Frequency (2000) | да кажам старо Но многу ДОБРО филмче .. квалитет и супер приказна ... ако не ви е гледан бујрум препорака ... не е господ знае колку СФ.. но вреди секоја минута од гледањето 10/10
Struck By Lightning Прекрасен филм за животот,за одлуките кои ги правиме и како ќе влијаат врз нас.На моменти ќе те замисли и филмот носи прекрасна порака.Вреди да се погледне . 10/10
Side Effects Филмот е одличен, не ни очекував помалку ама уште попријатно ме изненади. Превртлив трилер за жена која пати од депресија поради тоа што мажот и отишол во затвор, кога тој ќе се врати дома сеуште не може да се оправи, оди на психијатар поради обид за самоубиство и тој и препишува сеуште недозволени лекови. Но работа е што ништо не е како што изгледа, со текот на филмот се откриваат многу работи и те држи во неизвесност до самиот крај. Особено ми се допадна ликот на Џуд Ло, а туке е Чејнинг Татум на кратко за плакнење очи . The Hangover 3 Како што иде со овие филмови со повеќе продолженија секој нареден е послаб, ама сепак има многу смешни моменти, иако не е баш тематиката иста како првиот и вториот (мислам на мамурлакот). Не е толку смешен како првиот и донекаде вториот, ама дефинитивно вреди да се гледа. Легендарни се овие ликови.
Bachelorette Онака просечен, интересен филм, имаше и смешни моменти, ама не многу За да ти помини времето аренн. 8/10
Nights in Rodanthe Филм според истоимената книга од Николас Спаркс. Приказна типична за него...романтика со тажен крај :/ Како и да ми се допадна,баш ми требаше така нешто да си се исплачам 10/10 oд мене
Ако досега немав омилен филм,сега дефинитивно го имам. Се работи за стар филм,ако имате добри слободни 2 часа на располагање,обавезно да го гледате. Се работи за Данте што е неправедно осуден во затвор и изигран од неговиот најверен другар,условите во затворот се катастрофални. По неколку години случајно во неговата келија,од камениот под се појавува еден старец. Кој 5 години копал тунел,мислеќи дека води кон излезот,но потоа сфаќа дека копал во погрешен правец. Старецот го учи Данте на најразлични вештини. По извесно време Данте со голема итрина успева да избега од затворот,и тука следува одмаздата... оценка 10/10
Вчера баш го гледав Law Abiding Citizen. Spoiler Се работи за човек на кој му ги убиваат сопругата и ќеркичката и ги силуваат пред него. Не е задоволен со решението кое е донесено за убијците,па тој ги презема работите во свои раце бидејќи адвокатот направи договор со убиецот. И тоа е целта на целиот филм типот да му докаже дека не треба да се прави договор со убијци. Во рок од 10 години тој прави тунели кои водат во сите келии од затворот и се труди да заврши во затвор. Кога ќе го внесат в затвор му поставува услови кои од полицијата треба да ги исполни за да им каже каде се одредени луѓе кои ги заробува за да не ги убие. Убива и нивни луѓе во меѓувреме со поставување бомби на нивните автомобили. На главниот инспектор ќе му испрати снимка дома од убиството на главниот убиец каде што му ги отсекува екстремитетите со моторна пила,со цел неговата ќерка да го види тоа како што неговата ќерка го виде убиството на мајка и. На крај ќе постави бомба во салата каде што градоначалничката ги одржува собирите,но инспекторот ќе ја открие и ќе му ја постави под креветот во самицата каде што е. Така завршува.
Аничка и мене ми е Монтекристо омилен филм, најмалку 15 пати го имам гледано Преубава приказна Јас им се напнав на филмовите според приказни деновиве Астерикс и Обеликс на мисија во Британија Мноогу добар. Се умрев од смеа. Малку чудно ми беше што е сменет глумецот за Астерикс. Навистина уживав гледајки го Обеликс (Жерард Департје) заљубен и како се труди да се однесува спреа англиската култура. Во споредба со другите делови тука нема многу акција и тепање повеќе споредба на различните луѓе британци, французи, римјани, норвежани и еден индиец. Ивица и марица- Лов на вештерки Очекував од филмот да е нешто ко за деца направен ама ова мене на моменти ме згадување и ме плашеше а не памало дете. Во секој случај ми се допадна филмот, убава приказна, убави актери , препорачувам да г гледате Волшебникот од Оз Досадно... Крајно досадно- немам што друго да кажам
I Give It a Year (2013) Comedy | Romance Stars: Rose Byrne, Rafe Spall, Alex Macqueen Комедија која ги открива сите радости и неволји во првите месеци од новиот брак на Нет и Џош.Но не е се така идеално како што изгледа на почетокот.Иако сите се против нивното венчавање, тие решаваат за се земат и да се сносат со последиците на бракот. Прашањето е дали ќе успеат да издржат една година од брак??? Супер комедија со екстра комични ситуции.Уште поинтересна ја прават актерите, меѓу кој и Simon Baker(од The Mentalist) препорачувам10/10
Звукот на музиката Старо филмче кое ни го препорача професорката по Методика откако ни пееше една песна од филмов на предавање. Трае скоро три часа, но не ги ни осетив кога поминаа. Значи дефинитивно не е досаден и го задржува вниманието. Арно ама, некако филмов ко да не е сконцентриран на едно нешто. Истовремено е и мјузикл, и семејна драма, и романтичен, и донекаде.. насилен да речам, и со хумористични елементи, и со сплетки... премногу. Затоа и трае три часа. Кај можеш толку жанрови да ги згнетиш во час и половина до два? Главниот лик е Марија, монахиња во обид (неуспешен ) која е испратена да им биде гувернанта на седумте деца на бивши поморски командант (или така нешто, слабо стојам со чиновиве ) чија жена е почината. На почеток децава ќе прават глупости со цел да ја изнервираат/исплашат и да си оди (како што правеле и со еден куп други пред неа), ама Марија е доволно пргава и итра да не подлегне на тие работи. Музиката во филмов е тоа што ме воодушеви. Една од песните (со нотите таа) има своја верзија и на македонски, може се сеќавате: ДО ти вели добар ден РЕ во ред го чека пак МИ е знак да биде мир ФА е фактор ко и ти СОЛ од море вади сол ЛА плови по свет со брод СИ ти дава тивок знак дека по него е ДО
Не ме бендиса,го гледав до пола и стварно неможев да издржам повеќе. 2/10 Исто ги изгледав сите делови од Борн,од кои 1(The bourne identity) и 4тиот(The bourne legacy) се стварно одлични,вистинска акција во која нема само бркање и тепање, него има убава тематика и дејство.Интересно би било да ги спојат Мет и Џереми во нареден дел(ако има )им давам 9/10 на нив.
The Hours Кога во еден филм ги имате легендарната Мерил Стрип, Никол Кидман и Џулиен Мур знаете дека филмот ќе биде врв. Предобар филм, ептен ми се допадна. Неизвесен до самиот крај. Мерил како и секогаш предобра, Никол не ја препознав, ич не си личи на себе во филмов и заслужен оскар, а за Џулиен немам зборови и според мене дефинитивно требало да го освои оскрот. Музиката феноменална исто како и приказната, но сепак инзворедната глума најпрво од гореспоменатите дами, но и од целата екипа го прави филмот она што е. Ви го препорачувај девојки, изгледајте го ќе ви се допадне. 10/10
The Best Offer (по предлог на Луничка ) Филмот ги следи најголеми аукции на вредни уметнички дела, водени од страна на искусниот проценувач Олдман. Неговиот мирен и изолиран живот ќе го промени Клер - млада девојка која страда од агорафобија, а има богата колекција на вредни антиквитети и уметнички дела кои нејзините родители и ги оставиле во наследство. Интересна драма, можеби малку развлечена, ама многу ми се допадна - особено затоа што не е холивудско производство Го препорачувам!
Очекував да биде како и сите други пошто нели обично филмовите со повеќе делови секогаш се по неинтересни посебно последните што се излезени (незнам дали ме свативте). Но филмов беше најдобар од сите делови. Совршена акција,глумците се предобри,настанува голем пресврт но секако тимот го решава секој проблем. Има еден од нив кој ќе умре на крај но не ви откривам кој. Инаку најмногу што ме изненади беше најавата за 7мицата. Не ми се веруваше на глумецот ! 9/10
Finding Forrester со Шон Конери и Роб Браун Средношколецот Џамал (Браун) ќе изненади со резултатите од државниот тест и ќе добие стипендија од приватно училиште. Тој е ученик кој изненадува со својот талент во областа на литературата, а за да го развива својот талент секојдневно го посетува сомнителниот чичко (Конери) кој никогаш не излегува од дома и кој секогаш ги ѕиркаше од својот прозорец додека играа кошарка. Нешто слаба сум со објаснување денес, не ми се допаѓа резензијава што ја напишав, поарно на ИМДБ да си прочитавте Филмов е предобар, навистина. Вреди да се гледа. Во него глуми и Ана Пак(у)ин (појма неам како и‘ се чита презимево), Суки од Вистинска крв. Carry on Teacher (1959) (комедија) Црно-бело филмче со еден куп хумор. Директорот на едно средно училиште има прилика да замине во подобро, ама пред тоа ќе мора двајца како комисија да дојдат и да се уверат дека директоров навистина добро си ја работел работата и училиштето е во најдобар ред. Арно ама, учениците ќе разберат за ова, и со цел тој никогаш да не си замине од нивното училиште (бидејќи многу го сакаат) ќе направат хаос од училиштево. Ќе им прават сплетки на сите професори само за да ги исплашат и запрепастат овие од комисијата. Лудница е филмов, толку голем хаос се создава, што ми се чини дека оние што го правеле филмот Проект Икс (не знам кој од вас го гледал, оној со средношколската забава што ќе излета од контрола) земале инспирација од овде. На неколку сцени поштено си се смеев на глас. Не можев да ја најдам конкретната сцена од филмот, ама оваа песна е саундтрак. https://www.youtube.com/watch?v=aw0ymwqz3Co
The Covenant Доста предвидливо филмче. Можеле малку повозбудливо и понеизвесно да го направат, а не уште во првите 15 минути можеш да откриеш кој е негативецот и веќе да предвидиш како ќе заврши филмот. За тепање време добро е, ништо повеќе. 4/10
Rabbit hole-драма http://www.imdb.com/title/tt0935075/ Во филмот е прикажан животот на брачен пар после смртта на нивното дете.Тажен филм,но вреди да се гледа.Го препорачувам!
Anna Karenina. Прекрасен филм. Па вака... Анна е млада сопруга на човек со високи функции во Русија. Тие имаат еден син. Но, нивниот живот е премногу ладен. Нејзиниот сопруг е чесен и посветен целосно на неговата кариера. Но, Анна поголема возбуда во својот живот. Се вљубува во богат офицер и имаат незаборавни моменти. Но, Анна останува бремена и наскоро сите дознаваат за бременоста и за нејзнината афера. Сите ги одбегнуваат и понижуваат љубовниците. Нејзиниот сопруг сака да се разведе. Анна се породува и е тешко болна... И да не ви го кажувам крајот. Топло ви ја препорачувам оваа драма.
Nancy Drew. Го гледав сабајле на мтв, тинејџерско филмче со главна улога на Emma Roberts како Nancy Drew девојче кое не е како другите тинејџери, заминува со својот татко во Лос Анџелес и истражува за убиството на позната филмска ѕвезда. Со смешни и интересни сцени баш за расонување по сабајлечки Многу му се допадна нејзиниот став, начин на однесување и нејзините комбинации на облека