Premonition Таа е млада домаќинка на која еден ден локалниот шериф и ја кажува веста дека нејзиниот сопруг загинал во сообраќајна несреќа.Веста ја добива во четврток.Наредниот ден се буди ,и нејзиниот сопруг доручкува во кујната,наредниот ден се разбудува а тоа е денот на неговиот погреб.Збунувачки,но тоа ќе и помогне да разбере некои работи и да сфати колку нејзиниот брак се сменил,и дали со некои свои постапки може да го смени текот на настаните.Дали вербата во љубовта ќе направи некое ново чудо?Да,зашто животот е чудо. Одлична драма проткаена со мистерија ,која цело време го држи вниманието. 9/10
Dance Flick (2009) Филмот е пародија на сите денс филмови. Интересен е, но не е нешто посебно онака чисто за опуштање. Меган е девојка која има желба да стане позната балерина, кога нејзината мајка умира таа заминува да живее со нејзиниот татко. Во школото каде што ќе учи се запознава со Томас кој е уличен танчер. Тој ќе и помогне на Меган да го научи уличниот танц... значи овој дел е изводок од филмот Save the Last Dance 1. 3/10
Го видов тука по препорака од други членки,и не очекував до толку да е добар филмов!ПРЕДОБАР!!! Everybody's Fine (2009) 10/10 Дефинитивно треба да се погледне.Филмот е драма,но не досадна драма(како што знаат најчесто да бидат ) туку те влече се повеќе и повеќе да гледаш. Одлична глума на Роберт Де Ниро. Spoiler A widower who realized his only connection to his family was through his wife sets off on an impromptu road trip to reunite with each of his grown children.
Save the Last Dance 2 (2006) Како сум се разгледала денс филмови како ми тргна. Филмот е продолжение на Save the last dance 1. Сара ја примаат во Џулијард и нејзина желба е да стане прима балерина. Но патот за да стане позната балериран е тежок за Сара. Дерек и Сара раскинуваат бидејќи тој заминува во друг град да студира, а Сара во друг. Сара го запознава Мајлс професорот по хип хоп и се заљубуваат, но тој крие една тајна од неа... 8/10
This is the end Многу јака комедија со прејаки глумци. James Franco, Seth Rogen, Jay Baruchel, Jonah Hill, Danny McBride и Craig Robinson во главните улоги. Ако немате што да правите и ако не знаете кој филм да го погледнете, ви го препорачувам овој. 10/10
Jobs (2013) Автобиографски филм за еден од најголемите визионери, основачот на Apple, Next и Pixar, Стив Џобс. И покрај многубројните критики од сите аспекти, мене ми се допадна. Посебно ме изненади глумата на Ештон, а и споредниот кастинг беше солиден. Има убава музика и убава атмосфера, иако филмот тече прилично бавно. Се воодушевувам на упорни луѓе со визија и храброст, а Џобс дефинитивно ја напишал лекцијата за тоа. Претставен е реално, како и секој нормален човек со маани и доблести. Имал премногу иновативни идеи, но понекогаш најважно е - да ја препознаеш вистинската. Добар филм. 8/10
А serbian film Оф Боже.... дефинитивно ме шокираше дефинитивно... нз што ми текна да го гледам.. кобајаги хорор барав... ама ова... се работи за порно глумец кој заради голема понуда на пари, повторно ке почне да снима,без да знае што точно ке треба да прави.. И тука се вклучени деца, силување на штотуку родено бебе, убиства, дроги Spoiler , дури и син му си го силува(незнаејки дека е тој ) Режисерот се правда дека на брутален начин сакал да го прикаже српското општество... Овој филм дефинитивно не е за под 21год(според мене) не само заради секс сцените, туку и заради бруталноста...
Цртаниот филм за едно необично прекрасно пријателство. Mary and Max - 2009 Прекрасен. Се изнаплакав за цел живот мислам. Интересна анимација, преубава поента, тажен но сепак силен крај. Двоколорно, со малку црвено. Идејата е да се пренесе чувство на анксиозност и тага, но во сето тоа да има надеж. И има. Макс и Мери се запознаваат (не)случајно преку писма. Австралија и Америка стануваат два споени светови, преку чоколадите, тажните животи и судбината која бара само правда. Приказна како некогаш мораме да се прифатиме себеси дури и во процесот на промена. Го препорачувам додека сте во ПМС но и да не сте. Олеснувачки филм!
Let the right one in Шведски филм, се работи за едно дете кое ќе се спријатели со сомнително девојче кое е всушност вампир. Но, филмов е повеќе драма отколку хорор и е премногу пасивен и спор за мој вкус. Два саати трае, има малку дијалози, непотребни сцени и иако не можам да кажам дека е лош, сепак со сила го изгледав.
И јас се приклучувам кон пофалбите за Everybody's fine Синоќа го изгледав, и вака пмс-овски си се утепав од плачење... Денес на факултет со потечени очни капаци отидов, не можев ни со мраз да се доведам во нормала Сé што ќе напишам за филмов веќе е напишано претходно. Нема да се повторувам, освен за една работа - гледајте го!
Shutter Island Уште едно ремек дело на Мартин Скросезе. Одличен филм, многу ми се допаѓа. Неизвесен до самиот крај, крајот открива се. ДиКаприо нема утка, дефинитивно еден од најдобрите актери и дефинитивно заслужува не еден туку многу оскари. Перфекција ми е човеков. Марк Руфало ме изненади во филмов, а Мишел Вилијамс можеби онака ја неќам ама талентирана е. Се на се одлична приказна, одлично склопена и морам да ја пофалам музиката, добар дел од филмот го прави и таа. Препорачувам. 9/10
Now You See Me Па, ми се допадна, ги заслужи пофалбите. Едвај чекав што ќе се случи следно, а тоа ми е најдобро во филм. Не ни претпоставував дека крајот ќе е таков. Spoiler Кога си го мотав филмот назад, само малку нејасно ми беше зошто беше толку внесен да ги фати и сомничав дури и кон партнерката, иако тој стоеше зад се. Може само за да не препостават гледачите. Имаше многу и имагинација, нешто повеќе од магични трикови, ама сепак е одличен. Еден од подобрите филмови кои во последно време ги имам гледано.
This Is the End (2013) Додека присуствуваат на забава во куќата на James Franco, Sет Rogen, Jonah Hill, Jay Baruchel, Craig Robinson и многу други познати личности се соочуваат со апокалипсата. Многу интересно филмче ептен, барем мене ми се допадна многу. Во исто време има смеење, а на моменти е малку страшен, критичарите викаат дека ова е многу добра комедија што е направена во последно време. 9/10
Everybody's fine По препорака од неколку феминки, можам да кажам дека е најпрекрасната и најреалната и најемотивната драма која сум ја гледала. Уживав час и половина во приказна за животот, во братските и сестринските односи, во односот татко-ќерка и во проблемите кои скоро секој од нас ги има. Научив многу работи, согледав многу односи и случки во кои може да се најде секој од нас. Се работи за еден татко, кој откако неуспешно ќе се обиде да ги собере своите деца во нивниот дом, оди да ги посети, а и изненади. Но, животот го изненадува него. Инаку, Роберт де Ниро одлично ја долови улогата, ме расплака и разнежни на моменти, а неговите две ќерки беа прекрасни, посебно Рози. Луѓе, неможам да и одолеам. Лепотица ! Дечињата, на таа сцената, срциња. Најмногу ми остави впечаток тоа што ја глумеше Рози. Срце мало
The big wedding Жанр: комедија Времетраење: 89 минути Тралалајка филмче за убивање на досада или пладневно/вечерно опуштање. Се работи за фамилија каде што по долги години се развеле родителите, имаат 3 деца од кои 1 е посвоено. Приказната почнува пред свадбата на посвоениот син Алехандро. Неговата биолошка мајка и сестра доаѓаат за свадбата. Е фрката настанува поради тоа што неговата биолошка мајка смета дека разводот е грев и секако поим нема дека родителите што го одгледале нејзиниот син се разведени. и како што веќе пишува на постерот, It's never too late to start acting like a family Еве го и трајлерчето: http://www.youtube.com/watch?v=SnD2EacX ... r_embedded
We're the Millers жанр:комедија Времетраење:110 минути Последно го гледав We're the Millers многу добра комедија, всушност филмче максимално да те опушти, го предлагам
Love and Honor Tипично романтично филмче, што искрено не ме остави баш вау. Веќе видено е се, и малце монотоно на моменти. И типон што е заљубен во таа е ептен забегано заљубен Мене ми беше досаден на моменти па затоа 7-10 Убав за тепање време.
Rapture-Palooza (2013) Жанр: Комедија Времетрање: 125 мин. Кога Апокалипсата всушност се случува Линдзи и нејзиното момче Бен смислуваат начин да се спасат од Апокалипсата и од Анти Христ. Се обидуваат најдобро да водат нормален живот за време на Апокалипсата, но Анти Христ се вљубува во Линдзи.... 6/10