Exam Spoiler Препредобар филм. Се работи за една голема и моќна компанија која нуди едно работно место,а во завршната етапа се 8 души (4 машки и 4 женски)Поставени им се правила и едно прашање и имаат 80 мин да го откријат одговорот,но пред тоа треба да дознаат што е прашањето? 10/10! Kiss the girls Spoiler Мноогу добар трилер. Се работи за дет. Алекс Крос кој заминува да го истражи исчезнувањето на внука му Наоми. Дознава дека она можеби е потенцијална жртва на убиецот кој се потпишува ко Казанова. 10/10!
Stag Глупости. Нема потреба од дополнителни зборови. Now you see me Филмов... од каде да почнам. Не знаев за што се работи, читав само коментари дека е одличен. Добра екипа, тоа морам да напоменам, ми се допадна што режисерот се осврнал баш кон овој тим од актери. Тоа мислам дека беше освежувачкото во филмов. Мене... дефинитивно не би му дала 10ка...а ни 8мица. На филмов му недостастуваше некоја длабочина, нешто ужасно му фалеше. Вклучувајќи го и крајот кој...никако не го красеше делото. Убави сцени, имагинација, замисла. Не се дозволи да се навлезе посебно во секој од главните ликови, во неговите причини, историја или како и да е, емотивниот момент. Сцената со луна паркот ми беше втф. Отидоа коњчиња да јаваат. Не знам. Сакав да бидам изненадена и задоволна, ама не можам да го заобиколам моментот дека нешто суштински, подлабоко фалеше на филмов. Или можеби такво ми беше расположението. Затоа ми е форгетабл.
Centre Place (2010) Интересно австралиско лесно/лимонатка филмче. Софистицирана романтична драма. Филмот се фокусира на издигнувања и падови на Лизи Бакстер. Кога Симон нејзиниот "совршено дечко" и раскинува пред да одат во Париз нејзината "втора љубов", животот и се менува. Kога нејзиниот татко со кого нема добар однос и нејзината стара љубов од средно се појавуваат повторно, илузиите на Лизи почнуваат да се остваруваат. 7/10
Now you see me Преубав филм. Се работи за 4 магионичари кои ограбуваат банка. Да не раскажувам понатака, гледајте го сами . Според мене, овој е еден од подобрите филмови што сум ги гледала во последно време. Исто така и актерите се предобри. Spoiler Дефинитивно Dave Franco ми е нова симпатија Од мене има 10!
Деновиве се навратив на веќе гледани филмови, чисто да си ги повторам. The Social Network (2010) За мене овој филм останува предобар, затоа што во суштина е многу едноставен. Вистинита приказна за создавањето на социјалната мрежа фејсбук и како Марк Цукерберг го промени начинот на модерната комуникација. Не знам навистина дали луѓето сфаќаат колку работи смени еден меретен фејсбук и колку го промени светот. Приказна за тоа како успехот доаѓа со висока цена и газење по пријателите. На крајот, преку едноставна сцена филмот доловува неверојатна животна поента - парите не вредат апсолутно ништо, кога немаш со кого да се радуваш на успехот. 9/10 со извонредна глума на Џеси Ајзенберг и Ендру Гарфилд. American Beauty (1999) Сосема заслужен оскар, со исклучително добро разработени ликови. Филм кој ја прикажува гнилата страна на скапаното американско општество и дисхармонични семејни односи, кои очајно секогаш и секаде сакаат да ги прикажат како совршени. 42 годишниот Лестер (Кевин Спејси) страда од средовечна криза, се додека неговата наклоност не ја насочи кон најдобрата другарка на неговата ќерка. Ова е веројатно најдобриот кастинг на сите времиња, со прекрасна музика. Препорачувам. http://www.youtube.com/watch?v=al21Vtlsg4A Kick-Ass (2010) Ова е филм од кој некои ќе бидат воодушевени, а некои нема да можат да го сварат, ниту догледаат. Би го дефинирала како црна комедија, со примеси на wannabe супер херои и многу крв и насилство, како за така детски и тинејџерски филм. Мене ми беше ОК, иако деф. имаше претерани моменти и сцени. Би го гледала и вториот дел, чисто од љубопитство.
I am Sam Сем е самохран татко и човек со развоен ментален инвалидитет. Има 7 годишна ќерка и се труди да ја воспита добро и покрај неговите ментални ограничувања. Таа ќе му биде одземена од властите и тој се труди да ја врати со помош на познатата адвокатка Рита, која Сем ќе ја научи многу нешта за љубовта и за тоа дали е потребно таа да се има по секоја цена. Потресната приказна и инзвондредната глума на Шон Пен ме оставија без зборови. За прв пат успеав да се расплачам на некој филм, овој допре до моето срце, ретко кој останува рамнодушен на филмов. Тие што не сте го гледале, топло ви препорачувам да го гледате филмов, нема да зажалите. Моја оценка 10/10.
The big wedding Роберт Де Ниро, Дајен Китон, Сузан Сарандон, Робин Вилијамс, Кетрин Хејгл, Тофер Грејс, Бен Барнс, Аманда Сејфрид. Кастингов е супер. Што постарите, што помладите актери. Бен Барнс е преубав. Приказната е малце хаотична, се испобркано, сите односи во една поголема фамилија. Има многу убави пејсажи, убави фустани, убави куќи итн. Се некако хармонично е склопено, ептен ми имаше душа филмов, иако е малце мрднат. 10/10
Вториот дел ке излезе сега, ми се виде интересен па решив и првиот да го гледам. Добар хорор, можам слободно да го вбројам меѓу најдобрите хорори што сум ги гледала.
Само шо го изглеав, го даваа на ТВ. Border Run Солидно филмче, воедно непредвидливо. Се работи за тв репортерка (Sharon Stone) која ќе тргне во потрага по исчезнатиот брат (Billy Zane). Дејството е сместено меѓу американската и мексичката граница. Отсликано е илегалното преминување во САД со сите свои жртви за да се има бољи живот. Ако ова што го видов е вистина, ондак почињам да ги пизмам мексиканците (не дека претходно сум ги обожавала, ама сум немала некое посебно мислење за нив). Филмов е непредвидлив, со добра поента. Фин крај. Шерон Стоун ми е веќе докажана актерка. Препорачувам во секој случај. 7.5/10
Like Crazy Филм за тоа како фунцкионира љубовта на далечина. Реална приказна, добра глума, одлична музика. Добар беше филмов, ми се допадна, ни многу тажен ни многу среќен. Нетипичен тинејџерски филм би рекла. Ако сте љубители на Николас Спаркс ќе ви де допадне. 6,5/10
http://www.youtube.com/watch?v=g0_mrDgDe4w Филм базиран на вистинска приказна, за сериски убиец од АЛЈАСКА, кој има силувано и убиено преку 30 жени, а само една единствена преживеана, Синди. Синди е клучниот сведок... Николас Кејџ како полицаец во потрага по докази кои ќе го затворат овој болен ум. Филмот е продуциран од Lionsgate, а јас им ги обожавам филмовите. исто така продуциент е и 50цент, и се појавува во филмот. мене многу ми се допадна, има 9/10, добар кастинг, Кејџ баш ми се допадна во улогава, гледајте го
Up(2009) Преубаво анимирано филмче, едно од подобрите кои ги имам гледано. Ептен ми се допадна, забавно, шарено, смешно, а на моменти и тажно. Супер филмче за опуштање. Буцкото ми беше премногу смешен. Имаше многу смешни сцени, а и како што кажав неколку беа и по малку тажни. Препорачувам, изгледајте си го, ќе ве расположи. 10/10
Los amantes pasajeros или I'm so excited Шпанска комедија на Педро Алмодовар..Дејството се одвива во авион,тргаат за Мексико а на патот до таму се случуваат разни случки... Не е лош филмот,добар е за релаксирање
Лавиринтот на фаунот http://www.imdb.com/title/tt0457430/?ref_=sr_1 Шпанско филмче. Судир на два света: реалниов и оној на самовили и магични врати. Едно девојче ќе си врзе в крпче дека „вилата“ му кажала дека тоа е всушност некоја си таму принцеза т.е. душата на таа принцеза живеела во девојчево и дека таа, ако сака, може да се врати назад кај кралот во нивното подземно царство. Верувајте, филмов воопшто не делува така фантазерски, шарено, прекрасно, самовили, принцези, ах... Што значи дека лошо ви го опишав Напротив, многу е мрачен, има многу смрт, многу крв... не ми беше нешто посебно, премногу некако работи имаше што сметам дека се непотребни, али отепав едно попладне (иако дефинитивно не го препорачувам да го гледате денски, ми немаше ефект уште толку).
Hocus Pocus Го даваа еднаш на Сител и ја после пак сакав да го гледам Се работи за вештерки,ноќ на вештерките.Не е страшен напротив по малку е смешен
Seven psychopaths Искрено, да, смешен трилер, но не е по мој вкус. Дури и премногу крвав на моменти. Интересна сторија. Од мене 7-10 само заради крвавите сцени.
Magic Mike http://www.imdb.com/title/tt1915581/ 10/10 Приказната е солидна, не е нешто особено интересна, интересна е актерската екипа: Channing Tatum, Alex Pettyfer, Matt Bomer, Joe Manganiello и Matthew McConaughey- кој од кој позгоден... Топло го препорачувам на сите девојки- нема да зажалите- рај за очи... Кратко кажано мнооогу добар машки стриптиз П.С. МОЖЕБИ ОВА ЌЕ ВЕ ЗАИНТЕРЕСИРА... Spoiler http://24.media.tumblr.com/c3b751d13751537aac403989ad442344/tumblr_mpf97cCCyB1qe4308o1_500.gif