The internship(2013) Со оглед на тоа дека Owen Wilson и Vince Vaughn се главни улоги, очекував чукната комедија, и тоа и добив.Како љубител на Dylan O'Brien филмов ми беше на листа на гледање, и долго време чекав добра снимка, ама не зажалив.Нормално, со оглед на тоа дека е комедија, нема да те натера да размислуваш кој знае колку, ама убава порака испраќа, никогаш не се откажувај од своите соништа.Убаво филмче за релакс попладне.
"Very bad things" со Камерон Дијаз, и ни најмалку не ми се допадна. Многу насилство, убиства, без везе....
The girl next door Станува збор за тинејџер кој се вљубува во порно ѕвезда.И секако,взаемната љубов ќе ја оттргне од лошиот пат Глупав филм.За залудно потрошено време ок е.
Beautiful Creatures (2013) Интересен филм за "тепање " време. Се работи за невозможна љубов помеѓу обичен смртник и маѓепсничка. Итан е средношколец , негова најголема желба е да си замине неговото место на живеење. Во неговиот клас доаѓа нова ученичка Лена, која е многу мистериозна, и ке предизвика внимание кај Итан, кој има врска со др. девојка. Откако ке се сретнат неколку пати ке почнат да се случувваат мистериозни работи..... Би го оценила 6,5/10.
Bride Wars Станува збор за две најдобри пријателки,кој уште од мали ја имаат испланирано својата венчавка.Секако замислата е иста.Кулминацијата настанува откако нивните датуми за венчавка ќе се поклопат... Добар филм,би го оценила со 8/10.
Elysium (2013) Научно-фантастична акција во која Планетата Земја е прикажана како уништен и руиниран остаток во далечната 2154 година со популација која одвај преживува во бедата, додека Елисиум е вселенска станица за богатите, свет далеку од Земјата, каде што не постои неизлечива болест, сиромаштија или глад. Тие уживаат во луксузот и престижот кој им се нуди само на богатите. Еден човек ќе се обиде да го измени ваквиот тек на настаните... Очекував многу повеќе од овој филм, очекував повеќе глетки од Елисиум, поубаво објаснет концепт за настанувањето и неговото управување. Наместо тоа добив некое млако сценарио, многу лоши кадри, камерата беше лоша и трепкаше низ сцените, нешто што ужасни многу ме нервира. Сцените со борби и тепачки беа премногу брзи и не можеш убаво да видиш што се случува. Долу на земјата, некоја сива, каки и правлива атмосфера, предвидливи настани. Мет Дејмон преморен, Џоди Фостер пластична. Добро, можеби иднината носи токму такви пластични и луѓе налик роботи во однесувањето. Во секој случај, позадоволна сум од нејзината, отколку од неговата глума. И музиката на земјата во иднината, исклучиво даб степ. Каков концепт, боже. Не сум искрено задоволна од филмов. 6/10 The World's End (2013) Започнува како интересна и шармантна забавна комедија, а веќе при средината филмот добива толку поинаков и неочекуван тек на настаните, што се мислиш дали да го исклучиш или да го изгледаш... Немам зборови, не можам да го опишам крајот, не го сфатив, не се ни обидов да го сфатам, којзнае дали имаше поента, само знам дека не ми беше смешно, со мака го догледав, не му ја сфаќам високата оценка и не ми значи апсолутно ништо појаснувањето дека е во духот на Shaun of the Dead. Едноставно лош и глупав филм, немам повеќе зборови.
2 Guns Одлично филмче, добра акција, интересна приказна, одличен дијалог што е невообичаено за акционен филм, на Дензел му легна улогата а и Марк беше одличен, само не знам како вилицата не му се укочи од толку џвакање мастики. 8/10 :up: :up: Го гледав и Elysium, каква актерска екипа а каков промашен филм. Џабе изгубено време дури го гледав, се сложувам 100% со рецензијата на Трендафилка. 3/10 own: own:
Sparkle Прекрасен филм, топло препорачувам на сите љубители на драма и мјузикли. Не е баш драма, но многу топол филм и поучен. Се работи за 3 сестри, кои имаат дарба за пеење. Нивната мајка била поранешна пејачка (Витни Хјустон). Сите 3 се посебни и убави на свој начин. Прекрасно нешто, за вербата, за желбата, за мотивацијата и за создавањето на своја иднина. Главната улога ја има Џордан Спаркс, заради неа и се вика Sparkle филмот. Приказна која не смеете да ја пропуштите.
We're the Millers Предобра комедија. Актерската екипа е солидна, можеле само некој друг подобар глумец да најдат наместо Jason Sudeikis, ама сепак добра глума. Кратка содржина во споилер... Spoiler Дилер на дрога создава лажно семејство само за да пренесе дрога од Мексико до Америка. Што се случува понатаму, видете сами. 10/10
Последен филм шо го гледав беше Tres metro sobre el cielo. Ова е толку убав филм шо и колку пати да го гледам че плачам..........
Branded (2012) Позитивно чукнато филмче, на кое не му ја сфаќам ниската оценка. Веројатно брендовите создале хајка против него. Продукцијата му е Б, малку сиромашна, но идејата е сјајна. Поентата е тука. Глумата е фина и неизнасилена, кадрите се фантастични. Приказна за тоа како луѓето и светот се обликуваат според тајниот свет на маркетингот. Многу интересен филм, го препорачувам на сите кои сакаат да погледнат нешто поразлично и интересно, да се замислат за суштината... кој всушност го диктира нашиот живот, темпо и стил? 7/10
In The House Со цел да напише интересен есеј, 16 годишно момче се спријателува со еден од своите ученици и полека почнува да се провлекува во неговото семејство. Неговата приказната доживува нови поглавја, а професорот станува заинтригиран од секое продолжение кое момчето му го дава. Навраќајќи се на деновите кога и тој самиот пишувал, професорот почнува да го насочува и да му помага. Но, текот на настаните полека губи контрола. Интересно француско филмче, го препорачувам
10/10 Филмов е одвратен. Страшен, језив... наводно е според вистинска приказна. Сите хорори што ги имам гледано се комедии во споредба со овој. Паранормал активити и тие филмчињата со егзорцизми се исто гола вода за филмов. Мене ме плашат навистина филмови со демони и такви чуда, еве веќе втора вечер нема да спијам мирно Хорор е во вистинска смисла на зборот, сите што ги знам што го гледале не останале рамнодушни да не ги фати страв на некоја сцена. Препорачувам на љубителите на хорори. Нема да го прераскажувам, приказната е стандарт за демони, ама како и што теба да се види.
The Green Mile Филмов е еден од подобрите што некогаш сум ги гледала. Иако е постар филмов, има совршена приказна, тажен крај и предобри глумци. Кој не го гледал, му го препорачувам! 10/10
The Mortal Instruments: City of Bones Spoiler Таа е потомок на лозата на Ловци на сенки, тајниот ред на млади полу-анѓели, војници заробени во древна борба за спас на нашиот свет од демони. Откако нејзината мајка мистериозно исчезнува, Клери е принудена да им се придружи на Ловците на сенки кои ја запознаваат со опасноста на „другата страна“ на Њујорк.Глумци: Lena Headey, Lily Collins, Jonathan Rhys Meyers, Kevin Durand, Jamie Campbell Bower 10/10
It's kind of a funny story 10/10 Убав,интересен филм Spoiler Еден тинејџер кој се пријаваува во болница за ментални,го сместуваат во оделот за возрасни затоа што оделот за тинејџери се реновира,каде се запознава со една девојка (тинејџерка) итн.... Spoiler
ме заинтересиравте со коментарите за The conjuring па го полнам да го гледам. Инаку последно ги гледав Evil Dead - просечен грозен хорор, добар е и Marley and me - Животна приказна на кој на крајот три паковчиња паломи потрошив.
The Call (2013) Одличен филм,во стилот на Хали Бери.Одлична глума што и се очекува од нејзе,филм што не ме остави да трепнам.Нема ни секунда да ви биде досаден. Дефинитивно заслужува поголема оценка од таа што му е дадена. 10 од мене. http://www.imdb.com/title/tt1911644/?ref_=nv_sr_1
Mama.. Ми се допадна филмот. Станува збор за две девојчиња,кои по игра на судбината,остануваат да живеат во колиба во шума. По неколку години,се пронајдени.Но не се социјализирани. Исто така,имаат и мајка. Го препорачувам филмот. Не е претерано страшен Го препорачувам!