If only (2004) Убаво филмче се зборува за еден пар кој има еден проблем. Машкото не ја искажува љубовта спрема девојката. Филмот започнува со будење, доручек, заминување на работа, концерт, раскинување, сообраќаќа и смрт на девојката. Потоа дечкото се разбудува со девојката, сфаќа дека тоа е само лош сон, почнуваат подготовките за на работа и низ куќа почнуваат да се случуваат истите работи како на сонот и тогаш тој сфаќа дека уствари имал визија за наредниот ден што следува и ќе се потруди да го смени, да биде повнимателен со девојката. Дали ќе успее да ја смени визијата и како се ќе заврши видете сами. Препорачувам. 9/10 http://www.youtube.com/watch?v=XUHCGbP6d4A
A Perfect Getaway Страшно добар филм. Ете вакви филмови сакам, кога од нигде никаде испадне одличен филм иако според глумците отпрва не ме привлече. Одличен трилер за штотуку венчан пар кој оди на меден месец, но на еден од островите кои ги посетуваат се случува брутално убиство на млад брачен пар. Се запознаваат и со друг пар, се изгледа како да е очигледно и јасно ама расплетот не можеш ни да го препоставиш. Згора на се убави пејсажи од островите . Страшно потценет според оценката, би му дала 10, препорчувам :up:
Се воодушевив од филмов. Ваков добар филм одамна не сум гледала.Одлична тематика со одлични глумци. Го препорачувам и јас да се погледне за навистина да се извлече поука.
THE HELP Не гледам многу драми, ама оваа посебно ми се допадна. Драма за животот на една писателка во времето на Кенеди, која се решава да пишува книга во која ќе и се исповедуваат слугинки од црната раса(во тоа време тоа било забрането со закон за неа, а за слугинките тоа значело отказ и никогаш повеќе да не се вработат). 9,8/10 PRISONERS Јас лично како што кажав не гледам драми, а ова ми беше некако драма и трилер во исто време. Одлична идеа, одлично изглумено, за двајцата глумци немам коментар едноставно премногу долг и премногу бавен филм...ми се допадна поради напнатоста во која те држи, ама сепак е трилер и треба да биде /подинамичен,а вака буквално психички ме измори. 7,5/10
Battle of the year - ново филмче со Крис Браун. Ја обработува темата хип хоп, има страшно добра музика. Иако е слабо оценет, мене ми се интересни вакви филмови. Уживав додека го гледав
Интересен и возбудлив. За актерите нема збор, екипа од најдобрите. Кој е љубител на акција измешана со саркастичен хумор, препорачувам. 8/10
Фамилијата, 2013 Лук Бесон, Cinedays. Да не знаеш дали е европејска шала или америчка пропаганда. Воедно, добар за лечење неврони. Стереотипен, на моменти ужасен филм. Добра е само продукцијата, и нормално актерската екипа. Има доза комедија, трагикомика и акција. Можеби е само лекција како подземјето и мафијата успеваат да станат култ, освен кога се мртви. Оценка, 4 од 10.
Леле преубав филм,одма от ко го постира, гледав трејлер и го спуштив Преубав стварно, на крај јас кје умрев ко се исподешава се она шо ни на крај памет не би ми текнало .И јас би му дала 10/10
The Adjustment Bureau Едноставна љубовна приказна,скоцкана на многу интересен начин.Поразличен,интересен филм. Го препорачувам http://www.imdb.com/title/tt1385826/?re ... lmg_act_13
Излезе некаде онлајн или да се симне преку торент ? Нов е филмот колку што знам само во кино ма проекции ..