Step up Revolution Ауу Шон Филм кој знае стварно да те опушти и да те размрда Изобилува со уметност тоа е она што ме воодушеви....вреди секој да го погледне сигурна сум дека нема да зажали поради тој саат ипол. Едно големо браво за филмов
The girl with a pearl earring - со Скарлет Јохансон. Ама не ми остави некој голем впечаток. Можеби затоа што очекував повеќе.. Премногу е бавно дејството во филмот за мој вкус. Освен убавината на Скарлет, ништо друго не ме воодушеви. Така, просечна оцена.
War Horse Попладнево го гледав со децава.Убав филм кој на моменти ми делуваше недокажано.Станува збор за пријателство меѓу коњ и млад човек.Иако многу би сакала да имам таков коњ за пријател. 7/10
Project X И покрај лошите критики од страна на многу девојки тука, се решив самата да се уверам. И имаше шо да се уверувам. Филмов е типично срање. Поглуп филм немам гледано. Ич не ми се допадна ни забавата ни ништо. Незнам како има толкава оценка на имдб. Не препорачувам. 0/10
The Heat (2013) Сандра Булок се` уште изгледа неодоливо и привлечно со свои 48 години. Тело - гром. Специјална ФБИ агентка која ќе биде задолжена за решавање на случај со нарко картел во Њујорк, додека друштво ќе и` прави Мелиса Мекарти, припадник на полицијата во Бостон. Сосема спротивни карактери, урнебесно смешно, едно време буквално не можев да престанам да се смеам за време на филмот. Добри реплики, супер хумор, интересно сценарио, топло ја препорачувам оваа комедија, која е една од најдобрите комедии кои сум ги погледнала во последно време. Апсолутно се гледа дека го правел истиот креатор на Bridesmaids (кој исто ми се допадна многу). 8/10 Serenity (2005) Филмот е продолжение на серијата Firefly, која доживеа само една сезона со 14 епизоди. За сите љубители на серијата и сај-фај жанрот ќе им се допадне премногу. Филмското продолжение одлично ја долови серијата и доаѓа како многу природен крај. Глумата е солидна, а сценариото исто така добро. Добар филм, јас бев задоволна. 8/10 Despicable Me 2 (2013) Агнес, преслаткото суштество повторно се враќа со Гру и сестричките. Има многу смешни и неодоливи сцени, едноставно ќе го изгледате целиот цртан со насмевка од уво до уво. Продолжението воопшто не ме разочара, напротив. Би сакала и трет дел. 9/10
Step Up Revolution Преубав филм,колку убаво само танцуваа.Се уште сум под импресии,не знам кој танц од кој е подобар.Препорачувам . 9/10 The other guys Добро филмче,има смешни моменти,глумците се супер погодени.Само да не трае толку долго. 7/10
Olympus Has Fallen (2013) -7/10 Акција,трилер http://www.imdb.com/title/tt2302755/ Ми го задржа вниманието,но претераа овие американци со перење на мозоци,се некој на нив им објавува рат,и како на филм еден човек го спасува претседателот од терористите ,бла бла бла но нема врска,добар е
memento Леонард е млад агент во компанија за осигурување кој претрпува страшен шок,кога во неговата куќа влегува насилник,него го претепува а сопругата ја силува и убива.Како резултат на претрпениот стрес не може да запамети нови информации.За да може да опстане води белешки,се тетовира и секој лик го слика со полароиден апарат.И покрај сето тоа се обидува да го пронајде убиецот на својата сопруга. Филим со бесконечно повторување на сцени со по некоја нова за да може приказната да оди. 7/10
http://www.imdb.com/title/tt0245844/ Филмче многу добро, доста поучно, и авантуристичко..Многу уба содржина, малце трогателна, но сепак на крајот завршува среќно.. од мене 10/10
Now is good (2012)-драма 10/10 Се работи за девојка болна од леукемија и има листа од работи кои што сака да ги направи пред да умре. Го препорачувам!И спремете се за плачење,многу тажен филм. http://www.imdb.com/title/tt1937264/
Bad Teacher Ми требаше нешто што ќе ме насмее и ќе ми ги тргне мислите.Ама џабе потрошени 90 и кусур минути.Филмов дури и нема содржина.Толку е слаб што и не би го оценувала.Само фустаните на Кемерон беа добри.
Blue lagoon the awakening Романтичен филм,многу нетипично за мене.Добра приказна,веќе видена,со превидлив крај.Добар за релаксација. 7/10 Honey 2 Го немам гледано првиот дел,но мислам дека не се поврзани.Многу ми се допадна целата приказна.Како играа само неверојатно.Се разбира со веќе добро познат крај.Препорачувам 9/10
Фајнали го изглеав. Фест енд Фјуриос 6-тица Шта да ви причам... перверзии е филмчево Верувам голем дел од вас го имаат изглеано, ама коа више сум овде да го изрецензирам и ја во кратки црти on my way: Spoiler -значи, банда јебозовни мангупи, изведуваат разно разни мангупски ствари....зошто.... кратко и јасно -им се може!! И да го даам заклучокот: Повеќе не е: Come to the dark side..we have cookies. Сеа е: Come to the dark side... we have Jason Statham Judge me... ама ја.. преминувам на другата страна. Што да праам... посилно е од мене
^ И јас го гледав Fast & Furious 6 пред некој ден, ми се допадна многу, не колку претходниот дел 5ката, ама имаше доволно адреналин и возбуда и Вин Дизел е роден за улогата и овој филм. Единствено ме растажи што Spoiler девојката на Хан умре, а и Хан сосем на крајот, во скриената сцена после cast-от, тука се нанервирав бајаги, зашто он ми беше еден од омилените. Иако некои сцени беа претерани и немаа реална основа за изведување, сепак сакаш да гледаш такви невозможни работи во овој жанр. Од мене, 7.5/10
Here Comes the Boom Ми се допадна филмов. Иако јас очекував повеќе комедија а добив повеќе акција, ептен ми се допадна. На почетокот беше малку досаден, но потоа преинтересен. Буквално се препотив дури го догледав, адреналин, возбуда, смеење, се. Spoiler Инаку се работи за Скот- професор по биологија во средно училиште. Во училиштето каде што предава имаат проблем со финасиите и одлучуваат да го затворат музичкиот сектор, а со тоа и да го отпуштат и професорот по музичко. За да остане професорот на работа потребни се 48000$. За да ги обезбеди тие пари Скот ќе почни да се бори. Понатаму оставам на вас. Ви го препорачувам филмов, одличен е. 9/10
ATM (2012) -7/10 Хорор,трилер Хорор дефинитивно не е,трилер,психолошки трилер Филмот е скроз ок,мене ми го задржа вниманието.Иако на крајот размислуваш па зошто така кога можеа вака,но нема врска.Сакам вакви филмови и мене ми се допадна Сигурно ке има и втор дел http://www.imdb.com/title/tt1603257/
Одамна го немав глеано. Го обожавам филмов. Глумата е топ. Актерите одбрани баш солидно за своите улоги. Според мене добро вклопена несекојдневна но сепак предвидлива прича. Spoiler Деми и Вуди се во брак исполнет со љубов, но нивната среќа ја кочи недостигот на пари. Се решаваат се шо имаат да вложат во коцка. Губат. Во меѓувреме Роберт (кој е екстемно богат и мисли дека се може да се купи со пари) цело време ја посматра Деми и..... привлечен од нејзината аура.. му поставува непристоен предлог на нејзиниот сопруг... интересно е како ќе се одвиваат работите натака.. Иако предвидлива прича, и лично јас сметам дека некои сцени беа вишак и на моменти ништо не се дешава... сепак задржува внимание до самиот крај. Не знам зошто има ниска оценка... јас сепак би дала солидна 8ка за Indecent Proposal (1993)
FRACTURE Теодор Крафорд ја убива својата сопруга,поради неверство.И успева да ги исчисти сите докази.Тука е младиот адвокат Бичам кој ќе го изгуби случајот.Но тоа нема да го попречи да и помогне на правдата да излезе на виделина.Солиден трилер. 6/10
Unrest Само два збора го опишуваат филмов: сафра и тапа. Па и овие два се премногу. Многу сакам low-budget хорори, со непознати актери, ама ова беше ужасно изведено. Едноставно досадно.