Синоќа го гледав It's complicated со Алек Болдвин и Стив Мартин. Интересен филм, за новите почетоци и вторите шанси во животот. Нема да згрешите ако го изгледате
Yoko-германски филм со јети и беше многу јак .За едно јети од Хималаите дојсено во Германија ,го бараар да го препарираар во менѓувреме го наоѓа едно чупе и така натака.
Подлиот јас 2 Многу брза, плитка приказна, некако не сум баш среќна што го гледав. Има слатки моменти, но првиот дел имаше многу поиздржани идеи. Можеби сценаристите спиеле на увото дека веќе имаме претстава за што се работи и ќе му прогледаме низ прсти. Но тоа е и најслабото место во филмот. Да сум дете, ќе ми треба уште, уште уште, за да навистина го доживеам. А вака како возрасен со дете во себе, ми треба уште, уште уште за да ми помине млакоста од очекувањата. Оцена 5 од 10.
Постар филм ама го немав гледано, и не се каам што го гледав.Мел Гибсон никогш не изневерува Фимот раскажува за самоуништувањето на Маите.
The Heat Филмов на моменти ми беше смешен, на моменти страшно многу досаден. Дури и на пола го прекинав за да направам колач, па се вратив да го догледам. Некое непишано правило е дека комедиите треба да траат најмногу 90 минути, 2 часа се премногу. Некако беше непотребно развлечен, имаше многу сцени што би ги скратила, затоа што не го задржуваат вниманието. Во секој случај, како за одмор во неделно поладне е океј
My First Wedding (2006) Spoiler Ник сакајќи да ја однесе во кревет Ванеса преправајќи се дека е свештеник тој се зближува со неа и се заљубува, но таа треба да се мажи со друг. Па така тој ќе направи се за таа да не се омажи. 7/10
Бев скептична кога билдерецов ми предложи да го гледаме , но ми се допадна .Одличен да ви пробуди насмевка.
Филм од типот на Пила,8 луѓе ја играат играта Would you rather за парична награда.Бираат од две опции од кои ни едната не е нималку пријатна. 7/10
As good as it gets Малвин е писател и крајно зајадлив,злобен ироничен човек.Почнува да се менува кога неговиот сосед,кој е хомосексуалец доживува несреќа а тој мора да го чува неговото преслатко кученце.Тука е и кенлерката која некако излегува на крај со него.Следи викенд во откривање на убава страна на животот за сите тројца. Само заради кученцето 7/10
Sparkle е филмот кој го гледав вечерва. И не е лош, ама имав чувство како да ми е гледан. Со Витни Хјустон, но таа не е во главна улога, туку нејзините ќерки. Ако имате вишок време, погледнете го.
Léon: The Professional Не се сеќавам да сум го гледала овој филм, а сум слушнала за него, и песната од филмот ми е една од засекогаш најомилените. Посебно ми се допаѓа глумата на Натали овде, огромен талент уште како дете. Филмот е исто предобар, како и дијалозите, сцените. Само немав некоја посебна симпатија кон Леон како лик, иако би требало да биде нешто како херој во филмот. A Perfect Murder Добар трилер кој те држи во неизвеснот и е доста заплеткан, непредвидлив. Го гледав римејкот, со Гвинет Палтроу и Мајкл Даглас, без разлика што ми се антипатични главните глумци. И овој Мајкл Даглас секогаш глуми во вакви некакви трилери, барем секаде каде што сум го гледала. Shame Многу експлицитни сцени, но филмот е драма во вистинска смисла, малку депресивен но со одлична глума. Особено на Мајкл Фасбендер, страшно добар глумец, а и страшно добро изгледа . Ми текна дека во Inglorious Basterds глумеше, ама морам и други филмови со него да изгледам. Confessions of a Shopaholic Наизгледа површна тематика, мислам шопингхоличар и такви работи. Јас верувам дека секој ако има пари, би купувал и се луксузирал, иако кај типката тоа беше претерано купување а немаше баш многу пари . Но филмот целокупно ми се допадна, не заради пораката туку смешен ми беше на многу моменти, а и главната глумица е многу интересна, како и глумецот беше за плакнење очи . Ми се допадна како комедија со оглед на тоа што сите последни комедии што пробав да ги гледам ги исклучив на пола од што ми беа глупи и дебилни. Како This is the End, The Big Wedding, The Intership која глупост ми беа .
(500) Days of Summer Убо филмче. Изгледа јас бев една од тие ретките шо го немаат гледано филмов. Еве сега имав слободно време, седнав и си го изгледав. Чудно филмче, реално и додека го гледав во мене преовладуваше едно измешано чувтсво на тага и среќа заедно. Одлична актерка екипа и одличен избор на музика. Го препорачувам. 7/10
Во една година два исти филма, со иста тематика ....го извади тоа што сакам акција , па возбудливо е во секој момент.И друго JAMIE FOX може г..зови да треси во спот на К,Вест а во ваков филм .....повеќе беше смешен одкако нешто друго.
Hard Candy Интензивна, психолошки напната и тешка драма со тенденција кон трилер. Интересно е што овој филм повеќе се потпира кон емоционалната стана, отколку кон генералната приказна. Преку дијалозите, музиката, прекрасните кадри и квалитетното сценарио, се постигнува ефектот на непријатност во која се наоѓаат актерите.