И јас го гледав Prisoners денес, ми се допадна филмот, но и јас како тебе, сметам дека дејството е бавно.
Ова недела 3 утки, ама комплетни утки на списокот на изгледани. Оваа е причината зашто не гледам толку многу филмови како порано, или сум ги изгледала сите добри, или се некои мутави ми се појавуваат на видик. Wanderlust (2012) Our Idiot Brother (2011) & This Is the End (2013) Во првите два - главен лик е Паул Руд, порано многу го сакав и ми беше пријатен за гледање, сега ми е тотално спротивно, како старее се подосаден и со во подебилни филмови глуми, наместо да биде обратно. Не знам кој филм е поглупав од овие 3, според мене Wanderlust убедливо е најлош, најдосаден во катагоријата најужасни филмови снимени во денешно време. Не ви препорачувам некој од горенаведените и сметам дека не заслужуваат да се одвои час и половина и повеќе на нив. Време залудно потрошено. Можеби е до мене, ваквите дебилни и поинтлес филмови-комедии одамна ги надминав и надраснав, па сега единствено ми преостанува да превртувам очи. Our Idiot Brother ми е за нијанса поарен од првиот, имаше барем некои моменти кои не беа толку дебилни и без поента, имаше некоја фина компарација на 3 различни видови на врски и односи, па тоа малку ја извлече од дното. На This Is the End му давам едно 4че само заради крајот, јас слатко се изнасмеав на крајот, колку и да беше дебилен завршетокот сепак одговараше на дебилноста на филмот, па барем убаво ја закрпија целата таа пародија која филмот сакаше да ја долови, ама според мене не успеа. Се на се, непотребно потрошени милиони долари и безпотребно истрошени актерски потенцијали на актери кои навистина се талентирани во дебилни безначајни филмови (+ безпотребно потрешена убавината на Франко на таков глуп филм), кои мене не успеа да ме насмеат како што треба, зашто нели тоа им е поентата. Ако ништо друго барем не ми зафаќаат веќе меморија во хард диск. Ја отварам сезоната на божиќни филмови од денес, па тука барем нема да се разочарам толку.
^ Се согласувам за последната реченица, и јас го планирам истото Денеска го гледав The Wolverine. Интересно филмче морам да признаам, впрочем интересни ми се и сите други филмови каде што е Вулверин т.е X-Men деловите. После филмов добив желба пак да ги гледам сите дела од почеток нацX-Men. Одлична глума, многу акција и одличен крај пред се
The Great Gatsby (2013) Мене многу ми се допадна филмов и сфатив колку долго не сум гледала филм со Леонардо Ди Каприо, ми остарел некако, ама уште е неодолив
The Hunger Games (2012) Предобар филм!! Мислам не е потребно да кажувам за што се работи, сите колку-толку го знаат Долго време се убедував да го гледам ама мислев дека е overrated, и дури сега го изгледав, и сфатив колку сум била во грешка Филмот е прејак, незнам како успеав толку време да не го гледам.. Има и акција, и научна фантастика, и романтика... од се по нешто И глумците се супер (Wes Bentley ), а посебно Jennifer Lawrence ми се допадна, и за неа, како и за филмот, мислев дека беспотребно се крева прашина, ама и тука сум згрешила Навистина е одлична во улогата на Кетнис.. Силно го препорачувам филмов (моја оценка - 9/10), и едвај чекам да го гледам вториот дел утре
Darkroom(2013) 5/10 http://www.imdb.com/title/tt1876283/?ref_=rvi_tt Best man down(2012) 6/10 http://www.imdb.com/title/tt1885300/
Derailed Оженет маж среќава мажена жена во воз и меѓу нив се развива хемија. Решаваат да земат соба во хотел, но одеднаш работите излегуваат надвор од контрола кога во собата ќе добијаат и трет гостин кој ќе ги смени нивните животи. (рецензијава ја позајмив) Интересен трилер, ми се допадна приказната. Џен за прв пат ја видов во поинаква улога
http://www.imdb.com/title/tt1675434/ The Intouchables Прекрасен филм.Еден од најдобрите филмови кои сум ги погледнала.Еден од малкуте филмови кои толку емотивно ме допреле.Има многу што да се зборува за филмот,за главните актери,за приказната која е според вистински случувања,но само ќе речам-секоја препорака да се погледне. 10/10
Бидејќи на репертоар почнав со божиќни филмови започнав со овој.. New year's eve Филмчето е онака, просечно. За опшутање и рушење на досадата не е лошо, ама на моменти досадно. Го препорачувам само ради глумците! ( Бон Џови е еден од нив ) и само ради глумците вреди да се изгледа Оценка од мене.. За сторија 6,5-10 За глумците 10+-10
Thor the dark world Најискрено вака да си кажам јас и другарка ми отидовме да го гледаме филмов само поради една и единствена причина, а тоа е -ЛОКИ Комотно можеше да се паузира филмот во моментот кога Локи се појави во кадар и ние ќе си седевме, ќе си го гледавме и ќе се си се топевме (стварно срамота на наши години да имаме вакви фангрл моменти ) Секси појавата на Локи на страна, можам да кажам дека филмот воопшто не е лош, има хумор, океј приказна (ко за филм со суперхерои, нели), ликовите се симпатични, има добра акција, се на се, многу е подобар е од првиот дел, единствено што 3Дто е практично непостоечко или пак ние зазјапани во Локи не го приметивме
Rat Race Урнеберсна комедија во која ќе уживате. Се работи за група на луѓе кои во едно казино ќе добијат една паричка со која треба да отидат во Мексико и да земат 2 милиони долари. Настанува комична трка за парите, проследена со одлични глумци и неверојатни сцени. Од мене 8/10
Now You See Me -одличен филм со многу возбуда и убава приказна за илузионисти кои после одличниот перформанс ги оставаат гледачите подзинати...
Serendipity Секогаш уживам гледајќи го филмов и нeверувам дека некогаш и би ми здосадил да го гледам. Убава романтична комедија токму за периодов
Elf Филмчето е топ се изнасмеав до солзи стварно супер комедија која немав гледано одамна и така за Божиќ е па баш се вклопува со времето
Го гледав вчера ,уште си се смеам кога ми текнува на некои сцени. Роуан ми е дефинитивно бр.1 од комичарите.
The Hunger Games Филмов е предобар,а јас искрено го гледав само поради Liam Hemsworth Совршен е Како и да е ви го препорачувам филмов,малку подолго трае ама нема врска тоа. Од мене чиста десетка
добар филм , се работи за девојка што е силувана во текот на летото , а силувачот е во нејзиното друштво , и иде со нејзината другарка.Приказ на тешкотијата да се каже за злоделото и како сама ги поминува тие моменти 9/10
https://www.youtube.com/watch?v=uSCzahFXMrs Самиот трејлер ќе ви каже дека филмот е одличен.Барем за мене. Од ,наеднаш е . Моја препорака за љубители на потресна содржина. :up: 10/10
Call me Claus http://www.imdb.com/title/tt0272018/ Не дека беше брилијантен, но филм со Вупи Голдберг не може да биде ужасен според мене. Приказната во која Дедо Мраз му истекува рокот од 200 години за улогата на Дедо Мраз,и го бара својот наследник. И верувале или не, Вупи е кандидатот, кога може да има господ црнец, зашто не може да има и дедо мраз Мене дедичкото ми бепе срце, да го грабнеш и да бегаш, најмилиот дедо мраз убедливо. Не ме воодушеви, далеку од тоа,ама за пред спиење после долг напорен ден убаво ме опушти и успа. 6/10 (само заради Вупи)
Во очајна потрага по филм со хепи енд и доза на хумор кој ќе ни ги оттргне мислите од глупости, со Цим наидовме на овој. Slightly Single in LA Дваесет и нешто годишната Дејл Сквајр е ТОТАЛНО разочарана од љубовта поради неколкуте кратки пропаднати врски во нејзиниот роден град. Исфрустрирана од сето ова, се сели во Лос Анџелес во потрага по љубов. Ќе почне да излегува со онакви мажи во какви што е сигурна дека никогаш нема да се заљуби, само за да не биде повредена. Главната улога ја има Лејси Чаберт. Актеркава прв пат ја гледам, навидум потсетува на Џенифер Лав Хјуит. Слатка, не глумеше лошо. Онака просечна. Во филмот исто така глумеа и Хејли Даф и Џонатан Бенет. http://www.youtube.com/watch?v=Dnk7H4C2Bck Опуштено филмче со they-lived-happily-ever-after крај. И да не го гледате, нема ништо да пропуштите. Не се почувствував просветлена и не научив ништо за светот и за себе по завршување на филмот