Ова е филм ама во повеќе дела мислам... Вчера онака си вртев да видам шо филмови има на ТВ-па оп на ХРТ ми излезе овој филм! Ај ќе го погледам....после на телетекст видов дека ова е 4ти дел од вкупно 9 дела на филмот(така таму пишеше) Вчера беше Свадбата на Лукреција(инаку филмот е насловен како Семејството Борџиа) На венчавката со Џовани Сфорз,Лукреција го моли Џиулиј да и’ помогне во подготовките.Но Родриго не сака да ги налути моќните Сфорзи па забранува доаѓање на мајката на девојчето. За Лукреција и Цезар тоа е тежок удар.Покрај неуспехот во Наполи,Дела Ровере патува во Фиренца и бара помош од пребогатите Медичи.Спремен да го поттикни францускиот крал кој положи право на наполската круна ако му кралскиот сојузник помогне да бидат против папата... Улоги:Џереми Ајронс,Франсоа Арнауд,Холидеј Греинџер,Давид Оакерс
Да не се повторувам, само ќе дополнам... Многу добар филм, барем според мене. Со преубав глумец, Jamie Campbell Bower. Дефинитивно се заљубив во него. Има чистка 10 и од мене.
Приказна за млад Пакистанец вработен во успешна фирма во Њујорк кој е растргнат меѓу живеењето на американскиот сон, заложничката криза и повикот од татковината.
Vertical Limit Прејако филмче. Баш hold your breath. На крајот имаше и солзи. Неочекувано но.. Изгледајте го доколку не ви е гледан - нема да зажалите
We're the Millers! Комедија, буквално да пуштите мозок на пасење и да не мислите на ништо друго. Накратко, дилер на дрога, треба да пренесе преку граница, е сега како ќе го изведе тоа... Ќе видите самите 8/10
The Truman Show Веројатно повеќето веќе го гледале филмов, бидејќи е малку постар. А во случај да не сте го гледале - ви го препорачувам! Нема да пишувам кратка рецензија, бидејќи секое откривање и на најмалиот детал, ќе ви го уништи филингот. Само ќе кажам дека од сите досега изгледани филмови на Џим Кери, овој ми е најдобар!
Вчера го гледав и не сум воопшто задоволна. Типичен американски акционен филм. Па колку само глупости се изнагледав, смешно глупави ситуации, па претседателов никаква глума, па немој да му ги пипнале џорданките, па додека ги бркаат негативците они си прават муабет, уште им фалеше да се прашаат жените што им правеле вчера за ручек. Olympus has fallen беше нешто слично во содржината ама беше далеку подобро направен и немаше вакви пропусти во поглед на глума па и на возбуда. Умри машки се многу подобри од вакви филмови, затоа обично ако гледам акција, гледам тоа да е со Брус Вилис
Bend It Like Beckham http://www.imdb.com/title/tt0286499/ Интересно филмче,девојка од индиско семејство,која многу сака фудбал но нејзините не и го дозволуваат тоа....но таа ќе оди во Германија да игра...
Gravity...со Сандра Булок и Џорџ Клуни.Преинтересен филм каде двајцата остануваат во вселената и на секој начин пробуваат да се вратат на Земјата.Од мене чиста десетка
The Mummy Returns Си го начекав во Неделата на Фокс и си го снимив. Сега си седнав и си го изгледав. Мене ми се допаѓаат и двата дела иако првиот ми е за нијанса подобар. Го сакам Стар Египет и секој филм на таа тематика ми е интересен. Рејчер Веиз ми е жениште ипол во филмов, а Бендон Фрејзер, ауф, само за плакнење очи. Онака интересно дејствије, малку смешно и мене иако го гледам по незнам кој пат, не ми беше ама ич досаден. Од мене филмчево има едно 7че.
Incendies Мајчината последна желба е да ги прати своите деца ,близнаци, на Блискиот Исток да си ги побарат корените.Сцените се сменуваат наизменично сегашноста и минатото,но тоа нема да ве збуни,туку ќе ве држи приковани.Шокантна приказна . Што и кој може тука да сака ,да мрази. Ме држат импресии од филмов,крајот е тој кој ќе ве докрајчи. 10/10
13 going on 30 Комедија,романса,фантазија. Станува збор за 13-годишно девојче,кое на својот роденден замислува желба да биде 30-годишна девојка. И наредното утро,желбата е исполнета
Пследен филм шо го гледав е The Mortal Instruments: City of Bones. Во овој филм се зборува за мајката на девојчето која исчезнува и девојчето се бори да ја најди.......... мн убав филм http://megashare.info/watch-the-mortal- ... mprMU1BPT0
http://forum.femina.mk/fajlovi/eat-pray-love/134197 Прекрасен филм.Најпоучниот филм според мене,можеби затоа што моногу се пронајдов во него.Прекрасна животна историја ... немам зборови 10ка !!!!
Во филмов се работи за добар професор кој предава кривично право. Додека држи предавање, се случува убиство во близина на факултетот. Професорот за убиството се сомнева во еден од неговите најдобри студенти. Тоа ќе го наведе да започне истрага. Оцена: 8/10
Prisoners Навидум мирен ден ,малку врнежлив за семејно прославување на Денот на Благодарноста.И се би било во ред да не исчезнеа двете мали девојчиња,а единствена трага е паркираното камп-возило на улицата.Истрагата ја презема детективот Локи ,меѓутоа таткото на едно од девојчињата ја зема истрагата во свои раце.Колкава болка треба во себе да има човек за да полуди и да не биде свесен за постапките. Го затвора сопственикот на камп возилото,физички го матретира,длабоко уверен дека тој има врска со киднапирањето на девојчињата.Не е далеку од вистината,но тој е само индиректен учесник во настанот. Во филмот цело време владее мрачна напната атмосфера,и акцијата трае до последната сцена. 8/10
Baggage Claim (2013) Жанр: Комедија Многу убаво лимонатка филмче. Девојката по име Монтана го бара совршениот маж кој ќе ја побара за жена и ќе оди на свадба со него кај нејзината сестра, но не е така се како што очекува поминувајќи илјадници километри..... 9/10