O (2001) Современа екранизација на Шекспировата драма “Отело“, одличен филм за љубовта, љубомората и предавството. Го препорачувам
Тек во март ќе излезе... мислам, сега сигурно има кино снимки ама не е тоа тоа. Инаку и јас го гледав и му давам 100/10!
The Holiday Chalet Girl Филмови кои ги имам и претходно гледано, меѓутоа сакав уште еднаш да ги гледам. Ги изгледав двава филма еден по друг бидејќи ми се гледаше некоја релаксирачка романтична комедија таман како за времево. И двата филма интересни на свој начин, со солиден избор на актери.
Во името на љубовта синоќа на фокс.. на почетоткот филмчето ми беше интересно, ама крајот не беше нешто посебно. 7/10
PRISONERS Страшно добар филм, го ставам во рангот на Seven по напнатоста и оригиналноста. Ме остави без спиење синоќа и ви го препорачувам да го гледате. Само почнете од порано долго трае Гледам и на ИМДб има 8.1 оцена. Темата се две исчезнати девојчиња, а се останато погледнете сами.
Има добра снимка? Ender's Game (2013) Улоги: Харисон Форд, Бен Кингли, Аса Батерфилд, Абигајл Бреслин IMDb: 7.2/10 Моја оцена: 5/10 Премногу долг и прилично досаден. Главното дејство каде и целата суштина во филмот, каде младите деца ги регрутираат во нивното "борбено школо" или Интернационална војска за обучување против новата раса на вонземјани Formics, на наши кажано бубачки. Главниот лик, Ендер е оној за кој се залага организацијата и за кој верува дека ги има способностите кои можат да им помогнат да ги победат овие вонземјани. Каде, да се надоврзам од погоре спомнато, ова главно дејство победа над бубачките, траеше цели 5 минути. Остатокот од филмот се фокусираше цело време на нивното тренирање и обука. И за крај, ај што цело време пробуваа да најдат начин да ги победат.. Ендер сфаќа, дека цело време овие бубачки пробувале да комунираат со него, преку неговата игра. Па се покајува што им ја уништил целата планета, и откако го унапредуваат во Адмирал заминува на долг пат, односно им дава ветување на бубачките дека ќе им најде нов дом. Гледам и книгата има голем успех, дури и има повеќе продолженија, па ќе видиме дали ќе планираат нешто повеќе. Инаку има премногу висока оценка на IMDb, па искрено незнам дали е само за Харисон Форд и Бен Кингсли. Бидејќи мојата е.
The Adjustment Bureau (2011) Приказна за љубовта меѓу еден политичар кој се кандидира да влезе во Сенатот на САД и балерина, и за мистериозните пречки кои стојат на патот на нивната љубов. Добро филмче, мене ми се допадна 7/10
Loft (200 - http://www.imdb.com/title/tt0926762/ Eвропски филм, значи белгиска продукција. Многу добро преплетена приказна, одлична фотографија, избор на локации, одлична глума и уште подобра режија. За сите што ве интересира жанр - мистерија, трилер - ви го препорачувам. На кратко - убиство кое што се случило во едно поткровје, кое го делат 5 оженети мажи, добри пријатели, понатаму се одмотува клопчето и детали не кажувам, ќе ви го упропастам филмот.
The Hunger Games: Catching Fire (2013) Како голем фан на Hunger Games не издржа срце јуначко па го гледав на очајна,никаква снимка.Филмов заслужува да се гледа исклучиво во кино,волку добар филм не е за дома! Јас останав без зборови по втор пат,почнувајќи од добри ефекти до неверојатната глума на Џенифер. Кој ли ќе чека до 2014/2015 за другите два дела .. На IMBD оцена 8.2 а од мене чиста 10. http://www.imdb.com/title/tt1951264/?ref_=nv_sr_1
Последен филм што го гледав е The frozen ground. По мене одличен филм. Базиран е врз вистинска приказна. Иако до сега не се случило да гледам лош филм од Nicolas Cage сепак морам и овде посебно да го пофалам, секоја чест на човеков до сега нема утнато филм. John Cusack јасно ми беше дека ја глуми негативната улога уште пред да го гледам филмот, зошто во секој филм глуми негативец ама и му стои на човекот си знае како треба. А Vanessa искрено премногу ме изненади, девојката ја паметам од тој тинејџерскиот филм не знам ни како се викаше и ми имаше оставено впечаток дека никогаш нема да созрее за вакви сериозни филмови и улоги ама девојката дефинитивно повеќе нема ни Т од тинејџерка и фантастично се соживеала со улогата. Направиле одличен избор на актерска екипа и филмов вреди да се погледне. Инаку, само на кратко, се работи за сериски убиец кој вршел убиства уште од 1971 година, понатака ако сакате да дознаете што се случи ќе треба да си видите сами.
Harry Potter and the Deathly Hallows Си ги изгледав и двата дела по милионити пат и повторно си се исплакав квалитетно.Рецензија не е потребна,сите знаете за што станува збор.Master piece. 10/10
Hunger Games: Catching Fire, вчера на кино гледав го ... Арно велат на кино се оди без шминка ... Прекрасен беше.
Les choristes Француско филмче што имам гледано неколку пати и нема да ми здосади. Преубава, топла приказна за момчиња во поправен дом навикнати на суровост и физички казни се додека не доаѓа новиот професор кој нивната врска ја базира на разбирање и сосема им го менува животот на момчињата. Филмот е прекрасен, доказ дека децата се сунѓери, огледало на тие што ги растат. Доказ дека не на секој треба да му се даде воспитувачка дејност. И заљубена сум во музиката од филмот. Од мене 10/10. http://www.youtube.com/watch?v=rEs1wtsw_IA Еве една од песните што ги пеат. Солистот е главна улога во филмот и иако има 15 години, гласот му е совршен.
Man of Steel И не успеав да го догледам... Прво, не сакам кога вакви приказни се изменуваат, конкретно во овој филм се изменети до тој степен што се задржале само до неколку настани и детали. Се друго е ново. Второ, филмот е предолг, па не го задржува вниманието. Трето, не ми се допадна кастингот Prisoners Лично обожавам трилери, и кога се работи за филмови, и кога се работи за книги. Дејствието е малку бавно за мој вкус, обично сум навикната на побрзо темпо на настаните, ама ми се допадна. Кратка рецензија е веќе дадена многу пати во темава, па да не се повторуваме
Можеби поради актерската екипа очекував повеќе, не ми се допадна нешто особено. Камерон во нејзината улога не можев да ја доварам до крај на филмот, со тоа накитот од повеќе што го имаше на неа , и угледот на `ДИВА`.