Последен филм коиј го гледав беше Paranoia Ми се допадна .. не ми остави некој голем впечаток ама парот кој го правеа двајцата ми беше само за гледање и уживање.
http://www.imdb.com/title/tt1723121/ Многу подобар од колку што мислев Иако е со предвидлив крај, има многу интересни и смешни настани. http://www.youtube.com/watch?v=0Vsy5KzsieQ
Rise of The Guardians Многу интересно анимирано филмче. Приказната се врти околу Дедо Мраз, Забната Вила, Велигденскиот Зајак, Сенди Мен и секако главниот лик Џек Фрост. Тие ги претставуваат т.н. чувари кои ги чуваат и штитат децата и се грижат тие да бидат среќни и да веруваат во нив. Тука се појавува и Баба Рога како лик негативец и почнува заплетот. Ми се допанда цртанов, интересно е смислен и интересно се поврзани ликовите. Препорачувам 8/10
It's a Wonderful Life Еден од најубавите филмови што ги имам изгледано. Преубав во секоја смисла на зборот. Божиќен стар филм од 1946 година, кој има убава порака во него
Две девојчиња исчезнуваат,додека полицијата води своја истрага,татковците ја земаат работата во свои раце. Добар филм,јака актерска екипа,е сега на моменти ме изгуби,слаба динамика ама за филм од 3 сати нормално.Хју Џекмен нормално одличен,ама Џејк како да го засени некако. Оцена 6/10
The fog Вчера го имаше на сител 3, го изгледав цел. Интересен беше, не многу страшен но сепак... Погледнето го, нема да зажалите. 8/10 Spoiler A Northern California fishing town, built 100 years ago over an old leper colony, becomes shrouded by a killer fog containing zombie-like ghosts seeking revenge for their deaths.
Екскалибур во режија на Џон Бурман Извонредна епска приказна,која внесува во светот на легендата и митот.Дејството на филмот е фокусирано на легендата за кралот Артур,на кој Мерлин му бил ментор и му објаснил многу работи за моќта на таинствениот меч Екскалибур...Волшебникот Мерлин му помага на Пендрагон со помош на мечот Екскалибур да ја обедини Англија во едно кралство,каде што тој ќе биде крал.Но,Утер копнее по жената на својот соперник,а го води кон пропаст.Пред да умре,Утер го набива мечот во камен од кој никој не може да го извади,освен законскиот наследник на престолот.
All I Want for Christmas (1991) Прекрасна божиќна приказна која ме разнежни, две деца се обидуваат да ги спојат разведените родители токму на Божиќ... Го препорачувам
A Princess for Christmas Си заспивам секоја вечер со по еден ваков филм,чисто душата да ми се исполни.Филмот не е до толку добар,а глумата е ужасна,ама има нешто во ваквите филмови што тераат да ги гледаш повеќе од еднаш.Подучување на семејни вредности,колку парите не влијаат врз среќата на луѓето и секако некаде измеѓу се наоѓа романса како во бајките.7/10
Temptation: Confessions of a Marriage Counselor (2013) Кога чепкав низ темава имав чувство дека само јас од сите феминки го немам гледано филмов. Па да не останам покусо морав да го изгледам, прво чисто од љубопитност, а после заради добрите коментари и оценки. Кога почна, одма си реков дека знам како ќе заврши. Ама... се излажав. Би рекла дека филмов е одличен, потпишувам со двете раце. Препорачувам сите девојки да го изгледаат и да извлечат една поука. Филмов е одличен показател дека се' што лета не се јаде. И го докажува она дека за проблемите се разговара, а не се бега. Зашто тоа кога, тогаш удира страшно по глава. И друга работа што ми се допаѓа е тоа што е навистина реален, реално завршува, може навистина да се случи во реалниот живот и сигурно се случило. Од мене има чиста 10ка.
Jingle All the Way (1996) Интересна божиќна приказна за еден татко кој се обидува на синчето да му ја купи посакуваната и најпопуларна играчка за Божиќ, филм со Арнолд Шварценегер во една поинаква улога од оние на кои сме навикнале да го гледаме
Од синоќа... Во последно време претерав со гледањето хорор филмови, па решив да барам некој поинаков филм, и така барајќи наидов на филмов, а кога видов дека е со Nicolas Cage, не се мислев дали да го гледам или не. Тhe Frozen Ground (2013) Филмот е сниман според вистински настани во 80 - те години кога се случуваат сериски убиства на млади девојки во Алјаска, а Nicolas Cage го глуми детективот кој треба да го притвори серискиот убиец. Во потрагата по убиецот клучна улога ќе одигра проститутката Sindi Paulson (ја глуми Vanessa Hudgens). Oценка според IMDb: 6,2/10 Моја оценка: 9/10
12 Men of Christmas Comedy | Romance Stars: Kristin Chenoweth, Josh Hopkins, Anna Chlumsky Овој Божик не е многу среќен за њујоршката публицистка Е.Џ. Бакстер, откако ги губи и својата добра работа во Менхетен и својот свршеник истовремено, дури и истата вечер кога се одвива божикната забава на нејзината канцеларија. Поради својата лоша среќа, Е.Џ. завршува прифаќајќи работа на другиот крај на Земјата, во Калиспел, Монтана. За да ѝ помогне на една локална станица за спасување да ги собере парите кои очајно ѝ требаат, таа се обидува да ги убеди мажите што работат во спасувачката служба да позираат голи на еден календар. Патем, Е.Џ. открива што навистина ѝ е битно и го освојува срцето на една од ѕвездите на календарот. Одлично Божиќно филмче за овој период 9/10
Fred Claus Интересно новогодишно филмче, супер за смеење и тепање досада. Препорачувам Од мене 8,5-10
The Duchess Дејството се случува во 18 век во Англија.Младата девојка се мажи на 16 годишна возраст,за човекот со титула на Војвода.Но од првата брачна ноќ таа станува свесна за неговата крутост и надмено однесување.По раѓањето на своите 3 ќерки разочарана е зашто нема да ја оствари улогата на добра жена која ќе му подари на својот маж наследник.Тука се вплеткува и младиот политичар со кој ќе добие ќерка,а со својата најдобра пријателка до својата смрт ќе го дели својот сопруг. Приказна за тоа како жената никогаш не треба да заборави дека е жена. 6/10
Flypaper со Патрик Демпси и Ашли Џуд. Филмот е од 2011. Целото дејство се одвива во банката, каде Кејтлин (Ашли Џуд) е вработена, а Трип (Патрик Демпси) влегува во банка за да раситни пари, при што одеднаш банката е нападната, а се одвиваат два грабежа истовремено, за кои криминалците и од двете групи се изненадени. Од тука започнува заплетот на филмот и натаму нема да го објаснувам, бидејќи поентата е да го гледате. Филмот е ептен интересен, со оригинален концепт, фантастично осмислено. Дефинитивно вреден за гледање. Се што сте мислеле на крајот испаѓа дека не е така, а крајот, е апсолутно неочекуван.
Crazy, Stupid, Love. Comedy | Drama | Romance Stars: Steve Carell, Ryan Gosling, Julianne Moore Кал и Емили имаат совршен живот и го живеат американскиот сон... сè додека Емили не бара развод. Сега сопругот Кал мора да се снаоѓа со малку помош од неговиот пријател Џејкоб, кој е лут ерген... На четириесет и кусур години, Кал Вивер го живее својот сон. Тој има добра работа, убава куќа, супер деца, како и брак со својата симпатија од средно училиште. Но кога Кал дознава дека жена му Емили го има мамено и сака развод, неговиот „совршен“ живот набргу тргнува во погрешна насока. Уште полошо е и што Кал нема појдено на љубовен состанок со децении и го има изгубено шармот. Сега, додека несреќниот Кал ги минува своите слободни вечери пиејќи во еден локален бар, него под закрила го зема згодниот триесет и неколкугодишен шармер Џејкоб Палмер. Во обид да му помогне на Кал да ја преболи жена си и да почне да го живее својот живот, Џејкоб ги отвора очите на Кал за многуте опции што се пред него. Тоа се жените подготвени за флерт, пиењето со пријателите и чувството за стил, кое не може да се најде во „Суперкатс“ или во „Геп“. Кал и Емили не се единствените што бараат љубов на погрешни места. Роби, тринаесетгодишниот син на Кал, луд е по својата 17-годишна бејбиситерка, а Џесика е вљубена во Кал. И покрај преобразбата на Кал и неговите бројни успеси, единственото нешто што не може да се промени е неговото срце, кое изгледа сепак го води назад, онаму каде што почнал.10/10
Blue Valentine Филмот го симнав зошто беше со Рајан Гослинг,но ми се допадна. Се зборува за двајца малади кои се срекаваат случајно и со текот на времето се вљубуаат еден во друг,имаат керка,венчавка... Со тектот на време чувствата избрледневаат,луѓето се менуваат,чувствата се менуваат.Кога ке го кажеш судбинското ДА ти се заколнуваш на добро и зло.Секако дека шивотот ке те стави во искушенија и дека љубовта со годините избледнува,но секоќаш треба да се даде шанса зошто не е важно само да го истераш своето,многу поважно е какова иднина ке му обезбедиш на детето да расте со мајка и татко кои живеат раздвоено или во топол дом.Понекогаш треба да се жртвуваш,но кага станува збор за товоето дете секогаш.
Letters to Juliet И покрај тоа што се трудев да му дадам на филмов шанса да се покаже во целата своја раскошност,не успеа.Единствено што ми се допадна е пејсажот на Италија.Приказната бледо раскажана со минимален труд на актерите. 5/10