Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Closer
    [​IMG]
    Мене филмов премногу ми се допадна.
    Да си среќен, да ја сакаш онаа со која си вов рска, но сепак да посакуваш и друга жена. Зошто таа не го кажа вистинското име на оној кој ја сакаше, туку на оној кој плаќаше за неа?
    Натали Портман ми е совршена. После филмов уште толку си ја сакам. Преталентирана актерка, секоја улога ја доловува маестрално. За Џулија немам зборови исто, да не пишувам за секој посебно ОДЛИЧЕН кастинг, дефинитивно. Музиката совршена. На почетокот сцените се малку измешани, но на крајот се се поклопува. Филмов оди во топ 10.
    Препорачувам 10/10
     
    На Sanniii и Hipster им се допаѓа ова.
  2. Babylon

    Babylon Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    21
    Се согласувам. Интересен, на моменти тензичен и возбудлив, само малку подолг од потребното :)
    Да се надоврзам со препораки - Fracture и Stay (и двата се со Рајан - да нагласам за неговите љубителки :) ) Занимливи трилери и добар избор на глумци.
    Гратис трилер - The Machinist со Кристијан Бејл. Одличен портрет на човек кој не спиел цела година. На вас останува да ја откриете причината :)
     
  3. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    3.188
    Gangster squad


    Дејствието се случува во 1949 г. во Лос Анџелес.
    Мики Коен е главниот мафијаш во градот, врши секаков криминал, од проституција до дрога и оружје, буквално го поседува цел град, никој ништо не му може, зошто од полицајци до судии се има поткупено.
    Сепак, се формира еден одред од 6 полицајци, кои почнуваат да му го растураат бизнисот.

    Шон Пен e мафијашот, извонреден актер, му нема рамен, овде е баш ладнокрвен и тешко ѓубре. Секоја чест за глумата.
    Џош Бролин исто, глума на ниво.
    Рајан Гослинг сметам дека е добар актер, само некако преисфорсиран, тука сепак добро одигра, али според мене, му фали уште некоја гримаса плус на лицето додека глуми.
    Ема Стоун, не и стои црвенава коса, поубава е ко плавуша. Една од подобрите млади актерки.

    Одличен филм, по вистинска приказна.

    9/10
     

    Прикачени фајлови:

    • dggd.jpg
      dggd.jpg
      Големина на фајлот:
      243 KB
      Прегледи:
      503
    На Sanniii и 1209 им се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    The 5 year engagement
    http://www.imdb.com/title/tt1195478/

    [​IMG]
    Од вакви филмови за навек ми се има уништена желбата за гледање филмови, кој ме прелажа да го пуштам, како демек смешен бил. Смешен? Да патетично смешен, како една реченица дека нешто и кога не е смешно и е глупо, ти пак успеваш да се насмееш на глупоста, нешто у тој конекст.
    2 часа трае, два залудни часа без ни еден интересен момент, бледа глума и досетки бескаjно неинспиративни. Овој Џејсон Сегал ми се сере од него, како у ХИМЈМ така и во филмоиве, бизарен кловн глуми а не му иде. Kaко мечка е, тром и досаден.
    Не е смешен, ни во лимонада не би го ставила.
    Компир.
     
    На Agrona и Yowannty им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.052
    Допаѓања:
    178.836
    Пол:
    Женски
    Од збор до збор се сложувам со тебе. Јас дури немав живци да го изглеам до крај. |(

    Од мојот филмски маратон ги издвојувам
    Аce Ventura: When nature calls
    Џим Кери е врв над врвовите. Верувам голем дел од вас го имаат глеано филмов, а оние кои го немаат обавезно да го погледнат. Смеење до мочање :) И секако за сите љубители на животни е супер предизвик од филм.

    The mask
    Исто со Џим Кери и Камерон Дијаз, кои како пар некако не ми одговараат, ама солидно се вклопени во филмов. Интересно и смешно филмче за тепање време.

    И двата погоре ги имам преку 5-6 пати глеано ептем одамна, па си дадов време да се потсетам на истите :)

    и

    Now You See Me (2013) (го глеав пред некој ден, по толкуте позитивни критики тука)
    Филмчево ми е суперишка. Нема да го објаснувам, има назад неколку рецензии. Крајот малку не ми се допадна ама во секој филм има по некој пропуст. Сакам да кажам дека ако не собере некој оскар филмов, ќе ја бојкотирам филмската индустрија. :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    100.657
    Пол:
    Женски
    The Lake House

    Приказна за љубовта меѓу младата осамена докторка и фрустрираниот архитект.Приказната се меша со сегашноста и иднината.Започнува со праќањето на писма од страна на докторката заради промена на адресата,и заедничкото куче Џек.Алекс не обрнува внимание на писмата се дури на свежо нанесената боја не останат трагите од кучето.
    Сладок филм.
    А на Киану добивам желба да му го откопчам каишот на фармерките :tmi: :$
    6/10
     

    Прикачени фајлови:

    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.232
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Eternal sunshine of spotless mind,искрено не го разбрав филмот, неколку пати го прекинував и не го разбрав, дај ве молам просветлете ме...
     
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    The stranger within

    [​IMG]

    Супер скоцкано трилерче, имагинација или стварност е прашањето.
    Талентирана актерка е киднапирана и силувана, и после тој настан нејзиниот живот не е ист, последиците сеуште ги чувствува. Капак на приказната е нејзиниот маж - психолог, кој успева да ја искористи нејзината психолошка состојба за да извлече бенефит од неа.

    Кадрите од куќата и островот во Шпанија :inlove: .

    [​IMG]

    Aктерката исклучително привлечна, гледам на гугл дека воопшто не се срами да го покаже своето тело. :lol:
    [​IMG]

    Оценка: 7/10
     
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Штрумфови 2

    [​IMG]
    Дејството се одвива во Париз,каде Гаргамел сега веќе познат волшебник/магионичар има претстави. Ја киндапира Штрумфета на нејзиниот роденден за да ја дознае формулата со која Велештрумф ја претворил од Лошко во Штрумф. Штрумфовите одат да ја спасат,а им се приклучува и фамилијата на Grumpy.
    Филмот е многу детски,освен делот каде допира дел од врската родител-дете. И тоа дека родител е оној што те воспитал,пораснал и ти дал дом,а не оној кој само те создал.

    Филмот визуелно е забавен,со 3Д ефектите,иако лично тоа ми го направи малку напорен за гледање.

    Во споредба со Штрумфови 1,мислам дека имаше посодржаен хумор,нели колку се може за детски филм.

    Hank Azaria многу оригинално го доловува ликот на Гаргамел и се гледа дека многу вложува во улогата. Додека Neil Pattric Haris некако како да не се труди доволно и сосема млако го доловува карактерот на ликот кој го толкува.

    За помали деца филмот е 9/10 , за возрасните што ќе им прават друштво во кино и не е толку забавен, 5/10

    Редактирам,да надополнам дека се заборавиле со цената на картата-290 денари е, што значи за двајца 580 денари плус сите тие вкусни оброци со чипс,чоколатце,сокче,што се по минимум 100 денари,пак за двајца 200. Мислам дека е прескапо за во кино. Зборувам за Cineplexx.
     
  10. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Hotel Transylvania
    [​IMG]
    Каснам јас со цртаниве, ама барем ги гледам :lol:
    Уште едно преинтересно анимирано филмче. Ми се допадна идеата за тоа како сега чудовиштата се тие што се плашат од луѓето, а не обратно. Ми се допадна како е претставен Дракула. На моменти ми беше пресмешно.
    Дракула има ќерка за која после смртта на нејзината мајка прави дворец во кој можат да влезат само чудовишта и му го дава името Хотел Трансилванија. Сите се спремаат за 118-тиот роденден на неговата ќерка, кога ненадејно во хотелот ќе пристигне човек и тогаш работите ќе се закомплицираат.
    Натаму гледајте, интересен е.
    Препорачувам. 9/10
     
    На Claire, Hipica и Agrona им се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    [​IMG]
    Odd Thomas
    Чуден филм :D Филмов имаше некој шмек, шарм, посебен беше. Приказната можеби позната, тој гледа духови, се бори за нив и со нив, кулминација, херој (на крајот ми се лизна некоја солзичка :angel: ). Она што ми се допадна, а на почетокот ми беше втф беше карактерот на ликовите. Имаше некој шмек на наивност, на детство, на нешто многу симпатично. Ми се допадна стварно. Фантазија испреплетена со некое чувство на носталгија...таква емоција ми остави. :)

    [​IMG]
    The heat
    До сега сите сте го изгледале :D Не ми беше нешто посебно смешен, на моменти дури и идиотски, ама забавен беше за гледање. Задржа внимание и си имаше свои моменти.
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    That's What I Am (2011)
    Ова е еден од подобрите филмови што сум ги изгледала во последно време. ^_^
    Толку е навидум лесен, а има огромна длабочина и поука истовремено.
    Ед Харис е во една од главните улоги на учител по литература и книжевност.
    Дејството се одвива во 60-тите години и јасно прикажува како се раѓа омразата, нетолеранцијата, малтретирањето и заплашувањето на сите оние кои се поразлични од некој друг.
    Филмот е толку шармантен и прекрасен, што на крајот се расплакав.
    Ќе сочуствувате со едните, ќе ги мразите другите.
    Започнува во една насока, а завршува со универзална порака.
    Низ филмот се провлекува и прекрасен цитат кој верувам дека долго ќе го паметите.
    Одлична доза на комичност и сериозна драма измешани во овој прекрасен филм, кој мора да го погледнете. :)
    [​IMG]
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Jumping the Broom (2011)
    [​IMG]

    Сабрина и Џејсон се запознаваат и почнуваат врска. По 6 месеци од нивната врска одлучуваат да се земат. Во тие 6 месеци Сабрина воопшто ја нема запознаено мајката на Џејсон. Викендот кога треба да се одржи свадбата, мајката на Џејсон доаѓа во куќата на родителите на Сабрина (кадешто треба да се одржи свадбата) и така се случуваат интересни работи, бидејќи двете фамилии се премногу различни.
    6/10
     
  14. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Трето полувреме
    Мене лично ми се допаѓа филмот. Прикажано е како уште од времето не умаловажуваат и неправда над македонскиот народ. Ама македонче како македонче не се дава. Сето тоа е прикажано преку фудбалскиот тим Македонија и натпреварите што ги одигрува. Посебно ми се допаѓа сцената кога ги пречекуваат на железничка и кога почнуваат да ја пеат Море сокол пие вода на вардарот. Во филмот исто така е прикажана и љубовта на двајца малди, кои ќе се изборат да останат заедно. Тука е и мачењето врз Евреите од страна на Бугарите.. и многу други сцени кои не би сакала да ви ги откријам. Погледнете па оставете коментар. :)
     
    На Hipica и Agrona им се допаѓа ова.
  15. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Man on a Ledge
    [​IMG]
    Доста интересен трилер-акција. Мене лично ми се допадна, немав некои големи очекувања од филмов, но ми се допадна. Доста непредвидлив и тензичен е филмов. Солидна актерска екипа, одличен заплет, а пред се одлична идеа и одлично склопено филмче. Ако сте љубители на ваков вид филмови ќе ви се допадне.
    7/10
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.824
    Допаѓања:
    25.553
    Пол:
    Женски
    Would You Rather
    [​IMG]
    Ау, ме умори филмов од што беше напнат.
    Неизвесно и тензично до самиот крај.
    На кратко, се провлекува прашањето на што се е спремен човек кога станува збор за некој близок, за себе, или општо во екстремни услови кога треба да се бира помеѓу две зла.
    Одлична глума.
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Despicable me
    и покрај сите позитивни критики, избегнував да го гледам оти мразам ново анимирани видови, и одбивни ми се за гледање, вакви прекомпјутерски или како да ги наречам (тортички ли, мала шала :lol: )

    Aј го пуштив....
    до 20минута онака викам не бе, не ми се свиѓа. :wasntme:
    Ама ај, идемо даље ќе гледам...
    Е, после 30та минута луѓе :inlove:
    кога отидоа дечињата кај Гру
    , ептен ми се заарни :inlove:
    Морам да кажам дека се расплакав на филмот, толку сладок, толку смешен, толку толку толку, и со право сите се онесвестуваат на него, и на тие жутите :rofl: Крајот ми се.
    Јаготката на филмот дефинитивно е

    Agnes

    [​IMG]

    Толку слатко мило срце, со гласче најслатко, ела да те изедам :D .
    Ако има некој залутан путник ко мене што не го гледал, јас му го препорачувам да седне.

    10/10 :l: Многу мил филм
     
    На teddybear, Claire, Hipster и 6 други им се допаѓа ова.
  18. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Јас сум тој залутан патник но од оправдани причини, не најдов добар линк, се беше кино снимка, а бидејќи го имам гледано првиот дел сакам и вториот со убава снимка и мераклиски.Ако имаш линк со добра снимка, плс набаци ;)
     
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    [​IMG]
    Now you see me
    Се распишале сите, овој можеби е еден од подобрите нови филмови што ги имам гледано подолго време. Приказната е многу добро смислена, секој детал се запазен (другарка ми ме подучи дека истиот тим работел и на новите СтарТрек пто може друго да се очекува). Според мене и глумците се добро избрани и одлично се носат со улогите. И си оставија простор за втор дел, белким нема да го зезнат. Препорачувам.
    [​IMG]
    Three to tango
    Лесно и интересно. Метју Пери има интересна улога (кога ќе се изостави ужасна боја на коса која му ја ставиле, се се прекрасно). Опуштена романтична комедија. 90-тите според мене, се најдобар период на ваквите филмови и овој е еден од оние кои и 100 пати да се гледа пак ќе биде интересен.
     
    На Mrs.Cuper и Hipster им се допаѓа ова.
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Свлечкај ме во Пеколот
    http://www.imdb.com/title/tt1127180/?ref_=rvi_tt
    Глупости. Чисти глупости.
    Кога читав резиме за филмов, си реков Ок е, стандард приказна, демони, опседнувања, ама ми гледа интересно, белким ќе има добри ефекти и добра глума. Башка и рејтингот не му беше којзнае колку слаб.

    Почнува филмов и од старт нешто не ми штимаше. Премногу светли и живи бои ми имаше за филм со таква тематика :D Не, сериозно. Ми нема ефект ако е се‘ толку... vibrant.
    Продолжувам да гледам, доаѓа првава сцена со демонов.... луѓе, две секунди се воздржував и потоа прснав од смеење. СМЕШНО БЕШЕ! Не беше страшно! Мислам... глупости. Катастрофа глума, катастрофа.
    И во цел филм имаше одвратни сцени од типот на повраќање, муви во јадење, вадење вилици, лигавење... :puke: Пола филм со мижење го изгледав :puke: Дури потоа прочитав коментар дека филмов бил за eating disorder :D :D И во право е човекот до некаде :D
    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=beq8RQn-ipI
    Филмов изгледа како пародија на некое стварно добро хорорче, ама трагичното е што не е пародија. Дури и како хорор/трилер е класифициран.
    Весела плавуша и дечкото на Линдзи Лохан од Херби ич не се за во филмов. Ич!

    Не го препорачувам, не го гледајте, не си губете време за џабе.

    О, Боже! :rofl:
    [​IMG]