The Big Wedding (2013) Comedy Stars: Robert De Niro, Diane Keaton, Katherine Heigl Дон (Де Ниро) и Ели (Китон), во улога на разведен пар, коишто треба да се преправаат дека се среќно венчани на венчавката на нивниот посвоен син. Биолошката мајка на нивниот син, којашто исто така ќе присуствува на венчавката, е една Католичка од Колумбија. Таа не знае дека посвоителите не нејзиниот син се развеле. Во присуство на фамилијата и сите пријатели, нивната измама незапирливо прераснува во вознемирувачка и непријатна смешна приказна за врската којашто се испреплетува. Не дека очекував многу од филмов ама неможам да сватам толку јака актерска екипа и толку потрошени пари за комедија без содржина.Мислам ако им се одвишок пари на продукцијата нека фрлат наваму 3/10
The butterfly effect ПРЕУБАВО филмче! Баш со вистинска замисла, и вистински заклучок. Кој не го гледал морално,подхитно да го гледа! 10-10 од мене!
Now you see me По толку фалење на филмов во темава и кратките коментари во врска со содржината, морав да седнам и да го изгледам. Морам да признаам дека филмов е еден од подобрите кои сум ги изгледала годинава. Самата содржина те прави напнат, а во исто време и те тера да се насмееш. А, и дефинитивно не очекував таков расплет. Во ниту еден момент не помислив дека таков ќе биде крајот, што ми остави голем впечаток. Ретко кој филм може да те изненади на крајот. Во исчекување на вториот дел Оценка: 9,5/10
The Big wedding Заборавив да пишам за овој. Дајан Китон ми е една од омилените актерки, да ми ја стават пред мене ќе и се клањам. Ама во филмов ми беше премногу просечна. Како и целиот филм. Пробале да направат нешто поинаку, само не знам колку е успешно. Мене на моменти дури језиво ми дојде, ги гледаш стариве од една страна само околу секс им се врти муабетот и Топер Грејс како 30-годишна девица . Чудно, чудно. Кетрин Хејгл ми остави изнанадувачки добар впечаток тука, ама онаа Аманда не знам зошто се дефинира како актерка. Резиме: јас сакав со мајка ми да го гледам, дури и во кино планиравме да идеме. Среќа што не отидовме и што сама го изгледав, во седиште ќе пропаднев инаку.
Now You See Me (2013) Најдобриот филм што сум го гледала. Заслужува чиста 11-ка, не 10-ка. Драма, мистерија, трилер и криминалистика. Магичен филм, магија преовладува во него. Филм кој не ти дава да стиснеш пауза, филм на кој одвај чекаш да видиш кој е следниот потег на главните улоги. Глумицата е таа од тоа Шопахолих, а другите ... ќе ги видите. Ќе се изненадите во позитивна смисла од изборот на глумци, а и од самата приказна. TIME WELL SPENT! Се работи за 4 магионичари кои ќе бидат избрани да бидат дел од една од најголемите проневери на пари во светот. Секако, сето тоа проследено со магија. Нема да им верувате на очите, а богами и на крајот. Ако сте љубител на магија, на измами и илузија, ова е вистинскиот филм за вас.
Now You See Me Го гледам втор пат, но сега на каде каде подобра снимка. И после второто гледање на филмов сум исто толку имперсионирана, да не кажам овој пат и малку повеќе. Над мене гледам доста го имаат гледано, се согласувам со се што имаат кажано. Си сакам вакви филмови, мислев дека 21 е најдобар, но овој го надмина. Кастингот беше предобар, секој актер го погодиле и ми беше совршен за улогата. Приказната одлична, супер смислено филмче, а уште подобро реализирано. Мистерија, трилер, акција, се има во филмчево. Буквално ќе се препотите дури го гледате. 9/10
Adore Чудно филмче, ама едно од подобрите што ги имам гледано во последно време. Навистина невообичаена приказна, за две мајки кои ќе се заљубат во синовите. Вака звучи премногу забегано, но доста поинаку е претставено во филмот. Ако за ништо друго, вреди за мужите да се гледа, презгодни, да не знаеш кој да сакаш да го прибереш. И пејзажите, ах таа Австралија.
Mama Доста језив, ама премногу компјутерска работа, не ме влечат хорори со толку ефекти, што знам, повеќе сум за пореален "изглед" и тема. Ама во секој случај има солидна и малце потресна приказна, не е нешто веќе видено.
Despicable me 2 Конечно.И овој е многу интересен исто како и првиот.Гру се заљубува. Многу ми се слатки овие minions, читав дека ќе имало уште еден дел само со нов, едвај чекам.И да, Агнес ми е омилена
Forever Strong - Поучен филм кој раскажува дека во животот треба да донесеме многу правилни одлуки, исто така, во овој филм пронајдов некое мотивациско чувство за спорт и за креативност. За подобрување на животот и моите идеи, замисли и амбиции... Значи земање на конците во свои раце!
We're the Millers (2013) Типична американска комедија со тој американски хумор кој не знам како не им здосади. Мене ми беше ок филмот, веќе ги навикнав овие филмчиња, не е ништо поретардиран во морето ретардирани комедии. Имаше неколку ок моменти. Џенифер Анистон е толку остарена, огрубена и гадна, ауф. И дефинитивно не се потрудила околу улогата за стриптизерка. Благо речено патетична. Ако тоа требаше да биде жешко и секси, јас сум принцеза. Децата беа ретардирани, како со улогите, така и во глумата. Типот можеби беше најсолиден од сите. Дејвид, ситен дилер на марихуана ќе биде приморан да обезбеди транспорт на поголема количина на дрога од Мексико во САД, за да се извлече од неволјите. За да поуспешно да изврши задачата, ќе стане дел од измислено семејство кое ќе му помогне во планот...
Knowing со Николас Кејџ во главната улога. Станува збор за сликање на иднината(конкретно за наредните 50години) од страна на ученици.Иако задачата е да се нацрта слика,една од ученичките,која ја сметаат за чудна,на листот хартија ќе напише само бројки.По 50 години ќе биде отворена временската капсула во која се наоѓаат цртежите,и ќе бидат поделени на сегашните ученици.Цртежот ќе стаса до рацете на Кејлеб,чијшто татко по долго истражување ќе констатира дека на листот се напишани датите,координатите и бројот на жртвите во несреќите кои се случиле во изминатите 50 години.Исто така ќе го открие и денот на крајот на светот.Верувајќи во кодираната порака,ќе се обиде да промени нешто.
Now you see me - Чиста 10ка за филмов ! Дефинитвно еден од најдобрите филмови што сум ги гледала толку е неизвесно што едвај чекаш да видиш што ќе се деси понатаму а крајот е дефинитвно врв . Браво за филмчево )
Now you see me(2013) Да не пишувам пошироко рецензија, само ќе кажам предобар, непредвидливо до самиот крај, башка Dave Franco e 10/10
Legend of the Guardians: The Owls of Ga'Hoole - 2010. Цртан филм, бувови, борба на добро и зло, победува доброто, но мора да се платат одредени жртви. Хероизирани бувчиња, добра приказна, чиста анимација и прекрасна музика. За оние кои сакаат англосаксонска метафора врз нацртано сценарио, препорачувам. Кралски тип на цртан филм, кој те тера да сакаш да полеташ.
Грешка си, се заљубуваат во детето на најдобрата пријателка. Така, Лил се заљубува во Том, а Роз во Иан. А Лил и Иан се мајка и син, исто како и Роз и Том.