This Is the End Комедии ми е филмов, толку глупости и хумор на едно место одамна не сум гледала. На моменти имаше и некои страшни сцени али одлични пред се. Интересен пред се, изборот на актерите ми е одличен. Незнаев што ќе се случи на крајот ептен неизвесен филм
http://www.imdb.com/title/tt0454921/?ref_=sr_1 Не е можно толку да е добар филмот. Значи незнам како го немав гледано до сега. По филмот еден сат размислував.... Незнам. Ќе го гледам пак. Иначе се однесва на еден чоек шо има семејство и огромни финансиски проблеми и онака како се против него... Буквално ја брка среќата... И крајот ќе го остам неотркиен. Дефенитивно го препорачвам....
16 wishes Онака комерцијално филмче,без некоја посебна поента.Одмор за мозок во попладневните часови.
Синоќа This is England.... Неможам да го раскажамм филмов бидејки е типичен за скнихедс, филмот го искажува нивниот став,мислење,стил. Одличен е 9/10 ПС многу сум далеку од сваќања на скинерите незнам што ми дошло на памет да го гледам ама ајде не зажалив.
Бев скептик околу филмот,ама добар беше. Станува збор за семејство кое ќе посвое едно 9-годишно девојче. Всушност девојчето Естер не е тоа што изгледа-мало,воспитано,наивно девојче. Станува збор за 33-годишна жена,која е заробена во тело на дете. По нејзиното доаѓање во куќата,почнуваат проблемите..
A Perfect Murder Типичен пример за трилер филм од 90тите - убиство, интриги и тајни. Прилично добар филм...
Brave Аууу, ептен убо филмче. Премногу ми се допадна. Се умрев смеење, буквално. Ептен смешно и интересно филмче, иако признавам на моменти беше малку тажничко. Одлично склопена приказна, одлична реализација. Мерида ми беше прекрасна со косата нејзина, пресмешна и преинтересна. Ви го препорачувам на сите шо го немате гледано, да седните да си го изгледате, нема на кој не би му се допаднало филмчево. Едно од најдобрите анимирани, според мене. 10/10
Forget me not.. Spoiler Станува збор за група тинејџери,кои како деца имаат малтретирано девојче без родители. Години подоцна,таа се одмаздува на сите.Всушност таа е во кома,но нејзиниот дух ,се одмаздува на сите,и ги убива.Секој кој го убие се претвора во еден вид на чуден човек (не знам како да објаснам),и притоа замине во сенката на заборавот,значи останатите не се сеќаваат на него,освен Синди,кој била најдобра пријателка на девојката. Сите освен Синди умираат,а таа ќе биде во кома. Воопшто не ми се допадна филмот.
Nothing But The Truth Ова е благ политички трилер,во кој новинарката Рејчел открива вистински настан во Венецуела,во колумна на престижниот весник.Бидејќи станува збор за претседателот на САД,таа пред судот мора да го открие вистинскиот извор на нејзината приказна.Но ,бидејки е поткована со новинарска етика,одбива да го каже изворот на информацијата иако тоа и донесува затвор од 3 години и распаднување на бракот.Ако го гледате филмот на крајот ќе се изненадите кој и бил изворот на информацијата. 7/10
Stuck in love Сосема случајно налетав на филмов, и многу ми е мило Целосно се согласувам со коментарите дадени на постерот, така да дефинитивно препорачувам! 10/10
Stuck in love Топла приказна, изненадувачко-добра. Многу ми се допадна, одлична за гледање за секоја возраст. Колку љубовта нема граници, колку нкои луѓе се би направиле за љубовта. Всушност пораката е, дека ние не ја бираме љубовта, љубовта не бира нас. Приказна која неможеш да ја опишеш со зборовите се работи за, приказна која ќе ви ја стопли душата, смени мислењето и отвори срцето. 10/10 Предобра екипа, сите добри глумци, паметни дијалози, убави момци, добри односи. Лили беше преубава овде, ја изнабендисав. Мислам дека овде најдобро изглуми, а во Abduction беше катастрофа. Толку вештачка, а и тоа веѓите и беа бљак. Логан беше исто срцка, исто и Кејт, не и го знам правилно името. Предобро, браво, топло препорачувам на сите.