http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/4/43/We're-The-Millers-Poster.jpg ...Прекрасен, во текот низ целиот филм се смеев буквално ко ментална ѕверена во мониторот. Вреди да се погледа
Grown Ups 2010 Незнам зашто избегнував да го гледам филмот. Можеби затоа што во некои комедии овој Адам Сандлер ми е антипатичен и скроз спротивно од комедија. Но вчера кога го гледав видов дека во овој филм уствари е секси Ми се свиѓаше сторијата, ми се свиѓаше комедијата, се на се топ филмче и го препорачувам за тој што не го гледал. Сега вториот дел ќе се чека да се гледа
Elegy Страсна љубовна приказна меѓу професор и млада девојка, чија убавина го зашмеметува и дестабилизира. Наскоро, нивната врска од сексуален натпревар прераснува во прекрасна љубовна афера. Со еротски интензитет и ограничена духовитост, Elegy ја истажува љубовта и нејзината моќ за трансформација.
A да не испомеша малку насловот на овој игран филм со наслов од турска серија??? Филмот се вика Легенди за есента, чисто да нема забуни А да, инаку филмот е многу добар и глума и музика и сиже...и глумци убави и малку атмосфера да си заплачеш ако си лека како мене
Sydney White Преубав филм, ама навистина преубав. Модерна приказна за снежана и седумте џуџиња, иако ако не се задлабочиш доста во филмов нема да го укопчаш тоа. 10/10 This is 40 Приказна за маж и жена кои влегуваат во своите четириесетти години , всушност цел филм е во врска со нивните фамилијарно случувања. 7/10 Milf Филмов е чиста порнографија, секс само секс и само секс, на студенти со теткици цели 80 минути, жива глупост, а имаше предобри критики, најверојатно дадени од некои попалени особи 3/10
Малку постаро филмче од 1997, со Robin Williams, Matt Damon,Ben Affleck. Супер драма Matt Damon е 20 годишник кој работи како чистач на факултет, но има неверојатна меморија, а е и доста паметен. Никој не го ни приметува се додека професорот не постави математичка задача, на една табла, која што он ќе ја реши многу лесно без проблем, по втората задача професорот ќе започне да го бара тој што ја решил задачата и ................ 10/10 од мене
А леллеле ахахахахаха шо сум напишала ....да така мислев Легенди ама со памето забегав на Солзи на есента хахах тешко мене со мене..заплакав малку да
Everybody's Fine Го изгледав и јас филмов, по многуте препораки. Прекрасен филм со многу убава поучна и реална приказна и незнам дали е до пмсов али се изнаплакав. Со воодушевување го гледав. Роберт Де Ниро едноставно најдобар, иакои другата актерска екипа беше солидна.
2 filmovi gledav horor! Wrong turn(pogresno svrtuvanje) prv del, i 28 weeks ago..dobri se (od mob sum)
Road to Perdition (2002) Животот на едно момче се менува сосема откако ќе дознае ужасна тајна, вистинската професија на неговиот татко. Том Хенкс е во главната улога на оваа крими-драма, чие дејствие е сместено во 1931 година, за време на Големата американска депресија. Филмот изобилува со фантастични сцени и глумата е одлична. Џуд Ло го глуми негативецот, а момчето ќе заврши исто така одлична работа. Воведната музика е една преубава живописна песна, како и неколкуте песни на Томас Њуман. Ова е филм за сите кои сакаат емотивно богати драми. 8.5/10 http://www.youtube.com/watch?v=h82o28mZ1c0 http://www.youtube.com/watch?v=RAsV7lSVszE Sundays at Tiffany's Сладникава романтична приказна со Алиса Милано (Charmed) во главната улога. Како 9-годишно девојче таа има замислен најдобар пријател кој по нејзиниот роденден ќе ја напушти. 20 години подоцна, мистериозниот пријател од детството на Џејн ќе се врати во нејзиниот живот... Малку дебилна приказна, ама не може да се очекува нешто подобро или полошо од овие тв филмчиња и овој жанр. Ок, за едно досадно попладне и за невклучување на мозокот. Плус, момците беа многу убави. 5/10
The forgotten Не ми се допадна баш. Темата е добра, реализацијата и крајот - не многу добри. Му требаше нешто повеќе на филмов, ептен безличен ми беше. Киднапирани деца, на родителите им го бришат сеќавањето и не ни памтат дека ги имале децата. Меѓутоа на една мајка постепено почнуваат да и се враќаат некои делови од меморијата. 6/10
Side effects http://www.imdb.com/title/tt2053463/ Не ме бендиса,воопшто.Изгледав одвај 2/3 и неможев веќе го исклучив.Премногу депресивен филм и досаден .3/10 -за глумата само
Black Rock (2012) Типичен добро познат хорор. Три пријателки одат на викенд на пуст остров и сретнуваат тројца ловци, се запознаваат и вечерта ја поминуваат заедно. Едни двајца ќе се бендисаат и одат в шума почнуваат со бакнување, за на крај машкото да буиде убиено со камен по глава зошто инсистираше секс со девојката. И тогаш започнува бркотницата низ островот за на крај да преживеат само две девојчиња кои што на почетокот беа скарани, но ги смири ете тоа што мораше да дејствуваат заедно за да преживеат. 7/10 http://www.youtube.com/watch?v=Ktd4tmYucvo
Doubt Мерил Стрип Женава е кралица, најдобра, единствена. Каква глума Предобар филм со одлична содржина која ќе ве остави замислени. Глумата повеќе од одлична. Ејми Адамс ми беше исто предобра, заслужени номинации за оскар и таа и Мерил Стрип. Не сакам да го раскажувам филмов, изгледајте го сами, нема да зажалите, одличен е. 9/10
Cellular Џејсон Статам и Крис Еванс во еден филм, јами! Еванс повеќе ми фаќа око инаку, нема врска. Млад дечко добива повик од жена што не ја познава, која е киднапирана и на која и треба помош. Прво мисли дека е некоја шега, меѓутоа кога ќе биде сведок на киднапирањето на нејзиниот син, ќе направи се што може да и помогне. Многу добра акција, препорачувам. 9/10
Pope Joan (2009) "Die Päpstin" (original title) Улоги: Јоана Вокалек, Давид Винам, Џон Гудмен, Иан Глен IMDb: 6.5/10 Моја оцена: 8/10 Нема да го раскажувам филмот, веќе мислам дека сите знаете за што станува збор. Оценка 8 давам пред се, колку и да ја сакам книгата свесна сум дека не бива цела детално да биде прикажана на филм, иако и така филмот трае околу 2 и пол саати ама ете мислам крајот кога таа станува Папа, е премногу кратко опфатен. Еден ден Папа, другиот ден бремена и толку. Крај. И да, татко и го мразев додека ја читав книгата, али и сега кога го гледав филмот, уште повеќе.
За филмов немам зборови..останав воодушевена додека го гледав и дефинитивно еден од омилените.. Одлични животни приказни,доживувања ма чиста 10...морате да го погледнете. Едит: ова е книгата,сори не забележав убаво,филмот е снимен според неа и се вика Eat-pray-love