Project X Сигурна сум дека повеќето од вас го имаат гледано филмов, и многу фалби слушнав па ајде и кај мене му дојде редот, ама некако не ми се свиѓа, нема поента ниту пак поука филмов, некако безвеза Ааа да за малку ќе заборавев има порака филмов како нема: Никогаш не правете огромни роденденски забави дома, освен ако не сакате да си ја самозапалите сопствената куќа и да го удавите во безент автомобилот на татко ви. 6/10 Аquamarine Филмов е малку постар чинам 2006 и одамна го немав гледано и веќе го бев заборавила, но синоќа баш кој ветер ме навеа го уклучив и го изгледав повторно. Фино филмче тинејџерска лимонатка , добро е за релаксација 10/10
The Reader Почнува скокотливо...а завршува како драма која може само животот да ја напише.Млад човек започнува врска со постара жена на која и ги чита омилените книги,затоа што таа е неписмена...понатаму не можам да го опишам,зашто едноставно филмов те води,потресува.. Филмиште. 10/10
Total Recall Интересен филм. Ми го задржа вниманието. Кејт, жениште, презгодна ми е, Колин исто, а Џесика ми беше како умрена во фацата. На сите љубители на сај-фај филмови ќе им се допадне филмов. 6/10
Something's gotta give Гледан ми е повеќе пати, но сеуште можам да го гледам. Дајен Китон ми е една прекрасна актерка, жена, преталентирана и преубава ми е. Џек Николсон не ми е нешто посебно, али човекот си има некој шарм. Добар пар се во филмов. Во филмов глумат и Киану Ривс и Аманда Пит. Симпатично, интересно филмче за постар господин кој никогаш во својот живот не бил заљубен, не сака да признае дека остарел и го стигнуваат годините, па затоа секогаш излегува со доста помлади жени од него. Вниманието сепак ќе му го привлече жена на негови години, т.е мајката на една од девојките со кои излегува. Интересен е фактот дека човек за првпат се вљубува во третата доба од животот. Навистина топол, на моменти ептен смешен филм. Препорачувам. 8/10
Chocolat Филмот е значи предобар, а посебно за љубителите на чоколадото, па и со самата помисла дека Џони Деп е како чери он топ 10/10
What Maisie Knew Филмов ја покажува состојбата на малата Мејси која се наоѓа збунета помеѓу бракот на нејзините родители,и новонастаната врска помеѓу новите партнери на нејзините родители.Поучен филм кој покажува дека не секој може да биде родител. 5/10
Baby on board Филм за млад пар кој нема деца, и е фокусиран на кариерата и сеуште живеат опуштен и нормален живот. Но, кога еден ден Енџела ќе дознае дека е бремена, нештата се менуваат и се тргнува наопаку, а воедно и нејзината кариера ќе биде во прашање.Сепак крајот е среќен, и очекуван.За пополнување на празното време,ова е одлично филмче. 9/10
The Departed Предобра криминолошка драма зачинета со малку акција. Ми стоеше долго време во компјутеров и се решив да го изгледам. Предобар ми е филмов. Предобра актерска екипа составена од: Леонардо ДиКаприо, Мет Дејмон, Џек Николсон и Марк Валнберг. Лео the best Ви го препорачувам филмов, ќе ви се допадне. 10/10
Leap Year Не знам дали сум јас во пмс,или филмов ме распекмези.Лимонатка која ќе ве насмее.Ана сака да го изненади својот вереник и да му предложи брак.Но не оди се како подмачкано. Заради убавите предели во Ирска, 9/10
Man of steel- Одвај би му дала една 4ка.почетокот беше интересен,како он дошол на земјата исто и крајот не беше лош.Но дејствието нула.се на се губење време,го гледав на цепки од 10 сабајле до 18 вечер и со тешки маки го догледав.
Го имав симнато од порано но дечко ми рече дека е досаден. Конечно некако се наканив да го гледам. Филмот воопшто не е досаден. Многу е поучен и има скриени мисли во филмот за иднината во светот. Мене навистина ме расплака а главната улога или лик Wall-e е толку слатко што ми се идеше да влезам во филмот и да си го земам за дома,го засакав премногу (посебно кога секој пат викаше по Ива ). Вреди да се гледа филмов,преубав е. Чиста 10ка
The tall man (некаде се среќава и како The secret) Се работи за мистерија - трилер, во едно мало градче децата исчезнуваат. Сите сметаат дека киднапирањето ги врши тој што му имаат дадено име The Tall Man. Детето на единствената медицинска сестра е киднапирано и таа се решава да го спаси. Понатаму не кажувам бидејки има преголем пресврт и многу ми се допадна. 5/10 (само заради крајот) Spoiler Ама ме нервира крајот, мн жал ми падна за неа Очекував добра сцена и одеднаш филмот заврши... Воопшто несакав така да заврши..
Интересно филче,го имав гледано и порано се работи за еден рагби играч Џо Кингман кој игра за Бостон Реблс и е многу славен и одеднаш дознава дека има 8 годишна ќерка,која побегнала од дома за да го запознае. 8/10
Enter nowhere. Тројца странци стигнуваат еден по еден во мистериозна колиба во шума сите од различни места само за да сфатат дека се заедно со причина. На сликата можеби изгледа како хорор ама не е, мистерија е 6/10 Ми се свиѓаше филмот ! Препорачувам
She's the man Се работи за една девојка која многу сака фудбал, но со нејзиниот клуб нема да успее, па и се јавува шанса да оди во училиштето на брат и, претворена во машко, да го претставува него, а воедно и да игра фудбал.. И таму и се случуваат многу сплетки! Филмот мене ми беше премногу интересен, има многу смешни сцени, така не сум се смеела одамна на некој филм. Spoiler А има и добри момци за гледање Многу ми се допадна! Го препорачувам! 10/10
Денес изгледав 3 филма The panic button Четворица луѓе победија на натпреварот.Добија награда лет со приватен авион до Њујорк од социјална мрежа.Пред да се качат во авионот им бараат да ги предадат мобилните. Откако влегоа земаа учество во „игра’’ додека летаат. Да ви кажам додека го глеав филмов се плашев на моменти пошо иам добиено мн награди од Фејсбук страни али сепак нема никакви шанси тоа да се случи. Или пак ако добијам лет во приватен авион нема да отидам хехеххе Не беше којзнае што филмот али мене ми се допадна и ми се допаѓа што на крајот се дознава причината за сето тоа што се случуваше..
The place beyond the pines Извонреден филм со уште поизвонредна актерска екипа. Ryan Gosling, Bradley Cooper, Eva Mendes Spoiler Додека го гледав филмот имав чувство дека гледам два различни филмови кои се сепак поврзани, од почетокот до половина еден дел и од половина до крајот другиот дел. Се работи за Luke (Ryan Gosling) моторџија кој е без никакви амбиции за својот живот, се додека не дознае дека станал татко, и одтогаш неговиот живот се променува и негова цел станува грижата за својот син. Случајно се сплеткува со еден механичар кој во минатото ограбувал банки и му предлага да станат ортаци.Тој заслепен од идеата да обезбеди подобар живот за синот на било каков начин, ја прифаќа понудата која ќе му донесе голема несреќа. 9/10
He's Just Not That Into You Од толку филмови го избрав баш овој. Приказна за вечното прашање на жената -зошто не сака да излезе со мене,зошто не сака брак ,бла,бла бла Може слободно да плетете чорапи и да го гледате филмов. 3/10
Викендов беше резервиран за филмови. 1. Safe Haven (моја оценка: 6.5/10) Spoiler Филмов е веќе доста коментиран и раскажуван низ темава, па нема да ја кажам содржината. Не ми се допадна многу крајот, некако се се случи набрзинка. Можеа тој дел да го одолговлекуваат малку подолго, наместо некои други делови. 2. The lucky one (моја оценка: 7/10) Spoiler Ептен бев романтичарско расположена деновиве, па удрив на филмовите базирани на Николас Спаркс. Овој за разлика од претходниот повеќе ми се допадна. Логан е на мировна мисија и сред пустелија наоѓа слика од една жена. Во тој момент баш на местото каде што седеше пред да стане да ја земе сликата, паѓа бомба и тој верува дека судбината го спасила. И подоцна се случуваат чудни работи за кои верува дека сликата му е всушност амајлија која го штити. Откако се враќа во Америка се заколнува дека мора да ја пронајде жената на сликата за да и се заблагодари. 3. Silver linings playbook (моја оценка: 8,5/10) Spoiler Навистина добар филм. Џенифер Лоренс заслужено доби Оскар за улогава, но и Купер не заостанува зад неа. Пет излегува од психијатриска болница каде се лечи од биполарност по разводот со сопругата која го изневерувала. Тифани е млада девојка која го изгубила својот сопруг полицаец. И двајцата не се однесуваат вообичаено како нормални луѓе. Но, се наоѓаат и успеваат еден на друг да си помогнат да ги пребродат тешкотиите. 4. Miss Congeniality 2: Armed and Fabulous (моја оценка: 5/10) Spoiler Заостанува зад првиот дел. Помалку смешни сцени и помалку го задржува вниманието. Грејс Харт е сега позната личност, слава поради која не може да ја работи својата работа на ФБИ агент. Затоа ја ставаат за „лице“ на ФБИ. Но, неколку месеци подоцна Шерил (мис на САД и другарка на Грејс од првиот дел) е киднапирана. Грејс не може само туку-така да се седи, па трга во мисија да ја спаси својата пријателка.
Spellbound Забавен беше. Имаше многу кинења на маици Дечкото е магионичар, девојката гледа духови. Малце страшни сцени, романса, комедија. Мене ми се допадна Го препорачувам да го ѕирнете. The art of seduction Со истата глумица Позната приказна, двајцата се играчи, ќе се сретнат и ќе се трудат еден со друг да се смуваат. Имаше смешни сцени, стандард прича со корејски шмек. Parker Филмов има два моменти, добар и лош. Добриот, каде секси Џејсон Статам си го тера шаблонот во филмот како нај јак фраер (нормално) и лошиот кога се убацува Лопез со нејзината срцепарателна приказна за тоа колку и е лош животот Би го казнила со камшик тој што ја дал идејата Лопез да игра во филмов. Се изнервирав, не можев да се восхитувам на прекраснотијата од човек, заради лејм причата на Лопез и нејзиниот обид да го заведе (јеах рајт бич, ноу веј!). Ми фалат старите англиски филмови на Статам. Oblivion Не знам дали од што ми е одвратен Том Круз или едноставно не го биваше, филмов не ми се допадна. Бледа ми беше приказната, мислам дека наидов и на некои дупки и нелогичности во сценарио. Само Морган Фриман вредеше што се појави во некоја сцена...се друго, преценето.