Temptation: Confessions of a Marriage Counselor (2013) Во филмот станува збор за амбициозна мажена жена која ќе падне во искушение кога ќе запознае еден убав милијардер. Таа се мажи многу млада, а нејзиниот живот и станува досаден и води кон предавство, непромисленост, и засекогаш го менува текот на нејзиниот живот. 7/10
The Lazarus Project (трилер) Во филмот станува збор за човек на којшто му завршува условната казна,а во меѓувреме брат му излегува од затвор и повторно подготвуваат грабеж и додека се таму доаѓа полицаец и пука во тројца меѓу кои и брат му на Бен(Пол Уокер) и него го обвинуваат за убиствата и го осудуваат на смртна казна.Од страна на еден човек му е дадена втора шанса,но под услов...интересно филмче вреди да се погледне 7.5/10
Предобар филм. Обично не сум по романтиките и љубовните филмови но овој е навистина добар. Има добра приказна но најмногу ме воодушеви крајот. Јака 9ка.
The Last Exorcism Spoiler Ок е филмчево, малку е кратко ( 1h 27min), не е нешто којзнае колку страшно, очекував многу пострашно да биде. 7/10
ARGO ми се допадна, мислам дека убаво е реализирана приказната и има добра глума. не сум обожавател на бен афлек така да ни од неговото глумење немаше ништо посебно ама веројатно така е замислен ликот да биде смирен и сталожен но останатите се топ. 8/10
ух..мислам дека беше Message in a bottle.. Стар филм,но интересен. жена трчајки покрај морето еден ден ќе пронајде едно шише со порака во него..тоа всушност ќе биде писмо,напишано од некој маж до некоја жена што ја сакал..и таа читајќи ќе посака да го пронајде тој маж и ќе се заљуби во него..потоа ќе го бара и ќе го најде,но нема да му каже ништо за тоа шишето.... и тако даље.. Ако го немате гледано,уклучете го веднаш..предобар е.
The Departed Интересна, заплеткана приказна со проверена екипа. Дејството се одвива во Бостон каде ирскиот мафијаш Франк Костело, внесува човек од неговата екипа како шпион во полицијата. Во меѓувреме, еден од полицајците е поставен на тајна задача и се инфилтрира во екипата на Костело како бивши затвореник. Кога двете струи ја сфаќаат ситуацијата, присилени се да го откријат идентитетот на шпионот во групата. Филмов изобилува со акција и многу многу пукање Можеби е непотребно развлечен, трае повеќе од 2 часа, ама мене ми беше интересен.
LITTLE NICKY [2000] Приказната се врти околу тоа кој од трите синови ќе го заземе престолот на нивниот татко Сатана кој со векови владее со Пеколот. Двајцата браќа, бесни заради одлуката на таткото, тој да продолжи и понатаму да владее со Пеколот, одат на Земјата и опседнувајќи различни луѓе, го менуваат начинот на живот и раководството со општеството. Задача на најмалиот брат, Ники, е да оди на Земјата и да ги внесе браќата во сребрено шише, со тоа да ги врати во Пеколот и да спречи нивно понатамошно пустошење на Земјата и луѓето на неа. Многу интересна комедија. Ниеден филм со Адам досега не ме разочарал. Ниту овој не беше исклучок. Човекот ми е легенда. :up:
The Last Boy Scout класика од 1991 Bruce Willis * Damon Wayans * Halle Berry Иксрено кој не го гледал да го гледа зосшто е навистина супер !! Има хумор има тема и има ситуации од умри машки .. искреноо перфекција 10/10
Jumanji Еден од омилените филмови од детството. Приказна за неверојатната игра, од која излегуваат бубачки, лавови, стампедо, луд војник, мајмуни, бури итн. Нема потреба за повеќе, верувам дека сите го имате гледано. Робин Вилијамс е пресмешен. 10/10
За денеска нешто постаро... Rain Man - По смртта на својот татко главниот лик открива дека има болен брат кој незнаел дека постои. Ако некој случајно досега не го гледал филмов - Препорачувам 8/10
The Fountain(2006) Значи на Аронофски му симнувам капа.Толку совршенства прави што незнам дали е свесен Актерството,режијата,музиката, ама се погодено и Изи совршена за улогава. Инаку се работи за љубов.Ама дефитивно не е лесен типичен романтичен тип.Се зборува за љубовта и вечноста, за потребата од едно суштество.На некои делови ми беше нејасен ама сепак добра порака носи. Препорачувам 10/10. Underworld(2003) Одамна сакав да го гледам, и стварно добра акција е филмов.Посебно за главната актерка.Толку е сексибилна и решителна Сета таа акција, андреалин.Нејзината глума е толку добра и сите тие движења што ги прави.Незнам зошто луѓето го сметат како хорор Сепак не е како Twilight Треба да ги изгледам и другите делови за повеќе импресии Според мене 9/10.
Divorce invitation ( 2012 ) Вчера го гледав, интересно филмче. Мајк е среќно оженет човек, но се појавува неговата љубов од средно школо во која сеуште има искри...Понатаму оставам да видите 8/10
Undercover bridesmaid(2012) Искрено, ништо посебно.Типична приказна, веќе видена лимонатка.Телохранителка мора да штити млада девојка на нејзината венчавка и потребно е да биде undercover па станува нејзина деверуша, и тука почнуваат сплетките.Не ме воодушевија ни глумците, ниту пак како се развиваа настаните, просечно.
The Girl on the Bridge Адел е девојка која е разочарана од животот,и затоа сака да скокне во водите на Сена.Но,наидува Габор,професионален фрлач на ножеви кој си бара свои жртви.Двајцата се здружуваат заедно ,настапуваат по Франција,Италија..барајки ја среќата...за на крај да сфатат дека среќа е само кога се заедно. Необичен филм ,снимен во црно бела техника,со 4 почнувања и завршувања на филмот.Мене многу повеќе ми се допадна фотографијата и шармантната Ванеса Парадис. 6/10
The Big Wedding Обична лимонатка... ама направена од добри лимони Добри актери на купче и позната приказна - семејството се собира за свадбата на најмладиот син. Ова е една од оние топли приказни со убави пејсажи и прекрасни домови. Не е нешто посебно, ама има шарм филмчево. А и си ја сакам Дајан Китон (како и останатата екипа, со исклучок на Аманда).
Our Family Wedding (2010) "Наш брак, нивна свадба" тоа е лекција број еден за Луција и Маркус. Тие учат на потешкиот начин дека патот до велејќи: "Јас не" може да биде полн со фамилијарна расправии. Кога ќе се вратат од колеџ ненадејно им кажуваат на нивните дека ќе се земат. Но, не знаат дека нивните татковци веќе се имаат запознаено на непријатен начин.... Интересно филмче има смешни сцени, се смеев така подмустаќ. Во главните улоги се America Ferrera попозната во филмот Ugly Betty и Lance Gross познат во филмот Temptation: Confessions of a Marriage Counselor (2013) 7/10
For a good time, call ... Станува збор за две долгогодишни непријателки. Едната е опуштена, забавна, без срам. Другата е скромна, срамежлива и досадна. Поради сплет на околности, двете ќе мора да живеат заедно. Опуштенава води хот линија како работа, а другава после некое време ќе и помогне во подобрување на бизнисот, повеќе клиенти и повеќе пари. Не дека е лошо филмчево, али е далеку од нешто супер. Актеркиве не ми се допаднаа некако, иако имаа супер розеви телефони. 6/10
The Place Beyond the Pines 140 min - Crime | Drama http://www.imdb.com/title/tt1817273/ Екстра филм, вреди за секоја секунда што ги (пре)платиле актерите. Eva Mendes е тука за нас машките, а за вас женските тука ви се Ryan Gosling и Bradley Cooper. Супер филм каде што ја имате сторијата на двата главни лика и како се одвиваат нивните животи се додека еден ден не дојде ситуација да едниот (добриот полицаец) го брка другиот (ограбувачот на банки) и... ќе дознаете повеќе во филмот. Spoiler Малку да ви го “расипам“ филмот. Едниот од двата главни машки лика умира во филмот. Дали едниот го убива другиот, што, како, зошто итн. гледајте во филмот да не откривам премногу. Првин е прикажана сторијата на едниот лик, па на другиот, одлично изрежирано. Заедничка сцена им е каде што доаѓаат очи в очи и некој мора да си замине. Зимајте пуканки, сместувајте се во кревет/фотеља и уживајте.