Country Strong (2010) Drama | Music Stars: Gwyneth Paltrow, Tim McGraw, Garrett Hedlund, Leighton Meester Драма во која се работи за еден композитор на кантри музика, кој блеснува со една падната ѕвезда. Тие заедно го создаваат неговото издигнување и нејзиното враќање, што доведува до романтични компликации. Наскоро откако еден млад пејач и композитор (Герет Хедлунд) соработува со една избледена и емоционално нестабилна кантри ѕвезда (Гвинет Палтроу), парот тргнува на една турнеја за обновување на кариерата, менаџирана од страна на нејзиниот сопруг и менаџер (Тим Мекгро), со учество на една мисица која станува пејачка (Лејтон Мистер). Помеѓу концертите, романтичните сплетки и старите демони се закануваат да им предизвикаат проблеми на сите нив. Мене лично ми се допадна само поради тоа што многу сакам кантри музика а во текот на филмот имаше скоро цело време.Не ми се допадна како одглуми Гвинет Палтроу кантри пејачка, некако не ми е тој стил, а за Лејтон Мистер имам пофални зборови, одлично се снајде.Приказната ништо посебно не ме воодушеви 6/10
Shelter - 2009 Почна изненадувачки одлично. Докај средината се држеше задоволително, но откако почна да покажува религиско-супернатурални знаци сфатив дека филмот нема да биде она што јас очекував. Се си мислев дека ќе биде нешто како психолошко претставување на "зафркнат" мозок, дуал персоналити и неговиот обид да се излечи. Или крај краева да се претстават симптомите и тоа како реагира таков човек кој психолошки носи две или повеќе личности во себе! 5/10
Пред половина час го гледав A.I. Artificial Intelligence. Научно-фантастична драма од 2001. Обично не гледам олку стари филмови ама дечко ми сакаше да го гледаме заедно. Се работи за дете робот, Давид кое има способност да сака. Ќе биде вдомено во фамилија каде неодамна го изгубиле нивниот син и... Еве линк од Википедија ако сакате прочитајте што се работи, да не земам да раскажувам сеа на долго и широко Spoiler http://en.wikipedia.org/wiki/A.I._Artificial_Intelligence BTW детенцево е преслатко и како глуми свака част, неколку пати ми дојде да заплачам. Па уште му викам на дечко ми "Лелее нека не го оставаат бе беби јас ќе си го земам да го чувааамм " Душичка
Man of Steel (2013) Според трејлерот што го видов во кино, изгледа очекував многу повеќе. Филмот е премногу долг (2 часа + 20 минути) и тупаџиски. Напорно ми беше на очите да го гледам дома со паузи, замислувам пак во кино во 3D. Ќе ослепи човек од сите тие светкавци. Имаше нормално солидни ефекти, но мене целата приказна ми беше без врска и некако млака. Глумецот е ОК реално, иако акцентот воопшто не беше свртен кон него, не го запознав Супермен низ овој филм, не почувствував некоја особена поврзаност со главниот лик, каков што е случајот со другите супер херои во други филмови... Многу јак кастинг на споредни глумци - Расел Кроу, Кевин Костнер, Дајан Лејн. Добро ќе беше малку повеќе да размислеле за ликот на Лоис Лејн, која треба да е малку посекси, пошармантна, потврдоглава, некако sassy... не можам да најдам посоодветен збор, ама Ејми Адамс дефинитивно не е тоа. Немам ништо против оваа глумица, баш ми е слатка, но не одговараше воопшто за улогата, ниту се виде некоја посебна хемија помеѓу неа и Супермен. Приказната извадена ко од г`з, се мешаа баби и жаби, некои сцени како да го гледам Тор, а некои - Малата Сирена. Не ме бендиса, разочарана останав. Remember Sunday (TV Movie 2013) Ова е слатко романтично филмче, од оние што ги даваат на Халмарк. Алексис Бледел (Рори од Гилмор Грлс) ќе се вљубив во момче, кое има оштетување на меморијата... Имено, тој нема способност да создава нови спомени, а единствените на кои се сеќава се оние пред несреќата. Накратко - 50 first dates - во обратна насока. Но, интересно и топло филмче, задржува внимание, двајцата се слатки (за Алексис сум поделена во мислењата, некогаш сакам да ја тепам, лигава ми е, но тука беше сосем поднослива). Препорачувам доколку сакате да се опуштите и многу да не му ја мислите.
Devour Главна тема окултизам, сатанизам, ама ептен нереален, забегале доста. Не очекувам реалност во жанрот хорор, фала Богу, ама се треба да е направено со вкус. Не е лош, ама не е ни добар како што мислев дека ќе биде. Ама ај, вредеше да се гледа поради Shannyn Sossamon, ја обожавам неа...
Despicable Me 2 Многу ми се допадна го имав гледано Despicable Me 1 и сега многу се израдував што има и двојка Прекрасно анимирано филмче, и смешно Ми го подобри расположението
Овој филм го гледав синоќа во мојата затемнета соба = идеални услови за гледање на филмот пошто има scary моменти. Неизвесно и напнато до самиот крај. Топ филм за опуштање. The Call (II) (2013) 94 min - Crime | Thriller http://www.imdb.com/title/tt1911644/ Нема што да се раскажува содржината, ќе видите во филмот. Динамично е.
Пследните 2 вечери ми беа резервирани за филмчиња пошо не бев гледала цело лоето ! Вчера ми беше дојдено за забава па затоа го гледав ''Project x'' . Е баш таква забава и треба на Македонија... Инаку се работи за роденденска забава која излегува од контрола. А денес ми требаше нешто што ке ме расплаче ... Го препорачувам ''Now is good '' . Се изнаплакав Се работи за една девојка која е болна од леукемија и има список на работи кои сака да ги направи пред да умре , натаму видете сам
Не ги сакам Велвет Андерграунд Петокот, во кинотека, а после концерт на ТБ Трачери. Не беше лошо. Кирчо е луд
People Like Us Ми се допадна филмов. крис Пејн ми е совршенство од маж, дефинитивно. Ми се допадна приказната, како е целосно склопено, глумата. Филмче за семејството, за љубовта, за проблемите, начинот на кој секој од нас се справува со нив. Ме разнежни малку филмчево. Изгледајте го, интересно е. Препорачувам. 7/10
The Machinist Сакам вакви психолошки трилери во кои ништо не ти е јасно се до последните неколку минути Се работи за еден механичар кој страда од хронична инсомнија и нема спиено скоро цела година. Почнуваат да му се случуваат некои чудни работи дома и на работа, па тој почнува да се сомнева дека е луд. Ми беше језиво да го гледам Christian Bale во такво издание, го ослабеле до непрепознатливост... Spoiler
The Lorax (2012) Ratatouille (2007) Дефинитивно најинтересни се анимираните филмови.Ниту еден досега не ме разочарал ниту пак ми бил досаден.
Evil Dead 2013 Римејк на оригиналот од 1981, кој ќе го гледам сега. Требаше обратно, ама нема врска. Филмов е прејак!! Страшен, крвав, језив, со напнати сцени, со непредвидлив крај, П-Р-Е-Д-О-Б-А-Р! Друштво се заминати во викендица и во подрумот ќе откријат остатоци од некојси демонски ритуал и секако ќе ослободат демон, кој ќе ги опседнува еден по еден. Ама какви маестрални ефекти има, мислам навидум ништо посебно, ама самиве демони делуваа толку реално, воопшто не изгледаше компјутерски, вештачки. Глумата на девојчето што е главен лик е феноменална, секоја чест. Плус, Shiloh Fernandez глуми, ептен е симпатичен, а и до сега се што имам гледано со него ми било солидно. А сега ќе го гледам и оригиналот, ме интересира за споредба. 10/10!
That's My Boy (2012) Comedy Stars: Adam Sandler, Andy Samberg, Leighton Meester Во своите млади години, Дони (Адам Сендлер) станува татко на синот, Тод (Енди Самберг), и го одгледува како самохран татко се до 18от роденден на Тод. Сега, откако се немаат видено долги години, светот на Тод се руши вечерта пред неговата свадба кога непоканетиот Дони одненадеж се појавува. Очајно трудејќи се да се поврзе повторно со неговиот син, Дони е присилен да се носи со последиците од неговите лоши родителски навики. не е дозволен за деца под 18 години и за кој се препорачува надзор од родител или старател Типична комедија за Адам Сендлер дури мислам дека малку претераа со гадостите.Имаше и сцени од кои ми течеја солзи од смеење. 7/10
Jack and Jill Моја оценка: 2/10 Филмов - безврска. Досаден, напорен, не го ни изгледав. Adam Sandler се појавува во улога и на машкиот и на женскиот близнак. Му давам 2-ка само заради 2-3 сцени на кои се насмеав, но не беше насмевка од срце, туку ради реда (финтава - да не пропадне вицот) Заклучок: Џабе потрошено време. Не ни издржав да го догледам крајот.
Broken City Бившиот полицаец Бил Тагарт,е задолжен од страна на градоначалникот да ја шпиунира неговата сопруга заради невера.Како тече истрагата Бил открива многу поголема афера одколку што изгледа на прв поглед... Напнат трилер,кој го држи вниманието до самиот крај. 9,5/10
21 Доста добро филмче. Ми се допадна приказната, заплетот и крајот. Го задржува вниманието филмов. Непредвидлив, возбудлив. Тоа би биле моите зборови кога би требало да го опишам филмов. Се работи за студенти кои заедно со еден професор ги мамат казината во Лас Вегас со т.н. техника броење. Понатаму гледајте, ќе ви се допадне. 8/10
Step Up Revolution 2012 - Ако треба да издвојам што најмногу ми се допадна тогаш ќе речам Ryan Guzman... Аууу човече - совршенство... Минатите делови на Step Up ми се подобри но нема да зажалите ако го изгледате. Ако ништо друго заради актерот и прекрасните настапи. 7/10 Honey (2003) - На девојка која случајно ќе биде забележана со нејзиното играње во еден клуб ќе и се даде можност да припрема кореографии. Но, нејзиниот претпоставен има и други планови. Филмов е предвидлив но одлично ќе ве релаксира. 7/10 Finding Forrester (2000) - Тинејџер кој одлично пишува ќе почне да комуницира со еден чуден старец кој ќе го насочува во пишувањето. Подоцна ќе открие кој е всушност старецот. Одличен! 9/10 Billy Elliot (2000) - Момче кое обожава да игра балет наместо да се занимава со машки спортови ќе започне тајно да посетува часеви поради противењето на неговиот татко. Приказна која ќе ве разнежни, насмее и расположи. 9/10
The Addams Family Одамна го немав гледано филмов и еве денеска онака случајно го начекав на ТВ и си се потсетив на него. Мене ми е интересен филмов, го сакам семејството Адамс, Мортиша, Гомез, Венсдеј, сите. Преинтересни ми се дури и цртаните си ги гледав. 7/10