него..иако постаро, сепак интересно филмче, онака за опуштање..
хХх пред малку беше на сител... незнам како до сега не сум го гледала овај филм со Вин Дизел... Spoiler бтв го обожавам Вин Дизел прекрасен филм за тоа како еден обичен човек станува таен агент...
X-Men Си ги сакам овие филмчиња со суперхерои и научни фантастики. Конечно му дојде време и на овај да го изгледам. Мислам дека е еден од ретките филмови од овој тип кои што траат околу час и половина. Ми се допадна филмов, Сторм(Хали Бери) секако ми е омилена. На љубителите на вакви филмови им го препорачувам ќе ви се допадне. 7/10
Wanted (200 Па доста интересно филмче. Во последно време баш ми се интересни ваквите филмови. Акција + Криминал = Не може да биде подобро. 9/10
Silver Linings Playbook Многу добар филм. Ептен ми се допадна. На крајот уште фалеше да кажат Филмов е навистина одличен. Кој го нема гледано нека го гледа обавезно! 10/10
Pain & Gain (во Cineplex преведен како „Со пот до пари“) Иако на IMDb има оценка 6.8 од мене добива една јака 9/10. Базиран на вистински случувања кои се одвивале во периодот 1994-95 год. Spoiler Даниел Луго е фитнес тренер на кој му здосадува да гледа како доселениците од различни држави од светот се оние кои го живеат „американскиот сон“ додека тој живее просечно. Заедно со неговиот колега и пријател Адријан и бившиот затвореник Пол прават договор да го киднапираат богатиот колумбиец и клиент на Даниел - Виктор Крешо и да го натераат да ги потпише документите со кои сиот свој имот им го префрла на нив. Но, парите доаѓаат и си одат, па мора повторно да се вратат на старата работа. На крај на филмот ги дадоа и сликите на вистинските луѓе врз чија приказна бил направен филмов. Двајца биле осудени на смрт, а третиот заради тоа што признал и се покајал добил 15 години затвор. Во секој случај, интересно е да се види Dwayne Johnson онака голем и мускулест, како глуми исплашен и несигурен.
Lean on Me со Морган Фримен и Беверли Тод (1989) Новиот директор Џо Кларк (Фримен) во џунглата наречена Истсајд Хај Скул ќе се обиде, а богами и ќе му успее, да воспостави неверојатен ред. Училиштево не видело ни построг, но ни директор кој толку се грижел за учениците. Малце е префантазерски (не се знаеше ни кој јаде ни кој пие во училиштево, тотален хаос, за по доаѓањето на директоров се‘ така неверојатно се смена, владееше неверојатна дисциплина, учениците го подобрија успехот, а и самата училишна зграда заличи на нешто), ама фино е чувството кога ќе ги видиш учениците така обединети, заедно, давајќи му ја својата целосна доверба и поддршка на директоров. Си велиш, мене вака да ми веруваат еден ден Фино филмче. Го препорачувам.
Dead Man Down Виктор е помошник на мафијаш на кого му ги убиваат пријателите и му праќаат шифрирани писма.Во целата таа збрка околу пронаоѓањето на убиецот се случува и запознавањето со Беатрис која го уценува Виктор со своето чудно барање ... 7/10
Се што е верзија или копија некако нема драж. Не дека приказната не е задржана ама ... Ту мач дистракшн во филмов. Прејаки ефекти и некако се се сведува на тоа ... А главниот лик е ммм Од мене 7/10
Olympus Has Fallen - 120 min - Action | Thriller; 7/10 Dead Man Down - 118 min - Action | Crime | Drama; 6/10 Flight - 138 min - Drama; 10/10
Последен филм што го гледав е Olympus has fallen. Уште еден филм што САД си го направиле да си се пофалат колку се добри и пријателски настроени и каде што ја има добро познатата реченица "God bless USA". Меѓутоа чудно ама лично мене ми го задржа вниманието до последната минута. Јас обично одбегнувам да ги гледам ваквите нивни филмови, ама овој е добар и со одлични ефекти. Од мене има 8/10.
Struck by lightning Не очекував волку добар филм. Ми се допадна се освен крајот. Препорачувам да го погледнете. Spoiler А на крајот дали момчето само си го одзеде животот и зошто? 9/10
Clueless- Филмов е со Alicia Silverstone, девојкава е во спотовите на Aerosmith. Токму поради неа го пуштив. Интересен е, средно школо, тинејџери, забави и сл.
X2 Еве го изгледав и вториот дел. Интересна прикзана, интересен заплет и мене ми беше малку подобар од првиот дел. 7/10
Spring breakers Поглуп филм здравје.Толку беше досаден и хаотичен што не го изгледав цел.За џабе потрошени минути
The Principal Се напнав со вакви филмови Еден непара примерен професор е назначен за директор на уште понепримерно средно училиште. Училиште каде царува дилање дрога и нејзина употреба, секс, силувања, уништување на инвентарот, бегање од часови, недисциплина, хаос. Професоров ќе се нафати да го среди школово како знае и умее. Нешто слично на претходнот филм што го гледав, само во овој имаше смрт и многу насилни сцени.