Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    After Earth


    Ваквиот тип на филмови не ми се омилен жанр. Но овој имаше некоја млака приказна и поента.

    Самиот филм не дозволува да стане досаден поради чудната динамика која ја има, убавите кадри и пејсажи. Добра глума!

    Баајги подобар од најновиот филм на Бред Пит.

    Содржина - да се успее да се победи ајлиенот (кој има толку лош материјализиран изглед).
     

    Прикачени фајлови:

  2. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    The Croods
    [​IMG]

    Кратка содржина во спојлер...
    Откако нивната пештера ќе биде уништена, пештерското т.е дивјачкото семејство мораат да тргнат во непознат фантастичен свет со помош на едно момче.

    Одлично анимирано филмче. Вреди да се погледне. 10/10
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    100.658
    Пол:
    Женски
    Jagten

    Филмов буквално ме одвеа со неговата тематика.Станува збор за млад учител кој по разводот се обидува да добие старателство над синот,а за време на Божиќните празници,една „невина“ детска лага ќе му го уништи животот.

    Мадс Микелсен буквално ја разбива својата улога.
    10/10
     

    Прикачени фајлови:

    • index.jpg
      index.jpg
      Големина на фајлот:
      6,5 KB
      Прегледи:
      304
  4. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Bruce Almighty

    [​IMG]

    Интересно филмче. Одлично за петочна вечер со друштво :)
    Ви го препорачувам.
     
  5. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    804
    Прекрасна воена драма, за Алберт и неговиот коњ кој ќе биде купен од неговиот татко, за да помогне во орањето на земјата, иако никој не верува дека коњот може да го стори тоа освен Алберт, но како и да е жетвата ќе биде неуспешна и за да се извлечат татко му мора да го даде коњот...и тогаш станува поинтересен филмот... вреди да се гледа :D 10/10
     

    Прикачени фајлови:

    • War-Horse.jpg
      War-Horse.jpg
      Големина на фајлот:
      567,2 KB
      Прегледи:
      255
  6. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    The Croods
    [​IMG]

    Одлично анимирано филмче едно од подобрите што ги имам гледано од овој жарн. Доста интересни и смешни сцени и знам дека ќе го гледам уште многу пати :)
     
  7. loveisshit

    loveisshit Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    26
    pod prekritie!!! cudo od film..
     
  8. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Ip Man (2008)
    Ip Man 2: Legend of the Grandmaster (2010)
    The Legend Is Born: Ip Man (2010)
    Ip Man: The Final Fight (2013)

    Серијалот филмови за учителот на Винг чун.
    Ако ви се допаѓаат филмови со боречки вештини нема да зажалите ако ги погледнете посебно првите 2 дела...
    Севкупна оцена 8/10 :)
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Благодарност до Џули за препораката.

    Mary and Martha
    [​IMG]

    Топла приказна, извонредни пејсажи, дијалозите не се воопшто усилени, едноставно се си тече толку природно.
    На Хилари Свонк навистина и прилегаат ваков тип на улоги, одлична беше.

    Станува збор за одлука на една мајка заедно со своето дете да појдат во Африка (Мозамбик поточно), откако дознава дека детето го малтретираат во училиште. Таму нејзината приказна се испреплетува со приказната на една друга мајка.
    Африка не може да има дефицит од раскошна природа, ко Блек анд уајт на Мајкл Џексон преточено во филм.
    Не може да биде досадна ниту целосно обработена судбината на тие луѓе што живеат таму.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Препорачувам. 9/10

    Реплика од овој филм што ја запомнив: Што една мајка би можела да прави без своето дете?
     
    На julie77 и simply-red им се допаѓа ова.
  10. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Го гледав пред една недела во кино :) .Интересна содржина имаше :) , а и јас сакам вакви филмови.Ви препорачувам да го гледате :D
     

    Прикачени фајлови:

    • invitation.jpg
      invitation.jpg
      Големина на фајлот:
      178,6 KB
      Прегледи:
      166
  11. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.815
    Допаѓања:
    24.096
    Пол:
    Женски
    This Is The End - 2013

    [​IMG]

    Прво тргнавме на класична комедија "The Grown Ups 2", арно ама играл само еднаш во денот од 20:15, па ајде што друго да гледаме и изборот падна на овој филм.

    Немам зборови да опишам колку многу ме воодушеви филмот.
    Интересно е што стартот на самиот филм не ветуваше многу, мислев дека е од оние типични американски филмови кои го опишуваат животот во Холивуд со сè пропратно... секс, дрога, алкохол, домашни забави итн.
    Ама... голем пресврт се случуваше со самото изминување на минутите. :o
    Не памтам кога последен пат некој филм успеал да разбуди толку многу различни емоции во мене...
    се плашев, се смеев, се тресев, се радував и плачев на крајот. :D

    Оценка: 10/10. :clap:
     
    На ohana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Everybody's fine

    Филм кој секоја од нас мора да го погледне.Сцени од филмот кои навистина ќе ве расплачат.
    Со задоволство го гледав филмов.Прекрасен е.
    Главната улога ја има Роберт Де Ниро.Одлично си ја одигра улогата на татко кој после еден неуспешен обид да ги собере своите деца во семејната куќа претрпува стресови,се соочува со лаги за на крајот да му се оствари желбата и тој со своите деца конечно го прославуваат Божиќ.
    Филм од кој ќе извадите многу поучни работи.
    Филмот трае околу час и половина.
     
  13. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    Magic magic
    [​IMG]

    Поглупав филм немам гледано. Многу досаден филм, нема никаква содржина.

    Се работи за една девојка Алиша, која заедно со братучетка и и нејзини пријатели идат на викенд во Чиле. Алиша страда од инсомниа, значи не може да спие. И почнува да губи свест за тоа што е реално, а што е не.

    5/10
     
  14. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.357
    Пол:
    Женски
    Солзи на есента ;(
    Во главна улога со Бред Пит :$ ..Ова е некаде кон почетокот на првата светска војна.Тројца браќа-секој има различен карактер.Таткото работеше за конгресмените во Америка,но видел војни со Индијанците и бил многу незадоволен од владата,затоа што не почитувале еден закон за алкохолот и не ги почитувале Индијанците како цивилизирани луѓе.Сите живеат далеку од градот.Мајката на тројцата браќа Изабел,не можејќи да ја поднеси зимата во тој ранч заминува да живее во градот,каде што климата и е подобра.Се допишуваат меѓу себе,но средниот брат Тристан(Бред Пит) многу му се налутил на мајка си и не му пишувал писма.Најмалиот брат Семјуел живее некое време во градот,каде што запознава една девојка(заборавив како се викаше).Тој ќе се сврши со неа.Меѓутоа кога доаѓа на ранчот да ја запознае со татко му и браќата,Алфред(најстариот брат и Тристан се заљубуваат во неа уште на првиот поглед.)Семјуел постојано читајќи во весниците за војната и одлично познавање на гермаснкиот јазик,решава да учествува во војната.Тој е најмалиот и најхрабриот брат од сите.Тристан кој кога беше мал сакаше да се бори со една мечка,во борбата со мечката таа му ја гребна раката,а тој со ножот му сече дел од шепата.Уште од тогаш се помеша со мечкината крв.Алфред како најстар бил многу паметен и сакал се по мирен пат-без пушка,а не како што правел татко му.На нивниот имот живеат индијанецот Еден Убод,неговата сестра Пет,нејзиниот маж и ќерката на Пет-Изабел Два(која многу го сакала Тристан).И така тројцата браќа отидоа да се пријават во Канада,за да учествуваат во војната.Во војната умира најмалиот-Семјуел(1915 година),Алфред се враќа дома со медал со шината нога,а Тристан се враќа здрав-но бесен(и бидејќи не можеше да го земе телото на Сем за да го погребат на имотот,тој му го зеде срцето).И така на погребот на Сем,неколку дена потоа Алфред му признава на свршеницата на Сем дека е заљубен во неа.Тристан во меѓувреме си патува и лови.Но,таа го сака Тристан.Алфред заминува во градот и стана конгресмен и работи во владата.Тристан се враќа,но после некое време си заминува...Таа му испраќаше пораки,писма..но тој не и пишеше.Неколку дена пред да се врати,тој и напишал да се омажи за друг.Таа со тага и болка,ќе се омажи за Алфред.Сепак тие не добиваат дете,а Тристан откако ќе се врати донесува подароци за сите(а татко му го среќава болен-добил срцев удар па пишува на табла и помалку зборува).Ја посетува неа и си заминува.Во разговор со Алфред,таа неочекувано ќе дознае дека Тристан ќе се жени со Изабел Два.Тристан со Изабел Два ќе имаат две деца.Тој ќе шверцува алкохол(виски од неговиот тако)-но конгресмените тешко му даваат дозвола.И така при враќање од градот конгресмените им го попречуваат патот,пукајќи со пушките.Кога ќе се сврти назад Тристан,убиена е Изабел Два.Тој за одмазда еден ден потоа ќе ги убие нив.Во еден обичен ден тој се обидува да ја убие мечката но не добива сила да ја употреби пушката против неа.И така после разни заплети,таа(сега жена на Алфред-не ми текнува уште како се викаше)извршува самоубиство.На крај,таткото на браќата ги убива конгресмените кога тие доаѓаат во нивниот дом за да го убијат Тристан,но и Алфред убива еден од нив.Филмот е преубав-солзи малку пуштив :P и филмов завршува со тоа шо последната борба меѓу Тристан(кој ќе ги надживее сите,ќе доживее внуци правнуци)и старата мечка.Тристан умира околу 1963 година и гробот не му е обележан.
    Браво... :clap:
    цел филм ви го раскажав ;) :D
    (го даваа на Сител во саботата во 21 часот)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    3.345
    Пол:
    Женски
    Side Effects (Несакани ефекти), психолошки трилер, главни улоги се Jude Law, Rooney Mara, Catherine Zeta-Jones, Channing Tatum.

    Одлична приказна, одлична глума и секако најдоброто од се е неочекуваниот пресврт.

    Светот на една млада жена која страда од депресија се менува целосно по земањето на новиот лек (препишан од нејзиниот психијатар) кој и предизвикува несакани ефекти.

    10/10
     
  16. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.157
    Пол:
    Женски
    Да не се повторувам со рецензии за филмовиве Adore, Now you see me, We're the Millers,
    The big wedding. Само ќе кажам дека се филмови што задолжително мора да се погледнат :)

    The English Teacher
    Интересно филмче за немажена постара учителка по англиски во едно средно училиште која се сретнува со поранешен ученик и му помага да ги реализира неговите соништа за сопствена драма, но меѓу нив се развива и нешто друго и по таа случка следат сите интересни преплети во приказнава :) 8/10
    [​IMG]

    Imagine that
    Има ли досадно филмче со Еди Марфи? Нема ! :D Станува збор за Еван и неговата ќерка која има ќебенце од кое не се двои, таа живее во еден замислен свет со кралици и принцези, подоцна Еван увидува дека има некоја вистина во тоа и почнува да бара совети од принцезите во врска со неговиот бизнис. И чудно, но тие се погодуваат :D Вистинска комедија која ќе ве насмее. 10/10
    [​IMG]

    The First Time
    Досаден филм без никаква содржина бар за мене |( некои си долги, досадни дијалози меѓу двајца тинејџери на тема секс. 1/10
    [​IMG]
     
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.831
    [​IMG]

    Чудовиштето од Париз - 2011

    Во фазон француски филмови, си го гледав цртанчево. Занимација со убава приказна.
    Сладок саундтрак, убави ликови и добро пренесена морална порака. Сценарио што не бара многу мозгање. Се случуваспој на големина, глас и една болва, и се создава Francœur.

    Искреното срце што пее заедно со Монмартрскиот Ангел, го спасуваат градот од лошиот wannabe градоначалник и го зачувуваат Париз под убавиот превез на романтичен град кој е во служба на Љубовта.
     
  18. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Finding Nemo
    После толку време, ми текна пак на ова. Братучетка ми (инаку 5 години) беше кај мене на гости, и го гледав заедно со нејзе. :D
    Прекрасна приказна со многу поучни работи. Интересна, напната речиси цело време. Некако како да го прикажува животот на луѓето, загриженоста на родителите за детето, колку е битно да имаме добри пријатели, дека не треба на секому да веруваме и слично. :)
    Препорачувам, иако мислам дека нема некој кој го нема гледано. :) 10/10
    [​IMG]
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    3.188
    North country


    Многу, многу моќна биографска драма.
    Шарлиз е извонредна, преубава, талентирана.

    Барањето било какви права за жените отсекогаш било макотрпно и мачно. Сите мислат дека една личност не може ништо да промени, дека не може да направи разлика, но филмов, како и слични на него го докажуваат сосема спротивното.
    Капа доле и голема почит за вакви храбри жени.

    10/10
     

    Прикачени фајлови:

    • nc.jpg
      nc.jpg
      Големина на фајлот:
      144,7 KB
      Прегледи:
      271
    На 1209 и boomsleng им се допаѓа ова.
  20. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    The Loved Ones
    [​IMG]
    Психопатски филм, дефинитивно.
    Многу изопачен од која страна и да го гледаш.