Inception (2010) Интересен филм со Леонардо ди Каприо во главната улога, полн со акција и мистерија кој е неизвесен до самиот крај.
Совршен филм за предновогодишниот период Убава приказна, одлична анимација, симпатични ликови, добар хумор, мелодични песни кои го завршувањето на филмот ќе си ги потпевнувате
Snow buddies Интересен детски филм, ако сакате да се вратите за миг во светот на децата. Го имам гледано и првиот дел но овој вториот ептен ми се допаѓа.
Да,дааа И покрај тоа што е детски,интересен и примамлив е и за возрасните Ќе ве опушти со интересните мелодии,а снешкото ќе ви украде безброј насмевки. :up:
По долго прескокнување конечно го гледав.Епа за страшен е страшен,ама клише приказна,со запоседување од демони.На почеток сите вакви филмови дури држет во неизвесност ми се океј,ама ко ке ги покажет после одблиску демоните епа ме засмевет.Ама има моменти онака од апансас ко ке те фатет да се наежиш то да А овој за после него идеален,лимонатка онака забавна.Сместен во рани 90-ти, за почетокот на сексуалниот живот на една тинејџерка
Cell 211 (2009) http://www.imdb.com/title/tt1242422/ Ова е многу добар шпански филм, многу реалистичен и моќен, каде отсуствува холивудското летање во облаци и неочекувано среќните моменти кои го спасуваат главниот актер. Spoiler Хуан Оливер добива работа како затворски службеник, но наместо да отиде на работа во затворот за еден ден, тој решава да отиде еден ден порано за да направи обиколка и да се запознае со работата, притоа оставајќи ја својата бремена жена дома. Еден настан ќе направи пресврт во неговиот живот, пресврт кој ќе заврши кобно. При обиколката, дали случајно или намерно, се руши дел од покривот во затворската зграда, Хуан е повреден на главата и затворските службеници кои му ја објаснуваа работата го ставаат привремено во една празна ќелија со број 211. Се случува планиран бунт, затворениците го заземаат затворот а другите затворски службеници принудно го оставаат Хуан во ќелијата. Тоа е моментот кога Хуан станува свесен дека се наоѓа внатре во затворот и мора да се соочи со тоа и останува присебен, се ослободува од своите кондури, беџот, бурмата, личните документи и со крвава и скината кошула се придружува во толпата. И како и во секој филм со затворски бунт и овде имаше еден главен-Маламадре, кој за среќа добро го прифати Хуан поради неговите паметни размислувања. Бунтот беше многу неорганизиран, непланиран, без цел. Затворениците имаа услови кои сакаа да им бидат исполнети, би рекла бедни услови. Затворот не смееше да биде нападнат бидејќи внатре имаше политички затвореници, баскијски терористи кои пак им беа заложници на затворениците и услов за да им бидат исполнети барањата. За да не се предизвикаат меѓу владини немири, затворот не смееше да биде нападнат за да не ги убијат политичките затвореници. Бремената жена на Хуан ќе се најде помеѓу толпата кои протестираа покрај затворската капија и случајно ќе биде бутната и удирана со пендрак од страна на шефот од затворот кој после настанот ќе биде суспендиран. Хуан дознава за неговата жена, но исто така дознава дека и нивното бебе е мртво а исто така и неговата жена. Тогаш завршува неговиот живот иако живееше уште некое време, иако беше разоткриен дека требало да биде затворски чувар и дека ги лажел останатите ззатвореници кои патем го прифатија и покрај тоа, бидејќи Хуан по трагичната вест стана и вистински затвореник, бидејќи го уби убиецот на неговата жена. Затворот беше нападнат од војската, Хуан е ранет од внатрешни затвореници исто и водичот на затворениците. Не успева да преживее иако војската го завзема затворот. Трагичен крај, спротивно од она на кое сме навикнати во холивудските филмови. Филм кој вреди да се гледа.
The Hunger Games:Catching Fire Нема што да се пишува,одлично продолжение на првиот дел,дури и повеќе ми се допадна.Џенифер Лоренс е извонредна актерка,прекрасна ми е.10/10 Snow Queen-Снежната Кралица Иако постар филм,преубав ми е,прекрасни пејсажи збогатени со романтична приказна и зимска идила.Одговара за периодот новогодишни и божиќни празници .10/10
Страшно досаден ми беше, целата приказна немаше поента. Смешно филмче со интересни ликови. Препорачувам.
Primal Fear Одличен трилер. Препорачувам. Get him to the Greek Тоа е тој момент кога ќе налеташ на тежок дебилизам. Филм: АРЧИ-ПАРИ.
A princes for christmas прекрасно филмче ептен е добар за предновогодишно опуштање синоке го гледав и посакав да не завршти ми летна времето како 5 мин да траеше прекрасен е моја препорака да го погледате 10/10
пред некое време го гледав now you see me .оценка 9/10 само зашто на едната сцена очигледен беше трикот(предвидлив).Во глобала убав филм кој вреди да се изгледа а највоодушевена бев за трикот на девојката (не и го памтам името ) кога требаше да се ослободи во водата од тие железниве ланци.Наеднаш пираните, помислив готово,,,,и солзи пуштив дури некоја препорака за убав романтичен филм
The Holiday Одлично филмче. Премногу ми се допадна. Филмче баш за релаксација, по малку смеење, па дури и за пуштање по некоја солза(иако јас не пуштив) . Ми побуди емоции филмов, тага, среќа, задоволство, исполнетост, а сето тоа благодарејќи на одличната актерска екипа. Кејт Винслет и Камерон Дијаз ми се одлични актерки, обожавам да ги гледам, а Џад Ло ми е шармантен и привлечен во секоја смисла на зборот. Изгледајте го филмчево, има добра приказна, можеби не е нова, но добра е и добро разработена, а и плус се поврзува со празничната и новогодишната атмосвера. 8/10
The Christmas shoes - вчера го гледав пред спиење, и ептен ми се допадна филмчево. Одлична семејна приказна, која ги прикажува вистинските вредности во животот. И сето тоа се случува во најдоброто време од годината, околу Божик. Морам да признаам, се расплакав. Ама вреди да се погледне во секој случај. Топло препорачувам
Ми тргнаа божиќниве филмови, морам секој ден барем по еден да изгледам Deck the Halls Добар е филмов, интересен пред се, кој има солиден избор на актери. I Saw Mommy Kissing Santa Claus Го имам гледано филмов и многу порано, и нормално денес не ми беше интересен толку како порано Jingle All the Way Воопшто не му стои ваква улога на Шварценегер, или можеби јас не сум навикната да го гледам во ваква улога незнам