Еве го вториот дел http://www.filmovizija.com/movie/despic ... c5700.html Јас сега го изгледав првиот. Не е лош
war war z го гледавме со дечко ми и да кажам дека воопшто не ми беше нешто е видено Spoiler ... за кратко се зачудив како тоа стана најпаметен човек ама ке да му кажала жена му кога и го презел работното место во УН... ДР што ми беше мнн смешно беа тоа ЖИВИТЕ МРТВИ колку беа јаки со фаците и со штракањето со забите ... непреценето ... И последно ми падна чудно како можеа да летаат за не можеа да пливаат Сума сумарум 3/10 Мислам дека веке се имам кажано колку мнн сакам француски филмови ама овој беше доста заникаде la guerre est declare Spoiler Имаш некоја прича За Ромео и Јулија и за синот Адам kој на 2години му дијагностираат рак.Битката на родителите со егзистенција и со проблемите кои им се случуваат болницата и сл.Но и секако општо нивниот живот е поентата на филмов Досаден и без развој ...2/10 Le marquis (2011) Прекрасна комедија ја препорачувам за сите има супер сцени и мннн смешни варијанти...само како замерка ќе кажам дека малку потешко најдов превод но може вие ке имате повеќе среќа од мене 10/10 Redemption (2013) е филмот кој во моментов завршувам со гледање и ако сте за филмови со Џејсон ТОПЛО го препорачувам 9/10
The Conjuring Одлично хорорче. Не ми се верува дека е баш се според вистинска приказна, многу има додадено, но сепак како филм ми се допадна. Имаше некои страшни сцени и некои кои ме извадија од такт. Го задржува вниманието. Онаков крај мислам дека беше премногу. Единствено тоа не ми се допадна многу во филмов. Глумата беше одлична. Го препорачувам на сите љубители на ваков жарн филмови, а на оние со слабо срце ако сакате навечер да спиете не го гледајте Од мене има 7ка.
The Haunting in Connecticut 2: Ghosts of Georgia И покрај дебилниот наслов, океј е филмов, со типична приказна со духови. Духовите се доста језиви, ама на моменти ми беше досаден, ми се чинеше предолг. Онака, просечен.
I give it a year Што да се пише за филмов? На моменти идиотски, на моменти тешка комедија Приказна за бракот и како се издржува првата година Џош и Нет се венчаат пребрзо мислејќи дека си ја пронашле сродната душа. Но како минува времето и двајцата сфаќаат дека згрешиле и се чувствуваат несреќни по само неколку месеци брак. Филмов го гледав само заради Simon Baker и само за него му давам 7.5
World War Z(2013) Ау, каков филм.Јас не сум и некој љубител на зомби филмови, ама овој ептен ми се допадна и долго го чекав, башка и дека Бред Пит глуми си имав доста очекувања, и фала богу не ме разочара.Приказната е добра и малку поиновативна, глумата ептен на ниво, предобри ефекти и зомбито беа прилично језиви. 8/10
Pitch perfect Одбегнував да го гледам,само поради што на Идмб пишуваше дека е мјузикл. Вчера ја слушав cup song,и викам ајде да го изгледам. Интересно филмче, лесно за гледање, супер за тепање време. Ми се допадна :up: Топло го препорачувам. Имаше само една, т.е. две ГНАСНИ сцени Токму поради тоа, 9-10
http://www.youtube.com/watch?v=0Vsy5KzsieQ Еден од низата глупави филмови во кои глуми актеркава. Spoiler Поправка, таа не знае да глуми! Празна е. Нема никаков шарм. Незнае како да си ги искористи убавите очи. Косата под итно мора да ја исфарба. Предосадна е и незнае да пренесе никакви емоции. Толку лошо ги изглуми сцените каде што танцуваше. Изгледаше како фригидна личност која упорно се труди да биде секси ама не и успева. Не ни може да се спореди со сличните изведби-сцени на Natalie Portman или Salma Hayek (како и ред други). Е сега за филмот: имаше две-три до некаде смешни сцени. И толку! Лошо глумеа и останатите актери. Ова не е филм за гледање. Никако.
Се приклучувам кон позитивните рецензии за филмот Now you see me, навистина после подолго време филм кој ме заинтригира да не гледам уште колку има до крајот и да го изгледам во еден здив што се вели. Јас сум малку скржава за 10ки само на 2-3-4 филма имам дадено чиста 10ка, би му дала силна 9ка затоа што навистина ветува и е незвисен до самиот крај. Spoiler Смртта на малот мене ми беше провидна, навистина знаев дека направија некој дубара, солзите на Ајсла би неа навистина провидни и лошо одглумени па се посомневав одма, ама за Марк Руфало ни на крај памет дека тоа е тој што е. Ме изненади Марк, во The Kids are all right, не ми се допадна ни ликот ни глумата, тука ми беше одличен, по добро изглуми наивен и по малку смотан, но убаво го долови ликот на Дилан. Собрале топ екипичка сите, заедно и со братчево на Џејмс Франко беа одлични, убав склоп. Вуди Хaрлесон го немам гледано од Вил и Грејс сум го подзаборавила, али во филмов ми беше навистина омилен. За Морган нема потреба ни збор повеќе да се додаде, има ли филм во кој он не е на своето блијантно ниво, глас, стас, појава зрачи енергија од него, невидена. Препорачувам на тие што не го гледале нема да зажалите. И јас верувам дека ќе има продлжене на филмов, барем така и мене ме наведоа да мислам, дека уште не е ништо готово.
I Spit on Your Grave 2 (2013) Не беше воопшто лош. Иако морам да признаам дека кецот ми беше бољи, посебно во делот на одмаздата ми беше каде каде покреативен, ама и овој помина доста добро. На почеток мислев дека б'лгариве нема да ги биде, но, солидно си ги преставија своите улоги. Задоволително. И покрај тоа шо трејлерот не ми се допадна, му дадов шанса на филмов и не зажалив. Spoiler Ако ја знаете прикаската од првиот дел, епа таа е во глобала и во вториот. Девојка е тортурирана, силувана и наводно убиена, за додека психопатите мислат дека е мртва, таа си ја припрема одмаздата. Spoiler Сцените со силување секогаш ги мотам, тоа не можам ама никако да го гледам. 7.5/10
Mr. and Mrs. Smith Си го сакам филмчево. Никошам нема да ми биди досадно. Да не бидам досадна со содржината ќе кажам само дека Анџелина во филмов и е преуба и пресекси, а за Бред се знај. Одличен филм.
Django unchained Една од подобрите драми минатата година, мислам Ди Каприо и Фокс глумат, тоа некако се подразбира. Леонардо е извонреден, дури некаде прочитав дека Spoiler сцената кога удира со раката и му се раскрвавува, дека навистина ја исекол и продолжил да си глуми во сцената. Не сум некој фан на филмовите на Тарантино, али овој ми се допадна. Џанго е роб, кој ослободен и учен од страна на Германски ловец на глави (bounty hunter), тргнува во потрага по неговата сопруга, која исто е робинка на плантажите на Југот. Одлично филмче, ептен јака приказна и кастингот е перфекција. 9/10
White house down Одамна се канев да го гледам филмов, ама никако на Филмовизија да стават асална снимка, па вчера со некоја горе-доле добра снимка седнав и го изгледав. И да ви кажам право не зажалив. Spoiler Џон Кејл, поранешен војник во Авганистан и професионален телохранител, оди на интервју во Белата куќа се со цел да влезе во Тајната служба која е задолжена за безбедноста на претседателот на САД. Со него ја носи и својата 11 годишна ќерка која по мисијата на нејзиниот татко во Авганистан целосно е опседната со политика и е вистински восхитена од работата на Претседателот. Заедно одат на обиколка во Белата куќа, но токму тогаш започнува нападот на Претседателот и уништувањето на Белата куќа. Целото обезбедување на претседателот е убиено, а Џон сега мора брзо да реагира за да може да го спаси, како претседателот, така и неговата ќерка. Моја оценка: 9/10 Возбудлива, напната приказна со прекрасни актери.
Spread (2009) Многу досаден филм.Очекував многу повеќе бидејки Ештон глуми но се разочарав.Незнам ни што е поентата на филмов.
Despicable me Многу мил и интересен филм. Малите суштества се преслатки. Навистинса многу ми се допадна. Препорачувам 10/10. Despicable me 2 На моменти некако не ми го привлекуваше вниманието, само тоа би го издвоила како негативна забелешка. Првиот дел повеќе ми се допадна. 9/10
Adore (2013) Drama Stars: Naomi Watts, Robin Wright, Xavier Samuel, Ben Mendelsohn Дејството ја раскажува приказната за двете мајки((Naomi Watts и Robin Wright) од кои секоја започнува сексуална врска со синот од другата. За мене лично дури и премногу контроверзен, со табуа теми.Но од друга страна, ме воодушевија прекрасните две дами, неколкупати номинираната за оскар од лани Naomi Watts и сигурно-победничката за Eми оваа година од House of Cards, Robin Wright. Беспрекорна глума од нив, едноставно создадени за улогиве. Пејсажите беа волшебни. Фантастични кадри и бои, добра работа со камерата и одлична музика.8/10
In time http://www.imdb.com/title/tt1637688/ Далеку од тоа дека филмов е лош, ама не е и најдобар, како што се изначитав рецензии и ми го изнафалија. И да, јас сум првата која кажува Џастин не е глумец, не ни очекувам од него глума ни во најмала рака пристојна па тек солидна или брилијантна, затоа не ми се јасни жустрите критки кон него. Самата поента на филмот ливинг форевер е ми се допаѓа и никогаш не сум била фасцинира од таквите филмови. Па и самата трка, бракање со времето и пустиот тајм кипер не ми беше интригантна, можеви само во првите 20 минути подоцна брзо го сконтав текот па и крајот на некој начин. Аманда исто ми беше бледа, можеби само фризурата и беше интересна, друго навистина бледо. Најинтересен лик веројатно ми беше Фортис(Петифајр) и сметам дека е солиден глумец и има потенцијал дечково, иаку последната сцена со него и Џастин ми беше смешна, навистина смешна и детски сработена. Се на се не би му дала повеќе од 6ка на филмов, можеле малку поинтересно да ја свртат причата и настаните.
Wolf Creek Базиран на вистинска приказна за сериски убиец од Австралија (Ivan Milat, The backpacker murders ). Прилично добар, глумата беше одлична, напнат, буди многу емоции, од бес до жал, до прашања што би правеле вие да сте во таква ситуација...
Да не се повторува. Одличен филм :up:. Не е нешто поразличен, ама сепак добар е за тепање време. Од мене ја има истата оценка како на SnowWhite91.