Три бои сино. Фантастична тема, која во почетокот изгледа како обично манипулирање со трпението на гледачот. Студена, меланхолична приказна во нијансите на сино и симболизмот на вечната слобода кога човекот паѓа во личната самотија. Џули останува сама после тешка сообраќајна несреќа во која ги губи својот сопруг и ќерка. Сопругот, инаку познат композитор, во нејзините очи е само обичен маж кој ја изневерил, емотивно и партнерски. Таа го пишува неговото ремек дело, а светот е во заблуда дека еден голем човек го остава тоа дело недовршено. Суптилно критизирање на еден перфиден шовинизам кој достигнува форма на документарност. Дејството е речиси секогаш напнато, со мали агли и софистицирана фотографија. Музиката - извонредна. Кшиштоф Кешловски е неприкосновен крал на овој тип социјални амбиенти.
The incredibles Па мислам дека редно време беше да го гледам филмов. Премногу ми се допадна. Имаше акција,чувства и се што би требало да има еден филм. Ликовите многу ми се допаднаа (сите). Убава приказна и добро претставена. 9/10
Olympus Has Fallen Во последно време ретко наоѓам време за гледање филмови, обично навечер заспивам по првите 10 минути но овој го изгледав. Таков е филмот, држи тензија. Мене ми се допадна, иако има "Рамбо моменти" еден против сите ама на Џерард Батлер се му се простува. Во крати црти во филмов е напад на Белата Куќа во која е земен заложник претседателот на САД, има хелихоптери, пукање, емоции таман за една акција. Од мене 8/10
Човекот што го спаси Божиќ Мислев дека само Универзал се збрлавеле со Божиќниве филмови во август, ама и‘ Хрватска ТВ не биле поарни Ама ако, си сакам јас филмови со ваква тематика во секое време од годината. Колку играчките за деца и Божиќниот дух се важни кога татковината е во војна? Приказната зборува за страствен изработувач и продавач на играчки кој, кога Америка ќе влезе во војна, ја пренаменува фабриката во фабрика за изработка на оружје. Ќе има ли Божиќ оваа година? Убаво филмче, ми се допадна. Семејно, драматично, убаво Spoiler По вистинска приказна е, патем. Изумителот на Еректор сетот за деца е главниот лик во филмов и овој сет се‘ уште е во продажба.
Caught On Tape го гледав поради Ian Somerhalder кој се појавува едвај 2 минути во филмот. Филмот е ужасен зборуваат со рапувње катастрофа не го догледав 0/10
The Words Рори е млад писател кој никако не успева да се избори за своето место во светот на книжевноста.И се така дури еден ден не пронајде стар ракопис,кој го препишува од збор до збор и го претставува како свое дело.Се разбира доживува огромен успех.Еден ден на клупата до него ќе седне и вистинскиот писател на делото.И Рори ќе сфати дек не може да живее со притисокот дека нешто украл.Филмов е снимен како напластена приказна,со тема која по мене не е доволно добро обработена. 5/10
Despicable me 2 Па, не можам да се одлучам кој дел ми е поубав - првиот имаше некако потопла приказна, а овој ми беше покомичен. Во оваа приказна веќе Гру е длабоко навлезен во родителските води и добро се снаоѓа нели, додека неговите сакани девојчиња му дадат до знаење дека им фали мајка. Во меѓувреме е ангажиран да разреши еден мистериозен случај со неговата агент-партнерка и на крај ... хепи енд е, ама ако немате нешто попаметно погледнете што и како, мислам дека повторно го разбудив детето во мене со филмов, ептен мила приказна. 9/10
Monsters University Филмов мене искрено многу ми се допаѓа Се работи за Мајк Вазовски и другар му.Впрочем не се другари но,подоцна се здружуваат.Мајк е отфрлен од сите но,успева да формира група "OK" и да се натрпеварува на Плашијадата.Искрено ви препорачувам да го гледате 10/10
The Stoning of Soraya M Тежок филм,како олово.За неправедното спроведување на шеријатските закони,за пониженоста на иранската жена,за немоќноста да се смени нешто во тоа машко општество.Сораја е млада жена која не сака да се разведе од нејзиниот сопруг зашто сака да ја остави без пари.Али,нејзиниот сопруг сака да се ожени со друга жена ,па и наместува љубовна афера со соседот.Мажите во селото на чело со нејзиниот татко ја осудуваат на смрт со каменување.Единствено во нејзина одбрана застанува нејзината тетка,која ама баш ништо не може да направи да и помогне.Но може да ја пренесе веста на францускиот новинар,за да слушне целиот свет за настанот. Сцената кога ја каменуваат ме потресе! 10/10
The Lucky One Верувам на повеќето ви е познат. По враќањето од војната човек бара непозната жена бидејќи верува дека таа му била заштитник и му носела среќа. Не сум нешто посебно импресионирана. Филмов ми беше некако премногу бавен и развлечен без дејство. 5/10 И да, овој Ефрон станал добар типац...
The Kids Are All Right Филмов најмногу го гледав заради Миа Васиковска која ме остави без зборови во Stoker. Доста талентирана млада актерка. Џулиен Мур си ја обожавам, во секој филм ми е прекрасна. Добар филм, солидна приказна и одлична глума. Се работи за семејство сочинето од две мајки(лезбејки) Ник и Џулс и нивните две деца Џони и Лејзер. Заплетот започнува кога Лејзер ќе посака да го запознае неговиот биолошки татко. 6/10
21 & Over Spoiler Баш пред некој ден ја прашував другарка ми што филм некој да гледам онака за релаксација да не биде напет некој и ми вика гледај го 21 & over. Ах реков ај добро ќе го гледам поодамна го меркав ама некако не ми фаќаше окце и бидејќи на одмор си бев од работа и онака цел ден си легачев филмче ова-она и ај реков да го пуштам. Тројца најдобри другари од средно се среќаваат после неколку години. На едниот од нив му е роденден па овие двајцава доаѓаат кај него дома за да го носат да слави, но тој нареден ден има испит. Па така некако се договорија да одат на "едно пиво". И така почнува целоноќно патешествиe со тројцата. Филмот не ми се допадна многу. Имаше неколку интересни/смешни сцени, но глумците некако тапа ми беа, посебно овој. Очаен глумец (може таква глумата требало да биде) ама мене очаен ми беше. Значи во филмот ако не преку 5000 пати се спомна fuck, what the fuck, the fuck. 4/10
(500) Days of Summer Упорно го читам како фифти дејс, не знам зошто, ама не е ниту важно во моментов. Подобар филм немам гледано во последно време, од оние благо-романтичните и за содржината ќе ја поставам само сликава, зашто кажува многу или го кажува сето она кое треба и не треба да го очекувате од филмов. Mногу, многу, многу ми се допадна, ме допре, ме разнежни, ме растажи, ме подзамисли и дури се пронајдов по малку и во двете страни на приказната - дали навистина постои судбина или и таа е џст а биг фентази како и љубовта или пак, навистина има нешто ... !? Прекрасен избор на музика, The Smiths дефинитивно топ оф д топс. П.С. На сред филм ви влегува мајка ми во соба и така благо си се загледа и ми вели „леле, М. пак си пуштила некој пензионерски филм, аууу “ ... а тие само си седеа на клупата. А, да - 10/10.
The Stoning of Soraya M - според вистинска приказна Потресна приказна нема некој што ќе остане рамнодушен. Се изнаплакав на филмов. Станува збор за чесна жена мајка на 4 деца 2 женски и 2 машки. Чии маж ја изневерува, и несака да му даде развод, бидејки простакот со разводот се откажува од 2те девојчиња. Нели таму не ја ценат жената, а со тоа и ќерќите ги отфрла. А на синовите им ветува живот во Нју Јорк. Згорозена сум од привитимизмот, и од нејзиниот простак неандрталец маж вклучувајки го и едниот син. Само за да се отарасат од Сораја, дури и ќе и наместат дека го изневерува мажот и- а нема врска тоа!Единствено во нејзина одбрана застанува нејзината тетка,која ама баш ништо не може да направи да и помогне. До последен момент се обидува да и помогне-меѓутоа залудно... Се разочарав од татко и, семејството, луѓето што ја познаваат, како може никој да не се спротистави. Со божемни "докази" да ја осудат! Се потресов на сцената со каменувањето. По поштена и чесна жена од Сораја во филмот нема. Не е како 90% од останатите жени крадачка и озборувачка. Тетка и ќе ја пренесе веста на францускиот новинар, но дали тој ќе успее да ја објави веста?! (да не откривам се.. до последната минута е напнат филмов) Глумата е одлична нема човек кој ќе остане рамнодушен на таа неправда и проста маса! Го препорачувам филмот!
It's Complicated Одлично филмче за релаксирање. Ми се допадна, онака не те тера премногу на размислување, смешно, лесно за гледање. Мерил Стрип ми е легенда. Колку е само природна додека глуми, браво. Интересна приказна, интересно склопено, куќата прекрасна. Ви го препорачувам изгледајте си го. 8/10
Revolutionary Road Ејприл и Џон се млад брачен пар.Ејприл е домаќинка кога сонува да стане актерка а Џон ја мрази својата работа.За да си го остварат сонот ,сакаат да продадат се и за заминат за Париз,во кој Џоне вљубен а Ејприл никогаш не била.Но како времето минува тие се повеќе се обвинуваат меѓу себе за нивните односи.Филмот покажува како е да бидеш заробен во еден мелограѓански живот. Мене не ме воодушеви филмов,дури на моменти и досаден ми беше. 4/10
The Painted Veil Преубав филм. Наоми Ватс и Едвард Нортон ме оставија без зборови со својата глума. Премногу ми се допадна филмов, прекрасни сцени од Кина, предобра музика, но се најмногу ме освои глумата на главните актери. Многу емотувен филм и многу добра приказна. Сеуште сум под импресии. Ви го препорачувам филмов, мора да го изгледате! На сите би ви се допаднал. 9/10
Spring Breakers Spoiler Многу, многу одвратен филм. Не знам како некој воопшто се согласил да глуми во овој филм, па кога видов дека Хана од Убави мали лажливки е таму, ми се згрози. Добро, зарем не ја читате приказната на почетокот, зарем не препознавате убав и квалитетен филм, од досаден и одвратен? За актерската екипа немам коментар, досадно. Ванеса и таа другата се вклопуваат со нивните антипатични фацички, но Селена и Ешли .. Се работи за 4 девојки кои ќе ограбат сендвичара за да одат на *spring break*. Од што е тапа филмов, дури со една реченица го опишав. Цел е со дрога, секс сцени, пукање како професионалци. Тој црнецот ми идеше цел филм да го учукам со нешто. 2/10 Само зашто Селена на пола филм сфати дека не е за таму и се откажа.
Now You See Me (2013) Фантастичен филм со интересна приказна и одличен кастинг. Го задржува будно вниманието, има неверојатен пресврт и ве остава без здив додека го следите. Има момент на крајот кој беше целосно непотребен, но добро, се` на се` е супер филмче. Група талентирани магионичари се здружуваат во заедничко шоу и го прават најневеројатнјот магичен трик кој светот го видел - ограбуваат банка. Заплетот почнува токму тука... Препорачувам, интелигентен и забавен филм. p.s. Типот што го глумеше Марк Цукерберг во The Social Network ми е нова симпатија за озбилно. 8.5/10