V for Vendetta http://en.wikipedia.org/wiki/V_for_Vendetta_(film) Одамна немав гледано филм со содржина со волку озбилна и сериозна тежина. Секоја минута си има свое значење, секој детал е значаен. Уште кога дознав дека Портман глуми со сигурност знаев дека ќе потонам со заинтересираност во каучот гледајќи го. Совршена како и секогаш, и се восхитувам на тоа како може толку длабоко да се соживее со ликот што го глуми. А V, тој едноставно те тера да се вљубиш во него исто како Иви (Натали Портман)... Одма во него го познав типичниот глас на Ангентот Смит во Матрикс. Подобра комбинација не можеле да направат. Иако не го гледаш ликот, се заљубуваш во неговата суштина... Иако ја гледаш маската, се заљубуваш во самата идеја. Spoiler 10/10
Одамна не бев гледала волку добар филм ! Се преплетуваат спомени од војна , недолжни животи се одземени , и нормално се се враќа на некој начин ! 10/10
Iron man 1 и 2 Spoiler Ќе го гледам и 3ката деновиве Многу добар филм, и оваа рецензија се однесува на оние кои се по стриповите и суперхероите Приказната на Бетмен но во посовремена верзија во Марвел. Мене лично многу ми се допаднаа и двата дела, слушам третиот најдобар бил . Глумецот е предобар и улогава е створена за него. Го препорачувам за сите 10/10
You are my pet Уште еден глуп филм Малиов нема кај да живее, па ќе и се намести на девојкава да и биде домашно милениче. Ми се присака и мене едно вакво Можеше да биде поинтересен, имаше доста празни моменти некако... Almost love Овој ми се допадна Се изнагледав филмови со хепи ендинг. Ми се допадна хуморот и приказната и ликовите. Топло филмче за релаксација. Ким Ха Нул и младичов ми се ептен добар пар, девојката е стварно супер актерка. The lone ranger Филмов ми траеше предолго. Џони Деп во уште еден ексцентричен лик. Би сакала да пишам некој добар збор, ама напорен дури ми беше...сакав да мотам до крајот. Ништо ново, ништо невообичаено, дури и заморно. Shelter (6 souls) Филмов вреди заради главните актери, Џулиен Мур и Џонатан Р Маерс. Ми се допадна и крајот, неприфатливо ми беше поинаку да заврши. Добрата и скептична психијатарка ќе се труди да најде докази дека Адам ја измислува својата болест, за да наиде на нешто по натприродно. Во секој случај повеќе ми го задржа вниманието од Осамениот ренџер
The First Time.. Преубав филм. Јас обично несакам романтични такви,љубовни.Ама овој некако ми се допадна.! За двајца тинејџери е работата... Глумиците се Брит Робертсон и Дилан О"Брајан. ..http://www.youtube.com/watch?v=tBYmQsPDEUk Ете го..целиот филм!Па уживајте
The Big Wedding Одлична актерска екипа составена од Роберт ДеНиро, Дијан Китон и Сузан Сарадон. Ги сакам тројцава актери, преинтересни ми се и мислам дека токму заради нив и ми се допадна филмов. За релаксација е одличен филмов. 6/10
40 days and 40 nights Постар филм со Џош Харнет во главната улога. Поради разочарување во љубовта (го остава девојката), ликот на Џош решава да апстинира од секакви секс/љубовни активности во рок од 40 дена. Лошото е што во тие 40 дена ќе ја најде совршената девојка за него, но поради заветот што го дал, нема да може кутриот ништо да прави со неа. Интересен, смешен, романтичен филм. 8/10
She's the man Прекрасен според мене.Давам 10/10. Одлични актери Amanda и Channing Идејава на филмов ми е фантастична,камо се да беше вака едноставно во животот Интересно филмче ќе ви насмее и ќе ве мотивира Вреди да се погледне
Water for Elephants (2011) Филмов е со добро познатите Reese Witherspoon и Robert Pattinson. Роберт е студент по ветерина, чиј живот драстично ќе се промени по еден несреќен настан. Така оставен сам на себе, ќе се придружи на еден циркус караван каде многу работи ќе му се случат, меѓу кои и љубов.. Не е лошо филмчето, ќе ви се допадне особено ако сте љубители на животни. 8/10
He Loves Me... He Loves Me Not Филм кој во првите 30 минути дури е и досаден,но неопходно е да се погледа за да се фатат сите конци.Одри Тату во филмов се претвора од ангел во болна девојка.Немојте да дозволите да ве заведе нејзиното невино лице. 8/10
The Great Gatsby 2013 Поради тоа што премногу ми се допадна книгата, а и главна улога е Леонардо ДиКаприо очекував многу од филмов и добив и повеќе од тоа. Пре предобар филм навистина. Подобар Гетсби од Лео неможам да замислам, иако целиот кастинг ми беше погоден. На почетокот бев само скептична за Ник, ама на крајот исто не ни можам да си замислам подобар Ник од него. Забавите ми беа врв, сакам и јас таму . Емотивна и реална приказна за Гетсби- сиромашно момче кое ќе натрупа големо богатство, ќе купи огромна палата со само една цел, да ја освои љубовта на Дејзи. Дефинитивно еден од најдобрите филмови кои што се направени според книга. Препорачувам. 10/10
Младиот дечко е на пат да го изгуби целото свое наследство бидејки се заљубува во девојка , која неговото семејство не ја одобрува. Интересно филмче ми го задржа вниманието 9/10
Epic (2013) Animation | Adventure | Family Stars: Amanda Seyfried, Colin Farrell, Josh Hutcherson, Beyoncé Knowles Една тинејџерка изненадно пристигнува во тајниот универзум кој што е населен од забавни и единствени јунаци. Таа мора да ги здружи силите со нив за да го зачуваат нашиот и нивниот свет. Ми се допаднаа гласовите, но содржината ништо посебно, очекував мн повеќе. 7/10
The proposal Маргарет е водечко лице во издавачка компанија,која се соочува со истекот на нејзината виза.За да не биде вратена во Канада,го уценува нејзиниот секретар да се ожени со неа.И тука почнува забавата. Слатка комедија! 8/10
Despicable me 2 Мене лично првиот ми беше подобар, не знам зашто ама некако малку акција ми имаше со мињоните,ми фалеше поише време со нив у кадар. Како и да се, се згазив од смеење на крајот, последната сцена ми беше врв. Анимираниве секогаш знаат да ми го направат денот, колку и да бил тиња. И за крај, еден мињон за носење ве молам!!! Spoiler https://www.youtube.com/watch?v=ZGwmM94zR1w
"Step up revolution" (2012) Искрено не беше лош, онака лесно филмче кога сакате нешто да гледате но да не внимавате на сите детали онака за релаксација. Кореографиите им се WOW Секој што сака танцување и малку романтика во тоа, нека го погледне обавезно. Главниот актер е чиста 10ка Јас би му дала 6 или 7 од 10 бидејќи нема многу заплети онака доста лесно филмче.
The Terminal Ова е еден од филмовите за кои си велам: Како е можно да не сум го гледала порано? Овојпат Том Хенкс го игра Виктор Наворски - Русин кој останува заробен на аеродромот во Њујорк поради тоа што нема валидни документи, а не може да се врати назад во родната земја бидејќи во меѓувреме таму избива војна. Останува без документи, без државјанство и без идентитет. Полека почнува да се прилагодува на животот во аеродромот, не откажувајќи се од остварување на својот план да го посети Њујорк. А која е причината за неговата посета на тој град - нема да откривам Поголемиот дел од дејствието се случува на аеродромот во Њујорк, што можеби звучи малку досадно, но тоа нека не ве залажува. Филмот е прекрасен! Ми предизвика толку измешани емоции и ме натера да размислам за толку животни филозофии, што добив чувство дека сум во пмс Том Хенкс е одличен како и секогаш! Го препорачувам!
The pact Хорор во кој има премалку потрошени зборови.Тишината доминира во филмот и ни раскажува за настаните. Еми и Никол по повод погребот на нивната мајка се враќаат во куќата во која порано живеле.Никол умира на самиот почеток од филмот,односно убиена е од човекот за кој никој не знае дека живее во куќата. Еми(другата сестра)доживува непријатни и потресни моменти поминати во куќата. Таа треба да дознае нешто многу важно,за нејзиниот кошмар конечно да заврши. 6/10 Ми фалеше повеќе текст,зборови...на моменти досаден ми стануваше