Taxi (199 IMDb: 6,8/10 Моја оцена: 6/10 Taxi 2 (2000) IMDb: 6,2/10 Моја оцена: 10/10 Taxi 3 (2003) IMDb: 5,4/10 Моја оцена: 8/10 Taxi 4 (2007) IMDb: 5,2/10 Моја оцена: 7/10 Улоги: Сами Нацери, Фредерик Диефентал, Марион Котилард, Бернард Фарси, Ема Виклунд Приказната веќе ви е позната, таксист (Даниел) кој со помош на својата кола Пежо 406 ги превезува своите патници со огромна брзина. Така им влегува во око на полицијата, каде кога конечно е фатен од нивна страна обврзан е да му помогне на инспекторот (Емилијан) во решавање на нивните случаеви. Така всушност тие и во наредните филмови и се пријателуват. Вториот и третиот филм, највеќе ми се допаднаа, дури можам да кажам дека џабе првиот дел има најголема оценка на имдб, кога најдосаден ми беше. Видов дека има и римејк на првиот дел со Квин Латифа и манекенката Жизел, али не планирам да го погледам. А баш прочитав на Википедија дека Такси франшизата е една од најуспешните досега со 200 милиони долари профит, низ целиот свет и 23 милиони во Франција. http://www.youtube.com/watch?v=rHz-XF_FUXQ
Prisoners-Crime, Drama ,Thriller Spoiler When Keller Dover's daughter and her friend go missing, he takes matters into his own hands as the police pursue multiple leads and the pressure mounts. But just how far will this desperate father go to protect his family? Оценка 10/10 Предобар! Филмот е предобар,трае 150 мин но го држи вниманието цело време.Го изгледав без да трепнам,и одлична глума на Jake Gyllenhaal,позитивно бев изненадена од него.Го препорачувам да го изгледате доколку сакате трилери.
Limitless (2011) Возбудлив трилер за еден неуспешен писател кој зема таблета, со помош на која може да користи 100% од мозокот и станува “совршена верзија“ на себе, а користејќи ја оваа дрога запознава еден нов корумпиран свет, преполн со задкулисни игри.
Синоќа го гледав и мислам дека после ова никогаш повеќе нема да гледам хорор филм. Значи филмот е врв. Уште имам трауми (едвај спиев) . За љубителите на хорор филмовите е измислен.
The Bling Ring Biography | Crime | Drama Stars: Katie Chang, Israel Broussard, Emma Watson... Инспириран од вистински настан, објавен како статија во престижниот магазин “Vanity Fair“, филмот не води во лажниот „селебрити“ свет на група млади луѓе, односно во „селебрити“ светот кој тие сакаат да го ограбат или приграбат. Бандата наречена Блинг Ринг, користејќи интернет како средство за полесно следење на познатите холивудски фаци, успева да „провали“ во нивните домови и да „чепне“ дел од нивното богатство, но и да доживее дел од нивната слава…. Типичен филм за Софија Копола. Сличен на Spring Breakers. Според мене повеќе од пола од младината во Америка се ненормални, преголемо влијание имаат од звездите(типот на Парис Хилтон, Линдзи Лохан, Ким Кардашиан итн). Само позитивно ми беше глумата на Ема Ватсон, пораснала во одличен актер.4/10
We're the Millers Интересно филмче. Ми се допадна. Одамна сакав да го гледам, но не најдував време и еве сега седнав и си го изгледав. Имаше некои моменти кои беа пресмешни, но и останатиот дел од филмот беше одличен. Џенифер Анистон ми се допадна во филмов како и останатиот дел од актерската екипа. Се на се одлично филмче за опуштање и смеење. Препораќувам 8/10
https://www.facebook.com/photo.php?v=3586653360473 Значи аматерско филмче од Сашо Паркет кое прејако изгледа вака...снимено во Мариово таму пејсажи куќи патишта...и на крајот има како:се извинуваме на тресењето и снимањето без многу да му ја мислиме... :geek:
Watchmen За време на ладната воjna USSR и USA се на раб на нуклеарна војна која би го збришала целиот свет, единствено суперхероите можат да тоа да го спречат, а истовремено истите систематски се уништуваат од страна на непознат егзекутор. Пријатно ме изненади , имајќи предвид дека е испириран од стрип .. особено ликот Роршах. Уште не знам дали крајот беше трагичен или среќен.
Prisoners Препорака да се погледне, задолжително. Сторијата можеби позната, крајот можеби предвидлив... ликовите феноменално анализирани и обработени и презентирани. Има нешто во филмов што толку те занесува, што воопшто не се приметува дека временски е толку долг. Јас би рекла дека е драма што длабински ја анализира човековата психа, всушност, ликовите се тие кои го прават филмов, а не приказната.
Cinderella Man Приказна инспирирана од животот на легендарниот спортист - Jim Braddock, боксер во тешка категорија, кој поради неуспесите на крајот е принуден да го напушти рингот. Crowe и Zellwegger совршено ја претставуваат меланхолијата од таа ера, 30тите год. во Америка - перидот наречен „Големата Депресија“.
Филмот е базиран според вистинска приказна...семејство поради здравсвените проблеми на нивниот син се вселуваат во една нова куќа ,момчето цело врме има некои мрачни визии онаа што се слуувало во куќата пред многу годиништо воопшто имало таму... куќата била гробница... му се случуваат чудни работи тој гледа се а неговите мислат дека тоа му е од болеста... Искрено мн ми се допадна филмот бидејќи обожавам хорор па доколку има некој што сака добар хорор погледнето го се надевам ќе бидете задоволни
The Internship (2013) IMDb: 6,2/10 Моја оцена: 10/10 Улоги: Винс Вах, Овен Вилсон, Роуз Брн, Макс Минхела, Џон Бренер, Дилан О'Брајан И покрај тоа што повеќето имате поделени мислења околу филмов. Мене ми се допадна. Ме насмеа фино. Приказната секако, веќе ни е позната. Ама интересно беше да се види, дека ипак е стажирање во Гугл. Предизвиците секако беа интересни, особено играта Квидич од Х.П. И кога му викнаа на Вилсон дека е Малфој.. Ах да, и приказната за Флешденс, девојката која се трудела и го добила на крај тоа што го сака..
http://www.filmovizija.com/movie/hours- ... 4e5f4.html филмот ме погоди дирекно ме потсети н апериодот кога и јас висев врз инкубатор не се двоумете видете ја пожртвуваноста на таткото да се избори за своето бебе по загубата на неговата сопруга одамна многу одамна се немав расплачено на филм
The Banger Sisters Comedy Stars: Susan Sarandon, Goldie Hawn, Geoffrey Rush Во доцните 60-ти и 70-ти години, Сузет (Голди Хон) и Вини (Сузан Сарандон) биле две најпознати следбенички на рок-бендови во Јужна Калифорнија. Најдобрите пријателки Сузет и Вини се имаат забавувано речиси со сите битни рок-ѕвезди од тоа време и имаат колекција од фотографии како доказ за нивните диви авантури. Во 2001 година, Сузет сè уште е девојка со слободен дух, а откако ја губи работата како шанкерка во еден рок-клуб во Лос Анџелес, таа одлучува да ја побара Вини, која не ја видела 20 години. Сузет оди во Феникс, Аризона за да ја изненади Вини со посета, а по пат го собира Хери (Џефри Раш), писател кој има креативна блокада, не знае да вози и немал секс цела деценија. По пристигнувањето, Сузет открива дека Вини не е баш истата личност која ги бркаше сите мажи со долга коса и со електрична гитара. Вини сега се вика Лавинија и е уреднаа мајка и сопруга од предградието, столб на заедницата и повеќе можеш да ја најдеш дома, на забава во дворот отколку на некој концерт. Повторното соединување на „Сестрите рокерки“ е судир на двата света на две жени. Едната живее во минатото, а другата се крие од него. И двете ја учат вредноста на тоа да се живее во сегашниот миг.3/10
Zombieland Се зборува за еден дечко (Колумбос) кој е принуден да се најде со некој искусен зомби убиец (Талахасе- така чинам се викаше) со цел да може да ја преживее таа некоја си зомби апокалипса. Се впуштаат во мисија да го најдат последното Твинки (не разбрав баш што им значи ова). После во една продавница запуштена со зомби ќе се запознаат со две девојки (Вичита и Литл Рок) кои успеале да се спасат од зомбите. Повеќе мислам дека не треба да раскажувам. Ништо не ми беше онака баш интересно, освен неколку сцени во кои се одбрануваат со зомбите, се изнасмеав. Филмов е онака, за тепање време и малце да се насмееме (а, и гаден е, мислам зомбите) IMDb rating: 7.7/10 Од мене: 4/10
Heartbreaker(L'arnacoeur) Не обожавам многу француски филмови,ама овој некако забавен ми беше.Типична романтична комедија,типот го најмуваат да разделува парови и притоа ги заведува женските.И во една таква зделка ќе се заљуби во девојката итн итн Предвидливо,ама интересно и комично. 7/10
The Vow... Прекеасен филм Романтика-драма базиран на вистинска случка гледајте го.. Јас се утепав од плачење
Равна Гора трилогија е фактички..се раскажува за втората светска војна во Југославија во периодот од 1941-1945 година...вчера беше првиот дел,кој е именуван како НАПАД а во првиот дел од филмот се прикажуваше за 6 април ’41 година,кога кралот Петар Први Караѓорѓевиќ избега од Југославија откако рано изутрината Хитлер го бомбардира Белград и после ја пороби цела Југославија...Има и наш македонски актер,само заборавив како се викаше Филмот го даваат на РТС1 во терминот околу 20:15 часот или 20:10 :geek: Многу ми се допадна,ќе продолжам да ги гледам и останатите два дела
The Internship (2013) Лежерно филмче, на моменти многу глупо изведени сцени ама во целина може да помине ме насмеа. Pope Joan 2009 Предобар филм,незнам како не сум го гледала до сега. Се работи за една девојка која поголемиот дел од животот го поминува како маж. Ви го препорачувам.