И јас сега го гледав филмов,да не се повторува сто пати описот,решив да цитирам...за филмот од мене има не 10 туку 100...Не жалам ни минута што ја поминав гледајќи го филмот...предобар... Meне ми е Jesse Еisenberg нова симпатија Spoiler
Baby's day out Ова ми е дефинитивно омилениот филм од детството! Што зборам, уште ми е еден од омилените. Си го имам во компјутер зачувано и си го гледам одвреме - навреме, кога сакам да си се расположам и да го видам бебето. Преслатко бебе, нема што. Едно богато бебе ќе биде киднапирано од тројца криминалци, кои ќе пробаат да изнудат пари од семејството на бебето. Но ова не е обично бебе, ова е едно многу авантуристичко, среќно и снаодливо бебе. Ќе им избега на тројцава, а овие ако ги сакаат парите ќе мора некако да го фатат. Е, во таа нивна брканица има многу смешни моменти. Препорачувам, ако сте го гледале, пак да го сторите тоа. 10/10
"IF ONLY" - долго време немав гледано вака добар филм, стварно неизвесен до крај, многу ми се допадна го ставам , на второ место љубовни драми после "NOTEBOOK" инаку во повеќе постови читам сте го препорачале "A WALK TO REMEMBER" и го погледнав,,,,али ништо интересно , доста здодевен и веќе виден
21 and over Закон филмче Мислев дека нема да ми биди ич интересно, ама го гледавме со друштво собрани, се изнасмеавме со кинезот, дроб, мевлеме, беше сторен Битно со мојот омилен глумец е, др не е битно. 8/10 Sydney White Зошто Amanda Bynes во сите филмој игра ретардирана?? Трејлерот секогаш ко ќе барав филм го гледав, ама секогаш и го прекскокнував за спуштање, овај пат не беше така.Се изнасмеав со филмотт. Препорачувамм многу 10/10
Don't Tell Mom the Babysitter's Dead (1991) Типично лимонатка филмче. Интересно, забавно, смешно, со многу семејни елементи што мене лично, посебно ми се допадна. Тинејџерско, но сепак со содржина за сите генерации. Spoiler Мајката заминува за Австралија со новиот дечко на 3 месеци, оставајќи ги своите 5 деца дома, со бебиситерка. Уште првиот ден бебиситерката умира, оставајќи ги децата сами на себе...како тие ќе преживуваат и ќе се снаоѓаат понатака ќе си видите самите, а богами има доста шо да се види Препорачувам!
Wild Child (200 Не знам зошто, но секогаш испуштам вакви ретpо и некогаш актуелни филмови. Можеби дека од скоро станав филмоманка. Не знам дури ни дали да продолжувам со муабетот зашто се сомневам дека има уште некоја како мене која не го гледала филмов. На почеток мислев дека ќе биде типичен тинејџ-филм, па всушност и е тоа, но не е така лимунаткаст како другите со слична тематика кои сум ги гледала. Се работи за тинејџерка (Poppy), типична американка разлигавена и никаква, која по „третманот“ во бритиш-училиштето тотално ќе се преобрази до таа мера, што и дури ни самата нема да може да се препознае. Нема изливи на романтика, ретки се тие моменти и не се апла патетични, ами баш слатки и не ни приметив кога ми помина саат и половина. Ако немате нешто попаметно за правење - погледенете го, макар и по втор, трет, n-ти пат - топло препорачувам. 9/10
^ Аууу од кај го откопаааааааа... ретро!! Порано на МТВ го даваа За темата: We're the Millers Забавно филмче, постојано има некое дејство.. Иако отприлика се знае како ќе заврши уште на почетокот, интересен е за гледање, за смеење - го препорачувам секако 8/10
Under the tuscan sun Филмов не е некакво ремек дело или барем филм што ќе ве остави без здив.Станува збор за жена литературен критичар која се разведува после долги години брак.По игра на случајноста заминува на патување во Италија,и купува напуштена викендичка...и тука се зближува со необични луѓе,се открива себеси. Само заради прекрасните пејсажи на Италија,полињата со сончоглед и црвени булки,и преубавите јадења филмов од мене добива 8/10.
Pitch perfect Ми се допадна филмов во целост. Песните беа супер, а и бев зачудена како извежбале актериве дотолку добро да звучат. Неверојатно. Значи, делот со пеењето - топ. Главниот машки лик, супер. Таа малата од Твајлат не ми е нешто омилена, што знам, гледам дека некако си се вовлече во Холивуд, не ми се виде нешто посебно, али сигурно не за џабе и даваат улоги. Е, таа дебелата плава и Кинеската/Јапонка, што и да беше, ужасно несварливи, не можев да ги поднесам. Ликовите заникаде им беа. Тоа е новиот американски хумор, глуп и недоквакан кој не можам да им го проголтам, оти не го бива. Се на се, одличен филм. 9/10
Road Kill / Road Train Нискобуџетен хорор, кој не би го препорачала на поширока маса, ниту пак би го ставила во омилени филмови, но ОК за мојот вкус, сценариото ми беше по мерак. Не им требале сите тие натприродни елементи, без нив би бил филмов позабеган и поинтересен, вака беше глупичок и без смисла, ама нема везе...
Мојот последен филм, кој го гледав е COOLER.Филм што те вози, интересна, средно динамична. Дејствието се одвива во и околу казино, со методите и начините како казиното да биде во добивка.Главна улога има Кулерот, кој е всушност претставува баксуз човек најмен од казиното да им носи малер на гостите. Има и љубовна приказна и семејна приказна, непредвидливи ситуации и навистина вреди да се изгледа. Мене ми остави многу убав впечаток. Оценка 9/10
Вчера го гледав, Големиот Гетсби,филмот е прекрасен,малку е тажен ама потикнува на размислување. Вреди да се погледне!
Mud Велат дека ова е најјаката улога на Метју. Го глуми ликот на убиец на човек кој се крие на осамен остров за да им избега на ловците на глави.2 деца му помагаат...и искрено мене ми избега поентава на филмов...не ми го привлече вниманието.На моменти и го „претрчував’’. 3/10 How to lose a guy in 10 days Кејт работи во извикано списание за жени и добива задача да напише колумна како да изгубиш дечко за 10 дена,водена од своето и искуствата на нејзините пријателки.Метју од друга страна за да ја добие рекламата за снимање на спотови за дијаманти ,ја прифаќа фрлената мамка да ја натера Кејт да се вљуби во него...и се разбира завршува со хепи енд.Кејт на моменти ме нервираше со нејзинота хистерична глума,Метју ми се чини е само за плакнење на очи.Има неколку добри сцени и се разбира жолтиот фустан на Кејт е вреден за паметење.Другото лимонада. 6/10 The Vow Пејџ заедно со нејзиниот сопруг Лео доживува сообраќајна несреќа.Ја губи меморијата,поточно последните 5 години и се избишани,така да не го препознава сопругот ниту пак работата со која се бави.Се враќа на нејзиниот поранешен живот,бившиот вереник,родителите,другарките од средно,зашто само тоа го познава.Лео чувствува дека ја губи, се труди од петни жили да и помогне но наидува на одбивање.Се разведуваат...а Пејџ откако ги реди коцките на својот живот,повторно му се враќа.Филмот е базиран на вистинска приказна. 8/10
Now you see me Не би се повторувала со останатите,многу добар и интересен филм,а и башка обожавам филмови со ваква тематика! 10/10 the great gatsby Spoiler Исто така интересен филм само на моменти ми беше малку досаден. Единствено крајот не ми се свиѓаше 9/10
Ѓаволот одвнатре http://www.imdb.com/title/tt1560985/?ref_=sr_1 Изабела Роси оди во Рим за да открие која е всушност причината што мајка и‘ завршила во ментална институција. Нејзиното изтражување е целосно документирано со видео камера. Наводно сниман според вистински материјали, целиот филм изгледа како homemade video, што знае да нервира на моменти. Фино е филмчето, интересна приказна, а она што најмногу ми се допадна е мистериозниот крај. Го препорачувам на сите љубители на егзорцизам-ѓаоли-и-врази тематика
In Time Преубав многу ми се допадна. Филмов е акција Главни улоги се Justin Timberlake и Amanda Seyfried 10/10
Perfume: The Story of a Murderer Не постои нешто забавно во самата приказна, освен начинот и вложувањето труд за еден застачувачки и ограничен ќорсокак да се бара решение, ем возвишено ем страшно. Потребна е љубопитност за особината на една опсесија и разбирање до каде можи истата да го донесе човекот, посебно кога таа е толку голема и силна.
The Great Gatsby[2013] Не претпочитам многу драми, ама многу позитивни коментари прочитав за филмов, како и воодушевувања од сценографијата, како и глумата на Леонардо ДиКаприо па решив да му дадам шанса.Малку ми беше предолг, ама навистина ми се допадна и уживав во филмот, приказната ми се допадна, и Дејзи беше прекрасна. 8/10
Ако сте расположени за плачење до бесвест, дефинитивно ви го препорачувам!! Преубав филм. Ме расположи, натажи, наежи, расплаче во исто време. Ми се преполовија емоциите гледајќи го...... 10-10